- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.386
- Поени од реакции
- 8.996
Емет пред борбата со Топуриа беше рангиран на 5-то место во 145, Брајс Мичел 15-то. Значи двајца рангирани противници, од кои едниот во првите 5. Волкановски кога се бореше до титула, Алдо беше рангиран втор, додека Мендес немаше ранкинг, по паузата имаше една борба против нерангиран противник и втората му беше против Волкановски и ја заврши кариерата.Се сеќавам кога Волк беше во слична ситуација, иако он пред да дојде до борба за титула мораше да помине преку Мендез и Алдо, а овој имаше мечеви со факинг Брајс Мичел и Емет ( по мене тотално незаслужена шанса за титула,ама ја искористи моменталната ситуација во федервејт и тоа е).
Би рекол за Волкановски значително потешка беше борбата со Елкинс отколку таа со Мендес. Се сеќавам на борбата ја гледав, Елкинс отсекогаш имал лудо кардио и челична вилица. Маана му е што има scar tissue како Нејт Диаз, па лесно добива големи расекотини...