Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
2.953
Поени од реакции
1.923
@wicked_1 За тие критериуми за менаџер што ги постави Ајсот, му дадов одговор, дека таков менаџер веќе имавме.
Значи да не се залажуваме без потреба, таков профил на менаџер нема иднина во Челзи.
Мислам он има иднина за своето конто, ама Челзи нема иднина со него.

Анчелоти првата доминираше во лигата, втората начисто се изгуби токму поради факторот „притисок“ кој го има од Роман.
Лш си беше просек...
За мене и немаше кој знае колку успешна работа.

Симеоне ти е нешто слично на Матео, добар мотиватор со форсирање на дисциплиниран фудбал.

Гвардиола реков дека е најблиску до квалитетот на Мурињо, но од друга страна е енигма за Англија.
Во Германија успеа да го наметне својот стил, бидејќи нема здрава конкуренција... единствениот конкурент кој го имаше успеа да го распарчи со тоа што му ги зема најдобрите играчи.
Борусија не успеа да ги задржи бидејќи не располага со финансии како што располагаат Англиските екипи.
Значи во Англија конкуренција ти се Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, 2 Манчестери плус ги имаш Евертон, Њукасл, Шотон, Вест Хем кои се мотивираат ненормално кога играат со тим од 1-та четворка.
Додека Германија, Шпанија мидхалф тимовите кога играат со „големите“ нон стоп се фокусирани на дефанзива со намера да примат помалку голови, а не да излегуваат да се надигурваат како што е случај со горе наведените.

Значи поента на муабетот ми е дека кој и да дојде, без разлика дали ќе е Клоп, Сименоне, Гвардиола или некој рандум надежен трењер од Франција или Италија не гарантира успех.
После првиот мандат на Мурињо пробавме милион тренери... различни стратегии, карактери, политика на менаџирање и никој не се покажа толку успешен како Мурињо.
Мурињо освојуваше титули секоја сеозна, додека Челзи беше тим без никаква константност...

Е сега кога успеавме да го вратиме, после мала криза сакаме да добие отказ и пак да се вратиме на менаџери кои ќе работат по 6 месеци најмногу 1 година... и пак да немаме никаков баланс.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ај кажи ми како се прави добра ортома, за другар прашувам...
Се предомислив, ќе се фрлам под воз. Помалку болно било.

Тепаме денес сто посто и тоа со два гола разлика.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Ако сакаме стабилност некаква во клубот и издигнување на едно друго ниво, ни треба време. Ново е ова и за Мурињо и за Челзи и се надевам дека нема Абрамович да избрза и да направи грешка. Нема никој друг на кој би му верувал и би му дал време. Не е совршен, секако ќе мора да се промени за да биде успешен на подолг период. После Мурињо, само надоле може да се оди со квалитет на менаџер. И да, и јас го обвинувам за моменталната ситуација, он ги бира играчите, он треба да знае да ги мотивира.

Денес секако дека сакам победа, ама без никакви очекувања сум моментално за да не се разочарам :D
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.352
Па и Боаш беше таков лик пред неколку години, дојде и ни се деси потоп.

Монтела, тренер на Челси?:pos:
Сериозно мислиш дека он ќе наметне авторитет на тие ликови што ги има Челси у составот?
Монтела во Рома го седна Тоти на клупа, не знам дали знајш шо значи да го седниш Тоти во Рома на клупа и да не го играш во тон натпревари а и најверојатно според многу фанови го кошташе работата ама не попушти.

Во Фиорентина имаше огромен притисок од Дела Вале за изборот на играчите и се останато и пак одеше според тоа што мислеше дека е најдобро за формација и тимот, често знаеше 'ѕвезда' да остај на клупа :)

Не гледам зошто да не би наметнал кога ни двата не знајме шта би било кад би било.
 
W

wicked_1

Гостин

Знам отприлика, најмногу од претходни случаи.

Влогот во Рома не е ист со влогот во Челси, очекувањата и дефиницијата за успех се различни у Фиорентина/Рома и Челси. Притисокот за средина на табела не е ист со тој да освојуваш секоја година лига или некаков трофеј, играчите у Челси од голман до напаѓач се од светски калибар, уживаат авторитет неспоредливо поголем од тие што ги има досега тренирано, оти реално имаат речиси се освоено. Фондот со кој би располагал е неспоредливо различен а тоа носи поголема одговорност. Настрана медиумскиот притисок.

Нема никакво резиме зад него да му е бекап, нема тотално ништо освоено, Челси и Англија за него би било друго ниво, на кое нема никакво претходно искуство.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Chelsea team v Southampton: Begovic; Ivanovic, Cahill, Terry (c), Azpilicueta; Ramires, Fabregas; Willian, Oscar, Hazard; Falcao

Chelsea subs today: Blackman, Zouma, Baba, Matic, Loftus-Cheek, Pedro, Remy
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.953
Поени од реакции
1.923
Евица на аватар, да го разбиеме малерот. :)

Одбраната не ја коментирам.
Океј што е седнат Педро, брао што Рамирес и Фалкао шо се од прва минута...
Очекувам добра партија од Хазард и Оскар.
Толку.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Деца, ако ништо друго, барем Вилијан се повампири со ова головите од слободен удар. Прекрасен гол.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.352
Знам отприлика, најмногу од претходни случаи.

Влогот во Рома не е ист со влогот во Челси, очекувањата и дефиницијата за успех се различни у Фиорентина/Рома и Челси. Притисокот за средина на табела не е ист со тој да освојуваш секоја година лига или некаков трофеј, играчите у Челси од голман до напаѓач се од светски калибар, уживаат авторитет неспоредливо поголем од тие што ги има досега тренирано, оти реално имаат речиси се освоено. Фондот со кој би располагал е неспоредливо различен а тоа носи поголема одговорност. Настрана медиумскиот притисок.

Нема никакво резиме зад него да му е бекап, нема тотално ништо освоено, Челси и Англија за него би било друго ниво, на кое нема никакво претходно искуство.
Можда не е ама Рома е голем клуб, клуб кој имаше ненормално многу притисок поради катастрофални завршетоци во тие 2 сезони, Рома беше константен натпреварувач во ЛШ па да речиш дека немал притисок не држи вода и навивачите на Рома секоја година бараат титула. Него муабетот ми беше друг дека под притисокот на газдите не потклекнал а во италија газдите на клубовите се ретеардирани апсолутно сите до еден. Зампарини на пример 4 пати го отпушти и го вработи тренерот во една сезона значи такви будали се а овие од Рома ако го седниш Тоти на клупа во тоа време ќе те стрелаја и навивачи и се истото и за Фиорентина.

Целта ми е дека на притисок од газди и навивачи досега не потклекнал таков си е чоекот авторитетен, дали би бил во Челзи можиме да нагодуваме цел ден.

4то место со никаков буџет и просечна фиорентина а да се оджрваш во борба со вториот за мене лично за толку млад тренер е успех и патем играше вонземјански фудбал, на Тотенхем му одржа лекција по фудбал и на клубој со 2 пати поголем буџет.

Сега дали е правилен избор за челзи и дали би бил авторитетен ни јас ни ти изгледа никогаш нема да дознајме :).

Aли кога Лаудруп знаеше да прај парче со Свонси и со онакво стил на игра а е тактички далеку далеку послаб од Монтела па оти да не и Монтела а за Гвардиола па да не прајме муабет.

Секако не велам дека сум во право на крај краева и јас сум само фан на фудбал али кажвам шо имам забележано и читано за истиов. :)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Бледо, нестабилно. Висеше голот. Кејхил и Ивановиќ повторно. Нека игра дебелиот додека не отпаднеме во втора лига, немам ништо против.

Секоја трошка оптимизам ти ја одземаат, не ми се верува како шампионот сезонава игра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom