Толку му е на Клоп истово му се дешаваше и со Маинц, ги зема завршуваа неколку сезони 6,7 место се пласираа и во ЛЕ добар тим беа и почнаа да паѓаат па испаднаа од лига на чело со Клоп еве сеа и Дортмунд. Многу тактички нефлексибилен тренер само едното и тоа е а и згрешија Дормунд што му дадоа слобода да бира трансфери. Трансферите беа врвот на се сеа и да сака да проба некоја друга тактика или нешто со еднодимензионални играчи ко Микитаријан,Обамејанг,Јојич,Имобиле и компанија кој знаат само да трчаат друго врска немаат нема да може. Еј Ериксен не го земаа за 12 мил не одговарал не трчал многу али затоа платија 30 мил за МИкитаријан и 20 мил за Имобиле па боље Оказаки да го земеа пет пати боље ќе се снајдеше него Имобиле и Рамос. Сите можни трансфери што ги направија од како го стекнаа успехот им се утка освен Сократис и можеби Обамејанг(ко за ротација).
Целосно не се согласувам со тебе и ќе ти напишам зошто:
Што му се деси на Клоп во Мајнц? Тој беше играч тука и после тоа стана тренер во Манјц. Во тоа време тој презеде тим кој беше пред одпаѓање од втората Бундеслига. Двете следни сезони Мајнц беше четврт во втората лига и за малце не влезе во Бундеслигата, 2002 фалеше само еден бод а 2003 само поради голови не влезе Манјц во Бундеслигата. 2004 Клоп со Мајнц влезе во Бундеслигата, 2005 и 2006 Мајнц не одпадна и беше 11. во Бундеслигата. 2006 Мајнц играше во Куп на УЕФА и одпадна против победникот Севиља. Точно, дека 2006 Мајнц одпадна како 16ти но треба да се земе предвид каков клуб е Мајнц. Дур дојде Клоп тие се бореа за опстанок во втората лига, никој од вас не го знаеше Мајнц, тоа беше клуб како Оје или Брауншвајг, без некаква репутација и нормално без пари. Тоа што одпадна Мајнц се должи посебно на Куп Уефа, клуб како Мајнц не можеше да се справи со повеќе натпревари, ништо чудно во Бундеслигата. Многу клубови им се деси тоа во минатото. Остај го сега Мајнц, Клоп ја создаде подлогата на клубот, Тухел ја продолжи работата и сега клубот е сигурен тим за Бундеслигата. Све е тоа дело на Клоп. Плус зборуваме за првиот клуб на Клоп како тренер. На сите во Мајнц им е јасна улогата на Клоп за нивниот клуб, затоа и како Бог го сметаат сеуште тука.
Ако имаме предвид историјата на Мајнц и ја споредиме со таа на Дортмунд, ќе дојдеме до многу сличности. Клоп презеде клуб на дно кој едвај спаси жива глава и заврши како 13. во лигата, едвај не одпадна. Клубот имаше 200м ЕУР долг, стадионот не беше во сопственост на клубот, буџетот беше чист просек во лигата, во тимот играа Крушка, Циглер, Амедик, Рукавина, Брзенска, Деген Федерико, Кринге, Баклеј, Климовиц. Играчи кои и во тоа време ретко кој ги знаеше.
Клоп во првата година (!) за малко во последното коло не успеа да влезе во Европски куп. Втората година под Клоп Дортмунд беше петти. Следните две години Дортмунд беше шампион, го победи купот, играше финале ЛШ. Дортмунд има рекордни приходи, од Сигнал Идуна, Пума и Евоник летово зеде 140м чисти пари, на сметка има 100м кеш, стадионот е во сопственост на Дортмунд. Во Дортмунд играат Ројс, Хумелс, Гиндоган, Кагава, Имобиле, Светски шампиони и врвни репрезентативци. Тој ги направи играчи Геце и Левандовски кои годинава растураат во Минхен. Цела Европа го бркаше Клоп и убеден сум дека сите клубови (освен Баерн и можеби Челзи) ќе појават интерес за Клоп ако тој сега изјави дека сака да го смени клубот. Но тој сите ги одби и ќе остане до 2018 тренер на Дортмунд, тоа не е спорно ни милиметар. Секој што бара бркање на Клоп не го сметам за фан на Дортмунд и сигурно не ги памти времињата пред Клоп. Под Клоп клубот спортски пребрзо порасна што доведува до тоа што сите заборавата од каде дојде Дортмунд. Тоа што е Дортмунд сега е поради Клоп, ни помалце ни повеќе.
Ова е седма година на Клоп во Дортмунд. Во својата славна историја Баерн Минхен немал тренер кој беше повеќе од 6 години во клубот. Хицфелд 1998 - 2004 беше со шест.
По мое мислење нормално е во седум години да се деси криза за која има објаснувања. Единствено големината е зачудувачка но ни еден клуб не може вечно да помине без криза. Многубројните повреди, сега Пишчек се повреди, пред тоа Ројс, пред тоа Сократис, пред тоа Хумелс, итн. итн. дефинитивно го скинаа Дортмунд. Покрај тоа губењето на Левандовски, и тоа може да се прзнае, не беше соодветно покриено. И како што е во кризи, тимот ментално е паднат и не знае кај тера. Така е ситуацијата а Клоп најмногу од сите се нервира за тоа. Е сега, кој освен Клоп може да го извлече Дортмунд? Ако има некој отворен сум за предлози, но засега не гледам соодветна замена.
И на крај пак ќе кажам, Дортмунд е Дортмунд а не Баерн, Челзи, Манчестер, Реал и Барселона и не може да добие секој играч. Дортмунд мора да купува играчи како Имобиле, Обамејанг или Микитаријан. Мислам на таа категорија играчи, под светска класа, оти илузорно е да мислиме дека играчи како Алонзо, Ди Марија, Мата, Ибрахимович и кој не знам ќе дојдат во Дортмунд. Сепак со играчи како Гиндоган (дојде од Нирнберг), Левандовски (дојде од Полска), Пишчек (дојде од одпаднат Херта) Дортмунд го потопи Баерн и Реал и играше финале во ЛШ.
Не ме земај лично, општо пишувам за критиките кон Клоп кои поред мене се неоправдани или не во таа рамка. Во секој друг клуб, и покрај тоа што Клоп постигна, тој ќе беше избркан. Среќен сум што во Дортмунд не мислат така и го поддржуваат тренерот. Убеден сум дека ако Клоп сака челниците уште денеска би му продолжиле договорот до 2020 и поќе.