Мачкај ја 3 дена со Гарамицин по 4-5 пати дневно, миј ја наутро и навечер со антибактериски сапун и биди нежен, не ја триј со пешкири и глупости. Пред секое мачкање (освен кога ја миеш нормално) избриши ја со антибактериски влажни марамчиња. Биди внимателен доколку ти се залепи за облеката, не ја корни насилно.
После 3 ден, мачкај со Пантексол 20 дена, исто така по 4-5 пати на ден и поминувај ја со антибактериски марамчиња.
Не ја изложувај на сонце/базени првиот месец, и при секое излегување на сонце мачкај се со 50 фактор (поготово ако е во боја).
Не ја чешај/греби/лупи и.... сакај си ја.