- Член од
- 25 јуни 2007
- Мислења
- 2.307
- Поени од реакции
- 1.134
Да битна е локацијата ама и да има услови за живеење, кај нас трчајќи сите по локација се уништија населби како Деабр Маало и Буњаковец, кои сега делуваат како да се некоја среновековна наслеба. Тесни улички а високи згради блиску една до друга, Ни простор ни паркче, Набутани луѓе како во кокошарници ама Македончето од страна што ќе дојде во Скопје се пали да живее во Центар. Да не збориме дека и плански наслеби како Аердром со новите градби се уништија. Но не се криви тие што градат, криви се тие што во Скопје го прават урбаното непланирање.Работам со изградба и продажба на станови, станови има многу но станови и се продаваат. Има разлика од стан до стан и од зграда до зграда во однос на квалитет на градба и квалитет за живеење во истата, а и локацијата е многу битен фактор. Се бараат или мали станови до 50м/кв или над 80м/кв, цената е висока за разлика на стандардот, но цената на се друго е висока, така да не можете да кажете дека нема да се купуваат станови заради висока цена. И цената на храната е висока за стандардот па сите ја купуваме. Станови за 500е м/кв нема да видите пошто е испод цена на исплатливост и подобро да ми стојат отколку да одам во загуби. Ова можат да го направат само банките ако некогаш дојде ред да ги продаваат заложените станови, ова во услов на рецесија и можен банкрот, пошто баките и онака веќе си ги вратиле средствата кои ги дале, секако проценките идат над 150% од вредноста на кредитот. Цениве од статистикиве не ги сфаќајте сериозно, се доплаќаат станови на рака, и сите тоа го прават без исклучок со што се избегнува даночење.
За цените и ја мислам дека под 500 тешко да оди ама 1000 1200 евра квадрат е нереална цена. Сигурен сум дека има еден куп непродадени станови.