Денес дознав дека некакви анкетари на БЕГ - Топлификација, поминуваат по становите и прават анкета дали сте да Топлификација да затоплува од 5 наутро ( наместо од 6 ) па до 23 начечер ( наместо до 21 ). При тоа барат да се потпишете дека сте за.
Ви препорачувам да не им потпишувате,
Тоа што всушност тие го прават не е анкета туку петиција со коа ќе барат од власта да го продолжи времето на затоплување. Со тоа ќе се оправда понатамошно зголемување на сметките.
Нив им се потребни пари за да проработи ТЕ - ТО. Но ТЕ - ТО е една мегаломанска промашена инвестиција која никогаш нема да проработи. За ТЕ - ТО напишав повеќе постови, последен пат во пост #1348 на страна 90 од оваа тема. Се работи за елементарна математика - за да ТЕ - ТО работи му фалат шест милиони евра секој месец „ субвенции “ од Скопјани, а тоа нема шанса да се собери од Скопјани.Секое семејство и исклучено и приклучено треба да плаќа 200 евра месечно плус. На овој начин тие сакаат да се оправдаат - ете баравме да ги покачиме цените и ТЕ - ТО да проработи, но ете не ни дадоа.
Но БЕГ - Топлификација е организиран криминал - спрега на криминалци и политичари. И тоа политичари и од власта и од опозицијата. Оваа „ идеја “ да се продолжи времето на затоплување, на 80 - Седница на Собранието на РМ јавно ја подржа еден пратеник од опозицијата. Еве што тој тогаш рече
http://www.sky.mk/makedonija/402849-makraduli-so-ovaa-odluka-vlasta-na-gragjanite-kje-im-gi-zgolemi-troshocite-za-greenje-video
Има и видео, можете да го видите но и да прочитате како тој вели:
Од друга страна, иако количината на испорачана, на пример, топлинска енергија, утврдена за поедините оператори како што е „Балкан Енерџи Груп“. Барањето да испорачува поголема топлинска енергија во градот Скопје, односно да испорачува поголема топлинска енергија како количина да работи после одлуката на Регулаторната комисија. Наместо до 21 часот, до 23 часот, Регулаторната комисија ја одби, со што остави на „Балкан Енерџи Груп“ дали тоа ќе го направи од сопствениот профит или граѓаните ќе треба дополнително да ги изложи на трошок. Односно, после 21 часот особено тие што имаат повозрасни лица или помали деца, да уклучуваат клими или други работи. Со тоа да создадат трошок на семејствата, дополнителен во Република Македонија.
Јас би бил среќен кога овој поголем надоместок којшто би се добил од компаниите, чија дејност се регулира, се рефлектира во проекти коишто се во интерес на граѓаните. Но, ако ги погледнеме каде ќе се дадат повеќето пари, тие ќе се дадат за други лични примања на вработени, јубилејни награди. Не знам зошто и тие се зголемени за 252%. Закуп на стан за член на Комисија 106% е зголемен. Осигурување на моторни возила и патничко осигурување зголемен за 70% во однос на минатата година. Осигурување на опрема за 60%. Адвокатски и други правни услуги за 68% зголемени. Значи не се расходите коишто се планирани, не се на работи кои се од едукативен карактер, од стимулација на одржливи извори на енергија, од начини на штедење. Туку се лично за вработените во институцијата и членовите на Регулаторната комисија за енергетика.
Зошто не дозволивте да испорачаната количина на топлинска енергија биде после 21 часот, односно до 23 часот, особено во изминатите денови кога без разлика на дневните температури, кога навечер е доста ладно?
Затоа бегајте од вакви „ анкети “