Финансирање на стартап бизниси

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.889
Во темава сакам да се консултирам со одредени лица кои имаат познавање на ова поле. Пред се не зборувам за финансирање на стартап од типот продавничка во маало. Ме интересира како оди финансирањето на иновативни идеи, на млади луѓе. Моментално сум студент и имам уникатна идеја за бизнис која не е застапена во Македонија дури ни на балканот. Имам бизнис план, финансиски план, си ги знам предизвиците, лошите и добрите страни. Во кратки црти идејава е разгледувана и усовршувана веќе 7 месеци и спремен сум да почнам.

Тоа што ме мачи е финансирањето на ваквиот вид на бизниси. Секој нов бизнис е ризик и е многу тешко поготово на мое место кога дури и си студент да земеш кредит, за идеја што никој не ја знае и банката не верува во тебе и твојот успех, т.е. на студент. Како да дојдам до потребните средства, односно кој е најдобар и најлесен начин да дојдеш до тие средства?

- Банка
- Штедилница
- Инвеститор
- Краудфандинг
- Владин кредит и сл.

Секакви предлози се добредојдени.
ps. Се работи за почетни средства од 13.000 евра.
 
Член од
19 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
37
Види вака, не би ти препорачал да бараш стартап средства во банка, бидејќи колку и да звучи ова параноично може да ти ја украдат идејата, сум чул за некои такви одредени случаи, инаку владините кредити сите знаеме кому се доделуваат, а краудфандинг може едино преку некои од интернационалните страни, али и тоа незнам колку е паметно. Јас би ти препорачал да ја патентираш идејата и да најдеш инвеститор, приватен, односно компанија некоја, фирма или пак некој што едноставно има доволно средства за да ти помогне и секако тоа да биде некој доволно паметен за да го види потенцијалот во идејата. И ако не е тајна за каков вид на идеја станува збор односно индустријата/дејноста под која припаѓа.
 
Идејата секако ќе си ја патентирам во наредниов период, краудфандинг го спомнав чисто онака, но не би се осмелил да ја поставам тука бизнис идејата од причина што кај нас максимум што можеш е 1500 до 2000 евра да собереш и прашање е дали и толку ќе се земе. На кикстартер не би успеало затоа што кај нив (Америка) постој истиот бизнис само тука што јас го имам повеќе усовршено и не гледам како би привлекол инвеститори. Станува збор за дејност која ќе ги поврзе бизнисите со потрошувачите, толку можам да ти кажам :D

Следам ова подолго време и некако не ми е издржливо од причина што сум студент на ФИНКИ и често сум бил во разговор со дечки/девојки што почнале стартап бизниси како студенти на истиот факултет ама претежно сите почнале со студентски кредит, кој за жал мене не ми врши работа. Со 5-6 луѓе што разговарав за ваквиот вид на финансирање сите беа скептични и јас досега не сум сретнал некој што успеал со ваков начин на финансирање. Би пробал, ништо неможам да изгубам, ама овој начин во Македонија мислам дека не функционира или е многу слаб.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Види со @FARANG можда ќе биднете бизнис партнери. :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сега почнаа пред некое време, бизнис ангели во Светот функционира одлично. А овде кај нас е по истиот тертип од странство така да верувам дека тие се тие која твојата идеја можат да ја поддржат. Банки нема да те финансираат, на било кој друг да му ја кажеш идејата ќе ти ја украде. Така да идејата на бизнис ангели е токму тоа што го бараш.

У Македонија сите се скептични и за најмал бизнис, така да не слушај други ако веруваш во својата идеја. Секогаш велам, кога ќе ја осмислиш идејата ако во глава приходот ти е поголем од трошоците и во првите 5 минути ништо неможе да те разубеди вложи во идејата.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.889
Види со @FARANG можда ќе биднете бизнис партнери. :D
Неговата таргет група е странци, според мојот план за 2 години глобално би се ширел тогаш ќе го барам :D

Знам во светот дека супер функционира, ама кај нас обично покасно доаѓаат такви работи. Згора на се читам дека бараат на мејл да се прати инфо за бизнисот од 2-3 страни, што ми гарантира мене дека и тие нема да ми ја украдат? За верување верувам, да прочитам да се информирам повеќе па најверојатно ќе идам со бизнис ангели, или па директива кај Самсоненко он да ми биде ангел :D
 
Јави им се и закажи состанок, барем со УСАИД е тоа многу лесно. Јас да не сакаш да ти бидам ангелица, кажи очекуван принос и време на враќање? :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.889
Јави им се и закажи состанок, барем со УСАИД е тоа многу лесно. Јас да не сакаш да ти бидам ангелица, кажи очекуван принос и време на враќање? :D
Не е никаков проблем. Инвестиција од 12.000 евра враќање за 4 месеци со тоа што 3000 евра ќе се одвојуваат за враќање. Првите 3 месеци очекуван приход би бил 15.000 еура. Пиши пп за подетални информации :D :D
 
M

Mario Gómez

Гостин
Едноставно е, старт ап капитал неможеш да земеш од банка или па од берза. Во светот се полесно функционира, а тука ако немаш сопствени пари или да позајмиш од роднини скоро и шансите ти се нула. Леандра вика бизнис ангели, не сум запознаен колку ги има тука, но тие само ќе вршат притисок над тебе нон стоп, така може срцев удар да те фркне од сите тие притисоци. Пошто 13.000 не се многу за почеток, би ти препорачал да земаш од роднини и пријатели, секако да им дадеш соодветно учество со склучен договор, но да не ти се мешаат во работата.
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
О бе момак никако да ви дојде памет сите вие креативци заборавате каде живеете или мислите ова е Америка и живим Амерички сан далеко сме од тоа за.Како прво никој не ти дава пари поготово на тебе студент кој немам никаков капитал гарант за враќање на пари помножен си со нула во општеството можда да си пензионер ке ти дадат.Инвеститори и они не верувам некој и да има пари за фрлање дека ке ги фрли поготово на тебе како личност која има генијална идеја.Едино што можеш е да стапиш со некои странски компаниии и да презентираш ама како обичен смртник кој доаѓа од Македонија ке се чудат кој си и што за разговор со некој од одговорни година дена треба да се чека.Од нашивее буржуи(Алкалоид Факом Фени Фершпед) ке те направат луд и ке ти се смејат.
Сума сумару едино ако имаш толку пари да ризикуваш или некои кредити да покриваш со други давење во гомна друго чаре немаш
п.с на натпревар за бизнис имав и ја генијална идеја за производство на енергија од обновливи извори новитет ке бидеш во М.К ама арно победи идеја за уништување на медицински отпад со презентација и бизнис план никаков и поголем капитал за стартување од мојот па види сега.
Да не се разбереме не те обесхрабрувам само ти ја кажувам вистината
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Проектиран годишен приход и што би добил инвеститорот назад?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.889
Едноставно е, старт ап капитал неможеш да земеш од банка или па од берза. Во светот се полесно функционира, а тука ако немаш сопствени пари или да позајмиш од роднини скоро и шансите ти се нула. Леандра вика бизнис ангели, не сум запознаен колку ги има тука, но тие само ќе вршат притисок над тебе нон стоп, така може срцев удар да те фркне од сите тие притисоци. Пошто 13.000 не се многу за почеток, би ти препорачал да земаш од роднини и пријатели, секако да им дадеш соодветно учество со склучен договор, но да не ти се мешаат во работата.
Пре би одел со бизнис ангели и со нив да си склучам договор што и како односно да добива одреден процент пр. за 4 месеци враќање на инвестицијата и 10% од месечниот или годишниот капитал и дека работам по мој план, а не негов односно да се држи на страна и да му ја пунам сметката. Со роднини не се прави бизнис.
О бе момак никако да ви дојде памет сите вие креативци заборавате каде живеете или мислите ова е Америка и живим Амерички сан далеко сме од тоа за.Како прво никој не ти дава пари поготово на тебе студент кој немам никаков капитал гарант за враќање на пари помножен си со нула во општеството можда да си пензионер ке ти дадат.Инвеститори и они не верувам некој и да има пари за фрлање дека ке ги фрли поготово на тебе како личност која има генијална идеја.Едино што можеш е да стапиш со некои странски компаниии и да презентираш ама како обичен смртник кој доаѓа од Македонија ке се чудат кој си и што за разговор со некој од одговорни година дена треба да се чека.Од нашивее буржуи(Алкалоид Факом Фени Фершпед) ке те направат луд и ке ти се смејат.
Сума сумару едино ако имаш толку пари да ризикуваш или некои кредити да покриваш со други давење во гомна друго чаре немаш
п.с на натпревар за бизнис имав и ја генијална идеја за производство на енергија од обновливи извори новитет ке бидеш во М.К ама арно победи идеја за уништување на медицински отпад со презентација и бизнис план никаков и поголем капитал за стартување од мојот па види сега.
Да не се разбереме не те обесхрабрувам само ти ја кажувам вистината
Не можеш да ме обесхрабриш во ниеден случај затоа што знам што имам и што нудам и како ќе го терам односно како би успеал. Искрено преку глава ми се таквите муабети каде живееш т.е. неможеш да успееш. Кога се сака се се може. Grouper иновативна идеја во Македонија копирана од Америка се појавува во време на криза и успева да опстој веќе 5 година со 10 вработени. G6 Solutions 6 студенти од ФИНКИ развиваат апликација и освојуваат прво место на натпревар организиран од Самсунг и награда од 100.000 евра. Termin.mk за нецели 6 месеци успеа да опстој и да поврзе над 1000 локации со клиентите. Така да се што во Македонијава е иновативно со малку труд и пот се успева.[DOUBLEPOST=1405185893][/DOUBLEPOST]
Проектиран годишен приход и што би добил инвеститорот назад?
Над 200.000 евра годишен приход, инвеститорот си ја добива назад инвестицијата во рок од 4 месеци, грубо околу 10% од месечниот приход и услугите што се нудат доживотно бесплатно, кои неможам да ти ги кажам.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Никој не ризикува 13.000 евра за на крај да земе 1.300 евра приход. За 10% приход он може и у банка да си ги стави парите. Било кој инвеститор ќе ти побара процент на учество или конвертибилни приоритетни акции. Јас кога би бил бизнис ангел, колку и да ти е добра идејата нема да ти дадам заем, а ако е стварно добра ќе побарам учество во бизнисот. Како и да е се надевам дека ќе успееш, убаво е да се види амбициозен млад човек во Македонија кој не планира да го фати патот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom