Значи вака,да ја резимирам хронолошки сезоната...(иако не е официјално завршена,сепак за нас заврши уште со поразите на домашен терен од Брегалница(twice)и Турново(twice)....
Значи како и секогаш за сите неуспеси во градот златната малина оди кај мајсторот на глумата,актерот на деценијата,лауреатот Кичеецот,попознат кај навивачите како
ГАЗЕТО...
Од јуни до октомври играше држ-недај,продавам не продавам(небаре на дедо му од Кичево е Пелистер)
...
Триста курантари се спомнаја,триста средби напрај со потенцијалните"купувачи",ефект никаков,,,
10 лицитации закажа,10 пати напрај промена во формата како да се продава Пелистер,преку неговата далеку прочуена
КОМИСИЈА ЗА СПОРТ ПРИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА...
Комисија составена од партиски пиуни,шанкуриња,и госпожи кои се клафтеа на седници на совет...
Е од таквите цело лето се изначекавме да најдат
КУПУВАЧ...
И го "НАЈДОА"...
И полека одиме на втората епизода....
По неколку стотина дена,една скратена мини сезона од Малечката невеста,и конечно дојде на сцена Газда Зоки....
Пред то колку толку се закрпи некоја екипа,со вакви такви играчи,со Мане личевме на нешто,и колку и да го плукавме,колку да го критиковавме дечкото и неговите играчи се единствена светла точка во целата оваа ебана сезона,можи најебаната во постоењето...
И порано не сме знаеле кај тераме,со Пупучо.па пред то со Невеновски,ама сега скроз ја ебавме работата..
Да се вратам на Зоки...
Како шо,зошто го натераја(сигурно не доброволно)... сам си знај...(а и ние знајме,барем површно,ама то шо си има бизнис и шо си прај со бизнисот и какви му беа релациите со ВМРО и фамилијата си е негова работа)...
И сосила батето го натераја да пие коктелче со Газето,се гушкаја,се бацваја небаре парцела муфте во касарната му дадоја...
И ај се то помина,ама уште од самиот старт ко го спомнаја и помпезно го најавија тој легендарен,највисок буџет во историјата од 520 К нешто беше матно....
Па уште поматно беше шо самите уште од старт ја напраја приказната да личи на
ЈЕБЕ ЛУД ЗБУЊЕНОГ...
Значи му го даваме клубот на Цермат да "стопанисува" со него,ама ние ќе бидиме и надзорен и управен одбор...
За тој дел од буџетот шо "требаше"да го обезбеди општината кажавме сто пати,да не се повторваме..
Самите си кладоја автогол,по само 1 месец...
Ама од шо се неписмени и не знат кај терат заборават шо трескат јавно,и ја вртат работата како шо му одговара нив....
И помина сето то...
Дојде паузата,ете го дојсоја јаболкарот,не се и управата овде толку криви,тренер со реноме(барем привидно)....
Така се прај,од тренер се почнува да се гради екипата...
Околу познат тренер се лепат и играчи,а ако имаш среќа ако се погодат коцките и некој спонзор плус...
Арно ама,како врвеше времето се виде дека нема да ја биди работата,зошто?
Зошто со
ЛАГА АГА НЕ СЕ СТАНВА...
Поминаја празниците,помина цел јануар,едно ебано засилување(ко шо треба не зедовме)....
Оправдувањата на Џокица не држат вода....
Зошто?
Зошто како тренер не рече,чекајте бе алоо за кој
ми се 14 играчи....
Ете ко веќе ги сакал тие од та листа шо ја доставил,зошто не рече кај управата...
НЕ ГИ ЗЕМАЈТЕ СРБИТЕ,ГРКОТ И КОМПАНИЈА ДОЈСЕТЕ МИ НЕКОЈ ИСКУСЕН ЕВТИН ИГРАЧ ОД ЛИГАТА...
Барем за такви имаше,ете еден куп беа слободни,од Турново тие шо ги испуштија итн....
Ама Џокица сакаше да се прај мангуп и демек ќе праел ренесанса на фудбалот и ќе ја повторвал историјата...
Абе тогаш имаше млади деца да,ама таленти и играчишта како Христов,Грозданов,Драганчо, и цела сурија да не ги набројвам...(видете ја сликата од тие сезони каква страшна екипа имаше)...
И нека не ни продава прикаски дека Смоковски,Велковски,Речкоски и компанија не се
НЕГОВИ ДЕЦА....
Ги видовме на ДЕЛО....
Е сега,бара алиби во повредите не клучните дефанзивци...
Ете Менде беше повреден на почеток,па после се врати...
Исто и Крстески...Зошто не го кладе на ниедна утакмица до крај на сезона?Ете се опорави од повредата....
Заедно со Менде го сочинуваа еден од најдобрите штоперски тандеми во лигата...
ЗОШТО СИ ИГРАШЕ КУРТАШАК СО ЕКИПАТА И ГИ ИГРАШЕ ИГРАЧИТЕ НЕ НЕПРИРОДНИ ПОЗИЦИИ?
И шо е најважно,сега по свадба тапани џабе бате префрлање топката...
Ко виде дека не оди работата требаше да речи
ЛУЃЕ ЈАС ВО ВАКВИ УСЛОВИ НЕ МОЖАМ ДА РАБОТАМ,МЕНЕ ИГРАЧИ МИ ТРЕБАТ...
Ама му се видоја слатки парињата(а и тие изгледа ги нема земено сите,се жалел дека не му плаќале рдовно)
,најде село без кучиња,кај шо можи да изиграва шериф...
И остана со надеж дека ете ќе пркни некое дете(од тие шо ги довлечкаја со другар му Саша Ќириќ)и ќе се пуфка дека
ГЛЕДАТЕ ШО ТРЕНЕР СУМ ЈАС....
Арно ама блефираше,и не упали блефот,ги извај картите,ги втурна децата во оган и не беше свесен дека работите во првата лига не функционираат како шо беше на времето...
Мислеше дека и со ваква екипа ќе опстани,ама се прелажа,и то гадно....
Дека не ја поставуваше екипата на терен како шо треба се гледаше од авион,дека не успеа да го види потенцијалот на децата од нашата школа и то е точно,и за ова треба да сноси одговорност....
Сега џабе се огласува по порталите,требаше порано да ги отвори картите...
Иако до негде го разбирам и во секоја слаба екипа е така,валканите работи се кријат,посебно кога позицијата на табелата е заебана и сме пред испаѓање....
А дека немаше плата,немаше премии,немаше карантини немаше,и џабе
бордот пробва да се оправда...
Ко некој клошари одеа на утакмици,со по еден сендвич....
Ама важно
КУПИЛЕ НАЈСОВРЕМЕНА,НАЈМОДЕРНА ОПРЕМА ЗА ПРОСЕЧНИ,ПРОСЕЧНИ,ПРОСЕЧНИ ЕКИПИ...
То не забораја да го нагласат во ферманот шо го пуштија,и дека биле на припреми на во најсовремен хотел...
Абе ако сакавте и на Марс да одевте џабе е,со импровизации ништо не бива..
Па уште се фалат дека
БОРДОТ (односно дел од бордот,најјакиот член од бордот)
Шеровски
бил
секој ден на тренинг...
И шо ако беше?Нема шо да прај дома и дремеше на стадион,и шо напрај?
Ете и Пискачо секој ден беше лани на тренинг на ракомет па шо?
Напраја нешто со Газето?Ништо...
Исто сценарио ко со фудбало,ја префрлија топката кај Циле...
Е сеа Циле исто ко Зоки прогласи
МОЛК и нејќи јавно да ги обелодени причините зошто
ПРОПАДНАЈА АМБЦИОЗНИТЕ ПРОЕКТИ...
Во ракомето ќе се враќавме на старите патеки,дури и се колнеше тушнико и си кладе аманет дека дури не го видел Пелистер пак да биди шампион нема да ги пали патиките...
А во фудбало Зоки,инспириран од успешната татарска приказна на Лудогорец вети под дејство на коктелот дека Пелистер ќе биди МАКЕДОНСКАТА УСПЕШНА ФУДБАЛСКА ПРИКАЗНА...
И еве не по 2 години од проектот на Газето
БИТОЛА НАЈСПОРТСКИ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА на едно ниво од кое нема побетер...
Греој манастирски сме...
Сега летна чавката,си еба мајката...
Единствено нешто сега шо треба да не загрижува и да од кое зависи иднината на ФК Пелистер е преку следното прашање...
ДАЛИ НАРЕДНАТА СЕЗОНА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИМА СПОНЗОР,И ДАЛИ СЕ ПЛАНИРА ВРАЌАЊЕ ВО ПРВА ЛИГА?
Чекаме да се изјаснат Зоки...(ако не е зафатен сега со неговите адвокати кои ќе ја искористат клаузулата во договорот дека ако испадни Пелистер имаат право да го раскинат договорот)....
Си чекаме ние...
А прашањата за главниот режисер на преставата
БИТОЛА СПОРТСКИ ГРАД,очувот на на градот ака Газето ќе му ги поставиме лично и персонално пред неговата "резиденција,палата,хациенда" на 27 ми.....
БИТОЛА НЕ ЗАБОРАВА...