Милан на гости после оној луд натпревар со Џенова, само против Емполи нема примено два гола!!!
Ете како ги води подобриот од Саки по победи.
И сега да победат, што ќе биде тешко дури и дадат три гола без да примат уште еден, медиумите и еден куп бивши тренери ќе го фалат, иако вака не изгледа ни еден озбилен клуб во Европа. Ниту Барса, Баерн кои се на тапет, Челзи со сите мани почесто делуваат како тим, можеби само Манчестер.
Но, нема вака изгубен тим на теренот како нашиот, а да се меѓу првите 5 во најсилните лиги. И меѓу први 10 се ретки, ако не ја рачунаме Италија.
Што му правеа цело време Окафор, Јовиќ, РЛЧ и Чуквуезе? Како сакаше да ги вклучи во игра? Него навикнал од Леао и Пулишиќ, дај им топка, па ќе направат нешто.