Bundesliga 2014/15

Кој ќе биде шампион во Бундеслигата?


  • Вкупно гласачи
    152
Статус
Затворена за нови мислења.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
bundesliga-logo-2010-1.png
2014–15 Bundesliga ќе биде 52-та сезона во најдобрата фудбалска лига во Германија. Сезоната започнува на 22 август 2014, а завршува на 23 мај 2015. Баерн Минхен се шампионите од ланската сезона, кога ја освоија својата 23 титула.​
Минатата сезона Бундеслигата ја напуштија Нирнберг и Ајнтрахт Брауншвајг, додека Хамбургер играше двомеч во плеј-оф за испаѓање против Гројтер Фурт во кој обезбеди останување во Бундес. Директно се пласираа Келн и Падерборн.

Вкупно 18 тимови ќе се борат за што подобра позиција и тоа:
Стартната табела за оваа сезона е:

tabela.jpg

Првото коло започнува со меч помеѓу Баерн и Волфсбург, додека сите парови изгледаат

1 kolo.jpg

Стадионите на овие тимови се:


Официјална веб-страна

Официјален YouTube канал

Детални информации

Информации за распоредот во сите кола

Информации за извршените трансфери на сите екипи во Бундеслигата


 
Последно уредено:
H

Harry Callahan

Гостин
Ова термините за натпреварите што си ги ставил за прво коло зошто се играат натпреварите еден час порано од 19:30 , 14 :30 , 17:30 , зошто не пишува 20:30 , 15:30 и 18:30 како што до сега се играа натпреварите . Ова е некоја промена за термините на натпреварите и дали е ова дефинитивна промена на термините . Или е ова што е постирано можеби од некоја англиска страница и кај нив времето е еден час поназад ?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Сега гледам дека грешка принт-скрин сум правел, од англиска страна биле. Остануваат истите термини како и лани

image.jpg
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.944
Поени од реакции
25.213



Утре Телеком Купот се игра.

Од 18:30 Хамбург - Волфзбург и од 20:30 Баерн - Менхенгладбах.
Во недела за 3-то место и финале. Во живо на германската програма САТ 1.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Дитрих Матешиц вели дека целта на РБ Лајпциг е да се натпреварува со Баерн и Дортмунд и прашање на време е кога ќе ја освојат титулата во БЛ.

http://www.t-online.de/sport/fussball/2-bundesliga/id_70425592/red-bull-boss-mateschitz-meisterschaft-fuer-rb-leipzig-wird-kommen-.html

Го купија Бруно за 9 милиони(рекорд за БЛ2) и ќе биде позајмен во РБ Салцбург на една година додека влезат во прва лига.

Ред Бул се спремни голема пара да уложат во РБ Лајпциг за некоја година со VW и Ред бул ќе биде јака конкуренцијата во БЛ
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Ова ме бендисува, додуша вештачки дигнати тимови знаеме како влијаат на јавното мислење, но во секој случај, нека има такви што вложуваат, се зголемува конкуренцијата и поинтересна станува лигата.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Абе не знам дали сум прашувал порано, ама периодот 2007-08-09 кога баба ми секој ден читаше Вест, а јас само спортот од позади (и уште нешто де :нинџ:) некако низ магла ми е остананто дека летото германците играа некој си куп, појма неам што беше, најјаките екипи играа меѓусебе. Мислев дека им е некоја поголема верзија на суперкупот не знам оти.. :D Е што чудо беше тоа? Или јас бладам нешто? :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Абе не знам дали сум прашувал порано, ама периодот 2007-08-09 кога баба ми секој ден читаше Вест, а јас само спортот од позади (и уште нешто де :нинџ:) некако низ магла ми е остананто дека летото германците играа некој си куп, појма неам што беше, најјаките екипи играа меѓусебе. Мислев дека им е некоја поголема верзија на суперкупот не знам оти.. :D Е што чудо беше тоа? Или јас бладам нешто? :D
http://en.wikipedia.org/wiki/Telekom_Cup мислам ова е, полани имаше и пренос на Алфа.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Него Швајни што лафел за Дортмунд?
 
H

Harry Callahan

Гостин
Дитрих Матешиц вели дека целта на РБ Лајпциг е да се натпреварува со Баерн и Дортмунд и прашање на време е кога ќе ја освојат титулата во БЛ.

http://www.t-online.de/sport/fussball/2-bundesliga/id_70425592/red-bull-boss-mateschitz-meisterschaft-fuer-rb-leipzig-wird-kommen-.html

Го купија Бруно за 9 милиони(рекорд за БЛ2) и ќе биде позајмен во РБ Салцбург на една година додека влезат во прва лига.

Ред Бул се спремни голема пара да уложат во РБ Лајпциг за некоја година со VW и Ред бул ќе биде јака конкуренцијата во БЛ
И за Хофенхајм пред неколку години се зборуваше дека ќе инвестирале многу пари и дека целта ќе им биде да бидат меѓу најсилните клубови во Германија и ќе се борат за титулата во првенството но од тоа не испадна ништо . Дури и нивниот газда и раководните лица од Хофенхајм даваа такви изјави , вистина на почеток Хофенхајм беше солиден на табелата во лигата но толку од Хофенхајм сепак се тие клуб од мало место со жители . Лајпциг е поголем град и поголем пазар но тешко ќе можат финансиски да се носат со Баерн Минхен тоа никој не го може во Германија . Лајпциг би можел ако навистина инвестира пари да се бори во Бундес лигата некаде до 4 место на табела .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom