Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Член од
18 јули 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0
Napravi si predobar i golem i opsiren research i sam odluci si, no studentska viza ili izbegni ja ili ne znam ako nemas leb da jades u Makedonija ili od X pricini nemozes i nesakas da se vratis vo Makedonija togas probaj si srekja so studentska. Ne ti gi znam okolnostite no od moe licno iskustvo studentska viza e najgolema prevara na Avstraliskata vlada i samo dvigatel na ekonomijata, nisto poise. Okolu 10% od studentskite vizi zimaat PR tuka( i toa posle Bog znae kolku godini makotraen proces, 5-6-7-8 godini). Na krajot na denot ti si gi znaes okolnostite i svojot zivot no od moe iskustvo naj naj naj posledna opcija da ti bide studentska viza vo Avstralija.
Fala za sovetot. Ne se slozhvam slozhvam so nekoj raboti ama ne e to tolku bitno...
Sakam da ostanam ovde samo edinstven problem mie sho nemozham da najdam nikoj so $35.000 na smetka ( treba samo da pokaHi deka gi ima ) drugo se ke mozham da pokrijam i da gi ispolnam uslovite za da aplixiram za studenska viza. Toa mi e edinstveniot problem
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.043
Поени од реакции
11.307
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.349
Fala za sovetot. Ne se slozhvam slozhvam so nekoj raboti ama ne e to tolku bitno...
Sakam da ostanam ovde samo edinstven problem mie sho nemozham da najdam nikoj so $35.000 na smetka ( treba samo da pokaHi deka gi ima ) drugo se ke mozham da pokrijam i da gi ispolnam uslovite za da aplixiram za studenska viza. Toa mi e edinstveniot problem
@kano бизнисменот сигурно без проблем ке може да извади на маса бар до толку за да ти помогне башака дете патриотско сигурно од радост ке скока за да ти помогне
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Fala za sovetot. Ne se slozhvam slozhvam so nekoj raboti ama ne e to tolku bitno...
Sakam da ostanam ovde samo edinstven problem mie sho nemozham da najdam nikoj so $35.000 na smetka ( treba samo da pokaHi deka gi ima ) drugo se ke mozham da pokrijam i da gi ispolnam uslovite za da aplixiram za studenska viza. Toa mi e edinstveniot problem
Не те разбрав баш добро, каде и како си дошол во Австралија на туристичка виза? Класичен турист по хотели/хостели на шетање, или кај роднини/пријатели?

Друга работа, како планираш да плаќаш факултет и да студираш тука, ако немаш да покажеш ни 35к за гаранција? Претпоставувам си проверил колку чини една година, колку чини кирија на неделно ниво, и колку саати може да се работи, како планираш да го изведеш ова?

Имај во предвид дека такво темпо е тешко и за Македонија (мало место, ефтини студии, и да најдеш време за учење и работа), на туѓ јазик ти треба уште повеќе труд за да го запамтиш истиот материјал, плус станува збор за огромна територија во која ќе ти требаат уште 3-4 саати за патување дома-работа-факултет-дома.

Ај малку попрегледно напиши го планот кој го имаш замислено: дали имаш положен ИЕЛТС и со која оцена, дали си ги припремил останатите документи/преводи, дали имаш пари за агентот, дали имаш пари да го платиш прв семестар, каде планираш да живееш, дали имаш пари за прв месец кирија + rental bond, каде планираш да студираш, колку кошта цело студирање и на кои датуми треба да се плати секој семестар, дали е таа професија барана за нареден чекор и кој ти ја даде таа информација, што и каде планираш да работиш, колку саати и по колку пари платено, колку е далеку од местото каде што ќе живееш...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ne ti gi znam okolnostite no od moe licno iskustvo studentska viza e najgolema prevara na Avstraliskata vlada i samo dvigatel na ekonomijata, nisto poise. Okolu 10% od studentskite vizi zimaat PR tuka( i toa posle Bog znae kolku godini makotraen proces, 5-6-7-8 godini).
По малку сатирично е видеово, ама 100% објаснува за каква дубара за пара е станато „студирањето“ во Австралија:
 
Член од
20 април 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1
Здраво, дали може да предложите некои family-friendly населби во сиднеј и мелбурн? Некои со нормални цени за кирија, односно до $500 неделно за трособен стан/куќа.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Нормалните кирии заминаа во историјата со завршетокот на пандемијата, за во Сиднеј без 700-800 неделно тешко ќе најдеш 3 собно живеалиште. Еве ти листа од realestate за до $500, ама повеќето се во населби 40-50км од центарот на градот и со релативно високо ниво на криминал:

 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.428
Поени од реакции
24.609
i u melburn e slicno. ako nacekas privatno ne preku agenti na perifirija moze ke najdes pod 600 za trosobno.... 40-50km od centar zborime. gledaj zapadni ili severni predgradija, istok i jug ti e plus $200 za perifirija...

gold coast inace e skoknato na $900-$950 nedelno.... ludnica

eftini kirii sega samo u perth.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
500 за трособен/куќа само во регионален QLD или во WA, и тоа пак со акцент да не е туристичко место, да е подалеку од железница/автобуска/школи, и/или со повисоко ниво на криминал.
Во последните 2 години, цените тука се дигнати од 15-40%, пред се поради огромна внатрешна миграција, и истото е и за рентање и за купување. Станови кои во 2021 беа по 350к, сега се по 650-700к и продадени во првите 7 денови од огласување, кај куќите е уште полоша ситуацијата, има објекти што пред пандемијата ги имавме гледано околу 1м, сега се близу 2м.
 
Член од
29 февруари 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Не те разбрав баш добро, каде и како си дошол во Австралија на туристичка виза? Класичен турист по хотели/хостели на шетање, или кај роднини/пријатели?

Друга работа, како планираш да плаќаш факултет и да студираш тука, ако немаш да покажеш ни 35к за гаранција? Претпоставувам си проверил колку чини една година, колку чини кирија на неделно ниво, и колку саати може да се работи, како планираш да го изведеш ова?

Имај во предвид дека такво темпо е тешко и за Македонија (мало место, ефтини студии, и да најдеш време за учење и работа), на туѓ јазик ти треба уште повеќе труд за да го запамтиш истиот материјал, плус станува збор за огромна територија во која ќе ти требаат уште 3-4 саати за патување дома-работа-факултет-дома.

Ај малку попрегледно напиши го планот кој го имаш замислено: дали имаш положен ИЕЛТС и со која оцена, дали си ги припремил останатите документи/преводи, дали имаш пари за агентот, дали имаш пари да го платиш прв семестар, каде планираш да живееш, дали имаш пари за прв месец кирија + rental bond, каде планираш да студираш, колку кошта цело студирање и на кои датуми треба да се плати секој семестар, дали е таа професија барана за нареден чекор и кој ти ја даде таа информација, што и каде планираш да работиш, колку саати и по колку пари платено, колку е далеку од местото каде што ќе живееш...
Drugar zdravo,gledam gi razbirash rabotive, planirame so soprugata i edno maloletno detence sakame da probame da se iselime vo avstralija. Agentov tuka u mk ne sovetuva da zapisam vocational course na eden college sto go nudi t.e da idam na studenska viza na baza na profesija ( plockar ) sto e na lista na pobaruvani tamu. Imam pte polozeno so 8.1 average, soprugata ima rodnina vo au kaj koi ke sedime celokupniot period bez da plakjame kirija, skoloto i zdravstvenoto samite ke si gi pokrieme a sumata za garancija ke ja prilozat rodninite na soprugata. E sega soprugata ke raboti zaedno so nejzinite rodnini, kade sto i jas ke odam part time paralelno so ucenjevo i praksata za plockar. Prasanjeto mi e dali po izucuvanjeto na zanaetov, ima sansi da se najde rabota i so toa rabotna viza pa PR naknadno, ili dali postoi nekoj drug nacin (pat) da se dojde do PR so ogled na nasive okolnosti sto se gorenavedeni. Fala odnapred na odgovor.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Drugar zdravo,gledam gi razbirash rabotive, planirame so soprugata i edno maloletno detence sakame da probame da se iselime vo avstralija. Agentov tuka u mk ne sovetuva da zapisam vocational course na eden college sto go nudi t.e da idam na studenska viza na baza na profesija ( plockar ) sto e na lista na pobaruvani tamu. Imam pte polozeno so 8.1 average, soprugata ima rodnina vo au kaj koi ke sedime celokupniot period bez da plakjame kirija, skoloto i zdravstvenoto samite ke si gi pokrieme a sumata za garancija ke ja prilozat rodninite na soprugata. E sega soprugata ke raboti zaedno so nejzinite rodnini, kade sto i jas ke odam part time paralelno so ucenjevo i praksata za plockar. Prasanjeto mi e dali po izucuvanjeto na zanaetov, ima sansi da se najde rabota i so toa rabotna viza pa PR naknadno, ili dali postoi nekoj drug nacin (pat) da se dojde do PR so ogled na nasive okolnosti sto se gorenavedeni. Fala odnapred na odgovor.
Здраво, а зошто не пробате да земете 482 виза? Ако најдеш фирма што ќе те спонзорира, може да стигнеш за 2 години до перманент.
На оваа ставка познавам неколкумина што се имаат прошлепано тука: https://visaenvoy.com/sol/civil-engineering-technician/
Прилично е тешка да се докаже дали навистина имаш квалификации, далеку полесна од било која скилд виза, а подобра варијанта од студентска.

За студентска не ги следам школите, ќе треба да направите подетално истражување. За работа е повеќе снаоѓање, зависи од фирмите, помали фирми нема да те тресат толку многу за сертификати.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Lista so barani struki za Juzna Avstralia direktno za rezident 190 viza

Автоматски споено мислење:

Vtor del:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Polna lista so site struki:

 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Листиве повеќе од 20 години ги немат сменето, истите струки цело време.
Мидл менаџмент и ИТ кадри има со лопата да ги ринеш, пола Индија, Пакистан и Бангладеш веќе се тука се довлечкани. По 200, 300, па и 500+ кандидати се пријавуваат на оглас за работа, али ете сеуште имало skill shortage :facepalm:
Со експлозијата на AI уште толку ќе снема потреба за овие професии.

Реално само медицински кадар, tradies и даскали фалат во Австралија, другово пиши пропало, да не се лаже некој да троши нерви, време и пари да поминува низ процесот за виза.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Листиве повеќе од 20 години ги немат сменето, истите струки цело време.
Мидл менаџмент и ИТ кадри има со лопата да ги ринеш, пола Индија, Пакистан и Бангладеш веќе се тука се довлечкани. По 200, 300, па и 500+ кандидати се пријавуваат на оглас за работа, али ете сеуште имало skill shortage :facepalm:
Со експлозијата на AI уште толку ќе снема потреба за овие професии.

Реално само медицински кадар, tradies и даскали фалат во Австралија, другово пиши пропало, да не се лаже некој да троши нерви, време и пари да поминува низ процесот за виза.
Нема мака тековната влада, ќе увезе уште неколку пати по толку, личен интерес е, фирмите што ќе ги вработуваат овие се на нивни блиски или овие им се на платен список, па наместо да го плати 150к, ќе си најде од увоз за 70к со скоро исти вештини.

Инаку 100% си во право, фалат тек-тук по нешто инженери од потешки струки (најчесто по рудници или теренска работа), во медицина фали се можно (тешко и да најдат, бидејќи им бараат дополнителна специјализација, без разлика што веќе имаат работно искуство и специјализација за истата област во нивните земји), занаетчии фалат особено квалитетни, и недостигаат луѓе кои ќе ја работат тешката и валкана работа.

Ова што ставиле во агрикултура, во хотелиерство и угостителство, е булшит, работници не можат да најдат само тие што ги бараат за плати од 40-50к, инаку вакви имаш со лопата да ги ринеш (бетер и од ИТ), истото важи и за економски професии, кадрово и тн.
 
Член од
16 април 2024
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво на сите.
Имам едно маалку подолго прашање, па кој може нека ми одговори, ќе бидам многу благодарен.
Живеам во МК моментално, но поради семејни проблеми, семејно насилство, закани од родител по живот, лошо судство, мали плати, живеам во град каде дрогата и убиствата се се почести, и тоа од малолетни лица, платата ми е некои си 470€, имам бугарски пасош и сакам да заминам во Австралија. Сум живеел во Германија 1 година за време на короната и тогаш беше ОК, но сега многу од моето друштво се вратија назад поради "скапотија". Во Австралија (Сиднеј) имам блиски роднини кои се отселиле уште пред 25 години таму и веќе градат нова куќа (старата ја продадоа за повеќе од милион долари и така натаму) која ќе биде готова на крајот на 2024та година. Тие се тука да ми помогнат, да дадат гаранција дури поголема и од $50.000 и така натаму. Англискиот го владеам перфектно, тука работма за америчка фирма, но кога одделот кој е застапуван во Македонија е застапуван од Македонче, тогаш се знае каква е платата. Како може трајно да заминам Австралија и која е процедурата за виза и колку време се чека (некој просек)?

Заборавив да допишам дека има што да работам таму (роднината има фирма и е по моја струка). Смештај имам цел спрат од куќа (200м²). Ве молам за сериозен одговор. Благодарам однапред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom