Битола се враќа во живот не знам како не гледате, доста со тие муабети сите бегале. Ами колку има шо се вратија овие години после короната знајш? На секој чекор се гради, трговски ќе се отворат, станој сите продаени во нови згради( и не, не се само на странци), ама неее, мора сами да се деградираме цело време.
Абе кој не му е убо нека тера, не навлегваме во то, личен избор.
За мене Битола е најуба моментално и допрва ќе биди.
Далеку сме од европски поголеми градој, нема ни да стигниме на то ниво во нашиот век, ама зато имаме други предности. Луѓето шо бегат од тука не бегат заради градот, најчесто бегат заради квалитетот и стандардот на живот во цела држава.
За спортот да не збораме, одиме нагоре ФК,КК,РК. Шо поќе…
Како и да е, да не одиме оф топик, доста е