Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
14 ноември 2011
Мислења
142
Поени од реакции
363
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најавена тужба против Регулаторна комисија, во тек собирање потписи, инфо тука:

http://forum.kajgana.com/threads/Тужба-против-регулаторна-комисија-засегнати-со-топлификација-прочитајте.73715/
Бев и се потпишав.
Луѓето кои ова го организираат се добри луѓе и сериозни луѓе и на сериозни години, затоа на сите Ви препорачувам, одете потпишете се.
Инаку огромен е бројот на граѓани кои се потпишаа. Дури и тие кои собираа потписи беа изненадени од големиот број на потписници
Затоа одете потпишете се - заедно сме посилни!
Ништо нема да изгубиме, а само може да добиеме
 
Член од
17 декември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1
Vo red e ovaa inicijativa, no mislam deka treba da bide na nivo na cel grad Skopje, a ne samo za Novo Lisice i Aerodrom.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Vo red e ovaa inicijativa, no mislam deka treba da bide na nivo na cel grad Skopje, a ne samo za Novo Lisice i Aerodrom.
Можат сите граѓани да се потпишат. Јас живеам кај Зелен Пазар, но бев таму и се потпишав.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ
Еве го и приговорот број 4, со кој ја оспоруваме надлежноста на судот
...............................
Број на предметот (Вашиот број според поканата за рочиште )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше Име и Презиме ), ул. ( Ваша адреса) , Скопје

ВРЕДНОСТ: ( од решението ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 4 ОД ТУЖЕНИОТ

1. Тужениот приговара и ја оспорува надлжноста на Судот да суди во оваа парница и предлага Судот да ја отфрли тужбата како ненадлежен суд согласно член 15 став 2 од ЗПП.

Тужителот своето побарување го засновува врз основ на одредбите од Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/. Овие Правила ги донесе Регулаторната комисија за енергетика и тие не се закон за да овој Суд биде надлежен да суди врз основ на одредбите од овие Правила. Исто така, она што Тужителот бара да му се плати е некаква „ ангажирана моќност “. Тоа не е физичка величина, туку величина која се определува според пресметка определена во, подзаконскиот акт, Тарифен систем за продажба на топлинска енергија, кој е донесе од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Според А М А Н Д М А Н XXV став 1 од Уставот на Република Македонија и Член 2 став 1 од Законот за судовите, во Република Македонија судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот....

Затоа Тужениот истакнува приговор и ја оспорува надлежноста на овој суд да суди во овој спор и бара согласно член 15 став 2 од ЗПП, Судот да донесе решение, со кое ќе се прогласи за ненадлежен. Тужениот бара, Судот да се изјасни за својата надлежност пред одпочнување на расправата во спорот.


Во Скопје на 07. 05. 2014 Тужен: ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес мене ми судеа и еве да Ве известам
Ми судеше некоја судиика Гордана Билевска и всушност ништо не судеше туку го одложи судењето за 23 септември. Не ми даде ни да приговорам за било што.
Но направи една работа со која ја покажа својата намера:
Ја одби мојата противтужба бидејќи не сум платил такса ( противтужбата се смета за повлечена ) Јас сакав да приговорам но не ми дозволи, рече дека ќе ми пратела решение на кое ќе сум можел да се жалам.
Мислам дека се во право оние кои се сомневаат дека ќе имаме фер судење, мојов случај го покажува тоа.
Мислам дека сакаат со одлагања да не натераат што повеќе да платиме, за да „ покажат дека тие се власт и можат да прават што сакаат “. Тоа го потврдува и фактот што Топлификација за предметите на исклучените праќа професионални адвокати кои наплатуваат повеќе.
Навистина „ тие се власт “, секој криминалец им е помил од Народот, ама ние силно пееме
Падај сило и неправдо:
http://www.youtube.com/watch?v=zkRBNyaTmqw
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Оваа недела присуствував на три судења
Сите три судења се одложени за септември и подоцна
На едното судење се случи нешто што е интересно- Топлификација достави некакви докази. Тие докази беа финансиската картичка, писмо кое им го пратила регулаторна, една одлука на уставен и правилата.
Ако некој добил вакви докази треба да се произнесе по нив и да каже или напише дека тие докази не се релевантни.
Деновиве ќе напишам зошто ваквите докази не се релевантни

Се на се станува се поочигледно дека цел на овие судења е да не малтретираат, и што повеќе да не казнат, за да покажат дека тие се силни и дека „ многу ја сакаат Македонија “, а од се најмногу ги сакаат парите на граѓаните
Тие се силни, но и ние силно пееме - Падај сило и неправдо
http://www.youtube.com/watch?v=zm1b7zcKdaE
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Главна вест на насловите страни е дека власта ќе ги отпишувала долговите за парно, струја и тн, ама не на сите, туку само за ептен, ептен, ептен сиромасите
Ние кои се исклучивме од Топлификацијата воопшто немавме долгови. Топлификација ништо не ни дала и ништо не должиме. Власта донесе правила и не задолжи и сега сме должни до гроб и после гроб. Сега ќе ги отпишувале долговите.
Како не им е срам!
Еве два написа за ова. Во нив има и мој коментар кој се однесува на исклучените од Топлификација
http://www.plusinfo.mk/vest/141162/Vladata-kje-im-gi-prosti-dolgovite-na-socijalcite-i-na-nevrabotenite
http://www.utrinski.mk/?ItemID=4B4C33AC1C65FA419F43176EB00D23D3[DOUBLEPOST=1403347472][/DOUBLEPOST]И во Дневник е објавен мојот коментар за истото
http://dnevnik.mk/?ItemID=A557C7E43D5B7C488C157D3CAC043B1C
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Петиција од жителите на Ново Лисиче е упатена до Груевски и Иванов - извести Телма
има и видео
http://telma.com.mk/vesti/peticija-od-zhiteli-na-novo-lisiche-do-ivanov-i-gruevski
Утринава ми се јавија по телефон граѓани од Ново Лисиче и ме известија дека Кабинетот на Премиерот им одговорил на нивното писмо
Одговорот е позитивен:
Во писмото е изразена подршка на барањата на граѓаните
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За исклучените...
Има исклучени каде сметките доаѓаат на име на некој покоен или одселен, поранешен.
Таквите сметки воопшто да не ги плаќате дури и да дојдат извршители
Ќе објаснам со пример
Во комшии имам сосед на кој татко му се исклучил од парно, за жал покасно и умрел
По смрта на татко му, синот го префрлил станот на свое име.
Од кога лепотаните донесоа одредби исклучените да плаќаат и нему почнаа да му доаѓаат фактури, ама на име на покојниот.
И ме праша што да прави - му реков ќути си
Дојдоа решенија од нотар... Тој не даде приговор... И еве ти му дојде решение од извршител ама на име на покојниот татко
Пак ме праша - што да правам - пак му велам ќути си
Му дошла извршителка дома и почнала да го заплашува и да вика - зошто не сте пријавиле дека човекот умрел - сега вие морате да платите - ако не платите ќе се случи ова она ....
И он, а посебно жена му многу се уплашија и пак дојдоа да прашаат што сега да праиме
Им реков ништо, ако пак дојде извшителката ќе и речете дека човекот е умрен, а умрените се враќаат за задушница, па во тоа време нека иде на гробишта и нека наплати од покојниот
Шега на страна....
Ако имате ваков или сличен случај да фактурите, решенијата доаѓаат на име на покоен или одселен и слично, воопшто да не ги плаќате. Решенијата од извршителите се на име. Извршителот не може да наплати од друг за тој долг. Мора да има друго решение. Топлификација ќе мора повторно да тужи на друго име, ама и тоа неможе бидејќи побарувањата застаруваат за една година и веќе се застарени
Значи не плаќајте решенија на друго име
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес бев на уште едно судење.
И ова судење го одложија за 16 октомври
Сега за сега ги одложуваат судењата.
Новина што послениве денови Топлификација доставува некакви докази
Тоа се фактурите или фотокопија од финансиска картичка; едно писмо кое регулаторна го пратила на топлификација, одлуката У,бр.125 на Уставен и Правилата за снабдување.
Кој добие вакви докази треба да даде поднесок со кој ги одбие овие докази и да поднесе контра докази
Ќе гледам деновиве да составам ваков поднесок....
Важно е да не се предадеме - ќе победиме!
Падај сило и неправдо!
//www.youtube.com/watch?v=gm6nNoipWFs
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како што ветив еве поднесок кој треба да ги поднесат тие кои ги добиле “ доказите “ од Топлификација:
...............
Број на предметот ( вашиот број )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме )од Скопје

ВРЕДНОСТ: (сумата од Вашиот предмет) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 5 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок,Тужениот, се обраќа на Судот и (А) Укажува дека Тужителот не се произнел по Приговорот кој Тужениот го поднесе на Решението донесено од Нотарот;(Б) Тужениот се произнесува во однос на доказите кои ги поднесе Тужителот (В) Тушениот доставува спротивни докази на доказите на Тужителот; (Г) Тужениот, се повикува на член 226 од ЗПП и предлага сведок, кој е неопходно Судот да го рапраша за да се докажат наводите на Тужениот.

А. Тужениот приговара и укажува на Судот дека Тужителот не се изјаснил за содржината на Приговорот кој Тужениот го истакна на Решението донесено од Нотарот, ниту достави докази за своето твдрње дека навистина „ наводите изнесени во овој Приговор се неосновани.“

Приговорот на Тужениот, во оваа парница, представува одговор на тужба. Во неа Тужениот се изјасни во однос на ставовите од тужбата и негираше ставови од тужбата. Сега Тужителот, наместо да ги докаже своите тврдења бара од овој Суд да го отфрли приговорот и да реши дека „ наводите на тужениот изнесени во приговорот се неосновани во целост “. Но никаде не објаснува што е тоа што е неосновано во целост, зошто е неосновано, и со што Тужителот докажува дека е тоа навистина неосновано во целост.

Затоа Тужениот останува на својот Приговор на Решението донесено од Нотарот во целост.

Б. Тужениот се изјаснува дека се противи четирите докази кои Тужителот ги предложи да бидат изведени во оваа парница. Тие предложени докази се: (1) Фактурите, односно извод од заверена деловна книга. (2) Писмо број 11 – 1508/2 од 12. 09. 2013 кое Претседстелот на Регулаторната комисија, господин Димитар Петров го доставил на Управителот на Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ господин Методија Стојчев; (3) Одлуката У.бр. 125/12 од 10. 07. 2013 година, на Уставен суд на Република Македонија; (4) Правилата за снабдување со топлинска енергија

Во продолжение на текстот, под реден број од 1 до 4, Тужениот ќе го образложи ова противење за секој од предложените докази.

1.Тужениот се изјаснува за доставениот доказ – фактура,извод од заверена деловна книга и финансиска картица за клиент согласно евиденцијата на Тужителот.

Тужениот укажува на Судот, дека Тужителот сам ги пишувал тие фактури и заверени или не заверени книги и финансиски картици. Во нив е напишано што Тужителот мисли дека Тужениот наводно му долгува. И тие фактури не се доказ за било што друго освен за мислењето на Тужителот. Тужениот не го оспорува правото на Тужителот да има свое мислење, но неговото мислење не е доказ за постоење обврска. Тужениот негира дека има обврски кон Тужителот. Меѓутоа, со мислења, со фактури, со заверени или не заверени деловни книги и финансиски картици не се утврдуваат обврски. Само надлежен суд, во постапка утврдена со закон може да утврдува обврски. Затоа Тужениот бара овој Суд да ги утврди наводните обврски на Тужениот. Тие фактури ја „ одиграа својата улога “. Врз основа на нив Тужителот поднел предлог до нотарот, нотарот донел решение, Тужениот вложил приговор на тоа решение во кој ги негира тврдењата на Тужителот и сега предметот пред овој Суд. Овој Суд сега треба да утврди, дали постојат и колкави се вистинските обврски на Тужениот, а не да утврдува што Тужителот мисли и што сам си напишал фактурите и своите деловни книги и финансиски картици.

Член 38 став 1 од ЗОО гласи: „(1) Договорната обврска може да се состои во давање, сторување, несторување или трпење.; Член 8 став 1 од ЗОО гласи:„ (1) Во засновувањето на двострани договори, учесниците тргнуваат од начелото на еднаква вредност на заемните давања. “

Тужениот бара, Тужителот пред овој Суд да достави докази што тој на Тужениот му дал, или за него сторил, несторил или трпел и сега бара тој возвратно за тоа да му плати. А што тој мисли и што сам си напишал во својата деловна книга и својата финансиската картица не е доказ за постоење на обврска.

Тоа се причините поради кои Тужениот предлага овој Суд, фактурите односно финансиската картичка да не ја изведува како доказ, за постоење на обврска.

2. Вториот доказ кој Тужителот го доставил е писмо број 11 – 1508/2 од 12. 09. 2013 кое Претседстелот на Регулаторната комисија, господин Димитар Петров го доставил на Управителот на Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ господин Методија Стојчев.

Наводните долгови за кои се води оваа парница се за месеците јануари, февруари, март и април 2013., што значи писмото потекнува повеќе месеци по пероидот кога се настанати наводните побарувања и воопшто не е релевантен доказ.

Во самото писмо, уште во првиот пасос, е наведено дека се работи за мислење кое Регулаторната комисија го дава. Во следните три пасоси е образложено тоа мислење. Надлежностите на Регулаторната комисија се наброени во член 22 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 18/2011). Судот може да го погледа овој Закон и да се увери дека во член 22 од Законот за енергетика се наброени 25 точки надлежности. Во ниту една од овие точки не е наведено дека Регулаторната комисија е надлежна да издава мислења, ниту дека таквите мислења ќе имаат правно дејство. Секако дека секој, па и Регулаторната комисија за енергетика и Тужителот, има право на мислење, со Уставот е гарантирана слободата на мислење и уверување, но ничие мислење никого не обврзува.

Тоа се причините поради кои Тужениот предлага овој Суд да не го изведува како доказ ова мислење.

3. Третиот доказ кој го предложи Тужителот е Одлуката У.бр. 125/12 од 10. 07. 2013 година, на Уставен суд на Република Македонија. Тужителот тврди дека со оваа Одлука Уставниот суд ја наводно ја потврдил обврската на исклучените потрошувачи да плаќаат надоместок за ангажирана моќност согласно со член 66 став 1 и 2 и член 53 став 3 од Правилата за снабдување со топлинска енергија.

Ова тврдење на Тужителот е срамна лага.

Тужителот има вработени кои се по занимање правници. Полномошнокот е Тужителот е по занимање Правник, со работно искуство и со полжен правосуден испит. И срамно е да еден Правник, со работно искуство и положен правосуден испит мами дека со оваа Одлука се „ потврдила обврската “. Секој правник, знае кои се надлежностите на Уставниот суд на РМ и знае дека Уставниот суд, никогаш не „ потврдил било каква обврска “, едноставно тој нема надлежности да „ потврдува обврски “

Одлуката У.Бр. 125/2012-0-1 на Уставниот суд на РМ, е објавена на страна 51 во Службениот весник на Република Македонија број 102/2013 од 18 јули 2013. и секој може да ја прочита. Овој Суд може да ја прочита оваа Одлука и да види дека Одлуката У.бр. 125/12 се однесува на членовите член 13 и член 53 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија и овие членови се укинати со оваа Одлука. Член 13 се однесуваше на обврските на управителите на зградите да ги „ кодошат “, односно да ги пријават своите соседи, кои нелегално користат топлинска енергија, а член 53 став 1 се однесуваше на обврската, тие кои се исклучуваат да бараат согласност од соседите. За одредбите од член 66 и член 53 став 2 од Правилата нема ниту збор, ниту тие членови некаде се спомнуваат во Одлука У.бр. 125/12. И не само тоа, во целиот текст на оваа Одлука ниту еднаш не се спомнуваат обврските на исклучените или нешто што барем асоцира на тоа. Во Одлуката У.бр. 125/12 никаде не се споменува ниту Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. Очигледно дека Тужителот мами и „ блефира “ кога тврди дека со оваа Одлука се „ потврдувала обврската “ и се „ потврдува примената на Тарифниот систем “, а тој ја нуди оваа Одлука да се изведе како доказ.

Тоа се причините поради кои, Тужениот се противи Одлуката 125/2012 на Уставниот суд да се изведува како доказ. Во таа Одлука нема било што би се однесувало на оваа парница.

4.Четвртиот документ кој Тужителот го понуди да биде изведен како доказ и кој го достави до Судот се Правилата за снабдување со топлинска енергија Бр. 01 – 1302/1, кои се објавени во Службениот весник број 97/2012. Во овие Правила се содржани членовите, член 66 и член 53 став 2 и 3 ( став 1 е укинат со Одлуката У.бр. 125/12 ). Тужителот тврди дека според одредбите на овие Правила исклучените треба да му плаќаат.

Тужениот се противи овие Правила да се изведуваат како доказ во оваа Парница од следниве три причини: (1) Според Уставот и законите, со правила неможат да се наметнуваат било какви обврски (2) Овој Суд не е надлежен да суди и своите пресуди ги заснива на било што друго освен на Уставот и Законите и (3) Ниту една одредба од овие Правила не се однесува на Тужениот и наполно е ирелевантно за оваа парница какви одредби има во овие Правила.

Објаснување за (1) – Правилата за снабдување со топлинска енергија се подзаконски акт. Република Македонија е Држава во која владеат Законите. Основен принцип на Владеењето на Законите е дека било какви ограничувања на слободата, не можат да им се наметнат на граѓаните, на ниту еден друг начин освен со Уставот и законите. Во членот 8 од Уставот се наброени темелните вредности на уставниот поредок во Република Македонија. Последниот став од член 8 од Уставот гласи: „ Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането. “. Ова е потврдено и со член 61 став 2 од Законот за работа на органите на државната управа ( Службен весник на Република Македонија број 58/2000) кој гласи: „ (2) Со актите кои ги донесува директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација не може за граѓаните и другите правни лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи. “

Објаснување за (2) – Тужениот приговара на надлежност на овој Суд за суди и своите одлуки да ги заснива врз основ од Правилата

А М А Н Д М А Н XXV став 1 од Уставот на Република Македонија гласи: 1. Судската власт ја вршат судовите. - Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.......

Член 2 став 1 од Законот за судови гласи: „ Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот....

Правилата за снабдување со топлинска енергија, ги донесе Регулаторната комисија за енергетика и тие не се закон за да овој Суд или било кој друг суд биде надлежен да суди и да своите одлуки ги заснива врз основ на одредбите од овие Правила. Ако овој Суд ги изведе како доказ Правилата, Тужениот автоматски вложува приговор за надлежноста на овој Суд.

Објаснување за (3) – одредбите од Правилата не се однесуваат на Тужениот.

Правилата за снабдување со топлинска енергија се засновани на одредбите од Законот за енергетика. Во член 28 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија 16/2011) е одредно на кого се однесуваат правилата кои ги донесува Регулаторната комисија за енергетика. Член 28 став 2 од Законот за енергетика гласи: „ (2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено: ....“.

Тужениот не е потрошувач на топлинска енергија, па да на него се однесуваа било која одредба од Правилата. Во Законот за енергетика јасно стои дека Правилата се интерен акт помеѓу снабдувачите и нивните потрошувачи и само на нив се однесуваат одредбите на Правилата.

Тужениот со Тужителот немат склучено договор за снабдување со топлинска енергија, ниту некогаш имал формален или неформален договор со него. Тужениот никогаш не бил „ вклучен “ кај Тужителот, па да сега биде некаков „ исклучен “. Тужениот со Тужителот не се наоѓа во било какви имотно-правни односи, односно должничко-доверителски односи. Правилата за снабдување со топлинска енергија не можат да се сметаат како договор или како замена за договор ниту како неформален договор, Во Законот за енергетика и самите Правила предвидено е потрошувачот и снабдувачот задолжително да склучат договор. Тоа е предвидено во член 118 став 1 од Законот за енергетика и во член 6 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија. Oд друга страна, според член 120 став 1 од Законот за енергетика е предвиден слободен избор на снабдувач. Тужениот нема пасивна легитимација.

Очигледно, Тужениот не е потрошувач, па него да се однесува било која одредбите од Правилата.

Тоа се трите причини поради кои Тужениот се противи Правилата за снабдување да не се изведат како доказ во оваа парница.

В. Тужениот предлага, во оваа парница, како докази пред овој Суд, да се извeде Одлуката УП1 Бр. 11-293/12, донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа Одлука, Тужителот, Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје има лиценца од 31. 12. 2012 кога е објавена ова Одлука во Службениот весник на Република Македонија број 173/2012 на страна 21. Ова е важен доказ, со кој се докажува во времето кога Тужителот добил лиценца, одредбите на член 66 повеќе не важеле.

Тужителот се повика на член 66 став 1 и 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, наведувајќи ги како основ според кој Тужениот треба да му плати на Тужителот. При тоа Тужителот ја прикрива вистината дек во член 66 од Правилата постојат одредби со се предвидени обврски и за другата страна, односно прикрива дека членот 66 од Правилата, нема 2 туку има 4 става. Член 66 во целост гласи:

(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.

(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот.

Самиот член 66 се наоѓа во поглавието „ преодни и завршни одредби “ од Правилата и е со темпорален карактер. Според ставовите 1 и 2, навистина се предвидени обврски за исклучените потрошувачи но според став 3 е предвидена обврска на снабдувачот да достави договор до исклучени потрошувачи до 01. 09. 2012

Според доказот кој Тужениот сега го предлага, Тужителот добил лиценца дури на 31. 12. 2012, така да ниту тој ја извршил обврската и доставил договори на исклучените, ниту некој и да сакал, со него можел да склучи договор според одредбите на член 66 од Правилата. Од друга страна Тужениот се исклучил пред да Тужителот добие лиценца.

Затоа Тужениот бара Одлуката УП1 Бр. 11-293/12, да се изведе како доказ бидејќи со неа се докажува дека Тужителот неосновано се повикува на член 66 од правилата и неосновано тврди дека Тужениот е некаков исклучен.

Г. Тужениот, се повикува на член 226 од ЗПП и предлага сведок, кој е неопходно Судот да го рапраша за да се докажат наводите на Тужениот. Тој сведок е господин Димитар Петров, Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, од Скопје

Димитар Петров, Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе сведочи Судот за да утврди две работи (а) и (б):

(а) Дека исклучените се задолжуваат со плаќање само на „ ангажирана моќност “. Дека таа ангажирана моќност не е некоја физичка величина туку е виртуелна величина која се определува со пресметка дефинирана , во подзаконскиот акт, Тарифен систем за продажба на топлинска енергија.

Ова е битно за одбраната на Тужениот, бидејќи овој Суд не е надлежен да суди врз основ на подзаконски акти, каков што е Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.

(б) Дека ангажиранта моќност се утврдува пред почетокот ма грејната сезона ( пред почетокот на август ) и дека се плаќа на 12 или помал број рати

Ова е битно за одбраната, Тужениот за да докаже дека побарувањата се застарени

(в) Дека во текот на 2013 година, Регулаторната комисија за два пати ја покачуваше цената на „ ангажираната моќност “ ( која ја плаќаат исклучените ), вкупно за 55,96% со обраложение дека цената на гасот се намалила!!!, за приближно 23%.

Ова е битно за одбраната на Тужениот, за да докаже дека единствена цел за донесување на одредбите исклучените да плаќаат е тие да се присилат повторно да се приклучат.

Тоа се причините поради кои Тужениот истакнува барање, господин Димитар Петров да биде распрашан како сведок во оваа парница.


Во Скопје на 18. 06. 2014 Тужен: ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес добив копија од писмото, со кое Кабинетот на Премиерот одговорил на Петиција од граѓаните од Ново Лисиче.
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес присуствував на уште едно судење на исклучен.
И ова судење е одложено за почетокот на октомври
За овој месец не сум поканет, да присуствувам, на други судења.
Слушнав дека постојат исклучени кои се веќе осудени. Ако има некој таков нека извести.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom