Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.500
Поени од реакции
42.977
Вчера објави слика со неговиот дрес и пред неколку саати story стави исто со Интер, сабајлево починал. Голем интериста беше, редовно објавуваше и за нас работи, сабајле уз муабет другар ми кажа дека и за Бисек наводно издејствувал со препорака дека играчот е добар потенцијал, вечер би требало да го испоштуваме пред да почне натпреварот.

Курва Норд иначе нешто ја спукале со полиција после јуве, нема да имаат никакви кореографии најверојатно до крајот на сезоната што е голем минус искрено, исто банери се тргнати и знамиња ама барем ќе има навивање во текот на натпреварите, штета зашто и они одлично возат сезонава.

Чиста победа со минимум 2 гола разлика вечер. Читам претходната страна и се чудам, добар резултат ќе било нерешено, па да се решава у Мадрид. Ко росонери сте почнале да се понашате. А бе светлосни години се разлика годинава Интер и Атлетико, сериозен фаворит сме и не гледам како тим со играчи како Коке, Саул, Љоренте и Хименез ќе може да му направи било каков проблем на овој Интер.
Не функционираат така работите во фудбалот, ЛШ е посебна приказна, форма и све друго заборави, исто и квалитет на ростери, тоа е убавината на овој спорт непредвидлив е, све може да се деси едноставно, баш викендов глеав Бохум - Баерн, Кејн на 0-1 што испромаши се избламира, впечаток дека лесно ќе добијат убедливо а на крај изгубија, ретко да се согласам со Тухел прецененкото кога кажа уште 10 пати да играме ваков меч, 10 пати ќе победиме.

Не можеме да го потценуваме Чоло, има големо искуство во вакви натпревари, елиминирал екипи од кои Атлетико бил послаб, освојувал ЛЕ, играл 2 пати финале ЛШ, ама дека имаме шанси и реално беа еден од посакуваните противници со оглед дека бевме втори, тоа си стои. Фаворити сме, ама не од типот на Сити против Копенхаген, не е дека баш светлосни години сме појаки од нив, ама моментално како стојат работите, на многу подобро место сме, али од друга страна, за Чоло ова е једино натпреварување каде сезонава може да брка некаков успех така да ќе влезат all in они тука, крв ќе исплукаат на терен и гарант ќе ги мотивира језиво.

Ja oчекувам нешто слично ко и со јуве, сличен профил на екипи се, е сеа таму малце и реализацијата потфрли, денес е тоа многу битно, уште прва сериозна шанса да дадеме гол и да ги принудиме нив да играат малце поофанзивно, концептот одма да им се поремети.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.441
Поени од реакции
58.528
Нивен најголем адут е Чоло. Без потценување кон Инзаги, човекот игра многу поубав фудбал, но Чоло има собрано еден тон искуство во нокаут натпревари во ЛШ и во ЛЕ. Ако имаме некоја блага предност како фаворити, тој ќе ја анулира. Ќе играат грубо, а ние имаме неколку играчи кои лесно можат да ги понесат емоции. Ако го гледавте документарецот за Бекам, Чоло изјави: отидов да му шепотам малку на уво, да видам дали можам да го извадам од контакт. Тоа е филозофија на размислување, тој точно знае кои од нашиве играчи треба да ги замара, што физички што вербално, и да се надеваме дека сме психолошки подготвени за ова искуство.

Мислам дека е 50/50 двомечов, не сме фаворити но верувам дека можеме да направиме предност пред реваншот, па што биде.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.259
Поени од реакции
57.240
Барела нека ја стави главата у замрзнивач најубаво, нека не кур ми џафка вечер и у прва прилика нека го згазне у џигер Де Пол пошто ќе има мука со него.
И на Савиќ копилето нека му го пукнат носот грбав.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.441
Поени од реакции
58.528
Ио: да бидеме смирени, да не подлегнеме на провокации, да се надеваме дека сме психолошки подготвени бла бла...

Џонтра: удри го во џигер, скрши му го носот на копилето!

:D
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.557
Поени од реакции
17.238
Чиста победа со минимум 2 гола разлика вечер. Читам претходната страна и се чудам, добар резултат ќе било нерешено, па да се решава у Мадрид. Ко росонери сте почнале да се понашате. А бе светлосни години се разлика годинава Интер и Атлетико, сериозен фаворит сме и не гледам како тим со играчи како Коке, Саул, Љоренте и Хименез ќе може да му направи било каков проблем на овој Интер.
Како го напиша ова како во тимот да ти играат Де Брујн, Халанд и Мбапе заедно :D Саул и Савиќ се мртви играчи веќе ама Љоренте и Коке кај ги најде во овој кош да ги ставиш, буквално едни од најдобрите играчи на Атлетико оваа сезона.
Можеби најизрамнет дуел во ЛШ од сите натпревари.
Гризман и Де Пол очекувам да ја прават разликата вечер кај нас, Де Пол е израснат во играчиште од светска класа, цела средина ја ровари и ако му е денот многу тежок е за чување, напишал и Џонтра поназад.
Има неколку поединци во Атлетико кои знаат да прават проблеми, не знам колку си ги прател оваа сезона, младите Лино, Бариос и Рикелме ( овие двата од клупа најверојатно ќе влагаат) знаат да бидат незгодни, ако ги гледаше натпреварите со Реал ќе знајш за шо ти зборам.

Во ЛШ е скроз друга приказна, тука еден куп фактори играат, мотивација, атмосфера на стадион, пристапот на тренерот. Сме ги испаднале Баерн, Барса, Челзи, Милан и Ливерпул на нивни стадиони а не исфрлил еден факинг Лајпциг, нема правила тука
Патем најефтината карта за генерална публика беше 200 евра и цел стадион е веќе распродаден, штета шо нема да има кореографија и слични дешавки.
Автоматски споено мислење:

Барела нека ја стави главата у замрзнивач најубаво, нека не кур ми џафка вечер и у прва прилика нека го згазне у џигер Де Пол пошто ќе има мука со него.
И на Савиќ копилето нека му го пукнат носот грбав.
Ќерка му се роди пред некој сат на Савиќ :icon_lol:
Ионака не беше предвиден во првиот состав
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2008
Мислења
381
Поени од реакции
1.276
Без апсолутно никаква реална теориска поткрепа за ова, земјаќи предвид дека Атлетико ги имам гледано точно еднаш сезонава (со Лацио), сепак имам некакво чувство дека ќе тепаме вечер.

Сѐ што напишавте претходно стои, претпазливоста, стилот на игра на двете екипи, искуството на Чоло и генералната балансираност по квалитет на составите, ама мислам дека во моментов Интер е on a rampage и не гледам некакви знаци дека за скоро ќе застане. Затоа мислам дека и не одмараше никој Инзаги против Салернитана, мислам дека се труди до максимум да го одржува моментумот, како играчки така и во менталитет, и јас искрено не памтам Интер вака да дробел сѐ пред себе, а мислам дека и играчите го чувствуваат тоа. Плус атмосферата во тимот е одлична.

Број еден фактор кој може да нѐ заебе е пад на концентрација, некои безвезно изгубени топки на средина на терен со кои мака мачевме претходни сезони, или некоја глупост индивидуална, ама ако го задржиме нивото, компактноста и фокусот, мислам дека овој Интер е способен да победи било кој.

Исто така нешто ми вели дека Инзаги ќе излезе похрабро од што очекуваме, особено земајќи предвид дека реваншот е во Мадрид, нешто како што никој не очекуваше Мурињо да оди на трет гол против Барса 2010. :love: Некако си го има решено тој проблем со спичкувањето во последно, па освен против Јуве првата, мислам дека не калкулираше против никој последнава сезона.

Ова е можда прв вистински тест после финалето лани, се надевам дека не нѐ прелажува само нивото на лигата и дека ќе можат да ја пресликаат играта од Серија А и тука.

Не за друго, единствена надеж за некој денар за трансфери мислам дека ни е да стигниме до кај полуфинале барем. :icon_lol:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.448
Поени од реакции
109.366
Не за друго, единствена надеж за некој денар за трансфери мислам дека ни е да стигниме до кај полуфинале барем.
А и за Интер да остане без еден верен фан у случај да влеземе во финале пошо праам свадба на денот на финалето. :facepalm: :facepalm:
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
420
Поени од реакции
893
А и за Интер да остане без еден верен фан у случај да влеземе во финале пошо праам свадба на денот на финалето. :facepalm: :facepalm:
Kolku ubav den, em svadba em i titula vo ligata na sampioni. Cestitki :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.630
Поени од реакции
21.951
Честитки до Кобе, не знаеш што те чека :D

Јас немав класична свадба ама што сум гледал по другите можам да препорачам овој денс со љубената:


А и за екипата малку разонода

 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.860
Поени од реакции
9.122
Вака со комрадите титулата ќе ја прослават поднапиени у 11 пред да ја сече тортата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom