Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањето си е таман, барем имајте достоинство и одговорете како што си е ред.

Реалноста е дека за ѓупски живот (купи ден помини) се печали со плата и може да се фалите дека гурате пристојно.
За да оставите недвижност и капитал за наредна генерација, е иста заебанција. Разликата е само различен размер, после 40 години кога ќе го исплатиш станот во мкд ќе вреди 300к евра, а после 40-50 год ако го исплатиш во Германија ќе вреди 1м евра. И таму и таму ќе се окозиш од рмбање за да застанеш на здрава нога (генерално прва генерација не живее, туку робува).
А не размисли дека повеќето кои се на печалба во Германија купуваат недвижнини во Македонија?
Кој смртник можи да си дозволи недвижности во Германија, поготово во краишта кај шо се изгор скапи недвижнини.
Јас живеам во Минхен, и не живеам ѓупски живот, можам да си дозволам и излегување на ручек, пијачка со пријатели, одмори, скапа гардероба итн
И ако толку те интересира прашање не планирам да го поминам остатокот од животот тука, а за недвижнини планирам во Шпанија да купам, кај шо квадрат е помалку од мизерен стан во тоа дувлото Скопје, друго прашање :D
 
Значи пак идиме на моето, циганска работа, не можеш кај што си, одиш да купуваш од кај што бегаш (ги заебаваш и тие што останале до пумпање на цените).

Исто како од мкд да купуваат во Африка оти било поефтино, а да се чаталат дека живееле убав живот оти отишле во кафеана и певаљката им ја пеела Милионерче на увце.

Почитувам добра држава за живот ако го живееш животот кој се спомнува тука (кафеани, одмори, нови возила и тн), каде може да исплатиш паралелно и недвижност, и кога ќе си пензионер да не бегаш на друго место оти не ти стига пензијата.

И Австралија е исто како кај вас во Германија (а и цел западен свет), тие што чекаат од плата ќе рмбаат 40 год за да купат куќа, истата ќе дојде за рушење дури исплатиш кредит, и цел живот ќе км потскока срцето ако има бркање во фирма оти банката им чука на врата.

Добро е да се пишуваат работите како што се, вака продавате прикаски небаре чорбаџии станавте со преселба во Германија, а уствари пак терате измеќарлук, со кој место патики од Ерке, ќе носиш од аутлетот на Најк, и наместо да му плаќаш доживотно кредит на Хари Костов, ќе му плаќаш на Ханс.
 
Во која држава можиш да си дозволиш сите горенаведени работи и плус исплаќање на недвижност ?
Освен ако татко ти не е Доналд Трамп
Пристоен живот јас подразбирам
* покрив на главата, без разлика дали е моја сопственост или плаќам кирија
* да не мора да се тресам кога ќе влезам во маркет дека лебот поскапил,
* да не мора да штедам цела година за да одам еднаш на одмор до Халкидики,
*да не мора да се пишам по бутици за партали увезени од кинески пазар во Турција, а
*да можам да си дозволам барем неколку пати во месецот ручек, пиво, кафе со пријателите,
*да имам сопствено возило не искршена крнтија за која ќе треба секој месец да трчам по мајстори,
* да ми следуваат здравствени услуги за кои сум плаќала осигурување а не да треба да се раскинам од пари давање по приватни клиники,
*Да ДИШАМ ЧИСТ ВОЗДУХ а не канцер
* Да не мора да му давам под рака пари на некој си лешинар кој имал среќа да е на фотелја а нема две чисти во главата, за да извадам некој документ на шалтер

Не барам луксуз, барам пристоен живот кој тука во Македонија одамна го нема

Никој не рече дека во странство цветаат рози, ама за разлика од Македонија платата ми стига за се и посреќна сум, измеќар ќе бидам и во сопствената држава а како тргна политиката и во нашата земја сме туѓинци, така да го одбирам помалото зло
 
Добро е да се пишуваат работите како што се, вака продавате прикаски небаре чорбаџии станавте со преселба во Германија, а уствари пак терате измеќарлук, со кој место патики од Ерке, ќе носиш од аутлетот на Најк, и наместо да му плаќаш доживотно кредит на Хари Костов, ќе му плаќаш на Ханс.

Во муабетов, ти си тој што не е реален, извини што упаѓам вака. Освен ИТ инижињери и политичари кој друг може да приушти било каков капитал како стан, куќа, сеедно дали во МК или Германија, Австралија?
Сите што не се политичари, доктори или ИТ(или инжињери, високо обрзаовани, стручен кадар) ниеден друг неможе да приушти таков капитал, така да полека со тоа измеќарски живот. 80% од луѓето по твоја дефиниција ќе се измеќари.
И секако дека е подобро да исплаќаш на Ханс затоа што живееш во средена држава, кај што плаќаш здравствено и за истото не се секираш ако завршиш во болница, знаеш дека ќе добиеш третман наместо да умреш на маса во Македонија заради корупција и партиски вработувања. Не секој може да се лечи приватно или да има приватно осигурување.
 
Абе ко стигнавме да се споредуваме со Германија, еј Германија хахаха
Ние со Папа Гвинеја и Конго не можиме во иста реченица да се ставиме камоли со некои западни земји, опрајте се
Заборави на пристоен живот во Македонија освен ако не си политичар, ит, или високо квалификуван кадар.
Овде уште живеат по десет души дома како племе некое оти немаат услови за да се осамостојат.
Не знам колкави примања треба да имаш за пристоен живот ама знам дека со минималец ќе пропиташ за јадење, толку од споредбите
 
Отидовте во немачка и одма да се плука вашата држава.
Не ја плукаме државата го плукаме скспаниот систем во неа и оние кои го диригираат.
Никој не е будала да си бега од сопствениот дом ако има услови за живеење
 
Што знаете за системот таму? Гледате ли вести. Или само иселенички џубокс?
 
Во муабетов, ти си тој што не е реален, извини што упаѓам вака. Освен ИТ инижињери и политичари кој друг може да приушти било каков капитал како стан, куќа, сеедно дали во МК или Германија, Австралија?
Сите што не се политичари, доктори или ИТ(или инжињери, високо обрзаовани, стручен кадар) ниеден друг неможе да приушти таков капитал, така да полека со тоа измеќарски живот. 80% од луѓето по твоја дефиниција ќе се измеќари.
И секако дека е подобро да исплаќаш на Ханс затоа што живееш во средена држава, кај што плаќаш здравствено и за истото не се секираш ако завршиш во болница, знаеш дека ќе добиеш третман наместо да умреш на маса во Македонија заради корупција и партиски вработувања. Не секој може да се лечи приватно или да има приватно осигурување.
И од толку што е средено кај Ханс пак на крај на фризер и забар во Мк
 
Колку ви се поголеми приходите, толку ви се поголеми и апетитите дечки.

Мене ми е луксуз пример да имам приватен авион. Да влезам во продавница на LV да си купам што сакам и да не ме боли глава колку пари ќе кошта тоа. Луксуз ми е да си купам ферари (али со оглед на тоа дека работам и заработувам сосем солидно, сметам дека со добра заштеда можам да си приуштам сосем океј кола за моите стандарди).

Одење на одмор, возење кола, повремено излегување по ресторани, па и теретена, според мене не е луксузирање туку потреба за убав живот.

Али кога некој има поскромни примања едноставно е приморан да штеди и да го бира поевтиниот избор дури и на работи кои се нормални и кои не се толку скапи (пример да купи бел леб од 30 денари, наместо црн леб од 55 денари).
 
У мое време црниот леб беше дупло поевтин од белиот :)
 
Мене ми е луксуз пример да имам приватен авион. Да влезам во продавница на LV да си купам што сакам и да не ме боли глава колку пари ќе кошта тоа. Луксуз ми е да си купам ферари (али со оглед на тоа дека работам и заработувам сосем солидно, сметам дека со добра заштеда можам да си приуштам сосем океј кола за моите стандарди).

Madam,
Si go promashila filmot!!!!
Toa ne ne Luksuz tuku Vlazhni sonishta, svrshvash bez raka da te dopre i nikogash malku. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom