Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    736
Член од
22 декември 2018
Мислења
493
Поени од реакции
693
Сега за сега мислам дека ситуацијата ќе биде stalemate. Многу работи зависат од САД во моментов. Русија полага надежи во претседателските избори и дека републикански претседател ќе ја прекине или значително намали помошта за Украина, или ќе ги притисне на поголеми отстапки. доколку се прекине помошта тогаш равенката сериозно се менува и Украина би била во голема неволја. Украина од друга страна се надева и притиска на се поголема воена помош со потешки оружја и авијација за да може да дејствува на терен.

Но САД може да одлучи да дава помош доволна да ја одржи Украина во живот и да спречува големи промени на теренот, со цел да држи статус кво ситуација (нешто што се случува во моментов). Тоа е процена на нивните политичари, дали вреди многу повеќе да се финансира и вооружува Украина и дали тоа ќе вроди со плод, и дали е во интерес на САД да дозволи Русија да ја проголта Украина. Ако одговорот на двете прашања е негативен, тогаш САД ќе бутка накај статус кво ситуација додека нешто не се смени или не се укаже некоја шанса.

Замрзнат конфликт не е невозможно сценарио. Има многу такви примери, Нагорно Карабах беше еден пример додека не се сменија околностите, Грузија е друг, итн.
Нагорно карабах е завршена приказна, Русите на Грузија ја држат во статус-кво да не може да влезе во Нато и да се надева дека ќе и ги врати 2-те територии, доколку сака уште денеска ќе ги припои и завршена приказна ќе биде за Грузијците.. Они можда се надеваат но и се плашат да не завршат како Украина.. За областите Русите што ги припоија во Украина е завршена приказна.. најверојатно ќе ги завземат и ќе одат потоа на следни за да се потпише договор со тие барања што ги бараат Русите за неутралност и разоружување..
Автоматски споено мислење:

Не знам како вие од таа страна ја гледате војнава, ама Русија не верувам да потпише било каков договор кој не вклучува обемни гаранции за неутралноста на Украина. Ми се чини дека и територијални отстапки би правела Русија, ама без сигурни гаранции за неутралност не би имал смисол тој договор (во контекст на целите на операцијата).

Сите претпоставки за мировен договор кои не го вклучуват тоа, ми делуваат несериозно.
И ова го зборам уште од почеток на војната.
На толку изгубени војници Русија не ти прави територијални отстапки, попрво ќе употребат нуклеарно него ли да му отстапат територии крвнички завземени..
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.844
Поени од реакции
36.878
Не мислам дека во Москва се толку наивни па чекаат избори во САД.
Особено затоа што изборите во САД се под знак прашање.
Помошта за Украина за жал не е фактор кој нешто посебно го преципира Москва, ако одлучи дека е време да го приврши оваа ќе отсвири крај.
Се работи за двориште на Москва и нејзинта одлука овде е пресудна.
Украина е минато свршено време, проблемот е што овие на запад одбиваат да ја прифатат реалноста, но на крајот ќе се помират и ќе прифатат се.
Не е дека се наивни туку е разумно да почекаат да видат дали ќе дигаат други ветришта кај надворешната политика на САД или не.

Со тезата дека Москва може да си прави што сака и ако утре реши да прошета до Одеса, не се согласувам зашто веќе очигледно е дека не е така.

Замрзнат конфликт имавме пред почетокот на СВО, зошто Москва би се согласила на такво нешто, процесите кои се во тек, распоредот на силите и се друго исклучува сценарио за замрзнат конфликт.
Па ете нека го реши конфликтот утре. Ако може.
Автоматски споено мислење:

Не знам како вие од таа страна ја гледате војнава, ама Русија не верувам да потпише било каков договор кој не вклучува обемни гаранции за неутралноста на Украина. Ми се чини дека и територијални отстапки би правела Русија, ама без сигурни гаранции за неутралност не би имал смисол тој договор (во контекст на целите на операцијата).

Сите претпоставки за мировен договор кои не го вклучуват тоа, ми делуваат несериозно.
И ова го зборам уште од почеток на војната.
Па нема да потпише и јас се согласувам со тоа. Ама не може со воени конвенционални средства да изнуди поволен договор. Затоа велам дека ова се движи накај замрзнат конфликт, освен се разбира ако нема некоја значителна промена на политиката на САД.
Автоматски споено мислење:

На толку изгубени војници Русија не ти прави територијални отстапки, попрво ќе употребат нуклеарно него ли да му отстапат територии крвнички завземени..
Како што употребија нуклеарно оружје кога избегаа од Херсон кој патем месец дена пред бежанијата го прогласија за руски главен град на новата провинција.
Автоматски споено мислење:

Ја не се брзам никаде, тие што пратија илјадници млади руси да станат природно ѓубриво на украинските полиња би требало да брзаат ако нејќат уште илјадници да ги снајде истата судбина.
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
4.393
Поени од реакции
13.367
Па нема да потпише и јас се согласувам со тоа. Ама не може со воени конвенционални средства да изнуди поволен договор. Затоа велам дека ова се движи накај замрзнат конфликт, освен се разбира ако нема некоја значителна промена на политиката на САД.
Конфликтов веќе почнува да ескалира на глобално ниво, ти викаш ќе биде замрзмат конфликт. Русите ја сакаат цела Украина под нивна контрола, затоа толку време трае војната. Замрзнат конфликт ќе им одговара ако половина Полска или Германија бидат под нивна контрола.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.844
Поени од реакции
36.878
Некој има меморија на риба, некој има селективна меморија. Секој со среќата. Досега освен почетната офазнива, Русија не превзеде ниту една друга офанзива од големи размери.
Тезава дека Русија има капацитет и може да го реши конфликтов кога ќе посака се врти тука само на форумов. Ниту на руски профили ниту на српски форуми. И тоа со право, зашто таа теза е безвезе. Самите руси по емисии зборат дека се заглавија во мутирана хорор верзија од Виетнам.

Постојат нула позитивни причини Русија да го развлекува конфликтов. Западот се што гори тука се оружја складирани во магацини и пари, факинг пари што САД утре ќе го испечати. Од друга страна Русија изгуби политичко и економско влијание во Европа што го градеше повеќе од 20 години, ја исфрлија од светскиот финансиски систем, закопа најмалку 60 илјади млади руси, којзнае уште колку избегаа, и најстрашно од све се случуваат работи што никој не би помислил дека ќе се случуваат. Им потопуваат бродови во руски пристаништа, им уништуваат бомбардери во авио бази на стотици километри од украинска граница, Белгород го ракетираат, Москва ја ракетираат.

Нема ниту една здраво разумна причина зошто некој во Кремљ сега си вика, this is fine, вака сеа ќе тераме ова е правилната стратегија, две години да сме заглавени во војна и оваа војна да нема крај. Ова моментално е изнудена позиција за Русија и прават најмногу што можат. Не успеаја да направат Кримско сценарио пред две години и да го срушат Киев по брза постапка па да ги менаџираат последиците на преговарачка маса од позиција на сила. И заглавија во кошмар на кој не му се гледа крајот. Путин е многу вешт дома и си го има спастрено дворот, инаку да беше некој послаб ков на политичар, одамна главата ќе му завршеше на црвениот плоштад поради хаосов што ги снајде.
Автоматски споено мислење:

Конфликтов веќе почнува да ескалира на глобално ниво, ти викаш ќе биде замрзмат конфликт. Русите ја сакаат цела Украина под нивна контрола, затоа толку време трае војната. Замрзнат конфликт ќе им одговара ако половина Полска или Германија бидат под нивна контрола.
Каде ескалира на глобално ниво? За изборите во САД војнава нема да биде ни во топ 5 приоритети. Повеќе ќе се караат за тоалети на транџи отколку за ова.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.875
Поени од реакции
7.141
НАТО со тоа што заради Русија веќе пуши кај Арапите е доволен показател дека на Русија и` оди предобро во војнава.
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Од друга страна Русија изгуби политичко и економско влијание во Европа што го градеше повеќе од 20 години, ја исфрлија од светскиот финансиски систем, закопа најмалку 60 илјади млади руси, којзнае уште колку избегаа, и најстрашно од све се случуваат работи што никој не би помислил дека ќе се случуваат. Им потопуваат бродови во руски пристаништа, им уништуваат бомбардери во авио бази на стотици километри од украинска граница, Белгород го ракетираат, Москва ја ракетираат.
Од трета страна им отцепи 20% од територијата на Украина, практично индустриското срце на државата, го зациментира Крим и обезбеди копнен пат до него, им ја зеде најголемата нуклеарка на Украинците, ќе ја зголеми сопственота популација за 3-4 милиони и засекогаш ги уништи плановите на САД за Украина во НАТО.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
Од трета страна им отцепи 20% од територијата на Украина, практично индустриското срце на државата, го зациментира Крим и обезбеди копнен пат до него, им ја зеде најголемата нуклеарка на Украинците, ќе ја зголеми сопственота популација за 3-4 милиони и засекогаш ги уништи плановите на САД за Украина во НАТО.
сега за сега...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.559
Поени од реакции
26.332

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Од трета страна им отцепи 20% од територијата на Украина, практично индустриското срце на државата, го зациментира Крим и обезбеди копнен пат до него, им ја зеде најголемата нуклеарка на Украинците, ќе ја зголеми сопственота популација за 3-4 милиони и засекогаш ги уништи плановите на САД за Украина во НАТО.
Има и други работи кои се случија по почетокот на војната. Некој ќе рече немаат врска со војната, ама па зошто не се случија претходно?

Еве само неколку од различен калибар:

- Западот го губи влијнието во субсахарска Африка. (види Мали, Нигер, Буркина Фасо и др.)
- Доларот се повеќе се напушта. (види Кина-КСА во што почнаа да тргуваат баш по почетокот на војната)
- Деновиве Западот кружи околу Африка како Васко Де Гама на времето. Кина и Русија - не. (ако некој знае дека по акцијата на САД западните бродови без проблем пловат накај Суец низ Црвено море, нека каже)
- На протекторатите на Западот некои почнуваат мети да им цртаат. (види Гвајана, Еритреја, за Тајван да не збориме, а и Косово нека му ја мисли со време...)

Тука не спомнувам ситници како напад на сите американски инсталации во Ирак, Сирија и сл.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.844
Поени од реакции
36.878
Од трета страна им отцепи 20% од територијата на Украина, практично индустриското срце на државата, го зациментира Крим и обезбеди копнен пат до него, им ја зеде најголемата нуклеарка на Украинците, ќе ја зголеми сопственота популација за 3-4 милиони и засекогаш ги уништи плановите на САД за Украина во НАТО.
Тоа не беше целта, тоа е нус производ од тоа што имаа намера да остварат. Неутрализирање на Украина како стратешка закана за Русија и темата на разговорите помеѓу Бајден и Путин пред да почне војната - редефинирање на безбедносната архитектура на Европа каде што Русија ќе биде интегрален дел.

Не би рекол дека плановите на САД за Украина се уништени,туку напротив, целото вековно руско наследство од Украина ќе биде избришано. Ќе биде избришан рускиот јазик од таа територија, руската култура, руската црква и целата заедничка историја. Ако до вчера украинците беа “подмножество во руската нација” овие нови генерации на Украинци ќе растат со омраза кон се што е руско. А САД ќе гледа да бидат и соодветно вооружани.

Надвор од Руско-Украинскиве односи, Русија со ова изгуби какви било надежи за некаква кохерентна врска со Европа, нешто што го барала цело време после распадот на СССР, и наместо тоа ризикува да стане привезок на Азија, кај што допрва ќе треба да си го бара местото.
Автоматски споено мислење:

Има и други работи кои се случија по почетокот на војната. Некој ќе рече немат врска со војната, ама па зошто не се случија претходно?

Еве само неколку од различен калибар:

- Западот го губи влијнието во субсахарска Африка. (види Мали, Нигер, Буркина Фасо и др.)
- Доларот се повеќе се напушта. (види Кина-КСА во што почнаа да тргуваат баш по почетокот на војната)
- Деновиве Западот кружи околу Африка како Васко Де Гама на времето. Кина и Русија - не. (ако некој знае дека по акцијата на САД западните бродови без проблем пловат накај Суец низ Црвено море, нека каже)
- На протекторатите на Западот некои почнуваат мети да им цртат. (види Гвајана, Еритреја, за Тајван да не збориме, а и Косово нека му ја мисли со време...)

Тука не спомнувам ситници како напад на сите американски инсталации во Ирак, Сирија и сл.
Не се заебавајте со Африка дечки :)
Цела Африка на квадрат не и вреди на Русија колку што вреди Украина.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Не се заебавајте со Африка дечки :)
Цела Африка на квадрат не и вреди на Русија колку што вреди Украина.
Каква врска има тоа со фактот дека споменативе земји, а и други од тој регион, по почнувањето на војната го отфрлија западното влијание?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom