Финансирање на стартап бизниси

А

Атомската мравка

Гостин
@arakenx треба да е глуп да се нафати да го дели профитот со уште 200 души ако идеата му е стварно добра како што кажува, звучи малце себично ама така е :) во случајов и не се работи за преголема сума така да најдобро сам или евентуално уште 1-2 инвеститори - ништо повеќе. Сепак ако сака инвеститор мора да открие малце од идејата, инаку никој не фрла 13к така..
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Студент си,оди со work&travel Германија ,Америка едно-две лета,ќе напраиш 5-6 илјади евра :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Над 200.000 евра годишен приход, инвеститорот си ја добива назад инвестицијата во рок од 4 месеци, грубо околу 10% од месечниот приход и услугите што се нудат доживотно бесплатно, кои неможам да ти ги кажам.
Чисто се прашуваш што е толку неопходно и животно потребно на сиромаштијава наша па ти да им го продадеш и заработиш 200 000 евра годишен приход :icon_lol:.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
....ако добро разбрав ти можеш да вложиш околу 3000....а потребни ти се уште 10000 за простор, плати, и опрема

во Македонија има многу невработени луѓе (вклучително и на Кајгана)
што би било кога би се регистрирал како акционерско друштво? ...односно секој што сака да ти помогне добива акции во твојот бизнис....доколку бизнисот успее секој што инвестирал во акции ќе добие дивиденда, а ако пропадне :(

има многу луѓе кои се без работа и можеби некои би се нафатиле да ризикуваат, односно наместо месечна плата да добијат акции, ако бизнисот тргне понатаму и тие ќе имаат добивка, а ако не успее исто ко да биле негде на пробна работа (неплатена) или волонтирале

исто така доколку некој вложи опрема или простор добива акции

и на крај од големиот број членови на кајгана доволно е 200 луѓе да вложат по 50 ЕУР и имаш 10000
50 евра не се голема инвестиција за акција и и лично јас побрзо би ги вложил во некој надежен старап отколку во некое сомнително приватизирано акционерско друштво

да недојде до забуни...од економија сум ТАПА...само се обидувам да размислувам надвор од колосек
Интересна замисла ама не верувам дека ќе успее ова од причина што 50 евра многу ќе речат дека се фрлање пари во вода. Со толку многу акции нема да може да се функционира како што треба. Ова да е со 4 ситни инвеститори и да добијат ситен процент што кога ќе им се врати инвестицијата да се откажат од акциите. Четворица по 2500 е по реално некако одколку 200 по 50.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.779
Поени од реакции
21.187
@arakenx треба да е глуп да се нафати да го дели профитот со уште 200 души ако идеата му е стварно добра како што кажува, звучи малце себично ама така е :) во случајов и не се работи за преголема сума така да најдобро сам или евентуално уште 1-2 инвеститори - ништо повеќе. Сепак ако сака инвеститор мора да открие малце од идејата, инаку никој не фрла 13к така..
Едно е да мисли дека е добра идејата но сосем друго е стварно да е добра. Сега јас не велам нити дека е добра нити дека не е пошто никој не знае за што се работи. Но колку сака нека е добра ако нема пари да ја реализира џабе и идеја и се. Па сега има неколку опции од кои побитните се:
Прво да се снајди сам за пари на ваков или таков начин.
Второ да се заоратчи веќе ако неможи сам да обезбеди пари.
Трето. Ако не можи првото а не сака второто тогаш ништо од бизнисот.
Јас би го посоветувал како прво да му побара на @FARANG на заем пари пошто секако тие пари по негово кажување за него се пичкин дим. Толку само неделно за бакшиш остава што се вели:). Нема ни да сети дека ги има дадено. Во моментот во џебот да брцни повеќе има. Најверојатно и ќе заборави дека ти има позајмено( што е уште една позитивна страна да позајмиш од него).
Како план Б ке отвориш во оваа тема и сигурен сум дека ке најдиш неколку што имаат вишак 13000 евра,не си ја стегај душата да побараш и повеќе пошто за неколку години што се таму имаат заработено и заштедено многу повеќе, така да тие пари за нив се како да кажам. На пат да ги најдат не се наведнуваат да ги земат. Не им се исплаќало.
Е па со среќа. Напомош денот нека е.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Мора ли да е финансиерот од Македонија и она што го планираш да е наменето за МКД?!
Па тоа го има во западните држави веќе, а на Балканот и кај нас го нема, ниту во Австралија други места не сум проверил. И да секако мора да е прво кај нас, па ако тргне во странство.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Па тоа го има во западните држави веќе, а на Балканот и кај нас го нема, ниту во Австралија други места не сум проверил. И да секако мора да е прво кај нас, па ако тргне во странство.
ако смениш мислење - пиши ми
понудата важи до 1 ноември 2014 година
 
Последно уредено:
M

Mario Gómez

Гостин
Некако неразјаснето му е и на креаторов на темава некои работи. Прво мисли некој ќе му даде пари без учество во бизнисот и ќе ризикува пари да вложи у бизнис на човек што не го знае и згора на тоа самиот основач нејќе да ризикува ништо од фамилијарните пари или парите на роднините и пријатели. Ти уствари се коцкаш со нечии пари, Има абсолутно 100 подобри начини некој да ги вложи парите отколку во твојот бизнис.

Единствена опција ти е, како што ти кажав. 13.000 не се толку многу пари, роднини и пријатели би ти помогнале. Бизнис ангели у Македонија не функционираат. Може да најдеш ивеститор, иако тешко е, но откако ќе ти тргне, и он ќе види дека ти уствари ризикуваш твои пари на почетокот. Бизнис ангелите не сакаат само мала добивка, они остануваваат десеттина години во бизнисот.

И на крај, идејата за патентот? Што ти дава сигурност дека државата ќе ти одобри патент и монопол за нешто што не е твоја интелектуална сопственост? Абсолутно никаква логика нема ти да добиеш патент.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Некако неразјаснето му е и на креаторов на темава некои работи. Прво мисли некој ќе му даде пари без учество во бизнисот и ќе ризикува пари да вложи у бизнис на човек што не го знае и згора на тоа самиот основач нејќе да ризикува ништо од фамилијарните пари или парите на роднините и пријатели. Ти уствари се коцкаш со нечии пари, Има абсолутно 100 подобри начини некој да ги вложи парите отколку во твојот бизнис.

Единствена опција ти е, како што ти кажав. 13.000 не се толку многу пари, роднини и пријатели би ти помогнале. Бизнис ангели у Македонија не функционираат. Може да најдеш ивеститор, иако тешко е, но откако ќе ти тргне, и он ќе види дека ти уствари ризикуваш твои пари на почетокот.

И на крај, идејата за патентот? Што ти дава сигурност дека државата ќе ти одобри патент и монопол за нешто што не е твоја интелектуална сопственост? Абсолутно никаква логика нема ти да добиеш патент.
Многу јасни ми се ама ти ако не ми ја знаеш ситуацијата ќе коментираш вака. Да ми ги читаше мислењата ќе сфатеше дека барам инвеститор/инвестиција што би добил повраток на инвестицијата и + 10% од месечната заработка. Фамилијарни пари или пари на роднини не постојат. Да имав тргнато пари на страна воопшто немаше да отварам тема. Роднините финансиски не ми се во можност да инвестираат, и веќе имам и јас 1 кредит и роднините се со кредити. Ако има подобри начини слободно никого не фатив за врат дека мора да инвестира во мојата идеја. Згора на се јас не ја отворив темава за да барам инвеститор туку помош како да најдам. Ако не можеш да ми помогнеш, немам што да дискутирам со тебе на темава.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Те подржувам друже во било која постапка да ја направиш.
Не е лесно да правиш бизнис било каде,нормално треба време.
Ако најдеш нешто сподели интересна тема.
Нешто на странава може ќе ти помогнат.
http://www.newmansba.com/
 
M

Mario Gómez

Гостин
Многу јасни ми се ама ти ако не ми ја знаеш ситуацијата ќе коментираш вака. Да ми ги читаше мислењата ќе сфатеше дека барам инвеститор/инвестиција што би добил повраток на инвестицијата и + 10% од месечната заработка. Фамилијарни пари или пари на роднини не постојат. Да имав тргнато пари на страна воопшто немаше да отварам тема. Роднините финансиски не ми се во можност да инвестираат, и веќе имам и јас 1 кредит и роднините се со кредити. Ако има подобри начини слободно никого не фатив за врат дека мора да инвестира во мојата идеја. Згора на се јас не ја отворив темава за да барам инвеститор туку помош како да најдам. Ако не можеш да ми помогнеш, немам што да дискутирам со тебе на темава.
Те сфаќам јас тебе, у совршен свет така би функционирало како што мислиш. Кога веќе ти немаш пари твои да започнеш, ти сигурно немаш и со што да му понудиш сигурност на ивеститорот, нема ни што да ставиш под хипотека. Ти усвари во случајов не бараш партнер, бараш тип на неформална банка, некој кој за разлика од банката нема експертиза да процени дека твојот кредитен рејтинг е на најниско ниво и ќе ти даде пари. Можеш да прелажеш некој и да ти даде пари, но секој нормален нема да ти даде, затоа што може да заработи 7-8% со вложување во акции на најстабилните компании, или во недвижнини, кои проценти би се зголемиле со инфлација дури и на 10%. Сега стави се на негово место и запрашај се дали би вложил во акции на волво пари и во бизнис на некој што не го знаеш и у денешниов пазар у кој 80% од новите бизниси се затвораат по првата година. Најди си партнер некој, му даваш 49% од сопсвеноста и немаш подобра опција од тоа, верувај.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Тоа е утопија ...
 
Play Caffe го држеа 2ца партнери се скараа сега едниот го држи во Сити мол, а во центар другиот. Вили го држеа браќа или партнери не знам се одделија па Вили си остана како Вили, а 2 локали што беа Вили сменија само име и функционираат така. RPM поранешната дискотека карши католичка топ почна најјаките женски беа таму после 1 година прекина да функционира затоа што газдите се скараа, па објектот стоеше 3 години во таа состојба. Кисела вода timeless кафичот исто се поделија газдите го затворија, туристичка агенција на другар татко му ја држеше со другар и тие се скараа.

Партнерство е лесна работа да се најде у целава ситуација. Од сите можни мое мислење е дека е лесно, а многу тешко да го оддржуваш.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Како би му го презентирал бизнис планот и идејата на потенцијален инвеститор?
Би му ги кажал сите детали?
Мислам, како ти е замислата да натераш некој да вложи 13к евра?

Малце ми е нереално да вложи некој пари без прецизно да се знае точно која е идејата и кој е планот. Барем јас не би вложил така.

Од друга страна со откривање на деталите оставаш можност да бидеш заебан од хиени кои чекаат такви ствари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom