Ова е веројатно најглупиот обид за измама, повише бензин и време ќе потрошиш враќајки продукти и правење шеми со други пензионери за да стигнеш со ваква смешна измама побрзо до максимални 2000 денари во 3 месеци.Ок моја грешка.
Сепак има и финти за да се собира побрзо Мој ДДВ тримесечно пари.
Пример има бутици по трговскиве кој кога ќе купиш има право да го вратиш и да ти вратат пари. Секое купување пример јакна, блуза, патики, фармерки.. мора да ти издадат фискална, ти ќе ја скенираш и утредента ќе идеш да го вратиш производот со фискалната веќе скенирана и ќе ги излажеш мало ми е да го сменам не ми се допаѓа друго вратете ми пари. Така неколку луѓе ќе се мењавате за да не биде еден сомнителен ќе ги вртите бутиците што знаеш дека враќаат пари.
Па после трето враќање на прдукт во 'Фани Фешн Најевтино' кога ќе се грабнете со криминалното здружување 'Ти вчера скенираше, овие 10 денари од поврат на ДДВ се мои, 'Не е точно, ти лажеш, јас вчера два производи вратив, ти си лопов'.
Па замисли МВР и УЈП да ви влезат во траг па кое комично судење ќе биде тоа, па пред Суд да се пцуете, 'ти си крив', 'не ти си крив'. И на крај ќе ве осудат како терористичко здружување кое имало обид да и наштети на државата и Оливер Спасовски ќе држи прес 'Денес спречивме сериозна криминална група чија цел била поткопување на нациолната сигурност на државата'.
Итн...