Фан Клуб: Челзи

В

Вори

Гостин
Chelsea Football Club, познат и како The Blues (Сините) или претходно The Pensioners (Пензионерите) е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во Западен Лондон.



Историја на клубот:


Челзи е основан на 14 март 1905 во The Rising Sun паб (сега The Butcher's Hook), наспроти денешниот главнен влез во Fulham Road, и беа избрани во Фудбалската Лига набргу потоа. Клубот во првите години немал поголеми успеси - најблиску до освојување на голем трофеј бил натпреварод од финалето на ФА Купот во 1915, каде што тимот загубил од Шефилд Јунајтед. Челзи во тоа време стекнал репутација како тим за потпишување на големи играчи и имиња, и пред се да бидат забавувачи, но со мало влијание на англиската игра во интер-воените години.
Поранешниот централен напаѓач на Арсенал и Англија Тед Дрејк станал менаџер во 1952, и продолжил со модернизирање на клубот. Тој ги отстранил од клубот поворзасните играчи, направил подобрување на младинската школа, поставил квалитетна обука и режим, го обновил темелно тимот за Челзи да го донесе до својот прв голем трофеј - Англиски првак во 1954-55. Следната сезона УЕФА го создава Купот на европските шампиони, но по приговорите од Фудбалската Лига и ФА од клубот Челзи биле убедени да се повлечат од натпреварувањето уште пред да започне.

Во 1960-те години од минатиот век доаѓаат до израз талентираните млади фидбалери на Челзи под водство на менаџерот Томи Доерти. Клубот бил на високо ниво во Лигата, а во ФА Купот и Лига Купот се пласира до последните фази во сезоната 1964-65, освојувањето на Лига Купот, но подоцна биле недоволно силни за во другите две наредни години. Во трите наредни сезони до 1969 година биле победувани во три наврати во полуфиналето од ФА Купот. Челзи во 1970 година го освојува ФА Купот, победувајќи го Лидс Јунајтед со 2-1 во финалето. Челзи ја добива првата европска почест од УЕФА во Купот на Победниците на Куповите, следната година, со триумф над Реал Мадрид во Атина.

Крајот на 1970-тите и 1980-тите биле еден турбулентен период за Челзи. Амбициозно развивање на Stamford Bridge, загрозена финансиската стабилност на клубот. Играчите кои биле ѕвезди во тогашниот тим биле продадени, а како последица на тоа тимот испаднал од елитата. Дополнителни проблеми биле предизвикани од озлогласените елементи на хулиганство на навивачите - проблеми кои го мачеле клубот цела една деценија. Во 1982 година Челзи биле во најлоша состојба, и како таков од страна на Кен Бејтс клубот е купен за симболична сума од £1 (1 фунта). Во тие бурни години тимот доаѓа блиску до испаѓање во Трета Дивизија за прв пат, но во 1983 година менаџерот Џон Нил склопил импресивен нов тим со минимални ресурси. Со тој тим Челзи ја освојува титулата во Втората Дивизија 1983-84 преминува во погорно натпреварување за потоа да испаднат повторно од Првата Дивизија во 1988 година. Клубот веднаш потоа се врати назад со освојување на шампионатот во Втората Дивизија 1988-89.

Формата на Челзи во новоформираната Премиер Лига била неубедлива, иако тие во тој период не стигнаат до финалето на ФА Купот во 1994 година. Тоа не било се до назначувањето на поранешниот Европски фудбалер на годината Руд Гулит како играч-менаџер па во 1996 година нивната судбина е изменета. Тој додал неколку врвни меѓународни играчи во тимот, и клуб го освојува ФА Купот во 1997 година и се докажува како еден од најдобрите тимови во Англија во тој период. Гулит подоцна е заменет од Џанлука Виали, кој го предводел тимот до победа во Лига Купот и Купот на Победниците на Куповите во 1998 година, во ФА Купот во 2000 година и Лигата на Шампионите четврт-финале во 2000 година. Виали беше сменет со друг италијански тренер - Клаудио Раниери, кој што го предводеше Челзи до 2002 година - финале од ФА Купот и квалификациите во Лигата на Шампионите натпреварувачка 2002-03.

Во јуни 2003 година Бејтс го продава Челзи на рускиот магнат, милијардерот Роман Абрамович за сума од 140 милиони фунти, што тогаш беше најголема од ваков вид продажба на еден англиски фудбалски клуб. Над 100 милиони фунти се потрошени за нови играчи, но Раниери не успеа да освои трофеи, така што експресно беше заменет со португалскиот тренер Жозе Мурињо.

Со Мурињо, Челзи стана петтиот англиски тим кој успеал да победи по основањето на Премиер Лигата со две последователни титули во 2004-05 и 2005-06. Покрај тоа Мурињо освојува и ФА Купот 2007 година и два Лига купови во 2005 и 2007 година. Во септември 2007 година после неколку натпревари во премиер Лигата и Лигата на Шампионите, Мурињо беше заменет со Аврам Грант, кој го предводеше клубот до нивното прво финалето во Лигата на Шампионите во кој несреќно изгубија на пенали од Манчестер Јунајтед. Грант беше сменет неколку дена подоцна од страна на Луис Фелипе Сколари, кој тимот официјално го презеде во јули 2008 година.

Сколари по само седум месеци работа и лошите резултати во лигата е отпуштен а на негово место како повремен менаџер е назначен селекторот на Русија и личен пријател на Газдата Роман Абрамович - Гус Хидинк - до крајот на сезоната 2008-09. Челзи сезоната ја заврши со 2-1 победата над Евертон во финалето на ФА Купот. Два дена подоцна поранешниот тренер на Милан, Карло Анчелоти беше потврден како нов менаџер на Челзи.

По успешната турнеја на Северно Американскиот континен и импресивниот старт во новата натпреварувачка 2009-10 година, Челзи со новиот менаџер и новиот координатор на медицински, нутриционистички и слични работи во Челзи, речиси истиот ростер на играчи покажува игра, цврстина, одлучност, и нешто најважно што Челзи го немаше воопшто под водство на Сколари (веројатно и Раниери и Грант), а тоа е карактер, победнички менталитет, психолошка стабилност, а со самото тоа Челзи е сериозно меѓу топ-фаворитите за освојување на Премиер Лигата и особено Лигата на Шампионите, нешто што секој добар познавач на тимот не можеше отворено да го каже минатата сезона на пример.


Играчи со најмногу настапи за Челзи:


Ron HARRIS (1961-80) - 795 натпревари
Peter BONETTI (1959-79) - 729 натпревари
John HOLLINS (1963-75) и (1983-84) - 592 натпревари
Dennis WISE (1990-2001) - 445 натпревари
*Frank LAMPARD (2001-) - 432 натпревари
Steve CLARKE (1987-98) - 421 натпревари
Kerry DIXON (1983-92) - 420 натпревари
*John TERRY (199:cool: - 410 натпревари
Eddie McCREADIE (1962-74) - 410 натпревари
John BUMSTEAD (1976-91) - 409 натпревари
Ken ARMSTRONG (1946-57) - 402 натпревари

* Лампард и Тери се единствените се’ уште активни играчи, кои веројатно ќе одат до врвот на листата на играчите со најмногу настапи за Челзи.


Најдобри стрелци во историјата на Челзи:


Bobby TAMBLING (1959-1970) - 202 голови
Kerry DIXON (1983-1992) - 193 голови
Roy BENTLEY (1948-1956) - 150 голови
Peter OSGOOD (1964-1974 & 1978-1979) - 150 голови
Jimmy GREAVES (1957-1961) - 132 голови
*Frank LAMPARD (2001-) - 132 голови
George MILLS (1929-1943) - 125 голови
George HILSDON (1906-1912) - 108 голови
*Didier DROGBA (2004-) - 97 голови

*Дрогба и Лампард се единствените се уште активни играчи, и нивниот скор на постигнати голови ќе расте со текот на времето.


Стемфорд Бриџ, Кобам:


Дом на фудбалскиот клуб Челзи е Stamford Bridge со капацитет од 42.055 гледачи, кое е со локација во Фулам, област од Западен Лондон, каде што настапува од основањето. Клубот е стациониран надвор на Кралската околија Kensington and Chelsea (Кенсингтон и Челси) т.е.околија Hammersmith and Fulham (Хамерсмит и Фулам).

Стадионот е официјално отворен на 28 април 1877 година. За првите 28 години од своето постоење исклучиво се користи од страна на Лондонскиот Атлетски Клуб како арена за атлетика и воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од бизнисмен Гас Миарс и неговиот брат Џозеф, кој имале за цел стекнато дополнително земјиште (поранешен голем пазар - Градина) да го направат терен за фудбалски натпревари со површина од 12,5 акри (51.000 м2).
Stamford Bridge беше дизајниран за Миарс семејство од страна на фудбалскоит архитект Арчибалд Лич. Тие стадионот после изградбата го понудиле за изнајмување најпрво на фудбалскиот клуб Фулам, но понудата била одбиена. Како последица на тоа, сопствениците одлучиле да формираат сопствен фудбалски клуб за да го користи нивниот нов терен. Од тој реон веќе имало еден фудбалски клуб со име Фулам па основачите одлучиле да го прифати името Челзи за новиот клуб, а ги отфрлиле имињата како што се Кенсингтон ФК, ФК Стемфорд Бриџ и Лондон ФК.
Почнувајќи со отворен дизајн, како и една покриена тераса, Stamford Bridge имал капацитет од околу 10.000 седишта. На почетокот на 1930 се гради терасата на јужниот дел на земјата со покрив, со што се опфатени околу една петтина од просторот. Таа на крајот станува позната како "Shed End" - домот на Челзи на најлојалните поддржувачи и ликови особено во текот на 1960-тите, 70-тите и 80-тите години. Точното потеклото на името не е познато.
За време на крајот на 1960-тите и почетокот на 70-тите, клубот се оддаде на сопствениците на модернизирање на Stamford Bridge со плановите за 50.000 седишта. Работата започнала со Источната Трибина во почетокот на 1970-тите, но проектот бил одликуван со проблеми, а со цената речиси го донел клубот пред банкрот. По долга правна битка до средината на 1990-тите, иднината на стадионот била обезбедена а реновирањето продолжува. Северниот, западниот и јужниот дел од стадионот биле претворени во седишта, поблиску до теренот - процес кој завршува во 2001 година.
Кога Stamford Bridge бил реновиран во Кен Бејтс ерата се додадени многу дополнителни функции: комплекс вклучувајќи два хотели, апартмани, барови, ресторани, Челзи Megastore, и интерактивна посетителска атракција наречена "Челзи Свет на спортовите". Намерата била од овие средства да се обезбедат дополнителни приходи за поддршка на фудбалски страна на работата со клубот, но приходите биле помалку од очекувањата. Со преземањето на клубот и долгот од страна на Абрамович е донесена одлука да се намали „Челзи селото“ и финансиите да се фокусирааат на Челзи како клуб.
Клубот планира да го зголеми капацитет на стадионот над 50.000 гледачи. Поради својата местоположба во "built-up" делот на Лондон, на главниот пат и до две железнички линии, навивачите може само да влезат во стадионот по Фулам патот низ влезот, што на некои места налага сериозни рестрикции за проширување поради здравствени и безбедносни прописи. Како резултат на тоа од клубот Челзи биле поврзувани со еден чекор подалеку од Stamford Bridge до места вклучувајќи Earls Court Exhibition Centre, Battersea Power Station и Челзи касарната. Сепак, од клубот ја повториле нивната желба да се сочува Челси реонот како нивен матичен дом.
Тренинг центарот и центарот за обука на Челзи се наоѓа во Кобам (Cobham); Surrey, а клубот е преселен во Кобам во 2004 година. Нивниот претходен тренинг центар во Harlington беше превземен од страна на QPR во 2005 година. Изградбата на новите објекти во Кобам беа завршени во 2007 година.
 
В

Вори

Гостин
Логоа:


Од основањето на клубот до сега Челзи имаат четири главни логоа - сите подложени на мали варијации. Во 1905 клубот Челзи усвојува како нивно прво лого на тимот да е сликата на пензионер - податок кој очигледно придонесувал за прекарот „пензионер“ прекар, а логото како такво останало да опстојува следниот половина век, иако никогаш не се појавило на дресовите.
Како дел од Тед Дрејк модернизацијата на клубот од 1952 па наваму, тој инсистирал на тоа да пензионер значката биде отстранета со цел да го промени имиџот на клубот. Како привремена замена новото логото се состои само од иницијалите CFC и било усвоено за користење на само една година.
Во 1953 година, круната била променета во исправен лав во сина боја кој како лого опстојува наредните три децении. Круната била врз основа на елементите во грбот на Метрополитенска околија на Челзи. Ова била првата клубска значка која се појавила на дресовите.
Во 1986 година, со Кен Бејтс како сопственик на клубот логото е изменето повторно, како дел од уште еден обид да се модернизира и во исто време да се профитираа од нови пазарни можности. Кај новиот знак, опремен со натуралистички погледи хералдичкиот лав е жолт (а не син како претходно) застанат во текот на CFC иницијалите. Тоа лого траеше во следните 19 години, со некои измени како на пример употребата на различни бои. Меѓутоа како наближуваше стогодишнината од формирањето на клубот, во комбинација со барањата од фановите традиционален знак да се врати било одлучено дека логото треба да се смени повторно во 2004 година.
Новото лого официјално беше усвоено на почетокот на сезоната 2005-06 и означува враќање на старите дизајни на хералдичкиот лав и сината боја како заштитнен знак за клубот. Како и во претходните логоа и овој се појавува во различни бои, вклучувајќи ги и белата и златна.

Од 1905 до 1952 година:


Од 1952 до 1953 година:


Од 1953 до 1986 година:


Од 1986 до 2005 година:

Од 2005 до 2006 година, по повод сто години од основањето на клубот:

Од 2005 година па навака:



Клупски Бои - Дресови:


Челзи отсекогаш носеле сини дресови, иако тие првично имале посветла сенка на дресови од моменталната верзија, и за разлика од денес носеле бели шорцеви и темно сини чорапи. Посветлата сина во тоа време била одлука на тогашниот претседател на клубот Ерл Кадоган. На светло сините дресови биле краткотрајни и биле заменети со Кралска сина верзија околу 1912 година. Кога Томи Доерти станал менаџер во почетокот на 1960-тите години дресовите биле повторно изменети, додавајќи и сини шорцеви (кои останале оттогаш) и бели чорапи, верувајќи дека се направени дресови со карактеристичните бои на клубот, а и немало други тимови кои ја користат таа комбинација - овој комплет за прв пат се носи за време на 1964-65 сезона.
Традиционалните гостински бои биле жолта или бела со сини линии, и како и кај повеќето тимови, тие бои биле малку повеќе необични. Првиот гостински дрес бил со црни и бели пруги во 1960-тите години - (Јувентус стил), како и дресови со сини и црни ленти (Интер стил). Други незаборавни проекти вклучувале нане зелена лента во 1980-тите, црвено и бело во почетокот на 90-тите години графит и мандарина верзија во средината на 1990-тите години.

Дресот на Челзи во моментов е произведен од страна на „Адидас“, фирма со која клубот има склучено договор за снабдување со дресови од 2006 до 2011 година. Нивниот претходен комплет производител беше Умбро. Првиот дрес спонзор беше Галф Еир во сезоната 1983-84. Потоа, клубот бил спонзориран од Гранџ Фармс, Баи Лин чај и италијанската компанија Симод пред да биде потпишан долгорочен договор со производителот на компјутери Комодор Интернешнал во 1989 година. Челзи потоа се спонзорирани од Coors пиво (1995-97) Аутоглас (1997-2001) и Емирејтс Флај (2001-05). Сегашниот спонзор на Челзи е Самсунг.

http://www.chelseafc.com/page/Histor...,10268,00.html




Клупски титули и трофеи:


Шампион во Премиер Лига:
2004/2005 со освоени 95 бодови од 38 натпревари
2005/2006 со освоен 91 бод од 38 натпревари
2009/2010 со освоени 86 бодови од 38 натпревари(со постигнати рекордни 103 гола)
Шампион во Прва Лига (највисок тогашен ранг на натпреварување):
1954/1955 со освоени 52 бодови од 42 натпревари

Шампион во ФА Куп:
1970 (Челзи 2-1 Лидс)
1997 (Челзи 2-0 Мидлсброу)
2000 (Челзи 1-0 Астон Вила)
2007 (Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед)
2009 (Челзи 2-1 Евертон)
2010(Челзи-Портсмут 1-0)

Освојувач на Куп на победниците на куповите:
1971 (Челзи 2-1 Реал Мадрид)
1998 (Челзи 1-0 Штутгарт)

Освојувач на Супер Куп:
1998 (Челзи 1-0 Реал Мадрид)

Шампион во Лига Куп:
1965 (Челзи 3-2 Лестер)
1998 (Челзи 2-0 Мидлсброу)
2005 (Челзи 3-2 Ливерпул (по продолженија))
2007 (Челзи 2-1 Арсенал)

Освојувач на Комјуни Шилд (поранешен Черити Шилд):
1955 (Челзи 3-0 Њукасл)
2000 (Челзи 2-0 Манчестер Јунајтед)
2005 (Челзи 2-1 Арсенал)
2009 (Челзи 2-2 Манчестер Јунајтед (4-1 на пенали))




Тимот во позадина:



Брус Бак - претседател
Американец, кој од преселбата во Лондон 1983-та станува навивач на Челзи. Тој е еден споственик на „Челзи Лимитид“, компанија сопственик на Челзи формално и правно, заедно со Роман Абрамович.


Вредни за спомнување се и Еуген Тененбаум, човек на Абрамович околу клупските финансии. Во извршниот одбор се: Крис Александер, финансиски директор; Дејвид Бернар, секретар; Симон Гринберг, односи со јавноста; Рон Гурлај, маркетинг и комерција.

Карло Анчелоти - менаџер
Одличен играч во минатото, уште подобар менаџер денеска. Барем така зборуваат фактите и статистиката, но и голем број играчи и воопшто луѓе кои работеле со него. Поранешен играч на Милан и Рома, двапати шампион на Италија, двапати Европски првак. Како тренер почнува со Реџина, преку еден Интертото Куп со Јувентус, да помине осум години во Милан, во кои осум години освојува се што е можно да се освои со Милан, а највредно за споменување се двете титули Европски шампион.
Летото 2009-то, се пресели во Лондон, во Челзи. Одлично е да се види повторно еден „тешкаш“ на клупата на Челзи, после неколку години, од времето на Жозе Мурињо. Предизвикот Челзи го почна одлично, со освоен Англиски Супер Куп (Комјунити Шилд), трофеј кој доби поголема тежина бидејќи беше освоен против Манчестер Јунајтед. Останува надежта и вербата дека тоа е само почеток, вистинското од него доправа да го видиме.


Mихаел Еменало- асистент
Се приклучи на Челзи во 2007 година,кога поранешниот тренер Аврам Грант беше задолжен да го води тимот.После неколку години залагање и успешна работа,на 18 Ноември 2010,Абрамовиќ го промовираше како нов асистен на Карло Анчелоти,по заминувањето на Реј Вилкинс.

Бруно Демикелис - асистент
После повеќе од 20 години научна работа во Милан, создавање на МиланЛаб, Демикелис доаѓа со Анчелоти во Лондон, како човек кој го познава Анчелоти уште од играчките денови во Милан. Бивш успешен каратист, со одличен англиски, кој потоа се посветува на медицинската, психолошката страна на фудбалот. Накратко, тој е новиот психолог во Челзи, нешто што фалеше во Челзи ако се видат настапите лани и преклани и пропуштените трофеи до кои бил потребен само завршен чекор. Ваквата теза се потврди со Кумјунити Шилд-от, каде првпат по подолго време, видовме една фантастична пенал-серија, изведена по примен гол во 92 минута, нешто за што треба цврста психолошка стабилност, која несомнено се должи на новиот психолог.

Пол Клеман - асистент
Млад, перспективен тренер, кој претходно работеше со повеќе млади селекии на Челзи. Гус Хидинк го приклучи кон првиот тим, Анчелоти го задржа.

Кристоф Лолихон - тренер на голманите
Французин кој 2007-та се приклучи на Челзи, откако Лоуро замина заедно со Мурињо. Претходно работел неколку години во Рен, еден период под негов мониторинг таму играше и Петр Чех, пред да се пресели во Челзи.

Глен Дрискол - кодиционен тренер
Назначен од Аврам Грант, период кога Челзи беше одлично спремен кондиционо. Потоа неговата улога се изгуби, бидејќи Сколари имаше свој човек за тоа место. Глен се врати со Хидинк, и повторно одлично изгледаше физичката подготвеност. Останува и со Анчелоти.

Останати имиња кои би требало да се споменат се:
Брајан Инглиш - доктор
Стив Холанд - тренер на резервите
Дермот Друми -тренер на младинците
Нил Бат - менаџер на академијата.











--- надополнето ---

Епа дечки ајде нека ни е со среќа новава тема.Се нафатив брзински да ја отворам.

Го копирав текстот од Фантом,направив неколку корекции мислам дека е се како што треба(евентуално може Фантомот Охридски да смени уште нешто кај менаџерскиот тим,ако не го мрзи).

Во новава тема да прославуваме многу нови победи,да прославиме титула во Лига на Шампиони,да прославиме титула во Премиер Лига.
Се надевам дека ќе биде исполнета со многу добри дискусии и дека ќе нема провокации.

Не сум многу добар да држам говори,така да народе навалите! :)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Момци со среќа нека ви е новава тема,многу успеси и радости да си имате тука :)

Се најдобро :)
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Ancelotti on Lampard

"Lampard didnt take the penalty because he didnt train for this, so Drogba took the responsibility"
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Ај честито нова тема да ја полните со успеси и да ги уништите јунајтед во недела
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Ај честито темава,и се надевам дека ќе ја наполните со успеси и трофеи. Поздрав :smir:
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Ајде со среќа новава тема.
Се надевам дека оваа повеќе среќа ќе носи и конечно ќе победиме во Недела.
 
A

Alexander Nevsky

Гостин


Се изгубив и јас од темава,ама ај нема врски факс скас....
Кој и да ја отвори темава има мој благослов...
За ова со Челзи што се случува,ми сугерира исто како Сколари времето кога беше само што тогаш на Сити ги пупавме со 5-0 мислам или колку,штета што замина тој човек а баш сакаше да се доказе,но сепак беше избркан ради гомното Дрогба...
Ете тој беше Дрогба кој што не вадеше од гомна да,ама сега тој баш не пика,тој самиот треба да знае дека не е е пред тимот и никад нема да биде.Мислам дека веќе не му се игра за Челзи го влече него Марсеј,никогаш го немам слушнато да ја пофали публиката на Стемфорд туку ја фали онаа на Марсеј...
Ама тоа отом потом не е ни тој крив,Анчелоти како што гледам неможе или не сака да ги фати саглам уздите на овој коњ Дрогба и на Челзи.Ако не се случи тоа во наредните мечеви мислам дека ќе му се даде клоцата.Колку ми е криво само што не остана Хидинг кај нас и покрај тоа што ја водеше Русија во тој период после тоа му дадоа клоците иако не беше виновен.

Туку тоа е тоа дел од вината е во Абрамович што се меша увек кога не треба а кога треба го нема никаде,во играчите што играаат како гомна ама највеќе во Карло.
Едит:Ај за убаво нека е,повеќе успеси и да се стабилизира Челзи...
Ова сакав да прашам ке се собираме за колективно следење против Јунајтед? Пошто гледам тоа таму кремците следат редовно.
Ај ако биде нешто нека се пише овде....​


--- надополнето ---

 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Aj честито нека ви е новава тема.. Против нас ќе ја почнете, (се надевам) исто како што почна Грант :smir:.. Се читаме за 5-6 дена.. :)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Ај дечки со среќа нова тема.Ваљда новава тема ќе ни донесе среќа да не извлече од непријатнава ситуација во која се наоѓаме.
Нареден меч со Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ.

:zlo:

COME ON CHELSEA !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom