Види вака друже, од страна на човек кој верува во ова или во религија или во било што, реалистичното гледање на работите му изгледа ко затварање пред можностите да постои. Со оглед на тоа дека постоењето на телекинезата е подеднакво илузорно колку можноста Исус да воскреснал или Црвенкапа да постои, што значи точно тоа, показателите дека волкот се преправил во бабата на Црвенкапа и евиденцијата која постои за нив е иста, ама баш иста колку евиденцијата за тоа дека постои телекинеза. Дали треба да сум ОТВОРЕН пред можностите волкот да се преправил во баба навистина, дали ти си отворен кон тоа? Подеднакво можам да казажам дека ти си затворен кон можноста телекинезата да е само мит. Доказите тежат навака. Не заборавај дебатираш со луѓе кои имаат огромно искуство со "спиритуалното". Со луѓе кои го имале твојот став. Човекот со кој дебатираш бил и христијанин со сериозна посветеност и верба, спиритуалист, сатанист и тоа поконкретно ваков....
http://www.joyofsatan.org/
Долго време човеков бил скиентолог, поддржувач на Дејвид Ајк, искрено убеден дека постојат илуминати, сиви вонземјани, рептили, чакри, астрално проектирање, внатрешно дете, реинкарнација, демони.....некои од луѓево тука се поранешни телемити(како Гранд Централ) значи не збориш со луѓе кои не те разбираат. Треба само да ги земеш двете страни на работите, и да не бидеш залажан дека само затоа што постои дебата дека се работи за подеднаквост во релевантноста на стварите. Тоа ти е ко верувачи во постоењето на вампири, да дебатираат со луѓе кои го побиваат постоењето на вакви суштества и некој од страна да си помисли дека даваат подеднаков број на релеватни аргументи за своите ставови....