Значи пак идиме на моето, циганска работа, не можеш кај што си, одиш да купуваш од кај што бегаш (ги заебаваш и тие што останале до пумпање на цените).
Исто како од мкд да купуваат во Африка оти било поефтино, а да се чаталат дека живееле убав живот оти отишле во кафеана и певаљката им ја пеела Милионерче на увце.
Почитувам добра држава за живот ако го живееш животот кој се спомнува тука (кафеани, одмори, нови возила и тн), каде може да исплатиш паралелно и недвижност, и кога ќе си пензионер да не бегаш на друго место оти не ти стига пензијата.
И Австралија е исто како кај вас во Германија (а и цел западен свет), тие што чекаат од плата ќе рмбаат 40 год за да купат куќа, истата ќе дојде за рушење дури исплатиш кредит, и цел живот ќе км потскока срцето ако има бркање во фирма оти банката им чука на врата.
Добро е да се пишуваат работите како што се, вака продавате прикаски небаре чорбаџии станавте со преселба во Германија, а уствари пак терате измеќарлук, со кој место патики од Ерке, ќе носиш од аутлетот на Најк, и наместо да му плаќаш доживотно кредит на Хари Костов, ќе му плаќаш на Ханс.
Во која држава можиш да си дозволиш сите горенаведени работи и плус исплаќање на недвижност ?
Освен ако татко ти не е Доналд Трамп
Пристоен живот јас подразбирам
* покрив на главата, без разлика дали е моја сопственост или плаќам кирија
* да не мора да се тресам кога ќе влезам во маркет дека лебот поскапил,
* да не мора да штедам цела година за да одам еднаш на одмор до Халкидики,
*да не мора да се пишам по бутици за партали увезени од кинески пазар во Турција, а
*да можам да си дозволам барем неколку пати во месецот ручек, пиво, кафе со пријателите,
*да имам сопствено возило не искршена крнтија за која ќе треба секој месец да трчам по мајстори,
* да ми следуваат здравствени услуги за кои сум плаќала осигурување а не да треба да се раскинам од пари давање по приватни клиники,
*Да ДИШАМ ЧИСТ ВОЗДУХ а не канцер
* Да не мора да му давам под рака пари на некој си лешинар кој имал среќа да е на фотелја а нема две чисти во главата, за да извадам некој документ на шалтер
Не барам луксуз, барам пристоен живот кој тука во Македонија одамна го нема
Никој не рече дека во странство цветаат рози, ама за разлика од Македонија платата ми стига за се и посреќна сум, измеќар ќе бидам и во сопствената држава а како тргна политиката и во нашата земја сме туѓинци, така да го одбирам помалото зло