Проект на крадоначалникот,
БИТОЛА ДОБИВА НОВ МОДЕРЕН СТАДИОН....
21 Мај 2015...
До кај е работата?
Многумина се прашуваат,сеа веќе кога клубот ни го испаднаа,мораме вниманието да го насочиме натаму....
Видете и сами,преку сликите на вашиот фоторепортер....
Доколку на некој субјект-физичко лице(индивидуален земјоделец)или правно лице кое се занимава со одгледување на растенија,и останата хортикулурна дејност му е потребна
ЗЕМЈА,
Ѓубриво...јавете се,ќе се договориме за цената...
Напомена:ако најдите по некој кондом,влошка,влажно марамче,
шприц и слични "реквизити"во ѓубривото не се грижите,тоа само му дава дополнителен квалитет на ѓубривото....
Исто така продаваме и
половни ТУЛИ(во добра состојба,речиси нови,едно 80ина години)...
Паднати од ѕидовите околу стадионот.....
Шиткаме и трева,во одлична состојба(многу малку мочана)
,непасена од разно-разни тревопасни животни.....
Имавме и до пред некое време и тополи,но за жал ги сековме,иначе и тие ќе ги вметневме во
ПАЗАРНАТА ПОНУДА НА ОПШТИНА БИТОЛА...
За подетални инфромации обратете се на улица"Булевар Први мај" ББ...
Комисија за спорт при совет на Општина Битола...
Лесно ќе се договориме....
Побрзајте,понудата е ограничена,а попустот нема да трае долго...
Со почит,вашата,уствари
наша и лично наша (
ПАРТИСКА)
Општина Битола...
ОДИМЕ ДО КРАЈ,НЕМА ПРЕДАВАЊЕ ПРЕД НИКОЈ,НАЈМАЛКУ ПРЕД ТИЕ ШО НЕ КРИТИКУВААТ,ОСТВАРУВАМЕ,БИТОЛА СИЛНА....
Еве ја ПОНУДАТА И СЕ ШО ИАМЕ НА ЛАГЕР...
На вас е да одлучите,купувајте проверено,купувајте оригинални производи,купувајте Македонски производи,за нас се работи...
И на крај,"новата мала трибина"...
Почекајте,има време,ќе ја средиме и неа(за некоја година,не оди туку така ова,ова е процес,треба да се изработи проект,визибилити студија,па да помини кај комисијата за спорти се по ред,општина е ова или шо е?)....
Ете гледате дека Багеро е тука,значи ќе напрајме...
Е сега кога шо како ќе бидите известени....бидете стрпливи....(да помини Бит Фест)....
П.С.
Добро е бе,ете пркна трева малце на новиот"супер модерен тревник"..
Абе само да се критикувало,гледате дека се шо прајме го прајме ко шо треба...
По најстрогите УЕФА стандардни за квалитет,чунки втората лига не е заебанција..
Пелистер заслужува стадион...