Скопје - има ли вишок на станови?

Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Работам со изградба и продажба на станови, станови има многу но станови и се продаваат. Има разлика од стан до стан и од зграда до зграда во однос на квалитет на градба и квалитет за живеење во истата, а и локацијата е многу битен фактор. Се бараат или мали станови до 50м/кв или над 80м/кв, цената е висока за разлика на стандардот, но цената на се друго е висока, така да не можете да кажете дека нема да се купуваат станови заради висока цена. И цената на храната е висока за стандардот па сите ја купуваме. Станови за 500е м/кв нема да видите пошто е испод цена на исплатливост и подобро да ми стојат отколку да одам во загуби. Ова можат да го направат само банките ако некогаш дојде ред да ги продаваат заложените станови, ова во услов на рецесија и можен банкрот, пошто баките и онака веќе си ги вратиле средствата кои ги дале, секако проценките идат над 150% од вредноста на кредитот. Цениве од статистикиве не ги сфаќајте сериозно, се доплаќаат станови на рака, и сите тоа го прават без исклучок со што се избегнува даночење.
Да битна е локацијата ама и да има услови за живеење, кај нас трчајќи сите по локација се уништија населби како Деабр Маало и Буњаковец, кои сега делуваат како да се некоја среновековна наслеба. Тесни улички а високи згради блиску една до друга, Ни простор ни паркче, Набутани луѓе како во кокошарници ама Македончето од страна што ќе дојде во Скопје се пали да живее во Центар. Да не збориме дека и плански наслеби како Аердром со новите градби се уништија. Но не се криви тие што градат, криви се тие што во Скопје го прават урбаното непланирање.
За цените и ја мислам дека под 500 тешко да оди ама 1000 1200 евра квадрат е нереална цена. Сигурен сум дека има еден куп непродадени станови.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.875
Градев индивидуална куќа P+P+2 или околу 400 m2 од кои за карабина платив 80 евра m2,а за нејзино целосното уредување без пресметани комунали потрошив вкупно 150 евра по m2.
И после продажната цена 50к евра на индивидуален стан од 55-65 метри кавдратни била ниска.
Кој кого прави будала?
Добро, си платил по 150 евра м2. Каде е куќата? Колку плати комуналии по м2? Колку чини земјиштето таму, сума поделена со 400 м2? И, да те прашам, ако се одлучиш утре да ја продадеш куќата, по која цена би ја продал, по м2?
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Прост есап само од разликата и каматата ќе живеш под кирија 30 години. Плус добивка ќе имаш од камата на депозит. А каде е данок одржување амортизација. Исто или полошо е купување наместо изнајмување. Освен ако креваш спрат. Стан купување во овие околности не се исплати.
Во целост се сложувам, живеам под кирија, но под вакви услови на крај памет не ми паѓа да купувам стан.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Добро, си платил по 150 евра м2. Каде е куќата? Колку плати комуналии по м2? Колку чини земјиштето таму, сума поделена со 400 м2? И, да те прашам, ако се одлучиш утре да ја продадеш куќата, по која цена би ја продал, по м2?
Куќата е во Хром и изградена на плац на кој претходно имаше стара куќа.
Комуналиите беа околу 80 евра m2 и имаше опција да плаќам на рати.
За да ми издатат одобрение за градба морав да платам прва рата по што престанав а кога го донесоа законот легализација на дивоградби ја легализирав.
Сега за сега не планирам да ја продавам но доколку некогаш одлучам да ја продавам ,тргнувајќи од себе,освен некоја агенција па да ја продава како посебни станови,тешко некој друг да даде најмалку 150-200к евра за толку голема куќа
 
[DOUBLEPOST=1479238336][/DOUBLEPOST]

Дојдовме до цена од 230 евра по м2, а не ја дознавме приближната цена на земјиштето. Ти би ја продал до 500 евра м2, што најверојатно е добра цена. Во Сарај новоизградени станови се 700 евра м2. Според мене, можеме да сонуваме за цена од 300-500 евра м2
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Значи, веќе дојдовме до цена од 230 евра м2. Не ја дознавме цената на земјиштето, за да ја имаме вкупната
Земјиштето околу 500 m2 со страта куќа ми е наследство од дедо ми,па не ја знам точната цена,која нејверојатно по моменталниве цени за урбанизирано градежно земјиште не би била помала 80 евра m2
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.875
Земјиштето околу 500 m2 со страта куќа ми е наследство од дедо ми,па не ја знам точната цена,која нејверојатно по моменталниве цени за урбанизирано градежно земјиште не би била помала 80 евра m2
Убаво. Дојдовме до цена од 300 евра, а ти би продал за 500 евра, односно би заработил 200 евра од м2. Во Центар би платил повеќе за комуналии и многу повеќе за земјиштето. Ако ти си инвеститорот и сето тоа го израчунаш и додадеш уште 200 евра заработка по м2 (што е според мене вред) се доближуваме до денешните цени кои ги коментираме.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.875
Другар зема стан за 550 е/м^2 во Чаир пред 2-3 години.
И тука има муабет. Каде во Чаир, колку е стар станот, колку квадрати, на кој спрат, дали има лифт, во каква состојба е...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Убаво. Дојдовме до цена од 300 евра, а ти би продал за 500 евра, односно би заработил 200 евра од м2. Во Центар би платил повеќе за комуналии и многу повеќе за земјиштето. Ако ти си инвеститорот и сето тоа го израчунаш и додадеш уште 200 евра заработка по м2 (што е според мене вред) се доближуваме до денешните цени кои ги коментираме.
Било каде во Скопје стан или куќа од 100m2 со двор за 50 к евра не можеш да најдеш освен некоја одземена хипотека па некој пријател банкар да ти ја понуди а кога некогаш би се одлучал да ја продавам би ја продаал колку што сум инвестирал во неа
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Мене ми викаат дека луѓе купуваат станови за да не ги потрошат парите на глупости. Како еден вид штедење. Или во превод сакаат банката да ги принудува да собираат пари. Мислам на нив не им треба стан туку стечаен управник. Умот си игра трикови. Пола економија е психологија.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Добра ти е идејата, и јас тоа го размислувам па да видат дали не се исплати 500е квадрат.
Јас тоа го направив на почетокот кога се воведуваа лиценците,сега не сум сигурен дали можеш да ја изведеш мојата опција.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Во Струмица, кога градев куќа, реално, еден квадрат ми излезе некаде околу 380-400 евра, во што е вкалкулирано се.
Така да... за Струмица некоја реална цена е 450-500 евра квадрат, а становите одат нешто поскапо од тоа.
Колку што знам, мој роднина купуваше стан во Ново Лисиче, пред година и пол, можеби и две, спомнуваше некоја цена од 900 евра.
Ако имаме предвид дека во Скопје комуналии се секако повисоки, можеби и др. трошоци кои сега не ми текнуваат, највреојатно цените се реални, сосе заработка мислам, можеби со 100 евра фора да се спушти на цена...
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Мене ми викаат дека луѓе купуваат станови за да не ги потрошат парите на глупости. Како еден вид штедење. Или во превод сакаат банката да ги принудува да собираат пари. Мислам на нив не им треба стан туку стечаен управник. Умот си игра трикови. Пола економија е психологија.
Тоа е лудост сега некој да купува стан како еден вид штедење затоа што цените на становите се до плафон кренати, многу е поверојатно дека во иднина цените ќе паѓаат него што ќе се качуваат.
Некој да имал пари и пред, 20-тина години да купел станови и сега да ги продава ќе направел пара, но сега не вреди.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Vladata so tie subvenciite ne mu pomaga na narodot tuku im pomogna na ciglarite uste nekoe vreme da drzat napumpani ceni do daska so ekstra mafijaski profit. I cenata na komunaliite e isto nenormalna za ovoj standard i treba da bide maksimum 10 evra po kvadrat a ne 100e. Gi nagradija kriminalcite sto gradea na crno so legalizacija bez pari namesto kazni i rusenje. Epa taka e koga e vladata glupa ko traktor. Da bea 10e komunalii site uste na vremeto ke si platea i nemase da se gradi na crno.
Koga sme kaj cenite, ako moze vo atina i solun da se prodavaat stanovi i po 300e za m2 kolku treba da bidat kaj nas. Aj novogradbite da im drzat cena ama so da kazeme za starite komunisticki zatvori pred raspaganje?
Vo germanija garsonjera ili ednosoben stan kupen za 50.000 evra se izdava za 500 evra. Pa prajte sporedba so nasava matematika. I da veke bez problem moze da se iznajmi stan so demek vredi 50.000 evra namesten za 100-130 evra posebno ako dades kapar za nekolku meseci odnapred i so dogovor za podolg vr period. I nozete ke ti gi bacat gazdite samo da najdat siguren kiragija.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom