Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    232
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.417
Поени од реакции
4.480
По два дена без фудбал поради работни обврски, конечно го дочекав и последниот наптревар од мојата авантура. Земав сместување во близина на Стемфорд Бриџ (12 минути пешки), па уште на пладне излегов на некое пиво и да почувствувам атмосфера. Бидејќи овојпат бев на гостинската трибина, со навивачите на Вулверхемптон, се упатив во пабот каде што се загреваа дел од гостинските навивачи. Атмосферата беше одлична, многу пиво, пеење песни и чудење што к*р барам јас од Скопје да ги поддржувам Вулверхемптон конкретно за тој натпревар.

Кратко потоа се упатив околу стадионот, и веќе имаше премногу луѓе кои јадеа и пиеа пред стадионот, па чекаа да влезат. Влегов околу 30-тина минути пред почетокот на натпреварот. Стемфорд Бриџ мене како стадион многу ми се допадна, но можеби бидејќи пред 10-15 години ми беа и меѓу поомилените тимови, најмногу поради Мурињо, Дрогба и Петр Чех.

Една грешка направив, а тоа беше што влегов со знамето со 16 краци, па тоа беше како да сум внел оружје. Константно тормозење од стјуардите чиво е тоа знаме и зошто сум го внел, а на влез никој не ме претресуваше. Поради конфликтите со политичкиве и воениве ситуации, знамиња на Русија, Украина, Израел и Палестина се строго забранети, а за сите други прават детални проверки, како и тоа да нема политички/расистички банери на стадион.

И покрај тоа атмосферата беше супер, си направив муабет со оние кои седеа околу мене и беа фасцинирани повторно од тоа како првпат сретнуваат некој од Македонија да биде на гостинската трибина со нив.

Иако Вулвс овој натпревар беа сметани за аутсајдери, јас имав некое чувство дека ќе има голови а со тоа и Вулвс ќе ја однесе победата дома. Па така и бидна. Иако Челзи поведе преку голот на Палмер, набрзо следуваа 4 гола во мрежата на плавите (хет-трик на Куња) за тотален делириум на трибина. Уште во 63-та минута, по третиот гол на Вулвс, навивачите почнуваа да го напуштаат стадионот, а веќе во 82-рата минута беа како попарени. Од тоа што можев да забележам, атмосферата на домашните навивачи беше ужасна, но најмногу поради самиот тек на натпреварот, и разочарувачкото издание пред домашната публика.

Имав одлично место, а четирите гола ја направија атмосферата одлична. 6 гола вкупно за вистинско уживање. Кога судијата свирна крај, ми стана јасно дека ова е навистина мојот последен натпревар, и дека следното утро треба да се враќам во Скопје.

Стадион 9/10
Атмосфера 9/10
Публика: 39.628

1707528256146.png 1707528276267.png
Да го претставиме моето искуство во бројки:

11 дена
9 натпревари (39 гола, просек по натпревар 4.33, што за Англија е неверојатно)
8 различни стадиони
5 различни градови (Лондон, Ливерпул, Блекбурн, Бирмингем и Вулверхемптон)

Се надевам дека наскоро ќе имам ваква прилика а и среќа да гледам што е можно повеќе натпревари во една недела. Ова беше исполнување на еден од моите најголеми соништа до сега, па сега сум мотивиран да работам понапорно за да можам повторно да си дозволам едно вакво патување. Секој што има желба, нека направи план, нека собере доволно средства и нека си го исполни сонот да го гледа својот омилен тим на некој натпревар од ПЛ или ЛШ. Верувам дека за вас како фанови на клуб, ќе ви има доста поголемо значење за вас бидејќи буквално секој ден го гледате на ТВ, играте Фифа/ПЕС со него, го бодрите и се расправате со другарите кој клуб е подобар.

На оној кој му требаат подетални информации за сместување, превози, карти за натпревари, нека ми пише во порака да договориме некое пиво.

Сега малку финансиски да се опоравам, но ова беше буквално бесценето. Сѐ што можеше да биде добро, се заврши добро. Многу пиво испиено, многу локалци запознати, голови, навивање, атмосфера, буквално искуство за цел живот.

Благодарам што одвоивте барем половина час да ги читате моите глупости. Ве сакам :ајнапиво:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.569
Поени од реакции
114.906
На оној кој му требаат подетални информации за сместување, превози, карти за натпревари, нека ми пише во порака да договориме некое пиво.
Нешјебат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@KaWa кај ти е Бамбер Бриџ? :D

иначе картиве претходно ги резервираше или на лице место? И што пари се отприлика?
И пиво колку пари е? Сендвич? Кажи знаеш дека сме македонци и прво нешто што не интересира се цени. ххх
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.641
Поени од реакции
9.914
Мене повеќе ме интересира како се докопа до виза, зш тоа е најголемиот проблем за поголемиот дел од фановите, парите се небитни.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.703
Поени од реакции
66.822
Мене повеќе ме интересира како се докопа до виза, зш тоа е најголемиот проблем за поголемиот дел од фановите, парите се небитни.
Одобруваат виза полесно него наоѓање на карта за мечот.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.417
Поени од реакции
4.480
Мене повеќе ме интересира како се докопа до виза, зш тоа е најголемиот проблем за поголемиот дел од фановите, парите се небитни.
Ако имаш пари и солидна плата, имот, т.е. Ако докажеш дека немаш намера да останеш, ќе добиеш виза. Карти за натпревари по регуларна цена е невозможна мисија, освен ако не е некој просечен натпревар, или да фатиш некоја карта ден два пред утакмица.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.641
Поени од реакции
9.914
Ако имаш пари и солидна плата, имот, т.е. Ако докажеш дека немаш намера да останеш, ќе добиеш виза. Карти за натпревари по регуларна цена е невозможна мисија, освен ако не е некој просечен натпревар, или да фатиш некоја карта ден два пред утакмица.
Знам за цените на картите прилично се скапи за наш стандард, али кога си правиш мерак не гледаш на пари.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.417
Поени од реакции
4.480
Знам за цените на картите прилично се скапи за наш стандард, али кога си правиш мерак не гледаш на пари.
Па да, еве за Арсенал - Ливерпул по 300 фунти беа картите од препродавачи. Ако има некој, нека ги даде :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.753
Поени од реакции
52.715
Па да, еве за Арсенал - Ливерпул по 300 фунти беа картите од препродавачи. Ако има некој, нека ги даде :D
Сите карти ги зема поскапо од продажната цена?
Многу луѓе купуваат карти само за лојалти поени и после ги продаваат, ама скоро сите продаваат фејс велју, толку колку што ја купиле. Ако некој пробува поскапо да продава, одма го пријавуваат и се шири по твитер и останати групи. Не сум сигурен дали и на ниво на цела лига има некои правила, ама еве баш сега во Челзи има иницијатива да се пријавуваат директно во клубот и да се казнуваат.

 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.417
Поени од реакции
4.480
Сите карти ги зема поскапо од продажната цена?
Многу луѓе купуваат карти само за лојалти поени и после ги продаваат, ама скоро сите продаваат фејс велју, толку колку што ја купиле. Ако некој пробува поскапо да продава, одма го пријавуваат и се шири по твитер и останати групи. Не сум сигурен дали и на ниво на цела лига има некои правила, ама еве баш сега во Челзи има иницијатива да се пријавуваат директно во клубот и да се казнуваат.

Не, сите карти ги купив по регуларна цена, но со многу комуницирање, молење и надеж дека нема да ме заебат. На интернет сајтови се продаваат по цени 3-4-5 пати поголеми од регуларната, и тоа нема никогаш да се искорени. Така да, ако некој располага со поголем буџет, препорачувам директно да си купи од вебсајт по повисока цена, да избегне малтретирање. Нормално, ако некој има пријател или членува во фан клуб, така е најсигурно и најевтино.
 
Член од
28 мај 2023
Мислења
169
Поени од реакции
165
Шо беше со провокацијава на Даглас Луис кон Онана? Имаат нешто нерешено или онака, чисто шитхаусерски?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom