Каде по добар купечки ајвар и лутеница?

  • Креатор на темата Креатор на темата valvoline
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера вечерта си купив македонски ајвар од КАМ маркет и бугарски ајвар од Лидл. Сега праќам слики на двата, а малку подоцна денес ќе споделам и коментар за нивниот вкус. :)

1707123918122.png 1707124853273.png

1707124073290.png 1707124168245.png 1707124246664.png 1707124322005.png 1707124394870.png

1707124479284.png 1707124549871.png 1707124618938.png 1707124696847.png 1707124770011.png
 
Така, еве го моето резиме: Македонскиот ајвар требаше да биде лут, но едвам едвам почувствував лутовината. Заради патладжанот - имаше по кремаста структура. Некои од едросмлjaните бугарски лутеници, кои претендираат дека се направени исто по домашни рецепти, имаат многу сличен вкус. Во споредба со бугарскиот ајвар од Лидл - македонскиот беше и малку посладок на вкус. Вкусен е. Бугарскиот ајвар од Лидл, ми се чинеше вака: Во Бугарија има рецепта со печени, огуленi пиперки, кои се полни со извара (или сирење), измешана со јајца, по што со оваа наполнета, печената пиперка се пржи. Претпоставувам дека и во Македонија се приготвува слично јадење. Е, игнорирајте го вкусот на јајцата и изварата. Оставете само вкусот на печената пиперка, која потоа е запржена. Така ми се чини бугарскиот ајвар. По едросмлjaн и не толку сладок како македонскиот. Но и тој е вкусен.
 
Пробај да најдеш по маркетите ајвар под името Перустија, и уште еден друг кој има ознака GP, со златни букви на црна позадина. Тоа ми се двата најдобри ајвари кој моментно можат да се купат во Македонија. Тој од Кам за ништо не го бива.
 
Пред малку си купив нови три буркана со ајвар - 1 македонски и 2 бугарски. Утре ќе направам слики. Македонскиот се вика "Гурменица". Во убав буркан и со добро пакување е.
 
Колку милијарди е тој Гурменица?
 
Пробај да најдеш по маркетите ајвар под името Перустија, и уште еден друг кој има ознака GP, со златни букви на црна позадина. Тоа ми се двата најдобри ајвари кој моментно можат да се купат во Македонија. Тој од Кам за ништо не го бива.
Во Стокомак има еден ајвар Делициа и доста го фалат, искрено имам домашен па не ми паѓа на па ет да купувам индустриски така да само на збор е муабетов
 
Од домашен нема поубаво, од индустрискиве ниту еден ми се нема погодено, или е полн со лушпи, или штеделе на масло, или е недоварен. Годинава чисто ради тоа планирам домашен.
 
Па нормално никад нема да биде исти зашто пред се не го печат пиперот него го горат со бренери
 
Во Стокомак има еден ајвар Делициа и доста го фалат, искрено имам домашен па не ми паѓа на па ет да купувам индустриски така да само на збор е муабетов

Го немам пробано, во мојот град нема Стокомак. Баш ќе видам дали го има во другите маркети.
Од домашен нема поубаво, од индустрискиве ниту еден ми се нема погодено, или е полн со лушпи, или штеделе на масло, или е недоварен. Годинава чисто ради тоа планирам домашен.

Нормално дека нема поубав од домашен, но кога нема домашен мора да се купува индустриски. Јас сакам ајварот да биде многу испржен. Зато ги сакам Перустија и Grand Premium, но во последно време и нив ги нема по маркетите. И едниот и другиот се чисти и многу испржени.
 
Attachments

  • IMG_9991.jpeg
    IMG_9991.jpeg
    600,1 KB · Прегледи: 9

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom