Прочитав дел од мислењата и корегирај ме ако сум грешка, ако некој одлучи да инвестира, единствено сакаш само парите да му ѓи вратиш после одреден период(+10%)?
Ако е така не верувам дека ќе се нафати некој на овој чекор. Подобро би било да му понудиш вид на партнерство односно одреден процент од бизнисот(10-15%).
А инаку во врска со патентот, значи ако не станува збор за производ ако твојот тип е бизнис од услужна дејност, не верувам дека ќе можеш да го патентираш.
Пример ситуација еве јас сакам да отворам перална за коли( никој друг нема отворено до сега) и сега јас одам и ја патентирам и отворам таа перална и според ова никој друг нема да може да отвори перална во наредните 5-10 години додека јас го држам патентот? Консултирај се со адвокат но мислам дека тоа е невозможно.
Значи како што кажа Фаранг, договор за тајност му е мајката, ако се сретнеш со потенцијални инвеститори натерај ги да потпишат договор за тајност и секако мој совет понуди процент од бизнисот. И секако со среќа.