....ако добро разбрав ти можеш да вложиш околу 3000....а потребни ти се уште 10000 за простор, плати, и опрема
во Македонија има многу невработени луѓе (вклучително и на Кајгана)
што би било кога би се регистрирал како акционерско друштво? ...односно секој што сака да ти помогне добива акции во твојот бизнис....доколку бизнисот успее секој што инвестирал во акции ќе добие дивиденда, а ако пропадне
има многу луѓе кои се без работа и можеби некои би се нафатиле да ризикуваат, односно наместо месечна плата да добијат акции, ако бизнисот тргне понатаму и тие ќе имаат добивка, а ако не успее исто ко да биле негде на пробна работа (неплатена) или волонтирале
исто така доколку некој вложи опрема или простор добива акции
и на крај од големиот број членови на кајгана доволно е 200 луѓе да вложат по 50 ЕУР и имаш 10000
50 евра не се голема инвестиција за акција и и лично јас побрзо би ги вложил во некој надежен старап отколку во некое сомнително приватизирано акционерско друштво
да недојде до забуни...од економија сум ТАПА...само се обидувам да размислувам надвор од колосек