Дежурна Ординација! #2

Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
Колку пари коштаат тие зафати знаеш? Кога ќе си ги дозволиш ти тие зафати у Германија? Лупате безвеза само муабети.

Сите знаеме дека таму има од пиле млеко но колку % од народот тоа може да го дозволи е друго. А за обично здравство тука имаш све што ти треба.
За Германец или секој вработен во истата коштаат ништо, осигурањето покрива се, истото и кај нас, ако се оперираш се плаќа симболична цена поради здраственото, види ги цените ако не си осигуран кај нас ќе видиш какви се цените.

Јас не спорам дека можеби има одличен кадар и доктори во државава може и подобри од запад, али дека здраството е коска е чиста глупост и не дај боже да си во ситуација да треба да се лечиш или оперираш нешто кај нас ќе видиш колку лошо здравство имаме. Имам примери, и муабетов буквално ме вади од такт. Луѓе ми умреле поради воа проклето државиште. ИМАМЕ НАЈЛОШО ЗДРАВСТВО ВО ЕВРОПА!
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.049
Поени од реакции
11.345
Колку пари коштаат тие зафати знаеш? Кога ќе си ги дозволиш ти тие зафати у Германија? Лупате безвеза само муабети.

Сите знаеме дека таму има од пиле млеко но колку % од народот тоа може да го дозволи е друго. А за обично здравство тука имаш све што ти треба.
Прашај го Кадаиф, ама сигурен сум дека ќе ти потврди дека сите тие операции за кои се даваат грдни пари по Турција и слични развиени земји и ги собираме тука со донаци за дечиња да имаат право на живот - таму се бесплатни!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.307
Прашај го Кадаиф, ама сигурен сум дека ќе ти потврди дека сите тие операции за кои се даваат грдни пари по Турција и слични развиени земји и ги собираме тука со донаци за дечиња да имаат право на живот - таму се бесплатни!
не сум толку запознаен, може сум грешка, но мене муабетов пред све ми беше за основно здравство, не за комплексни операции и слично.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
Да бе затоа пола Македонија се оперира во Турција и се молат луѓето за донации оти здраството ни е коска, па 90% од посериозни зафати не се изведуваат воопшто во оваа вукојебина.
Тие операции во Турција, можат речиси сите да се изведат во Македонија. Во најголем број случаеви не се изведуваат поради немање реални шанси за успех. Па "давеникот" се фаќа за сламка. Тучинот нема да рече јок на алтаните јбг.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
Тие операции во Турција, можат речиси сите да се изведат во Македонија. Во најголем број случаеви не се изведуваат поради немање реални шанси за успех. Па "давеникот" се фаќа за сламка. Тучинот нема да рече јок на алтаните јбг.
За тоа прав си, Турчинот одвај чека позив, али не се согласувам дека можат речиси сите да се изведат.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
За тоа прав си, Турчинот одвај чека позив, али не се согласувам дека можат речиси сите да се изведат.
Македонија е 2 милиона држава со ЕДНА Болница.

Тука ако не може да се изведе хируршка интервенција, не знам кај може?
Автоматски споено мислење:

Кај нас проблем во секоја сфера е професионалниот пристап во работата, тек после што она си научил како лекар.
Нашите кадри имаат можеби и подобра спрема како доктори во однос на некои на запад, но во секој случај далеку полоши услови за работа и тука е цела разлика.

Таму има ресурси, но се акнати во главата па лечат со парацетамоли и ибупрофени, тука немаат ресурси и често знаењето е бадијала кога нема апарати, реагенси и шо ти уште не за точно да ти дијагностицира шо ти е.
Не е точно
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
„.. сепсата е системски одговор на организмот на инфекција, кој доведува до оштетување на ткивата, откажување на органите често со фатален исход, тоа е одговор на имунолошкиот систем кој станува и премногу интензивен при што не доведува до излекување туку до пропаѓање на ткивото, може да се развие кај секој пациент и кај инфекции од различна етиологија, кои примарно се развиваат во различни ткива на организмот, до развој на сепса обично доаѓа по некое време од траење на инфекцијата, но може да има и рапиден развој доведувајќи до смртен исход за неколку часа.

... манифестациите на сепса, како што се треска, леукоцитоза и тахикардија, се доста чувствителни, но не се специфични показатели за инфекција и можат да бидат под влијание на неколку неинфективни фактори, дијагнозата на сепса може да се посомнева само во отсуство на потврда со позитивна култура, но таквата потврда може да биде тешко да се добие, набљудувањето дека неинфективните клинички синдроми може да се поврзат со симптоми слични на сепса, ја прави дијагнозата на сепса уште покомплицирана, антибиотиците често се препишуваат без дефинитивна дијагноза на сепса за да се избегне пропуштање на инфекција.

...пациентите кај кои се развила сепса обично веќе се хоспитализирани, меѓутоа кај 20-40% од пациентите сепсата се развива во вонболнички услови и исходот од оваа ургентна состојба во многу зависи од брзината на препознавање.

...лекувањето на инфекцијата и одржување на крвниот притисок има за цел да се забави нејзиниот понатамошен развој и да се сочуваат функциите на виталните органи, неопходно е што побргу да се започне со антибиотска терапија, интравенски внес на течности, терапија со кислород, а во потешки случаи е потребна вештачка вентилација со помош на машини за дишење и хемодијализа во случај на откажување на бубрежната функција, неконтролирано тресење или пад на телесната температура и силно треперење, што е еден одговор на борбата против инфекцијата и начинот на кој телото се обидува да ја подигне температурата, хипер или пак спротивно хипотермија, бледа, топла и испотена кожа, оросена со ладна пот, најчеста причина за сепса се бактериските инфекции со секој час на одложување на примена на антибиотици во состојба на септичен шок смртноста расте за приближно 10% “

- буквално тресење на цело тело по еден час
- се будев и менував облека бидејќи се на мене беше водено
- за 40 температура која не се спушта ни со парацетамол/бруфен
- пулс160
- црп 380 (во друг случај дежаву, останато траума од преживеано на Емка)
- воопшто дека претерувам шо имам доза сомнеж во ова здравство.
- лани им починаа 30 души од сепса. Од кој 5 деца
(на телефон се молев и плачев да ме примат, но не сакаа)
Каде е фокусот биџонс? Фокус се бара! За кој фокус бараш антибиотик? После 4 ден ако има бактериска инфекција без антибиотик ќе има CRP над 300 минимум.
...не е правило кај сите пациенти и во различни ситуации ист пациент различно реагира, покачени вредности на CRP биле пронајдени кај повеќето пациенти со вирусна инфекција, а највисоки вредности биле пронајдени кај оние со инфлуенца А и Б инфекции.
Се е по правилата постапено и како што треба.
0002531_vaga-so-metalni-inii-goki_510.jpg

Не биди шизик со таков ризик, за здравје и живот се работи!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
„.. сепсата е системски одговор на организмот на инфекција, кој доведува до оштетување на ткивата, откажување на органите често со фатален исход, тоа е одговор на имунолошкиот систем кој станува и премногу интензивен при што не доведува до излекување туку до пропаѓање на ткивото, може да се развие кај секој пациент и кај инфекции од различна етиологија, кои примарно се развиваат во различни ткива на организмот, до развој на сепса обично доаѓа по некое време од траење на инфекцијата, но може да има и рапиден развој доведувајќи до смртен исход за неколку часа.

... манифестациите на сепса, како што се треска, леукоцитоза и тахикардија, се доста чувствителни, но не се специфични показатели за инфекција и можат да бидат под влијание на неколку неинфективни фактори, дијагнозата на сепса може да се посомнева само во отсуство на потврда со позитивна култура, но таквата потврда може да биде тешко да се добие, набљудувањето дека неинфективните клинички синдроми може да се поврзат со симптоми слични на сепса, ја прави дијагнозата на сепса уште покомплицирана, антибиотиците често се препишуваат без дефинитивна дијагноза на сепса за да се избегне пропуштање на инфекција.

...пациентите кај кои се развила сепса обично веќе се хоспитализирани, меѓутоа кај 20-40% од пациентите сепсата се развива во вонболнички услови и исходот од оваа ургентна состојба во многу зависи од брзината на препознавање.

...лекувањето на инфекцијата и одржување на крвниот притисок има за цел да се забави нејзиниот понатамошен развој и да се сочуваат функциите на виталните органи, неопходно е што побргу да се започне со антибиотска терапија, интравенски внес на течности, терапија со кислород, а во потешки случаи е потребна вештачка вентилација со помош на машини за дишење и хемодијализа во случај на откажување на бубрежната функција, неконтролирано тресење или пад на телесната температура и силно треперење, што е еден одговор на борбата против инфекцијата и начинот на кој телото се обидува да ја подигне температурата, хипер или пак спротивно хипотермија, бледа, топла и испотена кожа, оросена со ладна пот, најчеста причина за сепса се бактериските инфекции со секој час на одложување на примена на антибиотици во состојба на септичен шок смртноста расте за приближно 10% “

...не е правило кај сите пациенти и во различни ситуации ист пациент различно реагира, покачени вредности на CRP биле пронајдени кај повеќето пациенти со вирусна инфекција, а највисоки вредности биле пронајдени кај оние со инфлуенца А и Б инфекции.

Прегледај го приврзокот 405554

Не биди шизик со таков ризик, за здравје и живот се работи!
Не се работи за шизик работава. Во случајов и е даден антибиотик кога е развиена сепсата.

Правилата кога се менува антибиотик и кога се дава, се работи кои македонското здравство го прават:
Screenshot_20240201-230700_Lite.jpg
И не е работава само да дадеш антибиотик. Треба кога ќе се даде да биде и соодветен за дадениот фокус, возраст, пенетрабилност на самиот антибиотик на дадениот орган.
Не секој антибиотик пенетрира на дадено место во количина и време. Затоа вакви паушали не вршат работа и се причина за фатални резултати.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Имам едно пакетче Амоксиклав и се мислам да го почнам на своја рака, последно кога ме маткаа вака нишо не е, пиј вода, пиј парацетамол завршив на болница со црп на граница на сепса, па баш и немам доверба.
Треба кога ќе се даде да биде и соодветен за дадениот фокус, возраст, пенетрабилност на самиот антибиотик на дадениот орган.
Не секој антибиотик пенетрира на дадено место во количина и време. Затоа вакви паушали не вршат работа и се причина за фатални резултати.
...тие не и' дале никаков антибиотик, два пати ја вратиле, ти ми пишуваш за специфика на пенетрирање на антибиотик? што не и зеле брис кога веќе била затната туку ја вратиле, тоа е здравствена услуга да се каже ,,вирусно било", амоксиклав имала дома, немала друг избор, од две зло, Емка избрала со право помалото зло и ризик од веќе лошото искуство да пие на своја рака антибиотик,
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
...тие не и' дале никаков антибиотик, два пати ја вратиле, ти ми пишуваш за специфика на пенетрирање на антибиотик? што не и зеле брис кога веќе била затната туку ја вратиле, тоа е здравствена услуга да се каже ,,вирусно било", амоксиклав имала дома, немала друг избор, од две зло, избрала со право од веќе лошото искуство да пие на своја рака антибиотик,
4 дена поминати со CRP пониско од 40 е бактеријана инфекција?

Тоа "лошо" искуство врска нема со ова сега.

А у осталом ако не се сигурни дали е бактриска или вирусна инфекција со почетна сепса се испитува прокалцитонин. И тоа е стандард.

ШФеЦка не гледа на граФче бе!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
4 дена поминати со CRP пониско од 40 е бактеријана инфекција?
...сега во ниедно време ме тераш да ти докажам дека е можно, исто како што вирусна инфекција знае да даде висок CRP, во медицината никогаш не е 1+1=2, не дека не е маркер да оделиме бактериска од вирусна инфекција, но секогаш се остава резерва.
П.С.
...ме потсети на пандемијата КОВИД19, а се покаже високи д-димери готово коронавирус е причина се има болест КОВИД19, ајде инјектирај Клексане, па потоа хеморагија, умрел пациентот излив на крв во мозок.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
...сега во ниедно време ме тераш да ти докажам дека е можно, исто како што вирусна инфекција знае да даде висок CRP, во медицината никогаш не е 1+1=2, не дека не е маркер да оделиме бактериска од вирусна инфекција, но секогаш се остава резерва.
Еве да те научам чедо:

1. CRP се качува 24 часа после почување на температурата, така да ако сега кренеш 40 степени CRP и не ми врши работа.

2. Обично кога има бактеријана инфекција CRP се качува многу брзо и е над 300.

3. Постојат моменти кога работите се на "граница" и тогаш се испитува прокалцитонин кој исто така треба да биде земен 24 часа после почетокот на симптомите.

4. Инфлуенца ретко крева CRP над 300 и сигурно не со толјава динамика, ако клиничката слика не одговара се иде на прокалцитонин.

Нешто нејасно?

Пациент со реума, автоимуно заболување, акутен гихт, речиси секогаш имаат CRP околу 30-40. Треба да им даеме Амоксиклав?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Дечки мене денес ми е подобро, температурата оди до 38.5, Амоксиклавот не го земав, сепак ќе си го чувам дома за покритични случаи.
Се разви дискусија офтопик, нема потреба од толку докажувања.
@Kadaif само те молам немој да ми го минимизираш искуството како “лошо”. Јас знам најдобро низ каков период поминав и какви мисли ми се вртеа додека лежев на болница. А бев тазе мајка, наместо да уживам во бебето, јас се тресев дали ќе спасам жива глава. Нема нишо убаво во тоа искуство, колку и да е по правила и процедури.
 
Си ја знаат швеѓаните работата.

А она што си го постирала линкот е за дете од година дена. Тие се веќе друга категорија.

Лежење во болница не е пријатна работа. Ама сум сигурен дека додека си лежела било се направено на време и не било оставено на случајност.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Еве да те научам чедо:

1. CRP се качува 24 часа после почување на температурата, така да ако сега кренеш 40 степени CRP и не ми врши работа.

2. Обично кога има бактеријана инфекција CRP се качува многу брзо и е над 300.

3. Постојат моменти кога работите се на "граница" и тогаш се испитува прокалцитонин кој исто така треба да биде земен 24 часа после почетокот на симптомите.

4. Инфлуенца ретко крева CRP над 300 и сигурно не со толјава динамика, ако клиничката слика не одговара се иде на прокалцитонин.

Нешто нејасно?

Пациент со реума, автоимуно заболување, акутен гихт, речиси секогаш имаат CRP околу 30-40. Треба да им даеме Амоксиклав?
...токму тоа ти го доловив со д-димери, се зема во предвид сите клинички податоци, а не само CRP, ти кога имаш вирусна инфекција пулсот ти е 160 и се тресеш нон стоп не знам колку време пишала на постот?
...ете, подобро и било спаднала температурата на 38,5 само да не биде rebound effekt по два дена.
П.С.
...според мое искуство, амоксиклавот ќе го земе, еве два дена нека бидат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom