„.. сепсата е системски одговор на организмот на инфекција, кој доведува до оштетување на ткивата, откажување на органите често со фатален исход, тоа е одговор на имунолошкиот систем кој станува и премногу интензивен при што не доведува до излекување туку до пропаѓање на ткивото, може да се развие кај секој пациент и кај инфекции од различна етиологија, кои примарно се развиваат во различни ткива на организмот, до развој на сепса обично доаѓа по некое време од траење на инфекцијата, но може да има и рапиден развој доведувајќи до смртен исход за неколку часа.
... манифестациите на сепса, како што се треска, леукоцитоза и тахикардија, се доста чувствителни, но не се специфични показатели за инфекција и можат да бидат под влијание на неколку неинфективни фактори, дијагнозата на сепса може да се посомнева само во отсуство на потврда со позитивна култура, но таквата потврда може да биде тешко да се добие, набљудувањето дека неинфективните клинички синдроми може да се поврзат со симптоми слични на сепса, ја прави дијагнозата на сепса уште покомплицирана, антибиотиците често се препишуваат без дефинитивна дијагноза на сепса за да се избегне пропуштање на инфекција.
...пациентите кај кои се развила сепса обично веќе се хоспитализирани, меѓутоа кај 20-40% од пациентите сепсата се развива во вонболнички услови и исходот од оваа ургентна состојба во многу зависи од брзината на препознавање.
...лекувањето на инфекцијата и одржување на крвниот притисок има за цел да се забави нејзиниот понатамошен развој и да се сочуваат функциите на виталните органи, неопходно е што побргу да се започне со антибиотска терапија, интравенски внес на течности, терапија со кислород, а во потешки случаи е потребна вештачка вентилација со помош на машини за дишење и хемодијализа во случај на откажување на бубрежната функција, неконтролирано тресење или пад на телесната температура и силно треперење, што е еден одговор на борбата против инфекцијата и начинот на кој телото се обидува да ја подигне температурата, хипер или пак спротивно хипотермија, бледа, топла и испотена кожа, оросена со ладна пот, најчеста причина за сепса се бактериските инфекции со секој час на одложување на примена на антибиотици во состојба на септичен шок смртноста расте за приближно 10% “
...не е правило кај сите пациенти и во различни ситуации ист пациент различно реагира, покачени вредности на CRP биле пронајдени кај повеќето пациенти со вирусна инфекција, а највисоки вредности биле пронајдени кај оние со инфлуенца А и Б инфекции.
Прегледај го приврзокот 405554
Не биди шизик со таков ризик, за здравје и живот се работи!