Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како што наведов во пост 1438, БЕГво судењата против исклучените го застапува Адвокатско друштво Чукиќ и Марков:
На судењата тие настапуваат вака: Тие велат исклучените се пасивни корисници на парно
( Ова го докажуваат со едно писмо кое Регулаторна го пратила на Методи Стојчев, во кое регулаторна дава мислење дека вклучените се активни а исклучените пасивни корисници )
Понатаму велат - Според Правилата сите корисници треба да склучат договор
Понатаму велат: - Според правилата тие кои не склучиле договор се смета дека склучиле договор под исти услови
И на крај заклучуваат, според член 53 став2 од Правилата исклучените се во обврска да плаќаат
.............................
Ние ќе се браниме вака:
- Не сме пасивни корисници - и ќе предложиме сведоци кои ќе потврдат дека сами се затоплуваме.
- Постоење на на некави активни и пасивни корисници не е предвидено со ниту еден закон
- Регулаторна нема надлежност да дава мислеења и такво нивно мислење никого не обврзува
Членовите на регулаторна се по занимање инженери по елерктротехника и правници и поима немаат за техниката на затоплување, за да нивното мислење биде релевантно
Ние сме го раскинале облигациониот однос со Топлификација пред да се донесат правилата и немаме никакви обврски по раскинувањето на облигациониот однос
Ако имате некоја друга идеја како да се браниме - предложете
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
A kako e ako cela zgrada saka da se otkaci od toplifikacija? Togas ne bi trebalo da ima problemi?
Моментално само тоа е лекот. Само во тој случај сигурно нема да ти досаѓаат.
Еве гледаш во секоја друга варијанта не дупат у здрав мозок
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
На судењата тие настапуваат вака: Тие велат исклучените се пасивни корисници на парно
( Ова го докажуваат со едно писмо кое Регулаторна го пратила на Методи Стојчев, во кое регулаторна дава мислење дека вклучените се активни а исклучените пасивни корисници )
Понатаму велат - Според Правилата сите корисници треба да склучат договор
Понатаму велат: - Според правилата тие кои не склучиле договор се смета дека склучиле договор под исти услови
И на крај заклучуваат, според член 53 став2 од Правилата исклучените се во обврска да плаќаат
.............................
Ние ќе се браниме вака:
- Не сме пасивни корисници - и ќе предложиме сведоци кои ќе потврдат дека сами се затоплуваме.
- Постоење на на некави активни и пасивни корисници не е предвидено со ниту еден закон
- Регулаторна нема надлежност да дава мислеења и такво нивно мислење никого не обврзува
Членовите на регулаторна се по занимање инженери по елерктротехника и правници и поима немаат за техниката на затоплување, за да нивното мислење биде релевантно
Ние сме го раскинале облигациониот однос со Топлификација пред да се донесат правилата и немаме никакви обврски по раскинувањето на облигациониот однос
Ако имате некоја друга идеја како да се браниме - предложете
По мене треба да се дискредитира писмото и правно и технички, затоа што колку што разбрав, на тоа писмо се базира нивниот доказ.
Исто да се провери легитимноста на правило кое вели дека ако се ни склучил договор ќе се смета исто како да си го склучил!?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
По мене треба да се дискредитира писмото и правно и технички, затоа што колку што разбрав, на тоа писмо се базира нивниот доказ.
Исто да се провери легитимноста на правило кое вели дека ако се ни склучил договор ќе се смета исто како да си го склучил!?
За да се дискредитира писмото ќе ги користиме следниве факти
1. Самото писмо е напишано многу подоцна од колку што се фактурите кои се предмет на парниците и е напишано на упорно инсистирање на Топлификација
2. Образложение на Регулаторна зошто воведе исклучените да плаќаат не е дека се тие „ пасивни корисници “, туку за да ги присили да повторно се вклучат
За ова како доказ имам стенограм од 45 седница на Собранието каде Димитар Петров изјавува дека ова го направиле за да го заштитат состемот на Топлификација. И имам две Одлуки на Регулаторна во кои цената за исклучените се покачува истовремено кога цената за вклучените се намалува. И имам изјава на Димитар Петров од весник во врска со овие одлуки, во која изјавува дека со ова почачување на цена ќе ги натера исклучените да се приклучат

Планирам и Димитар Петров да биде предложен за сведок
Деновиве ќе напишам поднесок за ова и ќе го постирам
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера, еден наш сограѓанин, ме праша за мислење, дали повторно да се вклучи на Топлификација.
Тој ми рече дека како исклучен плаќал околу 700 денари, а неговите соседи кои се вклучени плаќале 2600 и затоа размислува дали повторно да се вклучи.
Јас категорично му реков - не
Во моментов, Топлификација по барање на властодршциве кои ја штитат и го прикриваат криминалот, ги намали сметките.
Но главните начини на крадење, а тоа се: мерењето со калориметри, наплатата на ангажирана моќност и поделбата на системот, постојат сеуште.
Штом актуелниве властодршци паднат од власт, Топлификација повторно ќе ги врати старите суми.
Затоа - категорично НЕ
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
А врз основа на која методологија и на кој начин се пресметува паушалот кој го плаќаат „пасивните“ корисници? Исто и тука можете да го соборите кредибилитетот на писмото, особено ако можете да ангажирате некој да направи експертиза со која ќе се побие нивната методологија на пресметка.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве поднесок каков ветив во пост 1445 и 1441
Сите кои чекаат второ рочиште од БЕГ и добиле поднесок од БЕГ во кој се тврди дека се некакви „ пасивни корисници “ нека направат копи пејст, нека стават свои податоци, нека ги ископираат прилозите и нека поднесат ваков поднесок?
...............................................................................................
(Бројот на Вашиот предмет)

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: (Ваше име и презиме) од Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 5 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок,Тужениот, се обраќа на Судот во врска со доказот кој на претходното рочиште кое се одржа го предложи Тужителот и според кој наводно се докажува дека исклучените потрошувачи се некакви „ пасивни корисници “. Во овој Поднесок, Тужениот предлага да се изведат спротивни докази и предлага сведоци со кои ќе ги побие тврдењата на Тужителот дека тој е некаков „ пасивен корисник “.

Како доказ, дека исклучените потрошувачи се некакви „ пасивни корисници “, Тужителот го доставил писмото број 11 – 1508/2 од 12. 09. 2013 кое Претседателот на Регулаторната комисија, господин Димитар Петров го доставил на Управителот на Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ господин Методија Стојчев.

Според времето на настанување на ова писмо, веднаш паѓа во очи, дека ова не е релевантен доказ. Наводните долгови за кои се води оваа парница се за месеците јануари, февруари, март и април 2013., што значи писмото потекнува повеќе месеци по пероидот кога се настанати наводните побарувања и воопшто не е релевантен доказ.

Во самото писмо, уште во првиот пасос, е наведено дека се работи за мислење кое Регулаторната комисија го дава. Во следните три пасоси е образложено тоа мислење.

Според ова мислење постојат некакви „ активни потрошувачи на топлинска енергија “ и некакви „ пасивни потрошувачи на топлинска енергија “ .

Ова мислење е дадено во вториот пасос на ова писмо кој гласи ( цитат ):

„ Во колективниот објект каде се врши испорака на топлинска енергија сите станбени единици ( станови ) се потрошувачи на топлинска енергија, при што, приклучените станбени единици на грејната инсталација се активни потрошувачи на топлинска енергија а оние станбени единици кои не се приклучени на грејната инсталација на објектот ( со третман на исклучени потрошувачи на топлинска енергија ) се пасивни потрошувачи. ( завршен цитат )“

Во Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 18/2011) е определено за кого се однесуваат одредбите од Правилата за снабдување со топлинска енергија. Член 28 став 1 и 2 од Законот за енергетика гласи:

(1) Регулаторната комисија за енергетика за секој вид енергија и природен гас донесува оделни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас.

(2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено: .... вопродолжени се наведени 13 точки, меѓу кои нема точка во која е наведено дека со правила ќе се предвидуваат обврски за тие кои престанале да бидат потрошувачи.

Во Законот за енергетика јасно стои дека Правилата се однесуваат само на потрошувачите, а не на исклучените, бившите потрошувачи или нешто слично.

Во Законот за енергетика, не е предвидена поделба на активни и пасивни потрошувачи на топлинска или било кој друг вид енергија. Во ниту еден друг закон не предвидена поделба на активни и пасивни потрошувачи. Не постојат активни и пасивни потрошувачи на ќебачиња, бурек, пиперки, фризерски услуги, угостителски услуги или било што друго. Но ете овде, со ова мислење, Регулаторната комисија за енергетика ги „ прогласува “ исклучените за некакви „ пасивни корисници “ со очигледна намера да исклучените ги подведе под одредбите од Правилата.

Надлежностите на Регулаторната комисија се наброени во член 22 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 18/2011). Судот може да го погледа овој Закон и да се увери дека во член 22 од Законот за енергетика се наброени 25 точки надлежности. Во ниту една од овие точки не е наведено дека Регулаторната комисија е надлежна да издава мислења, ниту дека таквите мислења ќе имаат правно дејство. Секако дека, секој, па и Регулаторната комисија за енергетика и Тужителот, има право на мислење, со Уставот е гарантирана слободата на мислење и уверување, но ова мислење има значај како и секое друго мислење на било кој граѓанин.

Од самото писмо број 11 – 1508/2 од 12. 09. 2013, кое Тужителот го предлага како доказ, се гледа дека ова мислење е дадено на упорно инсистирање на Топлификација. Во почетокот на пимото, каде е наведен предметот на писмото, се гледа дека тоа представува одговор на 9 дописи кои Топлификација претходно ги упатила до Регулаторната комисија за енергетика инсистирајќи да го добие ова мислење. Што значи Топлификација упорно инсистирала да го добие ова мислење, а јасно е и зошто толку инсистрирала да го добие ова мислење.

Тужениот веќе посочи дека Регулаторната комисија нема надлежност да издава мислења, што значи ова мислење представува лично мислење на председателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика. Од друга страна членовите на Регулаторната комисија за енергетика, за жал, немаат стручни познавања од техниката на затоплување да дадат релевантно мислење за било кое прашање кое се однесува на техниката на затоплување. Што значи ова мислење е мислење на граѓани кои немаат стручни знаења за техниката на затоплување.

Составот на Регулаторната комисија за енергетика која ги донесе Правилата за снабдување со топлинска енергија беше : 1. Господин Димитар Петров, дипломиран електротехнички инженер, Претседател 2. Господин М-р Рухи Бакију, дипломиран правник, 3. Госпоѓа Светлана Јаневска, дипломиран економист, 4. Господин Видан Кулевски, дипломиран електротехнички инженер, 5. Госпоѓа М-р Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер. Може да се види дека Регулаторната комисија за енергетика е составена од три инженери по електротехника и по еден правник, односно економист.

Техниката на затоплување се изучува во машинската техника и ниту еден од овие членови нема стручно познавање или искуство околу техниката на затоплување. Во едно интервју на телевизија господинот Димитар Петров изјави, дека тој во својот дом во Кратово немал парно, а немал парно ниту во својот стан во Скопје. Што значи тој, ниту знае, ниту видел, само слушнал, а не се знае ниту од кого слушнал, ниту што слушнал. И ниту еден суд нема да ги прифати членовите на Регулаторната комисија за релевантни сведоци за техниката на затоплување, а еве овде Тужителот го предлага ова мислење на овие инженери по електротехника, правници и економисти како релевантен доказ дека исклучените се некакви „ пасивни корисници “.

Фактот што членовите на Регулаторната комисија за енергетика немаат стручни знаења за техниката на затоплување, ќе ја олесни измамата што ќе ја спроведат хохштаплерите од Топлификација. Имено почнувајќи од грејната сезона 2008/2009, цените на услугите на затоплување на Топлификација се покачија за просечно 300%. Ова е очигледна вистина. Топлификација, за затоплување на еден метар квадратен станбена површина во 2008 година наплатуваше, заедно со ДДВ, 27 денари месечно. И секој кој ги користи услугите на Топлификација може да спореди колку плаќал во 2008 година, а колку плаќа денес.

Ова астрономско покачување на цените Топлификација го изведе со: (1) Наметнување на неточен начин на мерење наречен „ мерење со калориметри „; (2) Плаќање за некаква „ ангажирана моќност “ и (3) со некаква „ либерализација “ според која го подели системот на производство, дистрибуција и снабдување.

За ваквото астрономско покачување на цените, по системот „ држете го крадецот “ Топлификација најнапред ќе ги обвинуваше „ дивоприклучените “, а подоцна, кога илјадници граѓани ќе се исклучат за да се спасат од измамата и грабежот, Топлификација почна да ги обвинува „ исклучените “. Ќе почне да тврди дека исклучените добиваат топлина од Топлификација со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “ која приклучените наводно ја плаќаат. Ова е бесмислено, бидејќи „ топлите ѕидови “ се помеѓу соседите, а при „ поминување на цевки “ не се само што се добива топлина, туку и се губи. Општо е познато дека топлината преминува од потопло кон постудено тело. Ноќно време, кога Топлификација не затоплува, топлината од топлите простори преминува на, тогаш, студените цевки.

Одредбите исклучените да плаќаат потекнуваат од раководство на скопска Топлификација. Никаде на друго место, никој не бара од тие кои се исклучени да плаќаат. Зошто би плаќале? Во бивша Југославија, постоеше здружение на Топлификациите. Преку ова здружение, во неколку градови во Србија и Хрватска своевремено беа предвидени слични одредби, какви што за првпат ги предвиде скопска Топлификација. Но денеска и таму такви одредби не се применуваат. Во Хрватска дури е донесен закон со кој им е забрането на општините да донесуваат вакви одредби. Во Скопје, паралелно со системот на Топлификација, постои и работи системот на АД ЕЛЕМ, Подружница енергетика, кој дејствува во населбите Железара, Автокоманда, Маџари и Хиподром. Ниту во овој систем од исклучените не се бара да плаќаат. Што значи ниту во Скопје, ниту на некое друго место, никој друг, освен скопска Топлификација, не бара од исклучените да му плаќаат.

Во есента 2011, во медијумите ќе отпочне кампања под името „ Плаќаш парно и за комшијата “. Ќе настане вистински хистертичен „ лов на вешетерки “, чии жртви ќе бидат исклучените. Исклучените ќе бидат обвинувани дека тие се причинители за астрономските сметки на приклучените. Во многу згради, куќните совети ќе донесат одредби со кои ќе забранат исклучување, а порано исклучените ќе ги присилуваат да повторно се вклучат, надевајќи се дека на тој начин ќе добијат пониски сметки. Медијумите ќе известат дури и за случаи на физички напади врз исклучените. Членовите на Регулаторната комисија за енергетика и поедини раководители на Топлификација ќе бидат најгласни во оваа кампања и јавно ќе барат повторно да се донесат одредби исклучените да плаќаат, а кои претходно ги укина Уставниот суд на Република Македонија.


Од голем значај за одбраната на Тужениот е да ги побие тврдењата дека тој е некаков „ пасивен корисник “, дадени со ова мислење на членовите на Регулаторната комисија за енергетика. Затоа сега, Тужениот ќе предложи да се изведат четири докази и ќе предложи да се распрашаат сведоци, со кој ќе докаже дека тој не е некаков „ пасивен корисник“ и дека овие одредби со кои е предвидено исклучените да плаќаат се донесени со цел да се присилат исклучените, спротивно на својата волја, повторно да се приклучат и немаат никаква врска со топлинската енергија која исклучените наводно ја добивале.

Тоа се следниве докази:

1.Тужениот предлага и бара како, прв доказ за ова, пред овој Суд да се изведе пропаганден леток кој Топлификација го користеше во есента 2011, во кампањата против исклучените и кој е објавен во речиси сите медијуми. Насловот на овој леток е „ Информација за влијанието на исклучени станови и нивен број по мерно место “

Од овој доказ, овој Суд, може да види дека уште на првата страна е дадена скица која покажува како исклучените станови наводно добиваат топлина со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “. Она што веднаш е воочливо од самата скица е дека, топлината кој наводно ја добиваат исклучените, ја добиваат од своите соседи, а не од Топлификација.

Во самиот текст, на втората страна, може да се прочита ( цитат):

„ Прв пат проблемот со исклучени станови се појави во топлификациониот систем на Град Скопје во 1982 година кога се приклучи на системот, тогаш новата населба, Аеродром. Значителен број од становите тогаш не беа вселени и бараа да се исклучат што беше невообичаена пракса во тој момент.

Во тоа време, врз основ на рецензирани стручни материјали беше донесено решение исклучените станови во кои не се живее, т.е. во кои нема греење од други извори, да плаќаат 50% од сумата која ја плаќаат становите кои се греат, доколку сите станови околу него се греат.

Доколку исклучениот стан се грее од други извори на топлинска енергија, со исти услови на греење како и условите на топлификациониот систем, исклучениот стан не плаќаше ништо. ( завршен цитат ) “

Од овие зборови, од овој пропаганден плакат на Топлификација, е видливо дека оваа идеја, исклучените да плаќаат потекнува од скопска Топлификација. Може да се види дека, ваква пракса е користена само за становите кои не се затоплуваа на друг начин. Односно самата Топлификација, самиот Тужител, потврдува дека вакво преминување на топлина е можно само ако становите не се затоплуваат на друг начин. А според мислењето кое Тужителот сега предлага како доказ, и тие кои се затоплуваат на друг начин се прогласени за некакви „ пасивни корисници “

2.Втор доказ кој Тужениот предлага и бара да се изведе пред овој Суд, за да тој го докаже ова мислење не е релевантен доказ, е член 25 и член 11 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија донесен од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Овој Тарифен систем е објавен во Службен весник на Република Македонија број 99/2013:

Топлификација и Регулаторната комисија за енергетика во своето мислење тврдат дека исклучените како некакви „ пасивни корисници “ , добиваат топлина и затоа треба да плаќаат за некаква „ ангажирана моќност “. Меѓутоа поимот „ ангажираната моќност “ , не е поврзан со поимот добиена топлина туку со е поврзан со нешто друго. Што всушност представува поимот „ ангажирана моќност “ е објаснето во членовите 25 и 11 од овој Тарифниот систем.

Член 25 од овој Тарифен систем гласи – „ Фиксниот дел од збирен надомест за топлинска енергија од сите мерни места овозможува дефинирање на тарифниот став за ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место изразена во денари/kW “

Член 11 од овој Тарифен систем гласи: „ (1) Фиксен дел од вкупниот надомест за произведена топлинска енергија (надоместок за системски услуги и системска резерва), се состои од: 1) оперативни трошоци; 2) амортизација на средства и 3) принос на средства одобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика согласно Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги. “

Што значи, Регулаторната комисија за енергетика, од исклучените бара да платат, не за енергија која наводно ја добиле, туку да плаќаат за оперативните трошоци, амортизацијата и приносот на капититал на Тужителот. Ова е очигледен доказ дека „ ангажираната моќност “ не е во врска со топлината која исклучените наводно ја добиваат и дека ова плаќање Регулаторната комисија го наметнува за да ги присили исклучените повторно да се приклучат.
...................................
следи продолжение
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
продолжение на пост 1448
..................................
3.Трет доказ кој Тужениот предлага и бара да се изведе пред овој Суд, за да тој го докаже ова е Стенограмот од третото продолжение на 45 седница на Собранието на Република Македонија која се одржа на 01. 11. 2012. Тужениот се повикува на член 217 став 3 од ЗПП и бара овој Суд, да го прибави како доказ Стенограмот од третото продолжение на 45 седница на Собранието на Република Македонија.

На оваа седница Собранието одлучуваше по интерпелацијата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров. Во текот на дискусијата пратеникот Маријанчо Николовски постави прашање, а Димитар Петров одговори зошто Регулаторната комисија донела одредби исклучените да и плаќаат на Топлификација.

Од Стенограмот прашањето на пратеникот Маријанчо Николовски е на страните 3 и 4 гласи вака:

„ Господине Димитар Петров каде живеете? Носите правилници кои што се спротивни на Уставот и кој што Уставниот суд веќе еднаш ви ги укина, ги терате граѓаните спротивно на својата волја да не можат да се откажат од користењето на услугите на Топлификација и ги терате дополнително повторно да се пријават како потрошувачи. По кој правилник, по кој закон го правите тоа господине. Димитар Петров? Квалитетот на испорачаната топлинска енергија преку Топлификација не ги достигнува потребните 21 степен, затоа што мерачите не работат или ги контролира самата Топлификација, бидејќи упорно тврдите дека Топлификација работи законски, ќе ви предложам нешто. Вие и вашите членови на Комисијата за енергетика да се преселите во станови каде што нема парно и граѓаните мора да плаќаат такса иако не го користат или да се преселите во станови каде што температурата не достига 21 степен. Па да видите како е да ви земат пари за нешто што не го користите или го користите, а не е доволно квалитетно. Веројатно станот во кој што живеете и канцалариите во кои што се сместени имаат добро парно и добро ве греат. Меѓутоа граѓаните на Скопје не се сите во таква ситуација и мораат да плаќаат иако немаат топлинска енергија или ја немаат во доволна количина. И затоа почитувани колеги пратеници. Оваа интерпелација е повеќе од неопходна, е повеќе од потребно да се прифати да донесеме членови на Регулаторната комисија за енергетика која што ќе работат законски, одговорно, транспарентно, а не политички и во интерес на самите монополи создавајќи не екстра услови да остваруваат профит на грбот на граѓаните и на грбот на македонската економија. Благодарам. “

На ова прашање Петров не одговари веднаш, поради недостаток на време и одговори неколку минути подоцна во склоп на одговорот на прашањето на пратеникот Радмила Шеќеринска. Од овој одговор е очигледно дека Регулаторната комисија за енергетика ги донела овие одредби со да спречи понатамошно исклучување и за да ги присили претходно исклучените повторно да се приклучат, односно за да го штити системот:

Во тој одговор, на страна 10 од стенограмот, Димитар Петров вели:

„ Ова што го прескокнавме за топлификација е многу кратко. Сето она што го донесовме како реформа, односно како нови правилници се однесува на два правилника. Услови за снадбување и мрежни правила.

Условите за снадбување е наша обврска, мрежните правила се обврска на топлификација. Три клучни моменти решаваме со тоа. Со интервенцијата ги штитиме потрошувачите кои што остануваат приклучени во станбените згради, каде што имаме тренд на ислучување на потрошувачите. Го штитиме системот на топлинска енергија и крајно ги штитиме системот за дистрибуција на електрична енергија. Ќе го објасниме понатаму. обврската за плаќање на фиксен дел кој што генерално со ова цена која што сега ја имаме на годишно ниво изнесува за само 60-тина квадрати на месечно ниво по 500-600 денари е само нешто кое што е партиципација во однос на останатите соседи во колективната зграда. “

Овој доказ покажува, дека самиот потписник на писмото број 11 – 1508/2 од 12. 09. 2013, председателот на Регулаторната комосија за енергетика, Димитар Петров, јавно, пред пратениците на Собранието на Република Македонија, признава дека цел на овие одредби е да го штитат системот на Топлификација и да спречат понатамошно исклучување.

4.Четвртиот доказ кој Тужениот предлага и бара да се изведе пред овој Суд, за да тој го докаже ова, се три Одлуки за цени на топлинска енергија. Од нив е видливо дека цената на „ ангажираната моќност “, односно сумата која исклучените ја плаќаат, Регулаторната комисија за енергетика ја покачува, во услови кога цената на топлинската енергија, односно цената на гасот се намалува. Кон овој доказ се приложува и изјава за медијумите на претседателот Димитар Петров во која тој јавно изјавува дека ова го прави за да ги присили исклучените повторно да се приклучат.

Се работи за следниве Одлуки за цени на топлинска енергија, кои ги донесе Регулаторната комисија за енергетика. Тие одлуки се:

а)О Д Л У К А за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за греење за 2012 година Број: УП1 бр.08-162/12 од 27 јули 2012 година која е објавена во Службениот весник на Република Македонија број 96 од 30. 07. 2012

б)О Д Л У К А за изменување на Одлуката УП1 бр. 08-162/12, УП1 бр. 08-165/12 и УП1 бр. 08-168/12 од 27.07.2012 година во врска со одлуката за примена на цената за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија на Друштвото за снабдување со топлинска енергија СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје УП1 Бр. 08 – 29/13 од 28.02.2013 година е објавена во Службениот весник на Република Македонија број 32 од 01. 03. 2013

в)О Д Л У К А за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за 2013 година на СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје број УП1 бр.08-142/13 30 јули 2013 година е објавена во Службениот весник на Република Македонија број 108 од 31. 07. 2013

Според Одлуката а), Регулаторната комисија определи цени за: (1)Ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место од 665,2155 ден/kW/година;(2) Топлинска енергија на ниво на мерно место од 3,3755 ден/kWh

Во меѓувреме дојде до огромно намалување на цената на гасот од 23%, Затоа на крајот на февруари 2013 Регулаторната комисија ја намали цената на топлинската енергија, но истовремено ја зголеми цената на ангажираната моќност за 34%

Според Одлукта б) Регулаторната комисија определи цени за: (1)Ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место 893,5202 ден/kW/година;(2) Топлинска енергија на ниво на мерно место 2,6256 ден/kWh

На крајот на јули 2013, со Одлуката в) Регулаторната комисија за енергетика, со образложение дека цената на гасот се намалила, повторно го стори истото, ја намали цената на топлинската енергија, а цената за ангажираната моќност која ја плаќаат исклучените ја зголеми за понатамошни 16%

Според оваа Одлука в) Регулаторната комисија определи цени за: (1)Ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место 1.037,4710 ден/kW/година;(2) Топлинска енергија на ниво на мерно место 2,4106 ден/kWh

Од ова е очигледно дека Регулаторната комисија смислено и систематски ја покачува цената која исклучените треба да ги присили да повторно се приклучат и дека тоа што се бара исклучените да го платат нема врска со топлината која наводно ја добиваат како некакви „ пасивни корисници “.

Кон овие три Одлуки, Тужениот приложува изјава која председателот на Регулаторната комисија Димитар Петров ја даде во медијумите по повод ова покачување на цената која исклучените ја плаќаат.

Овој Суд, може да ја прочита ова цинична изјава во која тој вели ( цитат ):

„ Цената за ангажирана моќност, според овој предлог, треба да изнесува 1.037 денари наместо сегашните 893 денари. И при првото намалување на цената на топлинската енергија во март годинава за околу 14 отсто, беше зголемена цената за ангажирана моќност од 665 денари на 893 денари, што износите на фактурите за исклучените станари ги покачи за неколку стотици денари, бидејќи токму овој износ најмногу учествува во фиксниот дел, кој го плаќаат тие што не користат веќе парно греење. И ова сега ќе ги чини исклучените, околу 10.000 станари, по уште неколку стотки на сметките, кои отсега, како што најави првиот човек на Регулаторна, Димитар Петров, ќе се плаќаат на 12 месеци или, по желба, на 8 месеци.

Познавачите потврдуваат дека со овој предлог на Регулаторна ќе се покачат сметките на околу 10.000 станари исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија. Појаснуваат дека целта е тие да се натераат да се приклучат повторно на топлификациската мрежа. Ова, меѓу редови, го потврди на завчерашната прес-конференција и првиот човек на регулаторна, Петров. Тој рече дека се надева оти намалувањето на цената на топлинската енергија во февруари годинава и претстојното од 1 август ќе придонесат исклучените корисници повторно да се вклучат во системот. Во Скопје има околу 55.000 корисници на топлинска енергија, од кои 45.000 ги снабдува БЕГ. ( завршен цитат)“

И од постапките на Регулаторната комисија за енергетика, која според овие три Одлуки ја покачува цената која на „ ангажираната моќност “ и од самата изјава на председателот Димитар Петров е јасно дека цел на одредбите според кои исклучените треба да плаќаат е да ги присили да повторно се вклучат.

5.Како пето, за да докаже дека не е некаков „ пасивен корисник “ Тужениот предлага и бара пред овој Суд да бидат распрашани следниве сведоци: ( име и презиме на тројца сведоци ). Овие сведоци, се соседи на Тужениот и тие ќе сведочат на кој начин Тужениот го затоплува својот дом, дали има „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “ и каква е положбата на станот на Тужениот во самата зграда.

Прилози:

- Пропаганден леток - „ Информација за влијанието на исклучени станови и нивен број по мерно место “

- Изјава на Димитар Петров за медијумите во која тој објаснува зошто е покачена цената која исклучените ја плаќаат

Во Скопје на 15. 09. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве пресуда со која е осуден еден исклучен. Пресудата ја донела судиката Олга Попевска
Можете да видите дека пресудата базира само на правилата.[DOUBLEPOST=1411156059][/DOUBLEPOST] upload_2014-9-19_21-43-22.png
upload_2014-9-19_21-44-40.png

upload_2014-9-19_21-45-41.png

Еве ја пресудата од претходниот пост како слика, за да можат да ја прочитаат и тие што не се членови на Форумот Кајгана
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве писмо со кое криминалците од Топлификација се закануваат на еден исклучен
upload_2014-9-22_21-33-10.png

Останува генералната препорака за исклучените:
Не се приклучувајте, не плаќајте, ,,,,,,
Никако не потпишувајте договори
Не се предавајте
Верувајте во победа
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
Eве писмо со кое криминалците од Топлификација се закануваат на еден исклучен
Прегледај го приврзокот 102975

Останува генералната препорака за исклучените:
Не се приклучувајте, не плаќајте, ,,,,,,
Никако не потпишувајте договори
Не се предавајте
Верувајте во победа
Пирова победа
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес присуствував на едно судења
Судиката беше поготвена да го осуди нашиот сограѓанин. Почнаа еве тужителот вака и вака и за малку.
Ама ние бевме подготвени и извадивме поднесок и го предадовме. и судењето се одложи за 16 ноември. И тогаш ќе поднесеме поднесок и пак ќе го одложат
Значи не се шегувајте и не сметајте на некаква правда
Ние сме осудени....
Нас не осуди највисоката власт, немојте да имате илузии и да верувате во некаква правда и во властодршците
Наша шанса е само да одолговлекуваме се додека властодршците кои ни нанесоа толку зло не паднат од власт. Ако не осудат ќе се жалиме и судењето ќе се повтори
Во пост 1448 на истава страна имате комплетен поднесок. Копирајте го дополнете, прилагодете го..поднесете
Ќе постирам и друг поднесок со нови докази
Важно е не се предавајте
Ако се предадете, цел живот ќе се каете, бидејќи сте ги осудиле своите деца вечно да им плаќаат на криминалците од Топлификација
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Со калориметрите е најголема превара. Од кога ги поставија речиси сите добиваат повисоки сметки изразено во KWh. Подготвив докази дека со нив се подкрадува. За неколку дена се подготвувам да дадам представка до пазарната инспекција.
Граѓаните се наивни, мислат ако се мери мора да е точно. Но не е така.
e pa toa e loshoto kaj nas ! narodot ne cini ? dozvoluvaat da gi kradat ,i si molcat
eden prijatel bash denes veli vaka: kaj ne ni chini ,oni ne ubeduvaat deka ni e super .ama oni vikaat deka ni e super ,i sega pocna da smisluvaat zakon i nie da vikame deka ni e super iako znaeme i sme svesni deka ne ni e super!
ah ovaa mila makedonija !!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес бев на уште едно судење на исклучен и повторно се одложи судењето за крајот на ноември. Повторно исклучениот достави поднесок на почетокот на самото судење
На ова судење се случи нешто интересно
Адвокатката на топлификација бараше да не се одложува судењето бидејќи многу пари ја чинело туку веднаш да се осуди исклучениот
Тужениот достави потврда дека е социјален случај. На тоа адвокатката бараше - судот да го осуди исклучениот, па потоа нека му го отпишуваат долгот
Ова е доказ за бесрамноста на сегашната власт, не судат, а потоа ќе ни ги отпишувале долговите. Ништо не ни дадоа а сега ни ги пратија и криминалците од Топлификација. Срам да им е.... Затоа со сите сили викаме , - Падај сило и неправдо !
http://www.youtube.com/watch?v=gm6nNoipWFs
 

Kajgana Shop

На врв Bottom