Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

C

cige

Гостин
Долг од пред седум години од 487 денари за затезна камата на сметки платени со задоцнување за парно на старата „Топлификација“ го чинеле скопјанецот Ѓорѓија Симоновски блокирана сметка и извлечени цели 6.000 денари. Тој тврди дека ниту некој го известил дека должи за затезна камата ниту извршителот му пратил писмена опомена пред извршување, туку се шокирал кога банкарската службеничка му кажала дека е блокиран, а не знае од што и од кого и за која сума. „Дневник“ се обиде да ја истражи приказната на Симоновски и дојде до фрапантно сознание
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Фокус е објавен опширен напис кој загрижува:
Кои руски олигарси го контролираат парното греење во Скојпје?
http://fokus.mk/koi-ruski-oligarsi-go-kontroliraat-parnoto-green-e-vo-skopje/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=koi-ruski-oligarsi-go-kontroliraat-parnoto-green-e-vo-skopje
Во написот се вели:Судирите во Украина цела Европа ја потсетија дека без рускиот гас може наредната зима да се смрзнува. Кај нас пак, се шушка дека Русите веќе ја контролираат скопската „Топлификација“. На таа тема „Фокус“ истражуваше пред неколку години.
Потоа следи написот од 2012 година
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ

Се појави уште еден нотар кој праќа решенија за исклучените Тоа е Нотар Боривој Стојковски. До сега, како што Ве известив, имам евидентирано уште двајца кои доставуваат решенија за БЕГ. Тоа се:
Златко Николовски и Силвана Шандуловска
Ако добиете решенија од други нотари, споделете за да имам информации
Ние не знаеме на колку нотар топлификација доставила предлози. Сигурно се работи за голем број, но тие одолговлекуваат, за да не не „ вознемируваат “ пред избори.
 
Член од
7 декември 2010
Мислења
178
Поени од реакции
131
Добивме РЕШЕНИЕ за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа од нотар златко николовски, во кое се задолжува должникот да плати 1108,00 денари на Доверителот Друштво за снабдување со топлинска енергија СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ Скопје .За фактури од 10,11 и 12 /2012. Ние сме искључени од топлификација уште од 2010. не е проблем да се платат овие 1100 денари ако не сме добиле никаква услуга меѓутоа се плашам дека со плаќање бег на некаков начин ќе го искористи ова понатака.
Затоа планирам да дадам приговор со решението дека сме искључени и дека не сме добиле никаква топлинска енергија па повуци-потегни ке си играме додека не дојдат некои подобри времиња.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Затоа планирам да дадам приговор со решението дека сме искључени и дека не сме добиле никаква топлинска енергија па повуци-потегни ке си играме додека не дојдат некои подобри времиња.
Твојата одлука е исправна. Ако им платиш, ти го признаваш долгот, односно признаваш дека добиваш топлина со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “
И што е најлошо тоа твое „ признание “, ќе важи и понатаму. Тие и понатаму ќе праќаат фактури и ќе мораш и понатаму да плаќаш.
Дури и по твојата смрт и твоите наследници ќе мораат да плаќаат. Што значи ако сега им платиш и нив ги „ осудуваш “ да им плаќаат на измамниците и крадците од Топлификација
Летово треба да се очекува Регулаторна да ја покачи цената која треба да плаќаат исклучените. Минатата година ја покачија 56% и воведоа 12 месеци да се плаќа. Сега се очекува пак да ја покачат. Значи тие кои ќе плаќаат, ќе плаќаат не само вечно туку и онолку колку ќе им текне на лепотаните од регулаторна и нивните подржувачи од власта
Вистина е дека власта е на страна на измамниците од Топлификација, но вистина е дека сите закони се на наша страна. Ова што власта го прави е голема неправда. Никаква логика нема да им плаќаш ако не сакаш и не користиш парно. Посебно што Топлификација е криминал. А зошто го прават ова, зошто ги кршат правата на човекот, за да ги помагаат криминалците, тие си знаат.
На страна 89 од истава тема во пост #1324, има урнек приговор. Можеш да го копираш, дополниш и корегираш по желба..
Ќе биде тешко.... Но ќе победиме, со нашата песна
http://www.youtube.com/watch?v=UX2DcOxIb8Y
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во медиумите деновиве нема ништо за топлификација и судбината на исклучените.
Можам да Ве известем дека тие кои се во контакт со мене се држат добро и речиси сите вложија приговори.
Но прелистувајќи по интеренет најдоов дека популарниот новинар Јанко Илковски ( Јади бурек ) е воодушевен од тоа исклучените да плаќаат
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10151678703571532&id=134731976531
На Фејсбук тој цинично напишал:
Уште една историски извонредна одлука на уставниот за добро на граѓаните.

Што мислите, дали новинарите "де ла соросоид" ќе напишат најмалку еден збор против?

Честито нека ви е! “

Ете, ова нека биде уште еден потик да издржиме.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ!
Денес бев кај измамниците од БЕГ - Центар да им ја вратам последната фактура која ја добив како исклучен. Се распрашав дали не тужеле. Ми рекоа дека не тужеле но не можеа да ми дадат подетални информации.
Ми дадоа телефон од нивната правна служба која била сместена во нас, Аеродром 5514-081, но никој не се јавува
Во наредните денови ќе се обидам да добијам повеќе информации и ќе Ве известам
Ако некој живее во близина - нека се распраша и нека сподели
мислам дека масовноста има голема врска, затоа што ова е политичка одлука -обесправување на група граѓани демек за повисока цел „спасување на државата„
регулаторната смета дека главна цел е да го заштити енергетскиот систем
иако постојат многу начини како да ја заштитат државата, т.е. системот - тие се одлучиле за најлесниот-преку грбот на граѓанинот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
мислам дека масовноста има голема врска, затоа што ова е политичка одлука -обесправување на група граѓани демек за повисока цел „спасување на државата„
регулаторната смета дека главна цел е да го заштити енергетскиот систем
иако постојат многу начини како да ја заштитат државата, т.е. системот - тие се одлучиле за најлесниот-преку грбот на граѓанинот
Да бидеме реални.
Имавме масовни протести АМАН. Власта ги исмеа...
Собиравме потписи и до Собранието беше поднесен закон исклучените да не плаќаат - Власта се подбиваше
Не помага тука масовност.
Ако власта ги почитуваше Уставот и законите - никогаш немаше да донесе одредби исклучените да плаќаат. Според ниту еден закон, ниту правна норма, ниту било каква логика не е предвидено да се плаќа за ништо. Власта се “ помоча “ на правото. Како можеш да одредиш цена на ништо?
Топлификација е криминал. Власта го прикрива криминалот за да ги заштити своите кои тоа го овозможиле, а тоа се лепотаните од регулаторна.
Лепотаните постојано тврдат: Ние сме од таа и таа партија и кој нас не напаѓа - не напаѓа политички. И власта ги штити своите. На власта и значи партијата а не граѓаните.
Инаку енергетскиот систем воопшто не е во опасност. Потрошувачката на струја веќе две години по ред се намалува.
Немам идеја што може да помогне
Не знам дали си го гледал филмот КУМ прв дел. Таму има една сцена кога Мајкл Корлеоне оди во Хавана. И возејќи се со такси ја гледа сцена во која од толпата излегува бутовник со граната во рака, прегрнува еден полициски капетан, ја активира граната и го убива и капетанот и себеси. Подоцна Мајкл раскажува што видел и тврди дека таквите не можат да се победат
Еве ја сцената ( трае 40 секунди ) во која Мајкл раскажува што видел:
http://www.youtube.com/watch?v=2sDkYThhzDw
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

хе.., но имаш проблем..прво немаш бунтовник , а второ ни полициски капетан за прегрнување, ај за кашикара колај било...у Гајре ги има, таму растат на калемени круши..:):):):)
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.401
Поени од реакции
7.851
Не знам дали си го гледал филмот КУМ прв дел. Таму има една сцена кога Мајкл Корлеоне оди во Хавана. И возејќи се со такси ја гледа сцена во која од толпата излегува бутовник со граната во рака, прегрнува еден полициски капетан, ја активира граната и го убива и капетанот и себеси. Подоцна Мајкл раскажува што видел и тврди дека таквите не можат да се победат
Еве ја сцената ( трае 40 секунди ) во која Мајкл раскажува што видел:
http://www.youtube.com/watch?v=2sDkYThhzDw

Ни недостига некоја развојна фаза како нација, затоа сме до ова дереџе, и малку ни е...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ни недостига некоја развојна фаза како нација, затоа сме до ова дереџе, и малку ни е...
Ти благодарам што го најде овој дел од Кум
Власта не е свесна што прави... Таа крши човекови права за да ги помогне криминалците од топлификација,
Сега криминалците ме тужат, јас ќе одам на суд и таму ќе барам судот да ги заштити моите природни човекови права. Тие права се: Слободата, сопственоста, сигурноста и спротивставувањето кон угнетувањето
Не постои закон според кој јас би требел да и платам на топлификација. Регулаторна се „ помоча “ на правото со ова. Но можеби и тамо ќе изгубам. Власта може да го „ суреди “ и редовниот суд исто како што го суреди Уставниот суд.
Во тој случај нема да имам друг избор
Во Преамбулата на Универзалната декларација за правата на човекот е објаснето зошто човековите права треба да бидат заштитени со закон и таму во третиот став стои:

Whereas it is essential, if man is not to be compelled to have recourse, as a last resort, to rebellion against tyranny and oppression, that human rights should be protected by the rule of law,
http://www.un.org/en/documents/udhr/index.shtml
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во емисијата Код на Снежана Лупевска кој е посветена на смрта Рухи Бакиу, бивш член на Регулаторна од 16,30 минута до 17,30 минута се наоѓа изјава на Покојниот во врска со криминалот во Топлификација
http://www.youtube.com/watch?v=e6LBQjcIu5c
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Фокус о објавен напис за струјата кој потекнува од почетокот на 2012.
http://fokus.mk/namesto-da-gradat-tsentrali-gruevtsi-potroshija-milijarda-dolari-za-uvoz-na-struja/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=namesto-da-gradat-tsentrali-gruevtsi-potroshija-milijarda-dolari-za-uvoz-na-struja

Написот завршува со констатација која гласи:
„Топланата ТЕТО, која е приватна инвестиција, профункционира годинава, иако требаше да биде готова лани. “

Ете одамна помина и тоа „лани “. ТЕ - ТО е готова да функционира но не фукционира и никогаш нема да профункционира
Да Ве подсетам на бројките.
ТЕ - ТО троши 57 илјади метри кубни гас за еден час. Гасот чини 466 долари за илјада метри кубни гас. Што значи еден месец работа на ТЕ - ТО само за гас чини
57 илјади м3 * 24 часа * 30 дена * 466 долари = 19 124 640 долари = 13 899 731 eвра
ТЕ - ТО има 215 MW и тој за еден месец може да произведе
215 MW * 24 часа * 30 дена = 154 800 MWh струја
Цената на еден MWh струја, на берзите е нешто преку 40 евра. Но да земеме дека оваа струја ќе се продаде за 50 евра за еден MWh
Во тој случај ТЕ - ТО за струјата ќе наплати
154 800 MWh * 50 евра = 7 740 000 евра
Раликата помеѓу колку требе да се плати за гасот и колку ќе се наплати за произведената струја изнесува
13 899 731 eвра - 7 740 000 евра = 6 159 731 евра
Овие пари треба да ги „ субвенционираат “ корисниците на парно. Тоа е во суштината на бизнис планот на хаџимафија.
Ако ТЕ - ТО работи само 3 месеци, Скопјани треба да „ субвенционираат “
6 159 731 евра * 3 месеци = 18 479 193 евра
Сите корисници и исклучени и неисклучени се 28 000
За да се ова субвенционира секој од нив треба просечно да плати
18 479 193 евра : 28 000 = 660 евра
Ова го напишав, затоа што слушнав муабет дека власта дрши високи цени на парното и ги присилува исклучените да плаќаат за да ТЕ - ТО проработи. Ако е тоа вистина, тоа покажува дека властодржците не знаат математика, Затоа Ве молам, ако ги сретнете, да им ја покажете оваа пресметка и да има препорачате да ја следат темата Математичка мистерија
 
Член од
13 ноември 2007
Мислења
6
Поени од реакции
2
Не се разбирам многу со нашиве закони, ама бидејќи Балкан енерџи е приватна фирма и бидејќи нивните цевки минуваат низ наш личен имот, дали е можно да ги тужиме и да бараме "ќирија" за тие цевки, исто и за штета што може да настане во случај да попуштат тие цевки од дедо ное поставени ?
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Не се разбирам многу со нашиве закони, ама бидејќи Балкан енерџи е приватна фирма и бидејќи нивните цевки минуваат низ наш личен имот, дали е можно да ги тужиме и да бараме "ќирија" за тие цевки, исто и за штета што може да настане во случај да попуштат тие цевки од дедо ное поставени ?
Bi trebalo
 
Kajgana Shop

На врв Bottom