Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера и јас добив покана за рочишиште. Судењето ми е закажано за 9 јуни.
Во моментов ја разгледувам ситуацијата и вршам консултации. Планирам жестоко да возвратам. За се ќе Ве известувам
Силно пејте ја нашата песна:
Падај сило и неправдо.
http://www.youtube.com/watch?v=J0YjGOHyEn0
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ,

Поднесок е начин на писмена комункација со судот додека трае постапката. Со поднесок се доставуваат и докази. Добро е да секој од исклучените поднесе неколку поднесоци. Тоа ќе ни користи и сега но и во постапката по жалба, ако не осудат.
Затоа, во наредниот период, ќе Ви подготвам неколку поднесоци. Вие направете copy-paste, ставете ги Вашите податоци, средете го и дополнете го текстот, направете три примероци и поднесете го во писарницата на судот. За поднесување поднесок, нема никакви трошоци. Шалтерите 1 и 2 во судската писарница се наменети за прием на поднесоци и нема гужва. Може да се прати и препорачано по пошта, но тогаш треба да платите за поштарина.
Еве го текстот:
Број на предметот( според поканата за рочиште 7 ПЛ1-П-1288/14)

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ДОВЕРИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ДОЛЖНИК: (Име и презиме), ул. (Име на улицата број бб), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( сума која е на поканата) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 1 ОД ДОЛЖНИКОТ

Со овој Поднесок број 1 , Должникот, бара како релевантени докази, Судот да ги прифати Решението У. бр. 125/2012 кое Уставниот суд на Република Македонија го донесе на 22. 05. 2013., и Одлуката УП1 Бр. 11-293/12 која Регулаторната комисија за енергетика ја донесе на 31. 12. 2012 и е објавена во Службениот весник на Република Македонија број 173/2012.

Оваа Решение и оваа Одлука се доказ дека Балкан Енерџи, ДООЕЛ неосновано се повикува на Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/1 ( Службен весник на Република Македонија број 97/2012 ), кога бара исклучените нему да му плаќаат.

Обврската исклучените да плаќаат е наметната со член 66 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/1.

Уставниот суд во Решението У. бр. 125/2012, утвди дека одредбите од член 66 се од темпорален карактер и нивното дејство завршило на 01. 10. 2012 и по тој датум веќе не се во правниот поредок на Република Македонија.

Со Одлуката УП1 Бр. 11-293/12, Регулаторната комисија за енергетика, дури на 31. 12. 2012 му доделила лиценца на Балкан Енерџи ДООЕЛ. Што значи, одредбите на член 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/1 не биле во сила, ниту кога Балкан Енерџи ја добил лиценцата, ниту подоцна, ниту денес.

Член 66 од овие Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/1, во целост гласи ( цитат ):

„(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.

(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот. “ ( крај на цитатот )

Во Решението У. бр. 125/2012, кое го донесе Уставниот суд, точка 14 се однесува на член 66. Точка 14 во целост гласи ( цитат ):

„ 14. Со член 66 став 1 од Правилата, кој е систематизиран во главата 15. Преодни и завршни одредби, се пропишува дека со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

Според ставот 2 на овој член, сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

Тоа значи дека со овие одредби се воведува задолжителна обврска за сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување, во еден преклузивен рок да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветен снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција, а во спротивност се должни да плаќаат надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија.

Поаѓајќи од ваквата цел на одредбите, кои по својата природа се преодни одредби кои имаат темпорален карактер, кој се исцрпел по определениот краен рок за нивната примена (01.10.2012 година ), Судот оцени дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок, односно дека постојат процесни пречки за постапување по иницијативата и дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија за отфрлање на иницијативата во овој дел.“ ( крај на цитатот )

Од Одлуката УП1 Бр. 11-293/12, донесена од Регулаторната комисија за енергетика е видливо дека Балкан Енерџи ДООЕЛ, добил лиценца од денот на објавување на Одлуката во Службениот весник на Република Македонија, а тоа се случило од 31. 12. 2012.

На крај Должникот ќе истакне дека, од голем значај за неговата одбрана, е Судот да ги прифати како докази Решението У. бр. 125/2012 и Одлуката УП1 Бр. 11-293/12. Со одредбите на член 66 беше предвидена должност на исклучените да склучат договор, но истовремено беше предвидена и должност на снабдувачот да им достави договор. А според Одлука УП1 Бр. 11-293/12., во времето додека одредбите на член 66 биле на сила, Доверителот немал лиценца, така да било кој исклучен и да сакал, не можел со него да склучи договор. Од друга страна, во времето додека одредбите на член 66 беа во сила, на Должникот, ниту еден снабдувач не му достави договор како што беше предвидено во став 3 од член 66.

Во Скопје на 01. 05. 2014. Должник: ( Име и презиме )

Трошковник:

1.Пишување на поднесок ............................. 1000 денари
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА Исклучените
Следниот наш чекор ќе биде ние на БЕГ да му доставиме фактура за „ поминување на цевки ’, по два дена ќе му доставиме опомена и веднаш по тоа ќе поднесеме противтужба во суд
Еве како треба да изгледаат
................................опомена ..........................
До Снaбдување со топлина Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ Скопје,

( нивна адреса )

Од (Ваше Име и презиме), ул. ( Ваша адреса), Скопје
Предмет: Фактура
Ф А К Т У Р А број БЕГ 1/2013
1. Вкупни трошоци за топлина која Ви е

испорачана со „поминување на цевки “ и

„ топли ѕидови “. И трошоци за инвестиционо

и тековно одржување на инсталацијата, за

прво полугодие 2013 година, се вкупно:............................................18500 денари

Ве молам Вашиот долг да го платите со поштенска уплатница на мојата адреса:

( Ваше име презиме и адреса ), Скопје

Рок за плаќање 2 дена од приемот на фактурата.

Во случај на доцнење на плаќањето, пресметувам законска камата
Во Скопје, на 05. 05. 2014 Фактурирал

( Ваше име и презиме )
....................опомена ...........



До Снабдување со топлина, Балкан Енерџи ДООЕЛ,

( нивна адреса )Скопје,


Од ( Ваше име презиме и адреса ), Скопје


Врска: Моја Фактура со број БЕГ 2013/1



Предмет: Опомена


Во моментот на изготвување на овој допис, согласно мојата финансиска евиденција, имате неплатена Фактура број БЕГ 1/2013 со вредност 18500 денари, која требаше да ја платите до 07. 05. 2014.

Вие се уште не сте ја платиле оваа Фактура, затоа Ве молам да го платите гореспомнатиот долг во најскоро време, во спротивно ќе бидам приморам да го утужам ова побарување.



08. 05. 2014 ( Ваше име и презиме )
..................................................................противтужба......
Број на предметот (според поканата за рочиште )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

Противтужител: ( Ваше име презиме и адреса ), Скопје

Противтужен: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ВРЕДНОСТ: 18500 денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПРОТИВТУЖБА за неплатен долг – согласно член 179 од ЗПП

I.Demonstartio

Противтужениот - Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје, му долгува на Противтужителот 18500 денари, врз основ на веродостојана исправа, Фактура БЕГ 1/2013, која му е врачена на ( дата кога сте им поднеле фактура ) година и која Противтужениот ја примил со штембил и влезен број ( приемниот број ) .

( Доказ: Во прилог се доставува фотокопија од Фактурата )

За плаќање оваа Фактура , на Противтужениот му е врачена Опомена, која тој ја прими со штембил и влезен број на ( датум кога сте ја поднеле опомената и приемен број )

( Доказ: Во прилог се доставува фотокопија од Опомена )

Оваа Фактура, Противтужениот сеуште не ја платил, ниту на неа вложил приговор. Сега оваа Фактура е предмет на оваа Противтужба

II. Iustus titulus

Правен основ за оваа побарување е член 199 од Законот за облигациони односи ( Службен весник на Република Македонија број 18/2001 ) и член 109 од Законот за сопственост и други стварни права ( Службен весник на Република Македонија број 18/2001 )

Член 199 од Законот за облигациони односи гласи:

„ (1) Кога дел од имотот на едно лице премине на било кој начин во имотот на некое друго лице, а тоа преминување нема своја основа во некоја правна работа или во законот, стекнувачот е должен да го врати тој дел од имотот, ако тоа е можно, а инаку е должен да ја надомести вредноста на постигнатата корист.

(2) Под премин на имотот се подразбира и стекнување на корист со извршено дејствие.

(3) Обврската за враќање, односно за надомест на вредноста настанува и кога нешто ќе се прими со оглед на основот што не се остварил или кој подоцна отпаднал. “

А член 109 од Законот за сопственост и други стварни права гласи:

„ Сопствениците на посебните делови се должни да учествуваат во тековното и инвестиционото одржување на заедничките делови од зградата сразмерно со вредноста на нивните посебни делови според вкупната вредност на целата зграда, а ако заедничките делови се во функција само на некои делови од зградата сразмерно со вредноста на тие делови според вкупната вредност на оној дел од зградата во кој се наоѓаат тие делови. “

III. Еxplicatio

Противтужителот, е етажен сопственик на посебен дел од зграда ( стан ). Во зградата постои и инсталација за централно затоплување ( подстаница и цевководна мрежа ), чии сопственик е делумно и Противтужителот. Со помош на оваа инсталација Противтужениот, врши стопанска дејност, односно ги затоплува соседите кои се уште не се исклучиле и со тоа стекнува материјална корист. Меѓутоа, според член 109 од Законот за сопственост и други стварни права, Противтужителот е должен да учествува и тој учествува во тековното и инвестиционото одржување на таа инсталација и за тоа има трошоци, кои би ги немал во случај Противтужениот да не стопанисува.

Противтужителот живее во својот стан и нон-стоп и дење и ноќе го затоплува, на повисока температура од колку што Противтужениот ги затоплува своите корисници. И не само тоа, Противтужениот, секој ден ноќе, од 21 часот навечер до 6 часот наутро, а често и во текот на денот, воопшто не ги затоплува своите корисници. Во тие временски интервали низ цевките циркулира наполно студена вода. Општо е познато дека топлината преминува од потопли на кон постудени тела. Во временските интервали, кога низ цевките циркулира студена вода, дел од оваа топлина, која Противтужителот, ја купил и платил, со појавите „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови“, од неговите топли просторији преминува на цевководната мрежа.Во цевководната мрежа циркулира вода и на тој начин таа топлина се пренесува не само на соседните станови, туку и на сите други станови кои Противтужениот ги затоплува, бидејќи истата вода циркулира низ целата мрежа. Што значи за оваа топлина, која ја платил Противтужителот, Противтужениот ја наплатува од своите потрошувачи низ целата мрежа и со тоа има материјална корист.

Противтужителот, за ова нема договор Противтужениот. Затоа бара, согласно член 199 од Законот за облигациони односи, Противтужителот да му ја врати оваа топлина или за неа да му плати.

IV. Petitio

Поради ова Противтужителот бара:

ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ, да донесе:

ПРЕСУДА

Противтужбеното барање на Противтужителот, ( Ваше име и презиме ) од Скопје, се усвојува и cе задолжува Противтужениот, Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје да му плати на Тужителот 18500 денари и законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБРМ, зголемена за 8 поцентни поени, сметано од ( дата кога е валутата на фактурата)., се до конечната исплата на долгот.

Истовремено се задолжува Противтужениот да ги плати сите трошоци на спорот, колку што ќе изнесуваат.


Прилог:

- Фактура БЕГ 1/2013,

- Опомена


Во Скопје на 09. 05. 2014 Противтужител: ( Ваше име и презиме )


Трошковник:

-пишување на противтужба 2250 денари
.................... направете копи пејст ставете Ваши податоци и терајте
Ако некој сака да го добие овој текст во Ворд, нека ми пише на ПП
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве го и вториот поднесок - за да бидеме тужени, ние треба да имаме пасивна легитимација - да имаме договор со тужителот. Ние немаме договор, затоа со овој поднесок истакнуваме приговор за немање пасивна легитимација:
....................................................
Број на предметот (Вашиот број според поканата за рочиште )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше Име и Презиме ), ул. ( Ваша адреса) , Скопје

ВРЕДНОСТ: ( од решението ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 2 ОД ДОЛЖНИКОТ

Со овој Поднесок број, Должникот приговара дека можел да биде тужен, односно Должникот истакнува приговор за немање на пасивна легитимација.

Образложение:

Тужениот со Тужителот нема склучено договор за снабдување со топлинска енергија, како што е предвидено во член 118 став 1 од Законот за енергетика и во член 6 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/. Така да тој со Тужителот не се наоѓа во било какви имотно-правни односи, односно должничко-доверителски односи. Правилата за снабдување со топлинска енергија не можат да се сметаат како договор или како замена за договор ниту како неформален договор, бидејќи и според Законот за енергетика и според Правилата за снабдување со топлинска енергија предвидено е задолжително склучување на договор. Oд друга страна, според член 120 став 1 од Законот за енергетика е предвиден слободен избор на снабдувач. Тужениот го нема одбрано Тужителот како снабдувач. Според ова, Тужениот воопшто не ни можел да биде тужен, затоа истакнува приговор за немање пасивна легитимација.

Во Скопје на 07. 05. 2014 Тужен: ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ
Според Законот за парнична постапка имаме право да бараме судот да не ослободи од плаќање на трошоци:
Еве како гласат тие одредби:
Ослободување од плаќање на трошоците на постапката
Член 163
(1) Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
(2) Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
(3) Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство.
(4) При донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странката и приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство.
Член 164
(1) Одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката ја донесува првостепениот суд по предлог на странката.
(2) Странката е должна кон предлогот да поднесе уверение од надлежниот орган на државната управа за својата имотна состојба.
(3) Во уверението за имотната состојба мора да се назначи износот на данокот што го плаќа домаќинството и одделни членови на домаќинството како и други извори на нивните приходи и воопшто имотната состојба на странката на која и се издава уверението.
(4) Поблиски прописи за издавање на уверенија за имотната состојба донесува органот определен со посебен пропис.
(5) Кога е тоа потребно и самиот суд може по службена должност да ги прибави потребните податоци и известувања за имотната состојба на странката која бара ослободување, а може за тоа да ја сослуша и противната странка.
(6) Против решението на судот со кое се усвојува предлогот на странката не е дозволена жалба.
Член 165
(1) Кога странката наполно е ослободена од плаќање на трошоците на постапката (член 163 став (2)), првостепениот суд по нејзино барање ќе определи да ја застапува полномошник, ако тоа е нужно заради заштита на правата на странката.
(2) Странката на која и е назначен полномошник се ослободува од плаќање на трошоците и наградата на назначениот полномошник.
(3) Полномошникот од редот на адвокатите го назначува претседателот на судот.
(4) Назначениот полномошник може од оправдани причини да бара да биде разрешен. За тоа одлучува надвор од главната расправа претседателот на советот, а на расправата советот. Против одлуката на судот со која се разрешува полномошникот не е дозволена жалба.
(5) Против решението на судот со кое се усвојува барањето на странката за назначување на полномошникот не е дозволена жалба.
Член 166
Кога странката е наполно ослободена од плаќање на трошоците на постапката (член 163 став (2)), од средствата на судот ќе се исплати аванс за трошоците на сведоците, вештаците, преведувачите, толкувачите, за увид и за издавање на судски оглас, како и трошоците на поставениот полномошник.
Член 167
(1) Решението за ослободување од плаќање на трошоците и за назначување на полномошникот првостепениот суд во текот на постапката може да го укине ако утврди дека странката е во состојба да ги поднесува трошоците на постапката. Притоа, судот ќе реши дали странката наполно или делумно ќе ги надомести и оние трошоци и такси од кои порано била ослободена, како и трошоците и наградата на назначениот полномошник.
(2) Првенствено ќе се надоместат износите исплатени од средствата на судот.
...........................................................................

Како што гледате не е предвидена некоја минимална граница, односно секој може да побара ослободување од плаќање.
Ви препорачувам обавезно да поднесете ваков предлог барање, без обзир колкави приходи имате. Нека не одбијат, важно е ќе помине време бидејќи судот ќе треба да одлучи за ова барање.
Инаку уверение за имотна состојба се вади во бараките на Советот на Скопје во Парк. За вадење се плаќа такса од 50 денари. Таксата се плаќа на лице место со картица, а кој нема картица мора во пошта да плати
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ
Еве го и третиот поднесок
Со првиот поднесок покажавме дека член 66 од правилата веќе не важи, со вториот покажавме дека неможат да не тужат.
Со третиов покажуваме дека тие немаат право да не тужат
......................................................
Број на предметот (Вашиот број според поканата за рочиште )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше Име и Презиме ), ул. ( Ваша адреса) , Скопје

ВРЕДНОСТ: ( од решението ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 3 ОД ДОЛЖНИКОТ

Со овој Поднесок број 3, Тужениот приговара и докажува дека Тужителот не може да тужи за топлина која наводно ја испорачал со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “, односно Тужениот истакнува приговор дека Тужителот нема активна легитимација.

Топлината која исклучените наводно ја добиваат со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ не припаѓа на Тужителот Снабдување со топлина Балкан Енерџи, туку припаѓа на сеуште приклучените соседи.

Во топлотната подсаница се врши мерење на испорачата топлинска енергија и врз основ на тоа мерење, приклучените плаќаат. После подстаницата, топлината припаѓа на тие кои ја купиле и платиле, а тоа се приклучените соседи. Ова произлегува од одредбите на Законот за енергетика и од фактичката состојба

Докажување:

Според членовите 119 став 1 и член 120 став 2 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 16/2011 ), мерните уреди се наоѓаат на влезот на топлотните подстаници.

Член 119 став 1, гласи:

„ (1) Мерните уреди на излез од производната постројка и мерните уреди во топлинските потстаници преку кои објектите на потрошувачите се приклучени на дистрибутивната мрежа се во сопственост на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија.

Член 120 став 2

„ (2) Снабдувачот со топлинска енергија, врз основа на отчитувањата на мерните уреди и отчитувањата на уредите за локално распределувањеод членот 119 став (4) од овој закон, врши фактурирање и наплата на испорачаната топлинска енергија на потрошувачите по цена која што се состои од: просечната цена на топлиската енергија од членот 116 ставот (7) од овој закон за пресметковниот период определен во согласност со правилникот од членот 113 став (5) од овој закон, тарифата за користење на дистрибутивниот систем и надоместокот за снабдување со топлинска енергија. “

Оваа е така и во праксата. Топлификација испорачува топлина до топлинската подстаница. Тука испорачаната топлина се мери и се предава на корисниците кои за неа плаќаат. Топлинската енергија после топлинската подстаница е сопственост на потрошувачите кои ја купиле и за неа платиле. Без обзир колкава количина топлина добиле исклучените со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “, таа топлина ја добиле од своите сеуште приклучени соседи, а не од Тужителот. Впрочем и „ топлите ѕидови “ се помеѓу соседите.

Со ова се докажува дека Тужителот нема активна легитимација да бара да му се плати за топлината што исклучените наводно ја добиле со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “, бидејќи таа не е негова.


Во Скопје на 14. 05. 2014. Тужен: ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=16&vest=14084

На Телевизија Нова има емисија за исклчените од Менче Атанасова Точи. Емисијата трае 23 минути
Има изјави од исклучените
Гостин на емисијата е Стамен Филипов, најпознатиот правник во Македонија
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Немаме медиуми сем ако немаш некој другар доброволен прилог да направи инаку БЕГ ќе го јадат стапот кога тогаш правдата е спора ама ќе дојде.

Од турски БЕГОВИ ќе станат БЕГЕРС на англиски питачи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ
Оваа недела почнуваат судењата на исклучените.
Без обзир дали сте поднеле поднесоци Ви предлагам пред Судот ја дадедете следнава изјава:
...............................................
Негирам дека Тужителот нешто ми дал, или за мене нешто сторил, не сторил или трпел, за да јас сега возвратно му платам.

Негирам дека со Тужениот имам договор, јас не сум потрошувач на неговата топлинска енергија

Негирам дека постои закон, според кој јас сум обврзан да му платам.

Правилата за снабдување со топлинска енергија не се закон, туку се подзаконски акт со кој поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем. ( Член 28 став 2 од Законот за енергетика )

Судовите во Република Македонија судат врз основ на Уставот и законите ( член 2 став 1 од Законот за судови )

Регулаторната комисија за енергетика е надлежна да решава спорови кои настанале меѓу вршителите на регулираните дејности и нивните корисници. ( Член 22 став 1 точка 19, од Законот за енергетика )

Затоа барам Судот да ја отфрли Тужбата и да се прогласи за ненадлежен
...............................
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес присуствував на судењето и еве да Ве известам

Судењето беше во соба број 14 на трети кат
Салата не е мала. На чело седеше судиката и уште две жени, поротници. Десно имаше записничар кој се бележеше на машина за пишување.
Од десна страна на Судијката седеше Тужителот. Топлификација ја застапуваа две жени од некаква адвокатска канцеларија
Од лева страна Тужениот и неговиот адвокат
Јас седев на местата за публика. Има дваесетина места за седење за публика, што значи слободно поканете роднини, пријатели и тн
Најнапред зборуваа адвокатите на Топлификација, нешто неврзано, демек според правилата..
Но судијката ги прекина им рече, дека не дале одговор на приговорот, им даде рок од 8 дена да дадат одговор на приговорот. и закажа ново рочиште за 11 јули
И така се заврши.
Мене ми остави впечаток дека ќе имаме фер судења
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Мене ми остави впечаток дека ќе имаме фер судења
ова сериозно или во иронија?[DOUBLEPOST=1400827491][/DOUBLEPOST]за долг од 2000денари 35 000 затезна камата за 10 години ова е класично рекетирање.

АKЦИЈА ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИТЕ

СТАРАТА „ТОПЛИФИКАЦИЈА“ ЌЕ НАПЛАТИ 15.000 СМЕТКИ ПРЕКУ ИЗВРШИТЕЛИ

http://dnevnik.mk/?ItemID=A91CC1E8F38C1546A9AE13C7017DA10A
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ова сериозно или во иронија?
Сериозно.
Адвокатката на Топлификација веднаш почна .... еве има докази... според правилата... ., но Судијката ја прекина и рече немате одговор на приговорот - дајте одговор.
Ќе видиме како понатаму ќе ни судат, но ова реакција е ОК. Ќе одам и на други судења и ќе Ве известам.
И моето судење е на 09. 06. 2014. Јас посебно се подготвувам, до сега имам поднесено 11 поднесоци а планирам да поднесам уште неколку. Ќе Ве известам како мене ќе ми судат
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
„Топлификација“ наплаќа стари долгови за парно, граѓаните револтирани!
Старата „Топлификација“наплаќа долгови. Овие денови кај извршители се пратени 15.000 предмети за долгови на граѓани од 1.000 до 2.000 денари, пишува Дневник.
Граѓаните се револтирани, голем дел од нив сметаат дека не должат за парно греење на Топлификација, а сега наместо компанијата тие треба да шетаат низ бирократските лавиринти, нотар – извршител – шалтери на „Топлификација“ за да однесат доказ дека ништо не должат. Спред Дневник , граѓаните се револтирани и поради трошоците за блокада и одблокада на сметка, односно банкарската провизија која се движи од 800 до 1.200 денари, во зависност од банката.



Нели треба да се заземат владините институции или правобранителот можеби да ги одбранат граѓаните од дивеењето на овие сервиси (греење, струја, вода...) заедно со нотарите, извршителите и банкарите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom