Македончето во мене проработува, ама дали времето на играчот во sin bin ке иде, ако некој играч потешко се повреди, или лежи 4 минути? Генијален потег, таман играч да се излади, и уште која повреда да закачи.
А како ќе разграничат што е cynical фаул за плав а што за црвен картон? Пошто според дефиниција ваквите стартови се црвен картон, ако некој собереш без топка и слично.
Со ова уште поише им се дава до значење на судиите пошто ќе даваат плави картони по некое свое убедување а тоа може премногу да влијае на играта и резултатот. Гледаме во ракомет што значат 2 минути исклучување.
Истотака може и да се користи како предност, да одмори некој играч 10тина минути, поготово па као што вика Видук ако тече времето на играчот у син-бин ондак комотно ќе симулираат фаули ќе се излежаваат за да ги украдат тие 10 минути додека играчот одмара, пие вода, енергетски барови, витамини, лади глава, добива уште подетални инструкции од тренерот и сл.
Се поише и поише глупости само и само за да има што поише голови на утакимиците и забава за гледачите.
Нема да ме чуди кога тогаш и да го намалат времетраењето на утакмиците, на пример да ги скратат двете полувремиња по 5 мин. Да се играат две по 40. Така ќе имаат алиби за што повеќе утакмици во сезоната, а искрено и новите генерации придонесуваат кон ова со тоа што не можат 90 минути да изгледаат една утакмица, немаат фокус и концентрација за толку.
Чика Перез рече една работа со која се сложувам. Attention span на младиве генерации не е доволно долг за да гледаат 2 полувремиња по 45 минути. Кога ги гледаш дека на иста маса сите извадиле телефони, и никој со никого не прави муабет, апсолутно е во право.
Чика Перез рече една работа со која се сложувам. Attention span на младиве генерации не е доволно долг за да гледаат 2 полувремиња по 45 минути. Кога ги гледаш дека на иста маса сите извадиле телефони, и никој со никого не прави муабет, апсолутно е во право.
Судииве се станати тешки пи*ки. Со ова уште повеќе се штитат судииве ќе даваат плав картон за секоја одлука со која не се сложуваат играчите. Во фудбалов моментално не фали уште повеќе нежност, туку грубост. Секое мафтање со рака кон судијата е жолт, секое нагазување на копачка е црвен. Проблемот е што има се повеќе легачење и симулирање на терен, е тоа треба да се спречи, симулираш фаул лежиш 1 минута на терен? 5 минути пауза седи надвор да се опоравиш. Ќе видите како ќе прекинат да се легачат. Се оди во погрешна насока во фудбалов, од ЛШ до нови правила, не ме ни чуди што младите немаат концентрација да гледаат 45 минути полувреме, фали уште 3 корни пенал да воведат.
Циркузи е правилото, па 10 минути уште.....ќе ја направат играта уште по дефанзивна, со играч мање сите одма ќе се стават у бункер да не примат гол 10 минути...ебати фудбалот.
Нека направат како во ватерполо после фал да седи ко пичка у ќош и после прекин да имаат играч повеќе ебате измишљотините. Ќе се гледа снукер само изгледа во иднина.
Како што можеа дел од вас да забележат, пред помалку од 10 дена бев да си го исполнам мојот сон, али овој пат малку претерав, па да раскажам малку подетално, можеби некого ќе го интересира.
За првпат отидов во Англија за да си го исполнам сонот од детството, а тоа е да гледам фудбал во Англија, со акцент на Премиер Лига, но и со било која друга лига/куп ќе бев задоволен.
За 11 дена успеав да гледам 9 фудбалски натпревари низ Англија, иако целта првична ми беше барем една.
Турата ја планирав 2-3 месеца однапред со многу замарање, но сепак уживав во процесот на барање на летови, превози, сместувања, карти за натпреаври. Почнувајќи од собирање на документи за апликација за виза, до организација на распоредот/текот на моето патување, од првиот до последниот ден, менувајќи секој ден сместување, патување со воз/автобус и слично. Реално имав и доста среќа, бидејќи имав доста набиен распоред, се погоди и mid-week коло, како и ФА куп, па така речиси секој ден имаше фудбал.
Подолу ќе објаснам подетално за секој од деновите поделени по натпревари, ќе се задржам претежно на фудбалските натпревари, пабовите пред/по утакмица и локалното население.
Како за првпат во Англија, некако имав ниски очекувања и за Лондон (не знам зошто) и општо за луѓето таму. Сепак, бев позитивно изненаден, и уште толку возбуден. Од центарот на Лондон се упатив кон стадионот на Тотенхем, кој е да речеме на периферија на Лондон, и доста време треба за да се стигне до и од таму.
Зборувајќи и со други луѓе што ги сретнував, голем дел од нив го имаат истиот став, дека стадионот на Тотенхем е еден од најдобрите, ако не и најдобар моментално стадион во Англија. Модерен, изграден и отворен од пред некоја година, се беше супер. Иако бев претпоследен ред од најгоре, сепак добар поглед имав на теренот, трибините и слично. Под-трибинскиот простор е одличен, со штандови за јадење и пиење, а најинтересно беше точењето на пиво во чашите, кои се точат од самото дно. Цените за пиво/јадење беа доста високи, но Лондон е еден од најскапите градови во Европа, па кој ни е крив што стандардот ни е катастрофа. За стадионот чиста 10-ка.
За атмосферата не можам да кажам нешто многу пофални зборови, освен на почетокот на химната/песната на Тотенхем, и на моменти кога имаше шанси и спорни ситуации од судијата, другото беше прилично тивко. Затоа би рекол некаде 5/10 според мене, иако тоа е можеби субјективно.
Од натпреварот не помнам многу детали, сепак не беше тој во преден план, а и не беше нешто посебно според она што го гледав. Еден гол на Сити за радост на гостинските навивачи кои беа во солидна бројка, и тоа беше тоа. Гостинските навивачи се погласни речиси секогаш од домашните, и тоа ми нема никаква логика, но добро.
Искрено, подобро си поминав пред натпреварот во еден паб блиску до стадионот, во кој беа навивачи на Сити, и имаа направено добра атмосфера.
Стадион: 10/10
Атмосфера: 5/10
Публика: 60.872
Наредниот ден, уште претпладне почнав да се загревам со пиво во еден помирен паб во близина на стадионот на Милвол. Бев исхајпан и со големи очекувања, ради она што сум го читал на интернет за навивачите на Милвол, хулиганските видеа/филмови и слично, но искрено се разочарав. Иако беше она баш класичен англиски фудбал, со многу копачки стартови, рогање и никаква тактика, навивачите не беа ништо посебно, или барем не јас она што го очекував. Сепак, стадионот беше доста помал, па имаше каква-таква атмосфера, подобра од онаа претходниот ден на Тотенхем – Сити. Тука видов и два гола, па колку толку беше интересно, нешто се дешаваше. Навивачите на моменти беа добри, но ништо спектакуларно. Стадионот мал, интересен и брзо се влегуваше. Имав добро место за гледање, но можев да се преместам бидејќи имаше доста празни столчиња. Се на се, солиден натпревар, интересно искуство.
Стадион 6/10
Атмосфера 6/10
Публика: 14.744
Само што свирна крај на претходниот натпревар, излегов да фаќам воз за до другиот крај на Лондон да стигнам на време на вториот натпревар. За ова бев посебно возбуден, бидејќи имав прилика да бидам со гостински навивачи, и тоа можеби помеѓу најдобрите, ако не и најдобри на островот. Craven Cottage е интересен стадион, отсекогаш ми било желба да го посетам и ете се оствари и тоа. Од натпреварот немав некои големи очекувања, само сакав гостите да дадат гол, за да ја почувствувам атмосферата, па на мое огромно изненадување, паднаа и два гола.
Навивачите на Њукасл не престанаа да навиваат, и тоа доста ме воодушеви. Атмосферата беше на добро ниво во текот на целиот натпревар. Иако позади гол речиси ништо не се гледаше на другата страна, сепак беше интересен моментот дека сум помеѓу тие навивачи, кои ми се најомилени на островот. Кога паднаа головите беше тотален делириум, како да освоиле титула, а не да дале само еден обичен гол. Иако нема споредба со било која атмосфера од Германија/Италија или Полска/Грција/Турција, сепак и ова имаше свој шмек.
Highlight на натпреварот беше присуството на Алан Ширер на трибина помеѓу навивачи првпат после 29 години пауза, па доживувањето за да биде комплетно, тој побара да се сликаме. Како што рече еден мој другар “За КaWa секунда, за Ширер спомен за цел живот”.
Штета што навивачите на Фулам најверојатно го бојкотираат клубот, и плус се правеше главната трибина, па стадионот беше доста празен, а гостинските блокови беа исполнети до последно место.
Стадион 7/10
Атмосфера 9.5/10
Публика: 18.960
По исцрпниот и возбудлив ден во Лондон, се упатив со автобус накај Ливерпул, за да гледам натпревар на култниот Енфилд. Стигнав рано утрото во Ливерпул, и бев позитивно изненаден од градот, но имав и доста време да го разгледам. За разлика од Лондон, доста помал, па се беше на 15-20 минути пешки. Ливерпул важи за град со добар/солиден ноќен живот, па го препорачувам на сите да го посетат доколку имаат прилика. Спиев во Airbnb соба кај домаќин, кој го најдов сосема случајно. Кога се сретнав со човекот, кои беше во своите 60-ти, се чудеше што к*р бара некој од Скопје да гледа натпревар на Ливерпул а не навива за нив. Испадна дека бил спортски психолог и работел во двата клуба кои играа тој ден – Ливерпул и Норич. Извади еден фото-албум дебел како библија, и ми покажуваше слики од пред 10-15 години, како работел со академиите и првиот тим на Ливерпул, слики со ТАА, Фланаган, Стерлинг, Curtis Jones и слични. Ми покажуваше слики од претсезонските турнери по Америка и Азија. На натпреварот бил поканет како гостин од страна на Норич, во hospitality делот.
Се упатив кон стадионот, пиејќи пиво во околните пабови во близина на Енфилд, каде што се собираат навивачите и се подготвуваат за натпреварот. Бев доста возбуден па едвај чекав да видам како ќе се одвива овој натпревар. На мое изненадување, бев сведок на 7+ натпревар, па атмосферата беше доста добра. Ежење беше почетокот на You‘ll never walk alone, потоа малку се стишаа. Сепак, головите си го направија своето, па атмосферата беше супер во тие периоди. Ова беше првиот натпревар откако Клоп го најави своето заминување по завршување на сезоната, па овој натпревар беше од посебно значење за нив. Песната што ја пееа за него беше навистина добра, јас првпат ја слушав, но се наежив, бидејќи ја пееа во неколку наврати и тогаш атмосферата беше одлична.
Стадионот беше супер, иако место имав доста високо, сепак убаво се гледаше (колку што може нели). Се запознав со пар луѓе околу, разменивме по некој збор, им бев сензација бидејќи дојден бев да си го остварам сонот и да гледам фудбал секој ден.
Бидејќи утакмицата беше во 2 часот попладне, по утакмицата имав речиси пола ден пред мене, па продолжив во околните пабови, каде што имаше многу млади/студенти и беше раздвижено. Со цени, доста поевтино од Лондон, и ми се допаѓаше тоа што немаше премногу туристи, ниту премногу мигранти. Акцентот им е крш, и јас искрено имав потешкотии да ги разберам од прва, но беа доволно фини па повторуваа по два-три пати. Голем дел од локалците беа доста учтиви, културни и расположени за муабет што прилично ме изненади.
Стадион 9/10
Атмосфера 8/10
Публика: 57.334
По Ливерпул, со воз се упатив кон Престон, каде што прошетав и го посетив стадионот на Престон. Ги замолив вработените во клубот, да ме пуштат на 5 минути да влезам внатре и да направам некоја фотка. Разговарав со дечко вработен таму, па му ја раскажував турата која ја имав испланирано, и беше фасциниран. Направивме некој рандом муабет 5-6 минутки и после тоа отидов да го посетам Бамбер Бриџ, но за тоа ќе опишам на крај.
Потоа се упатив кон Блекбурн, каде што пиевме пиво пред натпреварот во близина на стадионот. Таму бевме со навивачи на Wrexham, кои беа дојдени во огромен број. Не ја знам целосно приказната, но знам дека се симпатичен клуб од Велс, кои се моментално во четврта лига, но со добри шанси за трета лига од следната сезона. Зачудувачки беше фактот дека во понеделник, во 4-та рунда од ФА куп, беа на гостување 7.300 навивачи. Тоа беше лудница во права смисла. Се обидов да влезам со гостинските навивачи, без карта, но увидов дека тоа е практично невозможно бидејќи влагаа еден по еден, а веќе почнуваше натпреварот. Потоа сакав да купам билет со домашните навивачи, па системот беше багнат и не можев да купам. Тука ми се скрши целиот филм дека нема да успеам да влезам, но со многу убедувања и молби, некако ми извадија карта преку системот (а стадионот беше полупразен). Атмосферата беше солидна, а гостинските навивачи беа феноменални. Повторно, каде одам јас, се истурија од голови, па така и оваа утакмица заврши со 5 голови. Врнеше дожд, па ме потсети натпреварот на оние класични чемпиошип утакмици каде што се клизаат, си влагаат со копачки и се ‘рваат на терен.
Стадион 7/10
Атмосфера 7/10
Публика: 18.169
Автоматски споено мислење:
По Блекбурн, беше време да се патува за Бирмингем. Стигнав во градот со воз, и првиот впечаток беше како да сум се симнал од воз во Њу Делхи. Еден куп индијци, мигранти, гужва, нешто што не ми остави добар впечаток. Како втор најголем (или најнаселен) град во Англија, важи за доста небезбеден за живеење и за туристи, па така малку ми беше језиво на моменти. Денот го поминав во паб, па потоа со воз се упатив кон легендарниот Вила Парк. Интересно е што генерално низ Европа, кога има натпревар, градот живее за тој ден. Сите се во дресови или друга облека во боите на клубот, расположени, весели, со пивото во рака и го чекаат натпреварот.
Како што се приближував до стадионот, возбудата растеше. Култен стадион, кој реално мене ми се допадна. Атмосферата пред почетокот и во првите 10-тина минути беше одлична. Атмосферата спласна бидејќи гостите за 52 минути успеаа да им брцнат 3 гола пред нивна публика. Од друга страна, навивачите на Њукасл беа одлични во текот на сите 90 минути. Штета, овој пат бев од страната на домашните.
Сепак, атмосферата и покрај поразот беше доста добра и енергична. Не знам како се слуша на ТВ, но беше доста добро, па така бев задоволен. Кога Астон Вила дадоа гол, атмосферата беше одлична. Потоа имаше малку иницијатива да напаѓаат, но не успеаа да им ја загрозат победата на крајот.
По утакмицата се упатив кон сместувањето, бидејќи требаше да собирам сили за утрешниот ден.
Стадион 8/10
Атмосфера 8/10
Публика: 42.191
Оригиналниот план беше овој ден да гледам Сити – Барнли, но по разговор со неколку локалци каде што им реков дека ако ми најдат билет за Ливерпул-Челзи, ќе оставам да ми пропадне билет за Сити-Барнли, сместување и превоз од-до Манчестер. На мое огромно изненадување по неколку саати ме известија дека ми обезбедиле билет за овој натпревар, па така бев прилично сигурен дека таква прилика не смеам да пропуштам. Па така, се реорганизирав, најдов сместување и се упатив повторно кон Ливерпул.
Повторно, интересен град, овој пат уште рано изутрината ги забележав фановите, меѓу кои многу туристи кои беа дојдени само за овој натпревар. Времето не ме послужи баш па цело време беше облачно и дуваше силен ветер, типично англиски.
За моја среќа, таму се најдов со познаник/другар од Скопје кој беше специјално дојден за тој натпревар бидејќи е фан на Ливерпул, кој патем му беше првпат, па така во текот на целиот ден имав друштво. Се упативме пешки од центарот, отприлика 3.5 километри е до Енфилд. Истураше цело време, па накиснавме, ама и тоа беше дел од авантурата. Се пикнавме во еден од пабовите во близина на Енфилд, кои што веќе беа полни 3-4 часа пред натпреварот. Добро пиво, добро друштво, се запознавме со други фанови на Ливерпул. Времето помина многу брзо и се упативме кон стадионот да седнеме на место. Го пишав Нуњез да даде гол, па мајсторот 4 пати погоди рамки на гол, нешто што не ме зачуди. Како и претходните утакмици, и оваа беше со многу голови. Атмосферата беше доста подобра во однос на онаа со Норич, а самата игра на Ливерпул си го направи своето. Тотална доминација и четири комада во мрежата на Челзи, за супер атмосфера на трибините.
По натпреварот, правец во центарот на Ливерпул, каде што влегувавме во пабови и дискотеки, до раните утрински часови. Сѐ на се, супер провод - фудбал, пиво, позитивна атмосфера низ цел град, супер фини женски.
Стадион 9/10
Атмосфера 9/10
Публика: 57.524
По одличниот ден во Ливерпул, фатив воз за Вулверхемптон, кој е на половина час од Бирмингем. Мало местенце, доста сиромашно ми изгледаше, со многу мигранти и доселеници од секаде. Имав сместување на 600 метри од Molineux. Пред натпреварот се упатив во еден паб, каде што беа навивачи на Вулверхемптон, па таму се загревавме и се запознав со локалците. Интересно местенце, па потоа пешки се упатив кон стадионот, бидејќи се е релативно блиску. Кога и да ми текне на Вулверхемптон, нема како да не ми текне на чудното име кое го има стадионот, како и на легендарниот тренер Мик МекКарти.
Мал стадион, но мене ми се допаѓаше. Имав одлично место на средината на теренот, веднаш до коментаторските/медиа бокс седиштата, па беше интересно бидејќи му “ѕиркав” во лаптопот на дечкото што го води официјалниот твитер акаунт на Премиер Лига. На мое огромно изненадување, и тука се истурија од голови. Одлична атмосфера, а морам да ги пофалам и навивачите на Јунајтед кои беа присутни во огромен број. Тие мислам дека се најбројни на секое гостување, па браво за нив. Иако и сами знаете дека не ги сакам, овој пат беше доста интересно. Потајно се надевав на победа на Вулверхемптон. Кога волците го дадоа голот за 3:3 беше делириум на стадион, но набрзо тоа падна во вода по голот кој го даде Маину на огромно задоволство на гостинските навивачи.
Сврзав неколку реда муабет со оние кои седеа околу мене, и беа прилично изненадени, и најверојатно првпат сретнуваа некој од Македонија на нивниот стадион.
По натпреварот седнав во еден паб на уште по некое пиво, за супер крај на одличниот ден и 7-те гола.
Стадион 9/10
Атмосфера 9.5/10
Публика: 31.641
п.с Нека пише некој мислење, да го постирам и делот од мислењето за последниот натпревар
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.