Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
14 јануари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
imam dobieno resenie ili potocno nalog za izvrsuvanje od nekoj si izvrsitel Gordan Stankovic i ima pobaruvanja za iskluceni ama pred poveke od 10 godini mozes li da mi pomognes ili nekoj sovet da mi kazes kako da postapam. Stanot e na moj roditel ne zivi toj so mene teram jas ne gi placam smetkite normalno ne placam nisto sto ne koristam. Pa gledam deka se razbiras od odvie raboti pa te molam za nekoja bilo kakva pomos. Citam mnogu deka pocnale da podlegnuvaat i da gi osuduvaat i si pocnale da placaat normalno. Sto da pravam mi treba nekoja brz odgovor.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во тек се судските парници против исклучените. Тоа всушност не се парници, туку судења, ние немаме облигационен однос со Топлификација, за да имаме со Топлификација некаков спор. Во овие судења нас јавната власт не суди и сигурно ќе не осуди. И тука немојте да се надевате на поинаков исход. Некој мислат, дека ќе кажат дека кај нив не „ поминувале цевки “, дека кај нив нема „ топли ѕидови “ или дека се сиромашни. Немојте да се надевате на милост. Највисоката власт стои зад донесувањето на правилата. Во Собранието имаше интерпелација против Регулаторна.Власта ја подржа Регулаторна. Ние, како граѓани учествуваме во Протестите АМАН, кои беа против регулаторна. Власта беше на страната на регулаторна. Власта преговараше со арамиите од Топлификација. Оние ја одбраа својата страна, а таа страна е страната на криминалците од Топлификација. Тие се соучесници на Топлификација. И тие нема да ја сменат страната. Зарем мислите дека ќе го сменат својот став?

Затоа нас сосема сигурно ќе не осудат на судењата кои продолжуваат во септември. Нашата тактика треба да ја прилагодиме кон тој факт. Што повеќе да ги одолговлекуваме судењата. Тоа значи постојано да предлагаме нови докази, нови сведоци, да ги одложуваме рочиштата, со лекарски потврди дека сме болни, па некогаш да изостанеме од судењата, за да што подоцна не осудат. После тоа ќе дадеме жалби, до апелација. Ако апелациониот суд ги прифати жалбите ќе има повторно судење. И пак „ иста песна “, да се одолговлекува. Власта мисли дека е вечна. Но не е .... Има Господ... Никој не е вечен.... Ако ништо друго, еден ден ќе умрат

Од друга страна треба да се бориме да нашиот случај да го претставиме на меѓународни институции. Нас ни се кршат човекови права, а постои меѓународна заштита за човековите права. За ова би било добро да формираме здружение. Ова здружение би се ангажирало да нашиот случај добие меѓународен публицитет. Нека види светот, дека домашните властодршци кршат човекови права на илјадници граѓани за платите на мажот на регулаторката и таткото на министерот. Нека види дека за шака евра на роднини на властодршци, не продадоа на криминалците од Топлификација и тие сега прават со нас што сакаат

Значи во наредните постови ќе дадам уште урнек поднесоци со кои ќе ги одолговлекуваме судењата се до конечната победа
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
лен 205

(1) Секоја странка е должна да ги изнесе фактите и да предложи докази врз кои го заснова своето барање или со кои ги побива наводите и доказите на противникот.

(2) Судот може во текот на постапката, кога ќе оцени дека тоа е целисходно за правилно решавање на спорот, да ги предупреди странките на нивната должност од ставот (1) на овој член а особено на потребата од изнесување на решителни факти и предлагање на одредени докази.

(3) Не може да се одбие доказ за факт затоа што е напишан на јазик на заедниците на странките или други учесници на постапката државјани на Република Македонија.

(4) Трошоците за превод на таквите докази паѓаат на товар на Буџетот на Република Македонија.

Член 206

(1) Докажувањето ги опфаќа сите факти што се важни за донесување на одлука.

(2) Судот одлучува за тоа кои од предложените докази ќе се изведат заради утврдување на решителните факти.

Член 226

Странката која предлага определено лице да се сослуша како сведок, мора претходно да назначи за што тоа треба да сведочи и да го наведе неговото име и презиме, занимање и престојувалиште.

Член 249

Кога нема други докази или кога и покрај изведените други докази е потребно да се утврдуваат важни факти, на предлог на странка судот може да определи доказ со сослушување на странки.

Член 285

(1) Изведувањето на доказите го определува советот, односно судијата поединец со решение, во кое ќе се назначи спорниот факт за кој треба да се изведе доказот и доказното средство.

(2) Предложените докази што не ги смета за важни за одлуката, советот, односно судијата поединец ќе ги одбие и во решението ќе ја назначи причината за одбивањето.

(3) Против решението со кое се дозволува или се одбива изведувањето на доказите не е дозволена посебна жалба.

(4) Во натамошниот тек на постапката, судот не е врзан за своето поранешно решение за изведување на доказите.

Член 342

(1) Пресудата може да се побива:

1) поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка;

2) поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба и

3) поради погрешна примена на материјалното право.

(2) Пресудата поради изостанок, пресудата поради неподнесување на одговор на тужба и пресудата без одржување на расправа, не може да се побива поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба.

(3) Пресудата врз основа на признание и пресуда врз основа на одрекување можат да се побиваат поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка или поради тоа што изјавата за признание, односно за одрекување е дадена во заблуда или под влијание на присила или измама.

(4) Кога пресудата врз основа на признание и пресудата врз основа на одрекување се побива поради тоа што изјавата за признавање или одрекување е дадена во заблуда или под влијание на присила, измама или закана, странката може во жалбата да изнесе нови факти и да предложи нови докази кои се однесуваат на тие мани во волјата.

Член 344

(1) Погрешно утврдена фактичка состојба постои кога судот некој решителен факт погрешно го утврдил, односно кога не го утврдил.

(2) Нецелосно утврдена фактичка состојба постои кога на тоа укажуваат фактите или доказите кои странката без успех ги предложила во текот на постапката.

Ова се неколку битни става од Законот за парнична постапка. Ние предлагаме докази и сведоци, а судот одлучува дали ќе ги прифати.

За секој доказ или сведок, кој ќе го предложиме судот треба да одлучи дали ќе го прифати или не. Ако не одлучи, ние во жалбата ќе се жалиме дека не го разгледал доказот кој сме го предложиле.

Затоа треба што повеќе докази да предложиме.

Немојте да Ви биде тешко. Мораме да се бориме
Eве го Законот за парнична постапка
 
Attachments

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес криминалците од Топлификација, во моето поштенско сандаче оставија опомена пред тужење во која бараат да им платам 4854 денари инаку ќе ме тужеле
Сите знаете дека немам никаква намера да им платам. Ако почнам да плаќам на измамници и крадци јас ќе престанам да бидам човек и од мене ќе се срамат идните поколенија.
Ова сум им го напишал повеќе пати и сум им рекол да одат кај министерот и регулаторката чии татко, односно маж го вработија. Нив им е направена услуга и од нив нека бараат да им платат за услугата.
Бидејќи моите постови се „ популарни “ меѓу вработените во Топлификација, сега сите од Топлификација ( АД хаџи-мафија и компанија ) ги поздравувам со една „ песна “ која трае една минута и која ја „ пее “ Шешељ:
//www.youtube.com/watch?v=b2eO2q-Qhag
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во општина Центар, во тек се нападите кон градоначалникот дека не извршил исклучување од Топлификација и градење на сопствена котларница на гас за училиштето Димитар Миладинов.
Еве за што се работи
Топлификација за затоплување на училиштето Димитар Миладинов годишно наплатува фантасични 80 илјади евра. Затоа, во јуни 2013 започнаа работи да се изгради сопствена котларница на гас и да овие трошоци се намалат на 30 илјади евра
Еве како за тоа е известено на страницата на општина Центар:
http://www.opstinacentar.gov.mk/page670372.aspx
Но овие работи се прекинати иако изградбата на ваква котларица чини многу малку и таа инвестиција ќе се исплати за неколку месеци
Кои се причините зошто општината се одкажа од оваа инвестиција, не ми е познато.
Но оваа година нема ниту други училишта кои се откажуваат од Топлификација, бидејќи и сите имаат астрономски сметки. На пример сметките кои општина Чаир ги плаќа за затоплување на основните училишта на своја територија изнесуваат преку 500 илјади евра годишно.
Топлификација краде и од училиштата уште повеќе од колку што краде од обичните граѓани. Но власта, наместо да ги гони криминалците од Топлификација, со сите средства не гони нас кои се исклучивме за да се спасиме од измамата и грабежот на хохштаплерите, измамниците и крадците
Зошто власта го прави ова? Не е тешко да се заклучи - Некој од власта има корист од ова
Затоа ние со сета сила викаме:
Падај сило и неправдо!
https://www.youtube.com/watch?v=zkRBNyaTmqw
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Другар имам добар психијатар за тебе.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...хммм..проблемот е крупен и искрено мислам дека пеење на Падај сило и неправдо не го решава. Еднаш веќе евидентно не го реши, па незнам од каде оптимизам дека сега ќе го реши ?
Имаме работа со локални слуги на глобалистичките свињи и тоа мора да се признае не е мал и лесно решлив проблем. Во принцип ЈАВНО претпријатие кое една комуна, општина, град..го има оснивано да си реши некој проблем е непрофитна направија и мора да работи на ниво на трошоци + некоја резерва за не дај боже или благ планиран развој.И многу транспарентно и оттччетно.
Нажалост комедијантите кои не транзиционираа без и да не прашаат дали сакаме или не , што е секако најдемократската придобивка на глобализацијата, а кои први се затрчаа практично да ни покажат што е капитализам и какво људско говедо е социјалист/комунист итн. кога почнува да глуми новоосознаен капиталист. Па како што од социјалистичката теориска мисла никогаш не научиле/прочитале ни збор , така и сега се како мали џокици кои замишљаат капитализам.
Но за таа бољка рука на срце у наредни 50-100 години нема лек.
Ќе мора светот уште еднаш сам да открие дека феудализмот не е најрационална можност за негов опстанок..и дека како растат разликите, како осиромашува 98% од популацијата така СЕ СЕ СМРЗНУВА ...па незнам со која пареа да работи било која топлификација.
Всушност и нема проблем, ако би се следеле светлите принципи на понудата и побарувачката. Нема пари , нема купување, нема продавање, нема профит. Вицот е во новоизмислената т.е. сега детално разработената мулти левел шема на глобалистичките крвопии за глобално цицање, кое почнува на ниво на капилар...во случајов радијатор..и кој нема , ама никаква врска со светите постулати на капитализмот.., кому нормално највисокото достигање во развојот му е социјализмот....;)
Проблемот е во нас... и нашето наивно, лекомисленно верување дека сме политички чимбеници , кои со своето гласање најдемократски..според вољата на мнозинството...на избори избираат понуди на квалификувани менаџери да ја управуваат нашата скаламерија.
Нажалост секогаш испаѓа дека тие се само маскирани глобалистички слуги, со помал или поголем талент слаткоречиво да го прикријат, замаскираат тоа..дека се и исклучиво себични, саможиви и дрчни за пљачка...така да во секој случај наебуеме.., зошто народ гледан како стадо, збир на ..дури и умни луѓе, секогаш собран на куп е глуп ко цигла.
Затоа не очекувај многу..и барај други солуции.
Поединец спроти систем секогаш губи. Дури и кога тој систем е смотан и трапав како овдешниот.:):):):)
 
Мислам дека суштествено не си во право
Случајот Топлификација, нема врска со транзицијата,,,глобализацијата,,, меѓународниот фактор ... и слично
Случајот Топлификација е случај на обичен организиран криминал.
Еве конкретно....
Школото Димитар Миладинов, порано се викаше Браќа Рибар, а порано во него работеше гимназијата Корчагин. Тоа е одалечено од зградата во која живеам 50 метри и во него јас, лично и непосредно, своевремено се школував.
Школото има три спрата со по 10 училници и приземје
Се работи за површина од околу 2 - 3000 м2
Ако земеме дека за затоплување на 1 м2, годишно се потребни 150 KWh - за една сезона се потребни 3000 *150 = 450 000 KWh, односно 45 000 нормални метри кубни гас. Цената на гасот е половина евро за еден метар кубен, значи за гас се потребни 22 500 евра годишно.
И Топлификација работи на гас.
Значи за Топлификација годишно ќе потроши 22 500 евра за гас, а ќе наплати 80 000 , односно ќе „ заработи “, ни лук јал ни лук мирисал, речиси 60 илјади евра секоја сезона.
Зарем не е логично, мафијашите од Топлификација да отидат кај тој и тој службеник или функционер во општината или некое министерство или на друго место и да му речат: Слушај ако школото се префрли на гас ние секоја година ќе „ губиме “ по 60 илјади евра. Еве ти тебе или на женати или на твојата партија или на кого ќе кажеш 100 илјади евра да не се изгради котларница на гас во школото. Верувам дека тоа е причината зошто не се гради котларницата
Тоа секој криминалец би го направил
Е сега...
Ако власта не е способна да го искорени криминалот, се знае што треба да правиме - Слобода или смрт
Истово на чист Македонски јазик се вели:
Pro Deo et Constitutione -- Libertas aut Mortis!
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Е сега...
Ако власта не е способна да го искорени криминалот, се знае што треба да правиме - Слобода или смрт
Истово на чист Македонски јазик се вели:
Pro Deo et Constitutione -- Libertas aut Mortis!
Брате Смрт, сто пати сум кажал дека мора вонинституционално да делуваме, да се одметнеме и со вооружен преврат да извојуваме победа. Истото на чист македонски се вика Алаху Акбаааар!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Брате Смрт, сто пати сум кажал дека мора вонинституционално да делуваме, да се одметнеме и со вооружен преврат да извојуваме победа. Истото на чист македонски се вика Алаху Акбаааар!
Tи се мајтапиш со мене,но на симпатичен начин, Меѓутоа ако сакаш една арапска изрека која одговара на оваа ситуација, мислам дека поприкладна е Иншалах - ако даде Господ
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Мислам дека суштествено не си во право
Случајот Топлификација, нема врска со транзицијата,,,глобализацијата,,, меѓународниот фактор ... и слично
Случајот Топлификација е случај на обичен организиран криминал.
Еве конкретно....
Школото Димитар Миладинов, порано се викаше Браќа Рибар, а порано во него работеше гимназијата Корчагин. Тоа е одалечено од зградата во која живеам 50 метри и во него јас, лично и непосредно, своевремено се школував.
Школото има три спрата со по 10 училници и приземје
Се работи за површина од околу 2 - 3000 м2
Ако земеме дека за затоплување на 1 м2, годишно се потребни 150 KWh - за една сезона се потребни 3000 *150 = 450 000 KWh, односно 45 000 нормални метри кубни гас. Цената на гасот е половина евро за еден метар кубен, значи за гас се потребни 22 500 евра годишно.
И Топлификација работи на гас.
Значи за Топлификација годишно ќе потроши 22 500 евра за гас, а ќе наплати 80 000 , односно ќе „ заработи “, ни лук јал ни лук мирисал, речиси 60 илјади евра секоја сезона.
Зарем не е логично, мафијашите од Топлификација да отидат кај тој и тој службеник или функционер во општината или некое министерство или на друго место и да му речат: Слушај ако школото се префрли на гас ние секоја година ќе „ губиме “ по 60 илјади евра. Еве ти тебе или на женати или на твојата партија или на кого ќе кажеш 100 илјади евра да не се изгради котларница на гас во школото. Верувам дека тоа е причината зошто не се гради котларницата
Тоа секој криминалец би го направил
Е сега...
Ако власта не е способна да го искорени криминалот, се знае што треба да правиме - Слобода или смрт
Истово на чист Македонски јазик се вели:
Pro Deo et Constitutione -- Libertas aut Mortis!
Siguren sum deka pravis greska vo presmetkite, toplinata ne treba da ja presmetuvas vo m2 nego vo m3. Ne e se taka rozevo kako sto tebe ti se cini, jas sum siguren deka i so ovie ceni na parnoto toplifikacija raboti so zaguba.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Siguren sum deka pravis greska vo presmetkite, toplinata ne treba da ja presmetuvas vo m2 nego vo m3. Ne e se taka rozevo kako sto tebe ti se cini, jas sum siguren deka i so ovie ceni na parnoto toplifikacija raboti so zaguba.
Така е друже валво. Иди види на запад колку е задоволството греење
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Така е друже валво. Иди види на запад колку е задоволството греење
Задоволство греење на запад.....Јас ќе ти објаснам колку ме чини мене задоволство греење таму живеам..
За ланската година имам 1440 евра за плаќање трошкови за станот.Трособен класичен стан мислам дека знаеш колкав е.Греам секаде и кај мене во станот е околу 25/26 степени.Убаво ми е на кратки ракави да си седам по дома и не ја мислам како ми е.Е сега да не ме сватиш математички погрешно таа цифра не е само за греење.Во тие пари исто така ми е топла вода,а се туширам редовно брат секој ден.Ладна вода,а пијам вода од чешмата оти ми е многу слатка.Струја на светло во зградата,струја лифт во зградата и чистење на зградата.Исто така математички ние сме 4 члена..
Зградата е 9 стана и е на 3 спрата.
Мислиш ли дека ми е скапо???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom