Ако некој сака информација за моето искуство е вакво.
Запишан сум прва на магистар со сите положени испити(6ки, 7ки и 9ки) од прв(т.е. седми) семестар. Зедов виза. Сум бил и предходно, во прва и втора година дури сум студирал(2011г./2012г). Паузирав со Америка во 2013 и 2014 година па тоа им беше едно од прашањата, зошто ме немало две години па пак сега аплицирам.
Генерално земено можам да кажам дека е построго од предходните два пати кога сум бил, тогаш интервјуто ми делуваше повеќе на формалност. Овај пат бев прашан:
1. Што учам и која година сум?
2. Што праев во двете години помеѓу периодот последен пат кога сум била USA и до сега.
3. Ме праша некој испити од последниот семестар кога ги полагам.
4. Што работат моите родители и дали си ги знам правата во USA.
Тоа е тоа, бидете само насмеани, културни и давајте кратки и јасни одговори без многу филозофирање и нема да имате никаков проблем. Доколку некој сепак е скептик и нема слични околности како моите, денес имав познаник од мојот град кој е 25г. на магистар и зеде виза, а му е прва година. Пак ќе речам немојте да си клавате на душа и да си правите притисок заради искуства на други апликанти кои не успеале. Секој со својата среќа.