Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
14 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
363
Добив решение од нотар денес, за Снабдување Исток, сметки од 10-11-12/2012. Фино пополнето и фискализирано барање за исклучување од Топлификација склучено и потпишано на 14.07.2012.

Ова е во Ново Лисиче, едноцевен систем, најгорен кат од зграда. Сите станари на катот се исклучени. Никаква цефка од Топлификација не доаѓа до катот. Околу 7-10 стана се сеуште приклучени.

Решението е од извесен Златко Николовски.

Чаре? Врти сучи овој ќе прати на извршител за 8 дена а има наведено дека:
"Ненавремениот, недозволениот и нецелосниот приговор нотарот ќе го отфрли"

"Недозволен" и "нецелосен" не се дефинирани во било каква рамка.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Добив решение од нотар денес, за Снабдување Исток, сметки од 10-11-12/2012. Фино пополнето и фискализирано барање за исклучување од Топлификација склучено и потпишано на 14.07.2012.

Ова е во Ново Лисиче, едноцевен систем, најгорен кат од зграда. Сите станари на катот се исклучени. Никаква цефка од Топлификација не доаѓа до катот. Околу 7-10 стана се сеуште приклучени.

Решението е од извесен Златко Николовски.

Чаре? Врти сучи овој ќе прати на извршител за 8 дена а има наведено дека:
"Ненавремениот, недозволениот и нецелосниот приговор нотарот ќе го отфрли"

"Недозволен" и "нецелосен" не се дефинирани во било каква рамка.
Само 7 - 10 стана? А вие исклучените сте мнозинство?
Подстаницата и внатрешната инсталација не е во сопственост на Топлификација (самите се огарадуваа и праќаа писма за евентуални дефекти дека тие не се сопственици) , не може ли во ваков случај да и се забрани на Топлификација да стопанисува со вашата сопственост со одлука на куќен совет?
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
363
Два влеза се на една подстаница - немам увид колку вкупно станови се исклучени од двата влеза.

Ние потпишувавме петиција но изгледа освен слепа, правдата во земјава е и глувонема а воедно и параплегична.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Добив решение од нотар денес, за Снабдување Исток, сметки од 10-11-12/2012. Фино пополнето и фискализирано барање за исклучување од Топлификација склучено и потпишано на 14.07.2012.

Ова е во Ново Лисиче, едноцевен систем, најгорен кат од зграда. Сите станари на катот се исклучени. Никаква цефка од Топлификација не доаѓа до катот. Околу 7-10 стана се сеуште приклучени.

Решението е од извесен Златко Николовски.

Чаре? Врти сучи овој ќе прати на извршител за 8 дена а има наведено дека:
"Ненавремениот, недозволениот и нецелосниот приговор нотарот ќе го отфрли"

"Недозволен" и "нецелосен" не се дефинирани во било каква рамка.
Ова не е ништо ново - досега само овој Нотар има доставено решенија. Се работи за неколку згради во Ново Лисиче - последна 5 - ка
Потребно е да вложиш приговор. На самото решение пишува дека треба да платиш такса од 60 денари
Еве ти текст на приговор. Во горниот десен агол стави број УПДР од твоето решение стави свое име и презиме и сумите според твоето решение. Направи си копи пејст и среди си го текстот. Можеш и да допишеш што сакаш по твоја воља. И се разбира и помогни на соседите и тие да подготват приговор Копирај двострано во четири примероци, три ќе ти земат еден да ти остане
.............................
Број на предметот УПДР 1231/13


Преку Нотар Златко Николовски- Скопје, Улица: Љубљанска бб Скопје

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ДОВЕРИТЕЛ: Снабдување Исток., дооел , Скопје

ДОЛЖНИК: хххххххххххххх, ул В.С. Бато бр хх – хх/хх, Скопје


ВРЕДНОСТ: 2951 денари


ПРЕДМЕТ: Долг


ПРИГОВОР ОД ДОЛЖНИКОТ


против Решението со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа.

Со Решението за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа на Нотарот Златко Николовски- Скопје од Скопје, со број УПДР 1231/13, Должникот е задолжен во рок од 8 дена од приемот на Решението, да му плати на Доверителот, пристигнатото парично побарување, врз основа на фактурите број 10/2012 – 402 денари; 11/2012 - 710 денари и 12/2012 – 699 денари. во вкупен износ од 1811 денари, и законска казнена камата и други трошоци во висина од 1140 денари, што вкупно изнесува 2951 денар.

Должникот го поднесува овој Приговор против Решението со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа и му предлага на Судот да го укине наведеното Решение и да го одбие Предлогот за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа. Во овој Приговор Должникот приговара и негира за следново:

1. Должникот негира дека Доверителот му испорачал топлина или нешто друго му дал, или за него нешто сторил, несторил или трпел за да Должникот сега возвратно му плати.

2. Должникот негира дека го одбрал овој Доверител како снабдувач. Според член 120 став 1 од Законот за енергетика е предвиден слободен избор на снабдувач на топлинска енергија. Должникот, како снабдувач не го одбрал овој Доверител.

3. Должникот негира дека постои договор или закон според кој тој е обврзан да му плати на Доверителот.

4. Должникот негира дека овие три фактури му се било кога врачени. Тој за нив сега првпат слуша.

5. Должникот ја негирам точноста на сумуте во фактурите и на податоците според кои се пресметани тие суми. Доверителот користи начин на мерење на потрошената топлинска енергија кој не е точен, наплатува за некаква „ ангажирана моќност “ и друго. Сето тоа, според мислењето на Должникот претставува измама и грабеж. Должникот бара, Доверителот да ги докаже сумите кои ги побарува.

6. Должникот приговара зошто во Решението е предвидено тој да му плати на Доверителот и законска затезна камата. Должникот нема утврдени обврски кон Доверителот, што значи не ни можел да западне во задоцнување кое би предизвикало и наплата на камата.

7. Должникот приговара на застареност. Првиот термин за кој Доверителот можел да побарува за „ ангажирана моќност “ е почетокот на грејната сезона, односно 01. 08. 2012 како што е предвидено според член 35 став 1 од Тарифниот систем за продажба на Топлинска енергија. Барање за донесување на ова Решение е поднесено по рокот од една година кој е допуштен според ЗОО.

8. Должникот приговара на злоупотреба на правото кое се врши спротивно на член 6 од ЗОО. Наводните побарувања според ова Решение, потекнуваат од октомври, ноември и декември 2012. Но Доверителот поднел барање до Нотарот да се донесе ова Решение дури во ноември 2013. На Нотарот му биле потребни уште повеќе од три месеци да го донесе ова Решение. Зошто? Според мислељето на Должникот, Доверителот го злоупотребува правото и одолговлекува за да што повеќе наплати на име камата. Должникот бара од Судот да ги утврди причините за ова одолговлекување и да не дозволи Доверителот да го злоупотребува правото и да побарува поголема камата.

9. Должникот приговара на повреди на неговите основни човекови права кои му се гарантирани со Уставот. Според мислењето и уверувањето на Должникот, Доверителот мами. Спротивно на совеста на Должникот е да има облигациони и било какви други односи со измамници, крадци и сите други видови криминалци. Во оваа параница се работи за затоплувањето на домот на Должникот. Должникот не дозволува и не сака било кој да се меша во неговиот приватен живот и да одлучува како и дали тој и неговото Семејство ќе го затоплуваат нивниот дом. Домот на Должникот е и негова сопственост и тој не дозволува било кој да го попречува во користење на неговата сопственост. Врз основ на член 2 од Законот за судови, Должникот бара од Судот, да ги заштите неговите природни незастариви права што ги има како човек и граѓанин а кои му се гарантирани со Уставот. Се работи за неговите права гарантирани со членовите 8, 16 став 1, 25 и 30 сите од Уставот на Република Македонија.

Затоа, Должникот му предлага на Судот, да одлучи како што е понапред предложено, а Доверителот да го задолжи да ми ги плати сите трошоци на спорот, колку што ќе изнесуваат.


Во Скопје на 22. 02. 2014 Должник: ххххх хххххх
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Цело Скопје има проблем денес со парното? Од 11 саат воопшто нема, имало наводно некаков проблем. Без најава го исклучиле, па оние со болни луѓе и бебиња може да се топлат на сметките.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
363
Ова не е ништо ново -
Фала за информацијата СЗЗИПВ. Ова треба да биде во одреден коверт (каков?) ставено, пратено по пошта (каде? до нотарот или судот) или лично однесено до нотарот или судот?

Нотарот има ставка дека едноставно може да го одбие приговорот и веднаш да побара извршување, во тој случај наместо 4000 ден. (сметки 1800 + 1000 камата + нотарско/судски 1100) ќе бидат околу 12000 ден. со извршителски трошоци? Јас издржав до сега мислејќи некој правен механизам во служба на правдата ќе се активира ама се виде на кое дереџе сме дојдени и дека е ова Титаник ситуација, народот е оставен сам на себе.

Исто не гледам нешто активност од другите членови последно време, сите најверојатно решија да го платат овој рекет затоа што не се надеваат на правда.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Фала за информацијата СЗЗИПВ. Ова треба да биде во одреден коверт (каков?) ставено, пратено по пошта (каде? до нотарот или судот) или лично однесено до нотарот или судот?

Нотарот има ставка дека едноставно може да го одбие приговорот и веднаш да побара извршување, во тој случај наместо 4000 ден. (сметки 1800 + 1000 камата + нотарско/судски 1100) ќе бидат околу 12000 ден. со извршителски трошоци? Јас издржав до сега мислејќи некој правен механизам во служба на правдата ќе се активира ама се виде на кое дереџе сме дојдени и дека е ова Титаник ситуација, народот е оставен сам на себе.

Исто не гледам нешто активност од другите членови последно време, сите најверојатно решија да го платат овој рекет затоа што не се надеваат на правда.
Metus habet in se ignorantiam.
Стравот во себе содржи незнаење
Нотарот не може туку така да го одбие приговорот. Ако платиш такса од 60 денари и го поднесеш во дадениот рок нема зошто да го одбие. Приговорот се носи и се предава во канцеларијата на Нотарот.Таму ќе бараш да ти удрат штембиљ - приемен печат.
Инаку колкав процент се откажале и почнале да им плаќаат на криминалците - не знам. Кај Нотарката кај која е мојот предмет има 1200 решенија кои чекаат да бидат напишани. Колку има кај другите нотари не знам
Дали ти ќе се бориш или ќе се предадеш и ќе им платиш на криминалците тоа е твоја одлука. Јас сигурно ќе се борам до последено и никогаш нема да се предадам.
Деновиве лично напишав 4 приговори за твои комшии, еден мој пријател напиша уште 7. Значи овие луѓе планираат да се борат. Сите други со кои контактирам се решени да се спротивстават
А тој Нотар е единствен нотар кој доставувал решенија.
А што ти ќе одлучиш зависи од тебе и мене ништо нема да ми значи.
Јас единствен да останам кој не плаќа и понатаму ќе се борам и нема да им платам. И да ме осудат и тогаш нема да им платам, со сите средсва ќе го ометам извршувањето. И дома да дојдат да ми пленат ствари нема да платам. А не сум ниту богат па слабо имам нешто што можат да пленат.
Бидејќи ако почнам да плаќам на измамници и крадци јас ќе престанам да бидам човек
А власта еден ден ќе си оди, ако не на овие тогаш на следните избори, се има крај. Тие подржуваат криминалци, а јас го бранам својот дом. Што ти дала тебе Топлификација за да и платиш? Хаџи мафија има 5000 евра месечна плата и малку му е и од тебе и мене бара пари. Бара од нашата сиромаштија да му дадеме за да тој има уште повеќе, малку му било. Кој сака нека му даде, јас не давам ни две банки на арамиите. Регулаторна нека му плати
Iniuriam nec patitur fortis nec facit.
Храбриот нити трпи нити сторува неправди
Сам одлучи што ќе правиш. Ако одлучиш да се бориш, со сите сили ќе ти помагам, тоа е единствено што можам да ти понудам
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
"Недозволен" и "нецелосен" не се дефинирани во било каква рамка.
Тоа е правниот речник :)
Најверојатно, тоа го пишува во правната поука, т.е. упатството за правен лек.
Под недозволен се подразбира приговор поднесен не во врска платниот налог, туку на пр. приговор зошто предметот оди баш преку тој нотар.
Под нецелосен се подразбира приговор кој не ги содржи основните елементи пропишани со закон. Тоа се бр. на предмет, вредност, име на должник и сл.
Нормално е дека би бил одбиен празен лист хартија на кој сум се потпишал и сум напишал ПРИГОВОР.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
363
Јас бев денес си го платив рекетот. Право да барам во земја во која не функционира правниот систем е лудило и трошење време. Рекетот го одобри уставниот суд кога гласаше и со континуираното одбивање на секоја жалба и поплака од граѓаните.

Очигледно време е за барање алтернтиви и нова татковина.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Јас бев денес си го платив рекетот. Право да барам во земја во која не функционира правниот систем е лудило и трошење време. Рекетот го одобри уставниот суд кога гласаше и со континуираното одбивање на секоја жалба и поплака од граѓаните.

Очигледно време е за барање алтернтиви и нова татковина.
Добро....
Не се разочарувај ....
Ова е масло на хаџи-мафија и компанија, лепотаните од регулаторна и поединци од врвот од јавната власт
Со тоа што си платил, ти си го признал долгот и никако на можеш во иднина да бараш да ти се вратат парите
Но следи што понатаму ќе се случува. Уште 6 иницијативи се поднесени до (не) уставниот суд. Јас верувам дека на крај ќе победиме и таму
И не се разочарувај. Македонија е наша татковина. Не е крива Македонија, туку поединци. Биди уверен дека, ќе дојде време, тие поединци да го „средуваат “ парното во Идризово
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ!
Денес бев кај измамниците од БЕГ - Центар да им ја вратам последната фактура која ја добив како исклучен. Се распрашав дали не тужеле. Ми рекоа дека не тужеле но не можеа да ми дадат подетални информации.
Ми дадоа телефон од нивната правна служба која била сместена во нас, Аеродром 5514-081, но никој не се јавува
Во наредните денови ќе се обидам да добијам повеќе информации и ќе Ве известам
Ако некој живее во близина - нека се распраша и нека сподели
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
(не)Уставниот суд, денес повторно одби две иницијативи во врска со Топлификација. Се работи за поскапувањето на цената од 59% за ангажираната моќност кое лепотаните регулаторна го донесоа за да ги присилат исклучените повторно да се вклучат. Инаку образложение за ова поскапување беше дека гасот поефтинил за 25%!!!
Еве што пишува за тоа во написот на Канал 5
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=32829
Во Скопје се 16 илјади исклучени!
Ова е голема неправда за сите - затоа да си ja одпееме нашата песна со која ќе ги победиме
Падај сило и неправдо!
http://www.youtube.com/watch?v=UX2DcOxIb8Y
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Во пост # 1332, Ве известив дека (не)Уставниот суд одбил да суди за две одлуки на Регулаторна со која ја покачи цената „ ангажираната моќност “ која ја плаќаат исклучените.

До сега (не)Уставниот суд, одби повеќе иницијативи околу плаќањата на исклучените, но одбивањето на овие две иницијативи ме погоди повеќе од било која нивна претходна одлука. Од неа се гледа целиот цинизам, безчувствителност и безсрамност на власта, која по секоја цена сака да ги заштити своите. Затоа ќе Ве подсетам што се се случуваше.

2008 година, група измамници и хоштаплери од раководството на Топлификација реши да ги ограби граѓаните на Скопје. Тоа лето Топлификација, без правен или друг основ, на сите им наметна некакво „ мерење со калориметри “, кое не е точно и кое постојано покажува голем плус во корист на Топлификација. Органот кој требеше да ја попречи измамата и криминалот е Регулаторната комисија за енергетика. Но таа не беше способна да го направи тоа, од едноставна причина што таму се избрани лепотани кои врска немаат со техниката ниту пак нешто ги интересира освен фотељите, платите, лепотата и патувањата во странство. И не само што не превземаа било што, туку и одобрија на Топлификација да наплатува некаква „ ангажирана моќност “, слично на оние 33% кои се плаќаат за струјата.

Како последица на измамата сметките се покачија за просечно за 300%. И граѓаните почнаа масовно да се исклучуваат. Во исклучувањето граѓаните најдоа единствен спас од измамата и грабежот. Од 28 илјади корисници, колку што Топлификација имаше во летото 2008, во наредните неколку години се исклучија 16 илјади.

Во есента 2011, Топлификација започнува офанзива. Во тоа време Топлификација беше„ кадровски засилена “, со мажот на една регулаторка и таткото на еден и сега актуелен министер. И почнаа лажно да ги окривуваат исклучените дека се виновници за високите сметки на сеуште приклучените. Кон тоа додаваа приказна дека е „ многу лошо “ ако продолжи исклучувањети од Топлификација, бидејќи сите ќе преминат на струја, а струјата е од увоз и ја нема и не е економично да се затоплува на струја.

Одпочна вистински „ лов на вештерки “ Во тоа предњачеа медијумите блиски до јавната власт. Беа изнесени ставови дека за се виновен Уставниот суд кој во февруари донесе одлука исклучените да не плаќаат

На 30. октомври 2011 Сител, во напис „ Граѓаните плаќаат парно и за комшијата “ извести и за следново: „ Овој проблем порано беше поинаку решен. До пред 3 години секој станар кој ќе се исклучеше од системот на топлификација имаше обврска да плаќа месечно 50% од сметката бидејќи цевките поминуваат од тој стан и иако е исклучен сепак се загрева.. Но по неколку жалби и поплаки од страна на граѓаните уставниот суд ја укина ваквата одлука. Сега исклучениот иако добива топлина, за него плаќаат оние кои сеуште не се исклучени од топлификација. “

http://www.sitel.com.mk/mk/dnevnik/biznis/gragjanite-plakaat-parno-i-za-komshijata

На почетокот од ноември 2011, Вечер јави дека на 09. 11. 2011, ќе се одржат преговори! Помеѓу Топлификација и Владата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=81718B6A2DE8E8449CC147DD7F057F2F

И во овој напис се повторени, со ништо не докажаните тврдења дека „приклучените плаќаат за исклучените “ и дека за е виновна одлуката на Уставниот суд. Во овој напис има и ставови дека сите проблеми настанаа од кога Топлификација го наметна „ мерењето со калориметри “. На пример пренесена е изјава на портпаролот на Народниот правобранител Уранија Пировска, која вели: „ Овој проблем не е нов, односно се појави во моментот кога го воведоа новиот начин на пресметување на топлинска енергија, кога практично и ни се зголеми бројот на претставки од граѓаните. “

И така Владата на Република Македонија почна да „ преговара “ со криминалците од Топлификација. А мислењата како ова на Народниот правобранител беа занемарени.

Огромно беше негодувањето на јавноста, а можеме да замислиме на какви се притисоци беше изложен Уставниот суд да ја преиначи својата претходна одлука. Но сепак на крајот на јули 2012 лепотаните од регулаторна донесоа правила, со кои забранија понатамошно исклучување, а веќе исклучените ги обврзаа да плаќаат за „ ангажирана моќност “.

Но и по стапување на сила на овие правила продолжија, во намален број, исклучувањата. А што е најважно никој од исклучените повторно не приклучи на системот на Топлификација.

Затоа во 2013 лепотаните од регулаторна решија со „ железен чекан “ да ги присилат исклучените поворно да се приклучат и донесоа две одлуки да се покачи цената на „ ангажираната моќност “. За тие две одлуки (не)уставниот суд вчера одлучи да не поведе постапка и затоа сум револтиран.

Првата одлука е донесена на 28. февруари 2013 и според неа цената на на акгажираната моќност од 665,2155 на 893,5202 ден/kW/година, односно цената е покачена за 34,3%. Како обраложение, за ова покачување е образложено дека гасот поефтинил и тоа во јануари за 17,18%, а во февруари за уште 3,08%.

Еве ја таа одлука, а во образложението на одлуката можете да видите колку гасот поефтинил

http://www.erc.org.mk/odluki/Odluka za BEG Snabduvanje.pdf

Пред Уставниот суд оваа одлука е нападната бидејќи ова покачување е направено во сред сезона а според Терифниот систем цената на ангажираната моќност се утврдува, еднаш годишно, на почетокот на сезоната.

Втората одлука е од 30. 07. 2013 и според неа цената на ангажираната моќност е уште еднаш покачена сега од 893,5202 на 1.037,4710 ден/kW/година. Така да вкупното покачување на цената е 55,96%

Ова одлука можете да ја погледате:

http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.22-GS-ODLUKA SNABDUVANJE BEG-so tabeli.pdf

Вторава одлука е нападната со пресметка според Трифниот систем. Според таа пресметка цената треба да се намали за 2,12% а не да се покачи за 55,96%

За двете одлуки (не)уставниот суд не поведе постапка. А во медиумите е пренесено следно соопштение: „ Судот денеска расправаше за две одлуки на Регулаторната комисија за енергетика во врска со цената на вршење на дејноста снабдување со топллинска енергија од „Балкан енерџи“ донесена во февруари 2013 година и друга одлука донесена во јули 2013 година. Судот ја отфрли иницијатаивата во однос на одлуката донесена во февруари 2013 година затоа што утврди дека тој акт престанал да важи со донесување на одлуката од јули 2013 година. За втората одлука не поведе постапка затоа што со неа се разработуваат одредбите од тарифниот систем за испорака на топлинска енергија.

http://a1on.mk/wordpress/archives/293702

Што значи лепотаните од регулаторна можат не само да ни наметнат да плаќааме што сакаат и по која сакаат цена

Главниот лепотан, покачувањето на цената на ангажираната моќност го образложи со следниве цинични зборови: „ ова ќе ги чини исклучените уште неколку стотки повеќе “ и така ќе ги натерал исклучените повторно да се приклучат.

Еве што изјави тој: „ Цената за ангажирана моќност, според овој предлог, треба да изнесува 1.037 денари наместо сегашните 893 денари. И при првото намалување на цената на топлинската енергија во март годинава за околу 14 отсто, беше зголемена цената за ангажирана моќност од 665 денари на 893 денари, што износите на фактурите за исклучените станари ги покачи за неколку стотици денари, бидејќи токму овој износ најмногу учествува во фиксниот дел, кој го плаќаат тие што не користат веќе парно греење. И ова сега ќе ги чини исклучените, околу 10.000 станари, по уште неколку стотки на сметките, кои отсега, како што најави првиот човек на Регулаторна, Димитар Петров, ќе се плаќаат на 12 месеци или, по желба, на 8 месеци.

Познавачите потврдуваат дека со овој предлог на Регулаторна ќе се покачат сметките на околу 10.000 станари исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија. Појаснуваат дека целта е тие да се натераат да се приклучат повторно на топлификациската мрежа. Ова, меѓу редови, го потврди на завчерашната прес-конференција и првиот човек на регулаторна, Петров. Тој рече дека се надева оти намалувањето на цената на топлинската енергија во февруари годинава и претстојното од 1 август ќе придонесат исклучените корисници повторно да се вклучат во системот. Во Скопје има околу 55.000 корисници на топлинска енергија, од кои 45.000 ги снабдува БЕГ. “

http://mkd-news.com/poevtinoto-parno-ke-go-plakaat-iskluchenite/

Ете така, главниот лепотан, кој ја натера Владата да „ преговара “ со криминалците од Топлификација. Тој што го понижи Уставниот суд, да ја промени одликата од 2009. Тој сега задоволно се смешка и е радосен што „ победува “. А кој му даде таква сила?

Сами заклучете.. Тој сега е заштитен. Веројатно на власта и е помил од се друго.
А нас ни останува песната: Падај сило и неправдо
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ!
Денес го поднесов и вториот приговор
Во понеделникот поднесов приговор за Топлификација, а денес и за Балкан енерџи.
Се интересирав кај Нотарите.... Вложен е огромен број приговори
Очигледно Македонија не се предава.
Само храбро напред, ние не сме арамии. Тие се арамии
 

Kajgana Shop

На врв Bottom