UEFA Champions League - Season 2023/24

  • Креатор на темата Креатор на темата ComfortablyNumb
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Во ред е Чоло да зима голема плата, никој не му негира дека го крена Атлетико на неколку нивоа, ама 30% поголема плата од Пеп?
 
Голема е платата како и да ја вртиме ама еве од клубот некој одлучил дека му е заслужна.
Напиша и еден член поназад истото и јас неколку пати го пишав дека платата негова е најмал проблем кога ќе ги видам платите на Саул и остали.
И Коке зема многу, 16 милиони, ама тој е капитен и исто така легенда на клубот, најверојатно имаат принцип да даваат поголеми плати на такви фигури во тимот.
Добро за разлика од други клубови не се високи платите споредено
Барселона мислам дека заедно со ПСЖ имаат најголем буџет за плати
 
Изгледајте го клипчево и спасите не од читање глупости веќе неколку страници и престанете да исправате краставици со жена на тема фудбал.
 
УЕФА го претстави новиот формат на Лигата на шампионите кој почнува веќе на есен

УЕФА и официјално го потврди она што одамна се најавуваше, промените во Лигата на шампионите од сезоната 2024/25. Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 36 екипи, а со тоа ќе се зголеми бројот на екипи за четири, но и бројот на натпревари што ќе ги одиграат екипите во првата фаза.

Групната фаза каква што ја знаевме досега сега нема да постои. Во новиот формат, екипите ќе бидат класифицирани во една лига и сите заедно ќе бидат рангирани. Секоја екипа ќе одигра по осум натпревари во лигашкиот дел и сите ќе бидат против различни екипи, од кои четири ќе бидат дома и четири на гости.

УЕФА сака да има поконкурентни натпревари, па според коефициентите ќе ги поделат тимовите во четири шешири, така што секоја екипа ќе добие по два ривали од преостанатите шешири и еден од сопствениот шешир, а ждрепката ќе одреди кои ќе бидат ривалите. Две места ќе добијат двете лиги чии претставници во една сезона собрале најмногу бодови во Лигата на шампионите (моментално Англија и Шпанија). Едно место ќе добие третопласираната селекција на првенството која е на петтото место на рангирањето на УЕФА, а тоа е Франција.

Едно преостанато место ќе биде доделено на еден од шампионите во одредени лиги, бидејќи бројот на екипи кои ќе се квалификуваат ќе се зголеми од 4 на 5 екипи.

По лигашкиот дел, каде секоја екипа ќе одигра по осум натпревари, првите осум екипи автоматски ќе бидат во нокаут фазата, додека екипите од 9. до 24. место ќе одиграат два меча дома и на гости за да обезбедат пласман меѓу најдобрите 16.

Екипите кои се под 25. место ќе испаднат без настап во Лига Европа. Впрочем, ќе имаме продолжена нокаут-фаза, каде ќе има своевиден „плеј-ин“ за преостанатите осум места. Продолжувањето на нокаут фазата од осминафиналето ќе се одвива по претходната процедура која веќе постоеше до финалето.

Сите натпревари пред финалето ќе се играат во работни денови како и досега, освен финалето кое ќе биде в сабота.

По истиот принцип ќе се играат и натпреварите од ЛЕ и КЛ, а 36 екипи ќе го користат истиот формат како и Лигата на шампионите.

Со новиот формат секој натпревар ќе биде важен и веќе нема да се случува екипите кои обезбедуваат пласман во нокаут-фазата да играат со резерви во последните две кола во групата, бидејќи сега секој натпревар ќе се бодува. Клубовите ќе имаат зголемување на финансиите и наградите од УЕФА, но и од зголемениот број на натпревари ќе добијат поголема можност за заработка преку резултатите и тв-правата.
 
Не сфаќам само ако секоја екипа добие по еден противник од својот шешир, а два од преостанатите, како ќе изигра 8 меча? 1+2+2+2=7
 
Наполи во очајна форма сезонава, колку и да е тапа и Барселона мислам вечерва ќе ги добие и на гости
 
Не сфаќам само ако секоја екипа добие по еден противник од својот шешир, а два од преостанатите, како ќе изигра 8 меча? 1+2+2+2=7
@Џонтра Волта ќе ти објасни, он е во моментов на продолжен курс по математиак вечерна школа за првооделенчиња во АС Макаренко.
 
Две места ќе добијат двете лиги чии претставници во една сезона собрале најмногу бодови во Лигата на шампионите (моментално Англија и Шпанија).

Ова треба да им е еден ужасно лош превод. Овие две места ќе одат кај оние лиги кои оствариле најмногу поени во сите ЕУ натпреварувања, не само во ЛШ. А тука, моментално се Италија и Германија, каде што до крај на сезонава може да има промени во тој дел.

Slots three and four: These places will go to the associations with the best collective performance by their clubs in the previous season (i.e. the association club coefficient of the previous season, which is based on the total number of club coefficient points obtained by each club from an association divided by the number of participating clubs from that association). Those two associations will each earn one automatic place in the league phase ('European Performance Spot') for the club ranked next-best in their domestic league behind those clubs that have already qualified directly for the league phase.
 
@Џонтра Волта ќе ти објасни, он е во моментов на продолжен курс по математиак вечерна школа за првооделенчиња во АС Макаренко.
После коа ќе идеш на македонски, кажи дека ја нема да дојдам, ме боли стомак. :D

Не сфаќам само ако секоја екипа добие по еден противник од својот шешир, а два од преостанатите, како ќе изигра 8 меча? 1+2+2+2=7
Точно е ова, браво, Боро Питагора.
 
Пепе прва постава во нокаут фаза на ЛШ, за 5 дена ЧЕТИРИЕСЕТИЕДНА :eek:
 
Овие Наполи врска немаат, дај нека ги наполнат таму да им скратат маките.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom