Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во денешен Дневник има напис дека парното ќе поефтини за 10%
http://dnevnik.mk/?ItemID=6998FCE9BF5DF143947A5F96E5ECDB31

Написот е доказ дека Топлификација и Регулаторна продолжуваат да мамат
Прочитајте го написот и насмејтете се со лагите на овие арамии
На пример во написот се тврди:

- лани има произведено за 15 отсто помалку топлинска енергија отколку во претходната година.
- Притоа, била зголемена потрошувачка на гасот за 15 отсто,
- цената на природниот гас била во просек за 16,87 отсто пониска
- Цената на парното лани се намали за 14,24 отсто

Има и други глупости кои докажуваат дека, она што сите го знаат, дека Топлификација и Регулаторна мамат
Но кај нас практично не постои полиција бидејќи таа е зафатена со „ асистирање при подигање на возила со пајаци “ инаку овие измамници одамна требаше да се изведат пред лицето на правдата
Сега за сега единствен спас е да се исклучите и да се спасите од мамењето и грабежот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Топлификација го тужи и очекува разрешница за ТЕ - ТО и бара милион евра
Топлификација ја тужи регулаторна и бара и очекува 15 милиони евра бидејќи имала ниски цени
Известува е магазин повикувајќи се на извештај на упатен до Македонската берза
http://emagazin.mk/топлификација-очекува-разрешница/
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=34444
Во тој извештај се вели:
Pokraj podnesenite tu`bi za naplata na somnitelnite pobaruvawa od proda`ba,
Dru{tvoto ima podnesno i nekolku tu`bi, od koi najzna~ajni se tu`bite sprema
Regulatorna Komisija za Energetika na iznos od 968,861 iljadi MKD i povrzanoto dru{tvo
TE-TO AD Skopje vo iznos od 399,318 iljadi MKD. Postapkata za re{avawe na ovie sporovi
e vo tek. So ogled na neizvesnosta od ishodot na vakvite sporovi, potencijalni sredstva
ne se priznavaat vo finanaiskite izve{tai tuku samo se obelodenuvaat.

file:///C:/Documents%20and%20Settings/pc/My%20Documents/Downloads/Revidirani%20izvestai%20Toplifikacija%202013%20posebni.pdf
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
е магазин известува дека Комерцијана банка откупувала побарувања на Топлификација кон Државата
Не е наведено со колкав дисконт
http://emagazin.mk/комерцијална-банка-откупила-побарув/
Интересна е врската помеѓу Топлификација и Комерцијална банка
Комерцијална и даде кредит на Топлификација од 10 милиони евра за ТЕ ТО
Русите во ТЕ ТО вложија 100 милиона но тоа е кредитет од германска банка, за кој; наводно, гаранција даде пак Комерцијална банка
А ТЕ ТО е промашена мегаломанска инвестиција која никогаш нема да работи
Штета што не се разбирам во Финансии - не им ја разбирам логиката - сега ги откупуваат побарувањата на Топлификација, а Топлификација им должи и нема шанса да им го врати долгот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oсновниот Суд Скопје 2 е на одмор и нема да има судења за исклучените се до 25. 08.
Ова време треба да го искористиме се подобро подготвиме за борбата која не очекува.
Вкупно бевме 16 илјади исклучени. Немам податок колку од нив подлегнале на ужасниот притисок кој го врши јавната власт и почнале да им плаќаат на криминалците од Топлификација. Претпоставувам дека 90% исклучени почале да плаќаат. Што значи сега сме околу 1600 кои се бориме.
И ова не е мала бројка, но тоа на јавната власт ништо не и значи. Тие ја одбраа страната и сега се на спротивна страната од нашата страна.
Во наредните постови ќе постирам податоци за Топлификација, ТЕ - ТО. ќе ги образложам и објаснам главните начини како Топлификација краде и тн. Сето тоа ќе биде за цел да се зголеми нашиот борбен морал.
Бидејќи борбата која не очекува е тешка и херојска.
Ние не се бориме само против криминалците, туку се бориме и против припадници на јавната власт кои се на страната на Топлификација. Тие се силни, моќни и заслепени од пари и бес. Ние сме слаби, сиромашни, никакви и голораки, но сме одлучни да победиме и да не им дадеме ниту денар на арамиите. И ќе победиме
За почеток еве го Финансискиот извештај за работењето на стараТоплификација изготвен од Мур Стивенс
 

Attachments

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Кажи бе кој победил топлификација и каде и кога ? Ајде да видиме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кажи бе кој победил топлификација и каде и кога ? Ајде да видиме.
Исклучените немаат проблем со Топлификација. Топлификација мами и краде. Тие се исклучија, најдоа друг начин на затоплување и на тој начин се спасија.

Исклучените имаат проблем со јавната власт. Сега јавната власт ги присилува исклучените да им плаќаат на арамиите. Парниците се во тек....

Одредбите исклучените да плаќаат немаат било каква правна основа. Самата идеја исклучените да плаќаат потекнува од скопска Топлификација, односно од истиот „ визионер “ кој и ден денеска е таму директор. Такво нешто никаде нема. 1985 година, ова го измисли лично „ визионерот “ и за првпат е применето во Скопје. Па подоцна, преку југословенското здружение на топлификации е раширено во Србија и Хрватска. Во Хрватска е сега тоа забрането со закон, но во Србија и денес постои.

Кога во февруари 2009, Уставниот суд, ги укина одредбите исклучените да плаќаат „ визионерот “ реши да го врати своето „ животно дело “. Затоа ги ангажира сите сили повторно нему исклучените да му плаќаат. Неговото прво барање беше исклучените да му платат и наназад, се од денот кога се исклучиле.

Постојат индиции дека Владата стои зад ова.

Во октомври 2011 зачестија извештаите по медијумите дека исклучените се виновници за астрономските сметки на приклучените.

На 9 ноември 2011 е Владата и Топлификација расправаа за цените на парното и тогаш е веројатно решено да се „ притисне “ Уставниот суд, за да се оствари „ животнот дело“ на „ визионерот “ и исклучените да плаќаат.

http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=D0EE794992E00545A2A647DD3B119F65

Во јуни 2012, се слушнаа гласини дека оваа одредба „ поминала “ во Уставниот суд. И на вистина, на крајот на јули 2012, Регулаторна донесе вакви одредби, а Уставниот суд не ги укуна

Но прашање кој му помогна на „ визионерот “, да Владата и Уставниот суд се согласат со вакви очигледно противуставни одредби?

Одговорот е: Оној што има корист.

Во следниот пост: Cui bono?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Големо е злосторството кое е направено кон исклучените. Тие се исклучија да се спасат од измамата и грабежот кои и денес ја вршат арамиите од Топлификација. Власта, наместо да ги штити измамените ги штити измамниците.
Но кој го стори ова злосторство?
Луцие Касие Лонгин Равила, бил римски конзул 127 година пред новата ера.
http://en.wikipedia.org/wiki/Lucius_Cassius_Longinus_Ravilla
И тој укажал дека кога се истражува некое злостортво треба да се праша: Кој стекнал корист од злосторството? - Cui bono?
Јас најдов две лица блиски до власта кои се блиски и на Топлификација.
Првото лице е Светлана Јаневска - потпредседател на Регулаторната комисија за енергетика
Нејзиниот маж Димче е вработен во Топлификација
На интернет страницата на Регулаторна може да се прочита нејзина изјава околу ова.
http://erc.org.mk/odluki/ПИСМО ДЕМАНТ ДО СОБРАНИЕ НА РМ.pdf

Можете да прочитате дека таа вели:
„ Мојот сопруг е вработен на работно место, продавач, во една од нерегулираните фирми на
Топлификација АД, а тоа е Одржување АД Скопје, друштво кое не се занимава со енергетска дејност и
кое не поседува лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и на ниту еден начин не е
поврзано со моето членување во Регулаторната комисија за енергетика. “
Второто лице е Стојан Тодоров - поранешен секретар на Владата и татко на министерот Никола Тодоров, кој бил на висока позиција во ТЕ-ТО
Еве напис од Капитал
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/80568/bendevska__elem_stopi_tri_milioni_evra_od_energetskata_kriza_.aspx

Можете да прочитате:
„....од централата Те-То, каде што на висока позиција се наоѓа Стојан Тодоров, поранешен генерален секретар на Владата и татко на министерот за здравство, Никола Тодоров. “
Јас ги најдов овие двајца, Можеби токму овие двајца не сториле ништо против исклучените, можеби има други кои имале интерес Топлификација да ги ограбува исклучените, но јас други податоци немам.
Во следните постови ќе опишам како се пласираше идејата дека исклуените се виновници за високите сметки на приклучените[DOUBLEPOST=1406024827][/DOUBLEPOST]Астрономските сметки на Топлификација се последица, вглавно на три работи
- системот е вештачки поделен на снабдување, дистрибуција и производство
- наметнато е плаќање на некаква ангажирана моќност
- наметнат е неточен начин мерење наречен „ мерење со калориметри “.
Сето ова е смислено направено и организирано од раководството на Топлификација со единствена цел да се зголеми заработката на Топлификација. Затоа случувањата имаат карактеристика на организиран криминал. Постои група, која обавува стопанска дејност, и која е поврзана со политиката и поедини носители на власта и чија цел е со криминални активности да стекнува профит.
http://en.wikipedia.org/wiki/Organized_crime
Најнапред е наметнат неточниот начин на мерење
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Начинот на мерење наречен „ мерење со калориметри “ раководството на Топлификација го наметна, за корисниците во згради, за првпат во грејната сезона 2007/2008. Таа сезона овој начин е употребен само над околу 2000 корисници. Следната грејна сезона, 2008/2009, овој неточен начин на мерење е употребен над сите корисници кои живеат во згради.

Овој начин на мерење не е точен и постојано покажува огромен плус во корист на Топлификација.

Во моментот на наметнување, раководството на Топлификација знаеше, дека овој начин на мерење не е точен и дека покажува огромен плус во корист на Топлификација. Имено овој начин на мерење претходно, 2005 и подоцна, е употребен над корисниците кои живеат во индивидуални куќи. Во Скопје, во населбите: Тафталиџе, Козле, Капиштец, Водно, Дебар Маало, Идадија и други, постоеа илјадници индивидуални куќи кои ги затоплуваше Топлификација. Штом Топлификација, го наметна овој начин на мерење, сите корисници кои живеат во куќи почнаа да добиваат, многу повисоки сметки ( и до десет пати повисоки ). Поради ови астрономски сметки, речиси сите корисници од индивидуални куќи се веќе исклучени.

Но, иако знаеше до што ќе доведе, наметнувањето на овој неточен начин мерење, раководството на Топлификација го направи тоа, самостојно, се со цел да ја зголеми „ заработката “

Еве напис од Дневник од јуни 2008, во кој можете да видите дека Регулаторна изјавува дека ова наметнување е нелегално и ги повикува граѓаните да не ги плаќаат таквите сметки.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=04B3D500A9C19E4380B73ECCD26AE28A

Но Регулаторна нема да направи било што – „ ќе легне на брашното “ и од грајната сезона 2008/2009 Топлификација ќе почне овој неточен начин на мерење да го користи над сите корисници.

Првите сметки, изработени според овој неточен начин на мерење, корисниците ќе ги добијат во јауари 2009 и тие сметки ќе бидат сто и повеќе посто повисоки.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8109E9EE1421D144B63D6D9A7C49637B

Ова е писмо потишано од пет председсатели на куќни совети, од пет влеза на една иста зграда. Можете да прочитате дека тие велат: „На наше уште поголемо изненадување, констатиравме дека износите во фактурите што се доставени до станарите во нашите пет влеза (кои се во едната половина од Блок 10 - Градски ѕид) се приближно тројно повисоки (за станови со иста квадратура) од износите во фактурите доставени до станарите во другите влезови во другата половина на зградата, (а исто така и од фактурите доставени до становите во соседниот блок од Градскиот ѕид).

Апсурдностите во испорачаните фактури беа очигледни. Која посериозна експертиза би можела да покаже дека е можно во две половини од иста зграда (со исти термоизолациски перформанси), за два и пол месеца (за периодот 15.10. 2008-31.12.2008, на кој се однесуваат читањата на мерачите и пресметките во доставените фактури) во становите во едната нејзина половина да биде потрошена толку повеќе топлинска енергија од потрошената во становите во другата нејзина половина. Тоа е како од нашите станови, од нашите пет влеза, да се бара да платат греење како за станови со приближно двојно поголема квадратура од таа што ја имаат или, пак, ние од нашите 82 стана да го плаќаме греењето и за уште некои други такви осумдесетина стана! “

Ова е очигледен доказ дека мерењето не е точно и дека полицијата треба да интервенира, но тоа нема да се случи.

Наместо тоа Топлификација и Регулаторна и понатаму ќе ја прикриваат измамата и криминалот.

Дека ова мерење не е точно, во досегашните постови, дадов повеќе докази. Но сега ќе изведам доказ со кој ќе покажам како криминалците од Топлификација и Регулаторна го прикриваат криминалот.

На сите Ви е познат Законот за запазување не енергијата – Енергијата не се губи туку само преминува од еден вид во друг.

Во Топлификација има три мерења на енергијата: (1) Се мери горивото кое се користи; (2) Се мери количината на енергијата која се продуцира во котларницата и (3) Се мери енергијата која ја добиваат корисниците. Овие три покажувања, согласно Законот за запазувањето на енергијата треба да се приближно еднакви.

Но не се ..... За да ја прикријат измамата мерењата наведени под (1) и (2) од 2009, односно од кога е наметнат неточниот начин на мерење, не се вршат – наводно се расипале мерачите.

http://www.erc.org.mk/odluki/2012.07.27 ODLUKA ZA CENA-kontrola TOPLIFIKACIJA PROIZVODSTVO SKOPJE-so tabeli.pdf

Ова е одлука на Регулаторна и во неа, на дното од страна 5, можете да прочитате дека уредите се „ расипани “ од 2009, еве што велат криминалците:

„ Заради неисправност на мерните уреди за мерење на произведени и испорачани количини на топлинска енергија од топланите на Топлификација АД Скопје во текот на 2009, 2010, 2011 и јануари-април 2012 година, Регулаторната комисија за енергетика одлучи трошокот за мазут за период јануари-декември 2012 година да го признае намален за 5%.

Согласно наведеното Регулаторната комисија за енергетика бара од ТОПЛИФИКАЦИЈА АД Скопје да ги стави вон употреба мерилата за топлинска енергија за сервисирање поради дефект и ТОПЛИФИКАЦИЈА АД Скопје да достави барање до Бирото за метрологија за вонредна проверка на мерилата или да ги замени со други верифицирани мерила за топлинска енергија до почетокот на грејната сезона 2012-2013 година. Исто така ТОПЛИФИКАЦИЈА АД Скопје до почетокот на грејната сезона 2012 – 2013 година треба да вгради мерни уреди за мерење на количините на мазут употребени за производство на топлинска енергија.

Производителот на топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје во период од декември 2011 година до април 2012 година испорачуваше топлинска енергија во дистрибутивната мрежа на Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје преку мерен уред за кој нема уверение за исправност, издадено од Бирото за метрологија.“

За секоја полиција оваа се доволни докази да се заинтересира. Но нашата полиција, која е преокупираа со „ асистирање при подигање на возила со пајаци и ставање лисици “, ниту до денес нема да превземе било што. А власта, со сета силина на државниот апарат ќе ги прогонува исклучените.

Следниот пост ќе биде посветен на ангажираната моќност
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве за ангажираната моќност ( фиксен дел )

Ангажираната моќност е наметната за да и Топлификација наплатува слично како што ЕВН, до скоро, наплатуваше за „ активна моќност “ или како што се вели „ да не биде покусо “ или и „ Топлификација да се омрси наплатувајќи за некаква моќност “

Се работи за величина која е виртуелна, реално не постои и се добива со пресметка , според Тарифниот систем, но Топлификација за неа наплатува и тоа не малку. На пример, од мене, како исклучен, кој воопшто Топлификација не го затоплува, се бара да платам нешто помалку од 1000 денари месечно или годишно околу 200 евра, што е приближно еднакво на вкупните трошоци за затоплување на мојот стан за цела сезона. За 200 евра можат да се купат 5 кубици огревно дрво, а толку просечно годишно трошат македонските домаќинства.

Наплата на ангажираната моќност е воведена дури од 2010 истовремено со поделбата на системот на производство, дистрибуција и снабдување, се со цел покачување на профитите на Топлификација

Таа се определува според Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија:

http://erc.org.mk/odluki/2013.07.11- TARIFEN SISTEM ZA PRODAZBA NA T.E.pdf

Може да се прочита: Член 25 - Фиксниот дел од збирен надомест за топлинска енергија од сите мерни места овозможува дефинирање на тарифниот став за ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место изразена во денари/kW.

Во член 26 е дадена формула според која се пресметува тарифниот став ( цената ) ангажираната моќност. Таа формула гласи Cmmfd = ΣNmmf / (ΣWmmd + 2,0*ΣWmmo ). Или со зборови кажано: Сите фиксни трошоци (ΣNmmf) се делат со вкупната а моќност на сите потрошувачи. На тој начин се добива единична цена изразена во денари/kW

Што е опфатено во тие фиксни трошоци (ΣNmmf) е објаснето во член 11 од Трифниот систем и тамо може да се прочита: Член 11 (1) Фиксен дел од вкупниот надомест за произведена топлинска енергија (надоместок за системски услуги и системска резерва), се состои од: 1) оперативни трошоци; 2) амортизација на средства и 3) принос на средства одобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика согласно Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги.

Општое е познато што се: 2) амортизација на средства и 3) принос на средства. А штп се подразбира под „ оперативни трошоци “ е објаснето на страна 21 во Правилникот за цени за топлинска енергија

http://erc.org.mk/odluki/2013.02.22- T.E.- PRAVILNIK za TOPLINSKA ENERGIJA ZA GREENJE .pdf

И таму може да се прочита дека опретивни трошоци се:„ Во регулираниот период за секоја регулирана дејност оправдани оперативни трошоци се нормализираните трошоци кои се потребни за извршување на регулираната дејност, а се пресметуваат во согласност со следните ориентири: 1. трошоци за материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, врз основа на нормативите за потрошувачка и просечните цени на пазарот во периодот на набавката; 2. трошоци за тековно одржување, ремонт и услуги за одржување на средствата, до ниво од 20% од пресметаната годишна амортизација; 3. трошоци за осигурување на градежни објекти и опрема се признаваат согласно нивото на премиите за осигурување кои препријатието ги платило 4. бруто плати по работник до ниво на просечна бруто плата по работник остварена во стопанството на Република Македонија во тековната година, зголемена до 40%, како израз на квалификационата структура и сложеноста на регулираната дејност.5. менаџерските плати и менаџерските награди, во нормализирани износи соодветно на зголемувањето на ефикасноста, а според одлуките на управните органи на претпријатието; 6. други услуги, до нивото од просечното тригодишно учество (%) во однос на трошоците за материјали, енергија, ситен инвентар (од ставката 1); 7. останати и вонредни трошоци, до 10% во однос на трошоците од ставките под 1; 2; 3; 4 и 6; 8. даноците, придонесите и другите давачки кои не зависат од резултатот на работењето, се признаваат во согласност со законските прописи.

Значи во ставката фиксни трошоци се опфатени сите стварни и измислени трошоци на Топлификација, плус амортизација и плус прираст на средства – практично се освен тошоците за погонското гориво. Ови е прошоци се пресметуваат врз основ на податоци ко ги дава Топлификација на „ жими мајка “ и воопшто не се сериозни. На сличен начин лепотаните од регулаторна ги одредуваат цените и за струјата – претријатијата пополнуваат некакви табели колку пари им се потребни и даваат некакви „ жими мајка “ изјави. Врз основ на тие табели лепотаните одобруваат Максимален регулиран приход (МАР), односно одобруваат колку пари треба претпријатието да заработи. Се работи за калкулативна метода на одредување на цени – претпријатието прави пресметка колку пари сака да заработи и врз основа на тоа се одредува единичната цена за претпијатието го постигне посакуваниот приход. Такво нешто никогаш немало во времето на СФРЈ. Како што е општо познато - Цената секаде и секогаш се одредува, на пазарот, врз основ на побарувачката и понудата. Колку сум слушнал оваа калкулативна метода лепотаните ја имаат презвземено од Бугарија, а таму два пати падна владата поради цените на струјата. Затоа последниве неколку години, кај нас, цената на струјата расте иако потрошувачката е намалена. Претпријатијата сакаат се поголем приход, а бидејќи потрошувачката е намалена, цената мора да расте.

Уште потешко да се одредди колкава е ангажираната моќност на сите потрошувачи ( делителот во формулата )

Според член 34 од Тарифниот систем ангажирана моќност, поединечно се определува фомулата Wan = W * Epot / Eprе, каде што W е инсталирана моќност. Во член 2 од Тарифниот систем пишува „Инсталирана топлинска моќност“ -е топлинска моќност на грејните тела кои се инсталирани на ниво на мерно место, односно потрошувач во согласност со термотехнички проект; Што значи треба да се најдат сите термотехнички проекти за сите згради во Скопје и да извадат податоци за инсталираната моќност

Знам дека со овие информации Ве збунив и Ви стана нејасно, што е тоа ангажирана моќност. Но немојте да се мачите ди да размислувате.

Суштината е следна: Ова е дело на хохштаплери и изманици. Целта на наплатувањето на ангажираната моќност, не е за да се наплатува нешто точно туку да се мами и ограбува. Како ќе одредите колку изнесува инсталираната моќност, според термотехничките проекти на сите објекти во Скопје? Во Скопје нон стоп се градат и преправат огромен број објекти. Кој ќе ги најде сите термотехничките проекти за сите тие градби и сите преправки?

Еве како се спроведува маењето:

Најнапред Топлификација пополнува табела и вели: „ жими мајка “ толку и толку пари ми се потребни следната грејна сезона. Регулаторна ова вредност ја дели со моќноста на сите топлани кои ги има Топлификација. Моќноста на сите топлани на Топлификација ( а таа има топлани кои воопшто не работат ) изнесува околу 480 илјади киловат . Но лепотаните ова сума ја делат некогаш со 480 илјади киловати, некогаш со 505 илјади киловат, а некогаш со помалку 440 илјади киловати. На тој начин, по желба, се добива терифен став ( цена ) денари/kW за „ ангажирана моќност “, според желбите – ако делат со поголем број – цената ќе биде помала, а ако делат со помал број – цената ќе биде поголема. Но така секоја година на крајот на јули лепотаните од регулаторна ја одредуваат оваа цена.

Сега треба да се определи колку киловати ангажирала секоја зграда. Термотехничките проекти не се достапни и тоа Топлификација го прави од око. Но туке е нешто друго битно, вкупната инсталирана моќност на сите потрошувачи е повеќе кратно повисока од инсталираната моќност на Топлификација. И тука Топлификација ќарува. Регулаторна и пресметала дека вкупната инсталирана моќност е 480 илјади киловати, а Топлификација наплатува , од корисниците за пет пати повеќе инсталирана моќност. Значи пет пати ги наплатува истите фиксни трошоци

Но тоа не е крај на маењето. Таа инсталирана моќност треба да се распредели на корисниците во една иста зграда. Тоа се врши според квадратурата на становите. Вкупната инсталирана моќност се дели со вкупната грејна површина на сите станови. Така се добива цена за еден метар квадратен. Потоа таа единична цена се множи со квадратите кои ги има Вашиот стан.

Погледнете ги фактурите кои ги добивате од Топлификација. Ќе забележите дека во нив е наведена грејна површина помала од вистинската.

Зошто е тоа така? Затоа што со таа бројка се дели вкупната ангажирана моќност. Ако делите со помал број – се добива поголема вредност.

Не знам дали успеа да Ви го објаснам мамењето околу ангажираната моќност. Но ќе кажам уште нешто:

Во правото, ако нешто се стори се прашува со каква намера е тоа сторено, дали е со добра намера или е со лоша намера ( bona fide – mala fide ). Наметнувањето на плаќањето на ангажираната моќност е извршено со лоша намера - mala fide. Тоа го сторија хохшаплери, изманици, кои сами себе се нарекуваат „ визионери “, а всушност се обични криминалци – лопови – арамии – лопужи – арамишта и слично и затоа не барајте логика

Во следниот пост за поделбата на системот на производство, дистрибуција и снабдување
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Самата идеја Топлификација да се подели на производство, дистрибуција и снабдување потекнува од раководството на Топлификација. И не само тоа, идејата да Топлификација биде во надлежност на Регулаторната комисија исто потекнува од раководството на Топлификација. Затоплувањето на становите е чисто локално прашање. Не ги засега граѓаните на Охрид или било кој друг град, како се затоплуваат Скопјани? Затоа насекаде, и во Хрватска, Србија и тн. за топлификациите одлучува исклучиво локалната самоуправа. Во Њујорк од 1882 постои The New York City steam system и никому не му паѓа на ум , централната власт ( Обама ) да има надлежност над затоплувањето на долниот дел од Менхетен каде што работи овој Систем. Иако долниот дел на Менхетен, по број на жители, е поголем од Македонија.

http://en.wikipedia.org/wiki/New_York_City_steam_system

Тука централната власт воопшто нема надлежност. Но раководството на Топлификација издејствува да надлежност над нив има регулаторната комисија, односно централната власт. Веројатно Ви е јасно зошто. Претходно, цените ги одобруваше Советот на градот Скопје. Советот на Скопје има 45 члена, кои се избрани од граѓаните и кои одговараат пред граѓаните. А регулаторна има 5 члена кои се лепотани и кои за ништо друго не се грижат освен за личната лепота и гардероба.

Но да се вратиме на поделбата на системот на производство, како што реков идејата потекнува од Раководството на Топлификација:

Еве како таа идеја ја обраложуваат, арамиите од Топлификација, во документот кој самите го напишаа и кој се вика Генерални принципи за либерализација на пазарот за топлинска енергија:

http://snabduvanjeistok.mk/wp-content/uploads/Generalni-principi-za-liberalizacija-na-pazarot-na-TE1.pdf

Во тој документ е наведено дека системот ќе се подели на: производство ( ја топлат водата ); дистрибуција ( ја пренесуваат со цевки ) и снабдување ( пишуваат фактури ). Сите меѓусебно се поврзани со договори, а потрошувачот ќе може сам да одбере од кој снабдувач ќе биде затоплуван. Можете да прочитате дека на страна 7 стои: „ Доколку корисникот не е задоволен од услугите на својот снабдувач ( носител на лиценца кој е обврзан дејноста да врши во даден реон од топлификациониот систем ), тој може да го раскине договорот со него и да склучи договор за испорака на топлинска енергија со било кој од другите два снабдувачи, а кои со лиценца се обврзани да го вршат снабдувањењето во други два дела од топлификацискиот систем или со снабдувач кој има лиценца за снабдување со топлинска енергија во друг топлификациски систем во истиот или друг град во државата.“. Понатаму се дадени повеќе шеми како наводно ќе се приклучуваат поедините производители, дистрибутери и снабдувачи. Можете да видите дека има шеми во кое е прикажано дека на ваквите системи ќе се приклучувале регулирани и независни производители од други градови и региони. И дека на тој начин ќе се направела конкуренција што наводно ќе предизвика пад на цените.

Ова се невидени глупости или подобро кажано ова е „ дупење во здрав мозок “. Водата која тече низ цевките има брзина околу еден метар во секунда, или околу 3,6 километри на час. Ако некој од Велес би се обидел да затоплува во Скопје, водата од Велес до Скопје би патувала 15 часа и додека стигне во Скопје, наполно ќе се олади. Така да воопшто не е можно да се затоплуваат станови одалечени од котларниците повеќе од неколку километри. Секако дека ова го знаат хохштаплерите од Топлификација. Становите во Карпош се затоплуваат од котларницата во Тафталиџе, а не можат да се затоплуваат од Котларницата – исток, која се наоѓа во Ќеримидница и која има огромен капацитет, а воздушната одалеченост меѓу Ќерамидница и Карпош е 5 км. Истото важи и за становите во 11 – Октомври и таму постои локална котларница.

Но иако оваа го знаеа измамниците и хохштаплерите од Топлификација, ова идеја лепотаните од регулаторна ќе ја прифатат и ќе веруваат дека со „ либерализацијата “ ќе се намалат цените И ќе распишуваат меѓународни тендери за да се најдат нови снабдувачи:

Еве вест од Утрински весник, во кој се известува дека Топлификација е поделена на три дела

http://www.utrinski.mk/?ItemID=92E1607CEF14DC4986C4C7191C89E9FE

Можете да ја прочитате изјавата на директорот на Топлификација кој вели:

„На наша иницијатива започна процесот на либерализација на електро-енергетскиот систем, што ќе му донесе сигурност и заштита на граѓанинот и претпријатието. На ниво на Скопје веќе одделно функционираат три фирми. ’Снабдување Исток‘ е надлежна за населбите Јане Сандански и Ново Лисиче, ’Снабдување Центар‘ за населбите од централното градско подрачје, а ’Снабдување Запад‘ ги зафаќа населбите Тафталиџе и Карпош до улицата ’Рузвелтова‘“, рече Димитар Хаџимишев, генералниот директор на АД „Топлификација“. “

И во Вечер е известено за оваа поделба

http://vecer.mk/default.asp?ItemID=C6A32B18338B8B4782915B11C872C605

Можете да прочитате дека истиот директор вели:

„ - Со објавување на меѓународен тендер, секое новоформирано друштво вклучително и Топлификација ќе добијат лиценца за вршење на регулирана дејност - вели Хаџимишев.

Според него, новина е што на овој меѓународен тендер ќе можат да се јават и други компании кои се заинтересирани за овој бизнис. Со тендерот дефинитивно ќе се демонополизираат овие дејности, но и ќе се елиминира сомнежот дека сегашните иматели на лиценцата се привелегирани.
Хаџимишев најави дека од идната сезона монопол во снабдувањето со топлинска енергија нема да има, а потрошувачите ќе го плаќаат парното со мерење на потрошувачката на ниво на стан “

Регулаторна навистина ќе објави не еднаш, туку повеќе пати меѓународни тендери на кој, се разбира, никој нема да се јави. Еве што за тоа се вели во Вест

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=7B5F354A2F644C459ACFA9AE0BEB6FC1

„ Регулаторната комисија за енергетика ќе го повтори тендерот за избор на оператор за снабдување на скопјани со топлинска енергија, откако ниту една компанија не се пријави на првиот тендер чиј рок истече во петокот.“

Ова „ дупење во здрав мозок “ и „ возење “ ќе продолжи и во наредниот период. Топлификација ќе ги враќа лиценците за ова и за она и ќе добива нови лиценци. Она што сега се нарекува БЕГ е иста стара Топлификација, со исти директори, исти вработени.....

Но дали од оваа поделба имаше практична материјална корист за Топлификација. Одговорот е да.

МАР( Макисмалниот регулиран приход ) за 2010 година изнесуваше 1.747.388.229 денари за произведена количина на топлинска енергија од 612.251.543 kWh можете да прочитате овде:

http://erc.org.mk/odluki/TE-C-2010.07.29 - ODLUKA KONECNA ZA CENA-kontrola TOPLIFIKACIJA SKOPJE.pdf

Став 1 од оваа Одлука гласи: „ 1. На друштвото за производство и дистрибуција на топлинска енергија Топлификација АД-Скопје, по извршената редовна контрола на одобрената цена со која се остварува регулираниот максимален приход, се утврдува регулиран максимален приход за вршење на регулираната дејност производство на топлинска енергија за 2010 година да изнесува 1.747.388.229 денари за произведена количина на топлинска енергија од 612.251.543 kWh и ангажирана моќност од 526.604 kW.“

За 2013 Балкан енерџи има МАР од 2.009.798.816 денари за 2013 година за испорачана количина на топлинска енергија од 449.813.827 kWh, што можете да прочитате овде:

http://erc.org.mk/odluki/2013.07.22-GS-ODLUKA SNABDUVANJE BEG-so tabeli.pdf

Првиот став ос оваа Одлука гласи:

„ 1. На друштвото за снабдување со топлинска енергија, СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, се одобрува регулиран максимален приход од 2.009.798.816 денари за 2013 година за испорачана количина на топлинска енергија од 449.813.827 kWh, “

Или со проценти – количината на топлина е намалена за 26,5% ( 449.813.827/612.251.543 = 0,735), а приходот е зголемен за 15% ( 2.009.798.816/1.747.388.229 = 1,15 )

Во следниот пост, како исклучените станаа виновници
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Првите сметки изработени според начинот на мерење наречен „ мерење со калориметри “; Скопјани ги добија во јануари 2009. Тие сметки беа просено двојно повисоки од претходните.

Вообичаено е крадците да викаат „ држете го крадецот “, за да добијат во време да избегаат. И Топлификација, како секој крадец почна лажно, да обвинува. Најнапред, лажно беа обвинети дивоприклучените како причинители за ваквите сметки, а станарите ги упатуваше да се жалат на куќните совети

Но во октомври 2011, ситуацијата ќе се „ смени “. Ова е напис објавен на Сител телевизија

БИЗНИС | 30. ОКТОМВРИ 2011 - 14:33

Граѓаните плаќаат парно и за комшијата

http://sitel.com.mk/gragjanite-plakjaat-parno-i-za-komshijata-0

Во написот се вели: „ Овој проблем порано беше поинаку решен. До пред 3 години секој станар кој ќе се исклучеше од системот на топлификација имаше обврска да плаќа месечно 50% од сметката бидејќи цевките поминуваат од тој стан и иако е исклучен сепак се загрева.. Но по неколку жалби и поплаки од страна на граѓаните уставниот суд ја укина ваквата одлука. Сега исклучениот иако добива топлина, за него плаќаат оние кои сеуште не се исклучени од топлификација. “

Но послушајте го и видео прилог што е даден со овој напис а трае помалку од две минути. Во него една граѓанка објаснува дека според сметките на Топлификација секој месец се троши исто количество топлина, а новинарот заклучува дека е тоа поради исклучените. Видеото завршува со скица, која потекнува од Топлификација и во која е прикажано како наводно исклучените добиваат топлина со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “.

Сведочењето на оваа граѓанка, дека секој месец потрошувачката е иста, е очигледен доказ дека Топлификација мами со мерењето.Општо е познато дека потрошувачката зависи од надворешната температура и дека не е еднаква секој месец. Најголема е потрошувачка во јануари; во декември и февруари; потрошувачката изнесува 90% од јануарскиот максимум; а во октомври и март потрошувачката изнесува 65% од јануарскиот максимум. Тоа важи за сите начини на затоплување. Но ете и овој очигледен доказ дека Топлификација мами е искористен лажно да се обвинат исклучените.

Овој напис е од 30. 10. 2011. Неколку дена после ова на 09. 11. 2011, одржани се разговори помеѓу Владата и Топлификација, на кој веројатно е договорено Владата да го „ притисне “ Уставниот суд, да ја промени одлуката и да се согласи исклучените да плаќаат

Еве уште нешто што ќе Ве интересира:

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1382&stID=6374&pR=12

Се работи за напис објавен во Утрински и кој зборува дека повеќе дуќани над кои е применет начинот на мерење наречен „ мерење со калориметри “ приговараат дека сметките им се повеќе кратно поголеми.

Можете да прочитате: „ Дуќанџиите лани плаќале помалку затоа што им се наплаќаше паушално. Но, сега овие локали имаат мерач во потстаницата и плаќаат за ангажираната моќност на грејното тело и за реално потрошената топлинска енергија. Ние мора да бидеме конкурентни на пазарот и да го наплатиме она што го нудиме како услуга. ....појаснува Драган Меканџиев, раководител на РЕ Продажба, наплата и евиденција при АД ?Топлификација".

Инаку овој Меканџиев е и денес во раководството на Топлификација.

Како што видовте од овој и од неколкуте претходни постови се е јасно и очигледно и постојат бројни докази за криминалот.

Во следниот пост - за најновиот грабеж на Топлификација и Регулаторна. Се работи за материјал кој до сега не е објавен во ниту еден медиум
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве ја „ ексклузивната “ новост, која до сега никој не ја објавил. Топлификација, без надомест, ги зеде во владение сите топлински подстаници во Скопје.

Тоа криминалците од Топлификација и Регулаторна го изведоа на следниов начин.

Топлификација, во мај 2014, донесе Мрежни правил, а Регулаторна ги одобри. Тие се објавени во Службениот весник на Република Македонија број 73/2014 и сега се дел од правниот систем на РМ. Според одредбите на член 61 од овие Мрежни правила, во владение на Топлификација од 31. 12. 2014., ќе бидат сите топлински подстаници во Скопје.

Еве извадок од овие Мрежни правила, а се однесува на членовите 12 и 61, како се објавени на интернет страницата на БЕГ

http://beg-distribucija.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/Izvadok-od-Mrezni-pravila.pdf

Зошто на Топлификација ги зеде во владение сите топлински подстаници во Скопје, не е јасно. Мене кога некој би ми понудил владение над сите подстаници во Скопје, јас тоа би го одбил. Зошто ми е такво нешто? Но начинот на кој размислувам јас или Вие, се разликува од начинот на кој размислуваат криминалците. Тие очекуваат од ова корист. Ние не ги знаеме нивните намери, но може да претпоставиме кои им се намерите.

Предстои брза гасификација на Скопје. Штом гасот ќе дојде до некоја зграда, доволно е да се купи еден мал котел на гас и да се постави во подстаницата. Тие котли чинат 2-4 илјади евра, што не е голема сума за зграда која има 30 или 50 стана. Тие котли на гас работат наполно автоматски и не е потребно некој со нив да ракува, освен на почетокот на сезоната да ги вклучи, а на крајот од сезоната да ги исклучи.

Но сега, кога подстаниците се во владение на Топлификација, станарите тоа не ќе можат да го направат, а Топлификација ќе може и понатаму да профитира.

Ова ми се чини дека е најверојатен мотив зошто криминалците од Топлификација, со помош на криминалците од Регулаторна ги добија во владение сите подстаници во Скопјe.

Ова е карактеристичен пример како дејствува организираниот криминал. Криминалците имаат упориште во политиката и власта. И имаат можност да издејствуваат да се донесат такви правни одредби од кои тие ќе остварат профит. Затоа е тешка борбата против организираниот криминал

Во следниот пост – дали исклучените можат да се надеваат на помош од власта.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во неколкуте претходни постови, на кратко, е покажано и докажано дека причина за астрономските сметки се: (1)Неточниот начин на перење; (2) Наплатување на „ ангажираната моќност “ и (3) Поделбата на Топлификација, на производство, дистрибуција и снабдување. Покажано е кој го направи тоа и зошто го направи. Наведени се и имињата на криминалците кои го сторија тоа.

Но иако е се ова познато и докажано, Топлификација и понатаму тера по свое и продолжува со криминалот. Јавната власт не само што не презема ништо против криминалците, туку презеде мерки против исклучените. Целата сила на државниот апарат е усмерена против исклучените

Јавната власт тоа го оправдува со тврдењето дека е „ многу лошо “ што има исклучени и дека тие треба да се присилат да повторно се приклучат. Дали е јавната власт искрена, дека е тоа нејзината намера?

Еве пример кој покажува дека намерите на јавната власт не се искрени:

Во Скопје, покрај Топлификација, постои АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика, која се занимава со иста дејност како и Топлификација – затоплување на станови. АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика делува во скопските населби Железара, Автокоманда, Маџари и Хиподром. Таа не користи начин на мерење наречен „ мерење со калориметри “ и не наплатува за некаква „ ангажирана моќност “. Нејзините корисници можат кога сакаат да се вклучат и исклучат и додека се исклучени немаат обврска да плаќаат. Цената која ја наплатува е нешто под 40 денари месечно, за метар квадратен затоплувана станбена површина. Оваа цена е одредена исто од Регулаторната комисија за енергетика и не е посебно ниска – напротив. Цената на чинење се одредува според цената на горивото, гасот. Таа цена во моментов реално изнесува околу 25 денари за метар квадратен затоплувана станбена површина. Но Регулаторната комисија за енергетика и за нив одредува висока цена, со намера, како што таа вели „ да ги намали разликите “ во однос на астрономските цени на Топлификација. Но и таквата цена е многу, многу пониска од цената на Топлификација. Посебно што таму нема „ порамнувања “ и „ астрономски и изненадувачки “ сметки. А и нејзиното греење е поквалитетно и подобро. Топлификација затоплува од 6 часот наутро до 21 часот навечер, а АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика нон-стоп и тоа на температура која му одговара на корисникот.

На почетокот на 2013 се случи чудесен настан. Дел од Автокоманда кој беше приклучен на Топлификација се приклучи на АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика. Во тој дел на Автокоманда кој го затоплуваше Топлификација имаше голем процент на исклучени, како и во другите делови на Скопје. Веднаш штом нивните згради се приклучија на АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика огромното мнозинство исклучени повторно, во рок од еден ден, своеволно, се приклучија. Тоа беше вистинка општо народна веселба на која присуствуваше Градоначалникот на Скопје господин Коце Трајановски.

http://www.sitel.com.mk/poeftino-24-chasovno-greenje-vo-avtokomanda

Е прилог од Сител за овој чудесен настан. Може да се прочита изјавата на директорот на ЕЛЕМ: „ Новиот снадбувач на топлинска енергија за само 1 ден примами повеќе од 500 семејства кои биле незадоволни од скапата услуга и притоа се исклучиле од мрежата, повторно да се вратат на овој начин на греење.

-Претходно биле околу 1200, 1300 домаќинства а ние сега ќе испорачуваме на 1850 домаќинства од Автокоманда, изјави Дејан Бошковски, директор на ЕЛЕМ “

Зошто Јавната власт сака со присила, со кршење на човековита права да ја постигне целта за која таа мисли дека представува „ општо добро “ – исклучените повторно да се приклучат, кога очигледно постои друга можност, останува нејасно. Ако се укине мерењето со калориметри, ангажираната моќност и подолбата на топлификација, цените ќе се намалат и огромен процент на исклучени, своеволно, поторно ќе се вклучат. Но факт е дека јавната власт не го прави тоа туку со сите сили се бори криминалците и понатаму да ограбуваат.

Во следниот пост – зошто највисоката јавна власт е на страната на криминалците?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Лепотаните од регулаторна ги објавија новите цени за БЕГ и за Железарското парно.
Новите цени за БЕГ,без ДДВ се
- ангажирана моќност - 1.056,8374 ден/kW/ година ( оваа цена е покачена, последната цена беше 1037,4710 )
- топлинска енергија - 2,2409 ден/kWh ( ова цена е намалена за 7% последната цена беше 2,4106 )

За Железарското парно месечната цена за затоплување на еден метар квадратен затоплувана површина е
- 38,19 денари за м2
На Желеарското парно му е одобрена цена за еден коливат час од 4,3110 ден/kWh.
http://erc.org.mk/odluki/2014.07.30 -ODLUKA ZA CENA BEG SNABDUVANJE SO TABELA.pdf
http://erc.org.mk/odluki/TE-C-2014.07.31-ODLUKA ZA CENA AD ELEM ENERGETIKA 2014-OBRALOZENIE-so tabeli.pdf

Овие две одлуки се уште еден очигледен доказ за криминалот на лепотаните од регулаторна и арамиите од Топлификација
Погледајте цената за киловат час која е одобрена на БЕГ е двојно пониска од цената која е одобрена на На БЕГ му е одобрено 2,2409 ден/kWh а на Железарското парно 4,3110 ден/kWh
Од друга страна цента на гасот, кој исто го утврдува Регулаторна е 31,3407 ден/nm3
http://erc.org.mk/odluki/PG-C-2014 07 21 - ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS JULI 2014.pdf
Во еден нормален метар гас се содржат околу 9,5 киловат часа. Што значи еден киловат час енергија од гас чини 3,3 денари ( .31,3407 ден/nm3 : 9,5 = 3, 3 )
На ова има загуби во котелот и низ мрежата барем 15%, што значи никој не може да испорача топлина од гас по цена пониска од 3, 3 * 1,15 = 3,8 денари за киловат час Ова е цена без топлификација да земе еден денар - ова се трошоци само за гас. А тие тврдат дека ќе го продавале за 2,2409 ден/kWh
Не знам што тие мислат. Веројатно мислат дека ние сме неписмени како што се они.



.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не одговоривме на главното прашање – ЗОШТО ЈАВНАТА ВЛАСТ, БЕЗРЕЗЕРНВО, ГИ ПОДРЖУВА ИЗМАМНИЦИТЕ И ХОХШТПЛЕРИТЕ.

Се разбира дека немам докази и ова е само мое мислење. А тоа мислење е дека политичариве го кријат криминалот на Топлификација, за да прикријат дека се нестручни, неспособни, неодоворни и делумно корумпирани и дека група измамници и хохштаплери, со година ги „дупела “, „ вртела “ и „ тртела “. А толку ги „ дупеле “, што дури смешно изгледа. Кој ќе верува на политичари кои се измамени од криминалци, бидејќи се глупи, неспособни и корумпирани.

Најнапред очигледно дека нависоката јавна власт, заедно со владеачката „ политичка опција “ и опозициската „ политичка опција “, се на страната на криминалците.

Никаков правен основ во Уставот и законите немаат одредбите исклучените да плаќаат. Секој правник ќе ви каже дека за засновање на облигационене однос е неопходно да постои: (1) Согласност на заемните слободно изразени волји; (2) Предмет и (3) Основ. Во овој случај нема ништо од оваа. Но, иако секој правник ова го знае, Уставниот суд ги одби сите иницијативи кои се однесуваат на исклучените. Во Уставниот суд, седат правници и тоа искусни правници, но ете сите иницијативи се одбиени, со смешни образложенија.

http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf

Ова е страница на Уставниот суд. Од левата страна одберете „ одлуки и решенија “, кога ќе се отвори во десниот горен агол има пребарувач. Во пребарувачот отчукајте со ќирилица „ топлинска “, ќе ви се појават вкупно 65 документи. Погеднете ги документите од 2012 година и подоцна. Сите се за истото прашање и со сите се отфрлени иницијативите.

Ќе Ве подсетам на протестите АМАН. Едно од барањата беше исклучените да не плаќаат. Додека траеа самите Протести, власта тврдеше дека овие Протести ги организирала опозицијата. Кога собравме потписи и поднесовме до Собранието предлог да се донесе закон исклучените да не плаќаа, пратениците од владеачката „ политичка опција “ се подбиваа со предсатвикот на Протестите, госпоѓата Зорица Димовска, пратениците од опозициската „ политичка опција “ воопшто не присуствуваа, наводно протестира што ги тепале.

Еве како Ја навердуваа Зорица:

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=675

„ Навреди и непристојни коментари ѝ упатија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Зорица Димовска, претставник на 13.169 граѓани кои предложија врќање на евтината дневна струја и ослободување на граѓаните од плаќање надоместоци за услуги од енергетските компании кои не ги користат. Кој те подучуваше? На која партија ѝ припаѓаш? Патем ова ни се случи и на законодавно-правна комисија и на економски прашања...“, напиша денес на својот ФБ профил Јасмина Голубовска.

Петрит Сарачини на Фејсбук напиша: Дека политичарите се ретко на страната на народот, тоа го знаеме. Но мене ме интересираше „културата“ на пратениците на ВМРО, кои на тетка Зорица и довикуваа „комуњарко“, „оди си“ итн, како и ароганцијата на спикерот (Велјановски), кој бараше Зорица да биде коректна, а не го бараше истото од неговите пулени кои дофрлаа гадости од клупите“.

Немојте да мислите дека пратениците на опизиционата „ политичка опција “ се поарни. Јас су разговарал се еден пратеник од опозицијата кој ми рече дека 10 денара месечно за м2 не се ништо и дека треба да ги плаќам.

Мое мислење е дека политичарите се соучесници во криминалот, тие разговараа со хохштаплерите, им ветува , им веруваа, тие го продадоа сопствениот народ за интересите на криминалците од Топлификација... И затоа го кријат криминалот на Топлификација. Кој ќе верува на политичари која група хохштаплери ги „ дупела “ со години како да се магарици или крави.

Веќе покажав дека на 09. 11. 2011, се одржани разговори помеѓу Владата и Топлификација. Не знаеме кој учествувал во овие разговори, но знаме дека по тие разговори започна прогонот на исклучените. Но знаеме за средба на вицепремиерот Ставревски со директорот на Топлификација

http://www.utrinski.mk/?ItemID=D81DC84F5CA40A45943A6B7455970F41

Можете да прочитате.: „ Зоран Ставрески, кој за само 15 минути го решил спорот меѓу двете компании. Сепак, останува непознато каква формула применил тој во разговорите. Но, резултатот е познат. Греењето во Скопје функционира. “

Што му дал Зоран Ставревски на директорот на Топлификација, никогаш не е објавено и ние можеме само да претпоставуваме, но факт е дека преговарал со него. Јас претпоставувам дека му ветил дека исклучените ќе плаќаат. Мислам дека со тоа „ тргувал “, тргувал со човековите права на исклучените.

Од ова е очигледно дека ние исклучените не треба да се надеваме на било каква помош од јавната власт и „ политичките опции “. Туку треба да веруваме само на себе или како на српскохрватски се вели – УЗДАЈ СЕ У СЕ И У СВОЈЕ КЉУСЕ

Во следниот пост – за тактиката на нашата борба
 

Kajgana Shop

На врв Bottom