Дежурна Ординација! #2

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Може. Скоро сите настинки моментално се со мирна крвна слика и температури високи по неколку дена. Пиј течности повеќе, истуширај се со млака вода, можеш и бруфен да се напиеш плус за температурата.
Наизменично земам бруфен и парацетамол. Аман, што се случува со вирусите зимава? Не можам глава да кренам, пред нецел месец бев болна, сега пак.
За колку дена да очекувам да спадне температура?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.285

Па некои пациенти ги држи и по 2-3 дена. Во секој случај тоа е висока температура, ако трае подолго време, може да укажува и на бронхопневмонија. Почесто на контрола кај матичната докторка.

Ако се разболуваш често, по завршување на антибиотска терапија и пауза од неколку дена може да направиш брис од нос и грло, да се види да не има некоја бактерија што е отпорна на антибиотиците што ги пиеш.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Па некои пациенти ги држи и по 2-3 дена. Во секој случај тоа е висока температура, ако трае подолго време, може да укажува и на бронхопневмонија. Почесто на контрола кај матичната докторка.

Ако се разболуваш често, по завршување на антибиотска терапија и пауза од неколку дена може да направиш брис од нос и грло, да се види да не има некоја бактерија што е отпорна на антибиотиците што ги пиеш.
Ама јас сум 4ти ден веќе со оваа температура. Ме ислушаа на плуќа, нема нишо.
Овде е научна фантастика да ти земат брис, а баш сакав, бидејќи дома сите сме болни наизменично повеќе од месец дена, ко пинг понг да си играме.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.285
Ама јас сум 4ти ден веќе со оваа температура. Ме ислушаа на плуќа, нема нишо.
Овде е научна фантастика да ти земат брис, а баш сакав, бидејќи дома сите сме болни наизменично повеќе од месец дена, ко пинг понг да си играме.
Штом нема на плуќа ништо океј, ама ако продолжи температурата висока, не може да се исклучи дека нема ништо и покрај нормален наод.

Во секој случај штом покажала и крвната слика дека оди во прилог на вирус, значи е вирус. И многу бргу и лесно се шири. Може да даде и болки по телото, омалаксаност, главоболка. Тоа е.

Форсирај течности, супи, чаеви, витаминска терапија и одмор. И следи ситуација. Ако треба нешто, тука сме.

Со помин нека е!
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
383
Поени од реакции
659
4ти ден сум со температура 40 и симптоми на настинка. Затнат нос, шлајм. Црп испитано последно денес, вредност 26. Температурата се спушта до 38,7 и на 4 часа земам парацетамол.
Два пати бев на доктор, два пати ме враќаат демек вирусно е. Може ли толку висока температура толку долго да е од вирус? Имам едно пакетче Амоксиклав и се мислам да го почнам на своја рака, последно кога ме маткаа вака нишо не е, пиј вода, пиј парацетамол завршив на болница со црп на граница на сепса, па баш и немам доверба.
Ednas govorev vo druga tema za ,,virozite denes,,. Postot bese upaten kon drug clen, sto ne e vazno, sustinata e taa.
Nema da govoram za Kovid, ke se potrudam da dadam opsto mislenje okolu drugite virusi pred i po pandemijata.
Prvenstveno ne ste nitu prv, nitu posleden koj go ,,doziveal,, istoto so edna ,,obicna viroza,,. Namesto organizmot da se izbori za prethodno voobicaenoto vreme bez ili so mnogu retki mozni komplikacii, nemu sega mu e potrebno mnogu poveke so pocesto mozni komplikacii.
Imeno, dodeka traese pandemijata svetot bese celosno t.e. delumno zatvoren //iako vo Makedonija Kovid restrikciite bea minimalni sporedbeno so ostanatite drzavi//.

Vo toj period veke poznatite virusi ednostavno ,,ne mozea da pronajdat domakjin,, t.e. covek koj ke go zarazat. Nivniot odbranben mehanizam ,,bara spas,, kako istite ne bi izumrele t.e. bi preziveale i bi ostanale prisutni i vo idnina. So taa cel istite blago mutiraat so sto stanuvaat pootporni, dodeka nasiot organizam vekje gi podzaboravil.
Sega istiot pr. Rhinovirus e veke posilen otkolku porano //silno se borel da ,,prezivee,, dve godini// isto kako i nasiot organizam e ,,oslaben,, prema nego t.e. go podzaboravil prethodno dobro poznatiot virus.

Pacienti cesto boleduvaat i po eden mesec, duri i poveke od obicen virus. Od virus prema bakterisko, greskata kaj maticnite lekari t.e. daden antibiotik bez prethoden bris od nos i grlo i taka vo krug. Ponekogas pacientite posegnuvaat i po tri dozi edna po druga razlicni grupi na antibiotici kako bi se izlekuvale t.e. bi go ,,pogodile,, praviot.

Uste ednaska sakam da upatam apel do maticnite lekari. Prestanete da prepisuvajte antibiotik bez antibiogram! Neka sopre toj balkanski nacin na ,,lekuvanje,, kade pacientot se pozalil na pokacena temperatura, izlacuvanje sekret od nos, bolka vo grlo i odma davate po ,,standard,, Amoxiclav ili slicno. Dosta e so primenata na taa ex YU ,,praxa,, dovolno site nesto naucivme vo toj pogled vo odnos na prepisuvanje antibiotik.
Imam pacienti so zakazani termini za OP lekuvanje, ne mozat da stignat na termin za vo sala po eden mesec i poveke poradi kontinuirani recividi na odredena bakterija.
Vo odnos na makata, go delam mislenjeto i sovetite dadni od @Aceso
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
4ти ден сум со температура 40 и симптоми на настинка. Затнат нос, шлајм. Црп испитано последно денес, вредност 26. Температурата се спушта до 38,7 и на 4 часа земам парацетамол.
Два пати бев на доктор, два пати ме враќаат демек вирусно е. Може ли толку висока температура толку долго да е од вирус? Имам едно пакетче Амоксиклав и се мислам да го почнам на своја рака, последно кога ме маткаа вака нишо не е, пиј вода, пиј парацетамол завршив на болница со црп на граница на сепса, па баш и немам доверба.
...штом иде до 40С значи телото не може да се справи со микробот и веднаш треба антибиотик (впрочем и твојата интуиција и дежаву ситуација ти дава до знаење) што твој избор за Амоксиклав (амоксицилин со клав.кис.) е одличен и веднаш да го пиеш.

...не сакам да искоментирам упорноста на коментарите дека била вирусна инфекција со само едно мерење на CRP кое не е баш низок (26 кај тебе, а референтна вредност колку е 3 или 5 според лабораторијата каде си испитала) тоа е веќе 5 х над референтна вредност, но не е ни баш високо знае да иде и над 100, како и да е не би требало да мерило онака 100% дека е вирусна инфекција, затоа што знае и бактериска инфекција да даде ниско CRP кај некои пациенти, односно секогаш се прави и второ мерење на CRP после 12ч, затоа што после прво мерење вредноста CRP нагло може да се покачи и над 5х повисоко од првиот резултат од 26 кај тебе.

... така да ова динамична промена промена која се случува во рок од неколку часа во присуство на акутна бактериска инфекција, еден резултат на низок CRP не е доволен за да се донесат цврсти клинички одлуки, напротив, таков низок резултат на CRP може да даде погрешен впечаток за низок воспалителен одговор што укажува на несериозна инфекција,

...така да наместо да „удриш“ со антибиотик, ти без веза се оптоваруваш (читај труеш) со парацетамоли и ибупрофени кои и те како знаат да удрат на други органи, а ситуацијата да ти се влоши, телото реагира веќе четири дена со висока температура (40С) и ти бара помош „дај ми антибиотик“, а ти не го слушаш!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424

Каде е фокусот биџонс? Фокус се бара! За кој фокус бараш антибиотик? После 4 ден ако има бактериска инфекција без антибиотик ќе има CRP над 300 минимум.

Од вакви глупости статистички на балканот има резистенција на Амоксиклав со 70%. Додека во ШФеЦка само 10%.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Каде е фокусот биџонс? Фокус се бара! За кој фокус бараш антибиотик? После 4 ден ако има бактериска инфекција без антибиотик ќе има CRP над 300 минимум.

Од вакви глупости статистички на балканот има резистенција на Амоксиклав со 70%. Додека во ШФеЦка само 10%.
Ама види, мене ова ми се деси пред 6 месеци. Висока температура исто вака, ми испитуваат црп, 39. Ми даваат антибиотик и земаат брис паралелно. Во следните два дена мене температурата ми беше константно 40, значи не се спушташе ни со парацетамол. Се јавував да им кажам дека имам треска, дека не можам да престанам да се тресам. Тие ми викаат чекај два дена да делува антибиотикот, па дојди. Одам после два дена, бледа ко крпа, се тресам цела, ми мери сестрата пулс, 160, ми вика ах возбудена си што си во болница.
Ми зема крв за да испита црп, после 10 мин се враќа цела задишана, црп 380. Паралелно стигаат и резултатите од брисот и испаѓа дека антибиотикот што ми го дале не ја покрива таа бактерија. Па ме хоспитализираа 5 дена и тоа мене ми остана како траума, затоа и немам доверба во ваквиот систем.

Има случаи кога треба да се отстапи од црно-белата шема и да се викне пациентот порано на преглед, или да се има поинаков пристап. Тука буквално за се одговорот е пиј вода и парацетамол.
А лани им починаа 30 души од сепса. Од кој 5 деца.
 
Не знам што проблем гледаш во случкава пред 6 месеца?

Се е по правилата постапено и како што треба.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Не знам што проблем гледаш во случкава пред 6 месеца?

Се е по правилата постапено и како што треба.
Па не мислам баш така. Ако ништо друго барем приемот во болница можеше да биде побрз, или да има уште еден преглед кога веќе симптомите не се подобруваа, туку напротив се влошуваа. Тука не може да одиш на доктор онака, мора да се јавиш па тие да одлучат дали си worthy за преглед. Јас имав епизоди на буквално тресење на цело тело по еден час, и не може кога ќе се јавиш да кажеш за овој симптом, одговор да биде пиј вода. Се будев и менував облека бидејќи се на мене беше водено, зборуваме за 40 температура која не се спушта ни со парацетамол/бруфен. Мислам дека имав очигледни знаци дека нешто не е во ред, на телефон се молев и плачев да ме примат, но не сакаа.
И не мислам дека е нормално во 2024 во една ваква земја, да треба родителите да се едуцираат за симптоми на сепса, за да можат да ги препознаат и да реагираат на време. Или возрасни да се онесвестуваат на ургентно со висока температура, а да бидат праќани дома со “вирусно е, ќе помине”, за после или да починат или тие што спасиле жива глава, да живеат со ампутирани екстремитети. Има многу хорор случаи, така да не мислам воопшто дека претерувам шо имам доза сомнеж во ова здравство.

Читни со гугл транслејт, па види дали е правилно или не.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.307
нашево здравство е реално едно 50 пати боље од ова западново, иако го ругате толку. Тука све што сакаш од пиле млеко ќе ти дадат да се излечиш, а таму еден антибиотик не ти даваат.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.049
Поени од реакции
11.345
нашево здравство е реално едно 50 пати боље од ова западново, иако го ругате толку. Тука све што сакаш од пиле млеко ќе ти дадат да се излечиш, а таму еден антибиотик не ти даваат.
Кај нас проблем во секоја сфера е професионалниот пристап во работата, тек после што она си научил како лекар.
Нашите кадри имаат можеби и подобра спрема како доктори во однос на некои на запад, но во секој случај далеку полоши услови за работа и тука е цела разлика.

Таму има ресурси, но се акнати во главата па лечат со парацетамоли и ибупрофени, тука немаат ресурси и често знаењето е бадијала кога нема апарати, реагенси и шо ти уште не за точно да ти дијагностицира шо ти е.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
нашево здравство е реално едно 50 пати боље од ова западново, иако го ругате толку. Тука све што сакаш од пиле млеко ќе ти дадат да се излечиш, а таму еден антибиотик не ти даваат.
Да бе затоа пола Македонија се оперира во Турција и се молат луѓето за донации оти здраството ни е коска, па 90% од посериозни зафати не се изведуваат воопшто во оваа вукојебина.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
Па не мислам баш така. Ако ништо друго барем приемот во болница можеше да биде побрз, или да има уште еден преглед кога веќе симптомите не се подобруваа, туку напротив се влошуваа. Тука не може да одиш на доктор онака, мора да се јавиш па тие да одлучат дали си worthy за преглед. Јас имав епизоди на буквално тресење на цело тело по еден час, и не може кога ќе се јавиш да кажеш за овој симптом, одговор да биде пиј вода. Се будев и менував облека бидејќи се на мене беше водено, зборуваме за 40 температура која не се спушта ни со парацетамол/бруфен. Мислам дека имав очигледни знаци дека нешто не е во ред, на телефон се молев и плачев да ме примат, но не сакаа.
И не мислам дека е нормално во 2024 во една ваква земја, да треба родителите да се едуцираат за симптоми на сепса, за да можат да ги препознаат и да реагираат на време. Или возрасни да се онесвестуваат на ургентно со висока температура, а да бидат праќани дома со “вирусно е, ќе помине”, за после или да починат или тие што спасиле жива глава, да живеат со ампутирани екстремитети. Има многу хорор случаи, така да не мислам воопшто дека претерувам шо имам доза сомнеж во ова здравство.

Читни со гугл транслејт, па види дали е правилно или не.
Ефектот на антибиотици се проценува после три дена, што е и правилно постапено.

Си имала среќа што си во ШФеЦка. Јас лежев во универзитетска во Скопје на клиника и после два дена без температура под антибиотик, кренав на третиот ден 40 температура.
Докторите само гледаа вака jakub-bogdański.gif

Да не отерав сфе у три лепе. Немаше да пишам на форумов.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.307
Да бе затоа пола Македонија се оперира во Турција и се молат луѓето за донации оти здраството ни е коска, па 90% од посериозни зафати не се изведуваат воопшто во оваа вукојебина.
Колку пари коштаат тие зафати знаеш? Кога ќе си ги дозволиш ти тие зафати у Германија? Лупате безвеза само муабети.

Сите знаеме дека таму има од пиле млеко но колку % од народот тоа може да го дозволи е друго. А за обично здравство тука имаш све што ти треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom