Телекинеза

Дали верувате во телекинеза_

  • Да

    Гласови: 157 72,7%
  • Не

    Гласови: 59 27,3%

  • Вкупно гласачи
    216
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Луцид, обиди се малку подобро да го маскираш ескапизмот, вака дури изгледа како и самиот да се сомневаш во своите способности и убедувања.
Понатаму, што е тоа што ти е потребно за да ги впрегнеш твоите телекинетички моќи?
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Зошто бе вонземзка? Еве земски битија да земеме. Китовите имаат поголем мозок од човекот па сеуште не можат да влијаат на материјата со помош на мозочните бранови.
големината е важна но далеку од клучна по тоа прашање. тоа што некој има за малку поголем или помал мозок од некого не значи дека е помалку или повеќе интелегентен на пример. големината не ја детерминира комплексноста. Инаку пропорционално во однос на телото луѓето имаат најголем мозок. јас мислам дека секој човек условно кажано има микро способност за телекинеза и со правилен пристап само и со вежбање може да ја „отклучи“.
--- надополнето: 10 април 2012 во 14:47 ---
Луцид, обиди се малку подобро да го маскираш ескапизмот, вака дури изгледа како и самиот да се сомневаш во своите способности и убедувања.
Понатаму, што е тоа што ти е потребно за да ги впрегнеш твоите телекинетички моќи?
хах... немам што да маскирам. не се сомневам со тоа - само кажувам дека ефектот е минимален - но доволно видлив за да се увиди. да сакав да бегам од реалноста веројатно ќе ти кажував како можам да левитирам предмети и слично, за жал не знам дали воопшто е практично возможно такво ниво да се достигне. не се тоа којзнае какви „моќи“, да не беше толку скептик и да имаше повеќе желба и упорност и ти самиот ќе можеше да се увериш во тоа.

потребна е голема концентрација и да бидеш open-minded за да го најдеш начинот во мозокот на кој можеш да влијаеш. ништо „посебно“, ама бара доста упорност, посебно на почеток.
 
Не ме разбираш. Ескапизмот ти се јавува кога треба да бидеш конкретен кога ги разглабаш твоите моќи.
Избегнуваш експлицитно да настапиш, и дебатава почнува да наликува на игра на зборови.
А мојот скептицизам не би требало да те спречува во актот на демистификација.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Не ме разбираш. Ескапизмот ти се јавува кога треба да бидеш конкретен кога ги разглабаш твоите моќи.
Избегнуваш експлицитно да настапиш, и дебатава почнува да наликува на игра на зборови.
А мојот скептицизам не би требало да те спречува во актот на демистификација.
како мислиш да ги разглобам? што треба експлицитно да наведам?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
како мислиш да ги разглобам? што треба експлицитно да наведам?
Како ја амплифицираш мислата како таа би делувала, и притоа имала контакт со материја надвор од мозокот?
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Како ја амплифицираш мислата како таа би делувала, и притоа имала контакт со материја надвор од мозокот?
зошто буквално сфаќате дека мислата како „мисла“ патува, како електрони... не го знам принципот на дејствување, исто како што не знам кои хемиски реакции во мозокот се случуваат кога сум заљубен, среќен, тажен или како што не знам како мозокот ги менаџира сигналите кога сакам да ја помрднам раката и тн. тоа што знам е дека на некој начин дејствува и дека конвенционална сила т.е. топлина, струење на воздух и сл. не се во прашање. Можеби се некакви мозочни бранови (можеби целото тело ги испушта, не само мозокот) познати или непознати. Дали некој екстрасензитивен мерен инструмент (постоечки или теоретски) може да го детектира тоа, баш би ме интересирало, и кога ќе бидам послободен ќе пробам некакви експерименти да изведам околу тоа посериозно.
 
D

Daedalus

Гостин
Можеш пак слободно контра тези на се да најдеш, само се надевам ќе се најдеш во ситуација кога некој, не мора јас, ќе ти го сруши цел скептицизам како кула од карти.

Зашто мислиш дека тоа е нешто лошо за мене. Јас како скептик секогаш сум отворен за нова евиденција. Ако некој ми прикаже телекинеза или било каде е најдена капатибилност за телекинеза каде што сите други објаснувања се елиминирани(физика, трикови или други природни фактори) и се најде како конкретно се стига до тој феномен, радо би го прифатил како тоа. Сосема погрешно си го разбрал скептицизмот. Скептицизмот не е негирање на нешто по секоја цена, или верување, скептицизмот за кој јас ти зборам е реално прифаќање на евиденцијата и одземање на сите фактори кои можат да доведат до искривено толкување на вистината. За жал до сега нема никаква евиденција туку само шпекулации и слепи верувања. Длабоко во себе и јас сакам да постои свет со астрални суштества, демони, ангели, итн....едноставно го прави светот поинтересен и помистичен за мене, но не можам да бидам слеп пред реалноста само поради моите емотивни желби. Човек не смее да ја негира реалноста како резултат на неговите потреби и желби. Прочитај некогаш за феноменот wishful thinking i magical thinking.
--- надополнето: 10 април 2012 во 22:58 ---
зошто буквално сфаќате дека мислата како „мисла“ патува, како електрони... не го знам принципот на дејствување, исто како што не знам кои хемиски реакции во мозокот се случуваат кога сум заљубен, среќен, тажен или како што не знам како мозокот ги менаџира сигналите кога сакам да ја помрднам раката и тн. тоа што знам е дека на некој начин дејствува и дека конвенционална сила т.е. топлина, струење на воздух и сл. не се во прашање. Можеби се некакви мозочни бранови (можеби целото тело ги испушта, не само мозокот) познати или непознати. Дали некој екстрасензитивен мерен инструмент (постоечки или теоретски) може да го детектира тоа, баш би ме интересирало, и кога ќе бидам послободен ќе пробам некакви експерименти да изведам околу тоа посериозно.

Окситицин се лачи кога си заљубен. Итн...повели
http://www.asktom-naturally.com/neuro.html
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Зашто мислиш дека тоа е нешто лошо за мене. Јас како скептик секогаш сум отворен за нова евиденција. Ако некој ми прикаже телекинеза или било каде е најдена капатибилност за телекинеза каде што сите други објаснувања се елиминирани(физика, трикови или други природни фактори) и се најде како конкретно се стига до тој феномен, радо би го прифатил како тоа.

Окситицин се лачи кога си заљубен. Итн...повели
http://www.asktom-naturally.com/neuro.html
Не реков дека е лош скептицизмот, него ти се затвораш до степен што не ни оставаш дека може да биде поинаку од тоа ти како што го замислуваш.

за окстицин, од кај би знаел ако не прочитам што се лачи и што воопшто би знаел што се случува?
 
Види вака друже, од страна на човек кој верува во ова или во религија или во било што, реалистичното гледање на работите му изгледа ко затварање пред можностите да постои. Со оглед на тоа дека постоењето на телекинезата е подеднакво илузорно колку можноста Исус да воскреснал или Црвенкапа да постои, што значи точно тоа, показателите дека волкот се преправил во бабата на Црвенкапа и евиденцијата која постои за нив е иста, ама баш иста колку евиденцијата за тоа дека постои телекинеза. Дали треба да сум ОТВОРЕН пред можностите волкот да се преправил во баба навистина, дали ти си отворен кон тоа? Подеднакво можам да казажам дека ти си затворен кон можноста телекинезата да е само мит. Доказите тежат навака. Не заборавај дебатираш со луѓе кои имаат огромно искуство со "спиритуалното". Со луѓе кои го имале твојот став. Човекот со кој дебатираш бил и христијанин со сериозна посветеност и верба, спиритуалист, сатанист и тоа поконкретно ваков....
http://www.joyofsatan.org/
Долго време човеков бил скиентолог, поддржувач на Дејвид Ајк, искрено убеден дека постојат илуминати, сиви вонземјани, рептили, чакри, астрално проектирање, внатрешно дете, реинкарнација, демони.....некои од луѓево тука се поранешни телемити(како Гранд Централ) значи не збориш со луѓе кои не те разбираат. Треба само да ги земеш двете страни на работите, и да не бидеш залажан дека само затоа што постои дебата дека се работи за подеднаквост во релевантноста на стварите. Тоа ти е ко верувачи во постоењето на вампири, да дебатираат со луѓе кои го побиваат постоењето на вакви суштества и некој од страна да си помисли дека даваат подеднаков број на релеватни аргументи за своите ставови....
 
верувам само поради тоа што сум го искусил тоа, а го искусив тоа само затоа што бев отворен во можноста дека постои подеднакво или помалце од тоа дека не постои. не верувам базирајќи се на факти од интернет што не значи дека ако не го искусев ќе бев до толку затворен да бидам сигурен во тоа дека не постои. можеби ќе ме преовладуваше мислењето дека постои, можеби дека и не постои... според мене вообразено е да се биде сигурен во тоа дека не постои телекинеза. премалку знаеме за интелгентниот дизајн на цел еко-систем вклучувајќи го човекот, пред се неговиот мозок и феноменот на човечката свест, не знаеме речиси ништо за универзумот....
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

Ова е моето мислење за телекинезата или за што било друго - подобро е да го прифатиме како хипотеза и да експериментираме со дадената хипотеза дали било телекинеза, телепатија или нешто друго и да откриеме со свое лично искуство, отколку да го негираме и отфрлиме како можно.
 
Хипотезата не е само идеја која туку така изникнува од никаде. Сепак и таа треба да е првенствено логички издржана а и да не биде контрадикторна на веќе евидентирани феномени поврзани со неа.
--- надополнето: 11 април 2012 во 00:46 ---
верувам само поради тоа што сум го искусил тоа, а го искусив тоа само затоа што бев отворен во можноста дека постои подеднакво или помалце од тоа дека не постои. не верувам базирајќи се на факти од интернет што не значи дека ако не го искусев ќе бев до толку затворен да бидам сигурен во тоа дека не постои. можеби ќе ме преовладуваше мислењето дека постои, можеби дека и не постои... според мене вообразено е да се биде сигурен во тоа дека не постои телекинеза. премалку знаеме за интелгентниот дизајн на цел еко-систем вклучувајќи го човекот, пред се неговиот мозок и феноменот на човечката свест, не знаеме речиси ништо за универзумот....
Треба да знаеш дека луѓето прво ги формираат верувањата, а дури потоа бараат рационални објаснувања зошто веруваат во плаузибилноста на одреден феномен.
Не постои никаква вообразеност во скептицизмот и потрагата по валидна евиденција и аргументација за нечие тврдење.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
џабе да дискутираме, се вртиме во круг. не ветувам ништо за сигурно, ќе се обидам еден ден во некој период кога ќе имам повеќе време , да снимам видео клип со споредба на 3те најкомон аргументи против psi wheel-от. Значи топлината на рацете, струење на воздухот и слично и како тие конвенционални сили се разликуваат од телекинезата. Па ако ги приметите тие разлики а мислите дека видеото е фејк или некаква оптичка илузија ќе се договориме некогаш и во живо истото да ви го демонстрирам.
 
пробај со било што друго освен пси вил. Доволна е таа сила на телекинеза да бутнеш и транслаторно не се секирај. Пробај со објект со мала маса.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
пробај со било што друго освен пси вил. Доволна е таа сила на телекинеза да бутнеш и транслаторно не се секирај. Пробај со објект со мала маса.
хмм не се согласувам дека е доволна. кај пси вил-от триењето од иглата е занемарливо, па останува отпорот од воздухот. кај помало тело колку и да биде мало ќе биде голем отпорот од триењето од површината на која седи + отпорот од воздухот. не сум седнал да пресметувам на хартија по формули и сите фактори да ги земам во обзир, зборам емпириски, ама чисто се сомневам во спротивното... а и не ја знам точно природата на влијаење на телекинезата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom