Космос, Хаос, Слобода...

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прашањево ти нема логика,ако некој краде по световниот закон тој исто така краде и по Божјиот закон.Не може некој да убие и Кривично да биде виновен по законите и Уставот,а да не биде по Црковните закони.Но додека обратното може да биде,човек да ги почитува сите закони,и црковни и државни,ниту да краде ниту лаже,ниту да убива,ниту да врши прељуба,а сепак да не верува во некакви си Богови и Божици.
Jaс мислам дека има логика
Ние повеќе веруваме во Божјите закони од колку во световните
Правно гледано - Закон представува некоја норма, која ја воспоставила власта и за која со силата се гарантира нејзиното спроведување
За световните закони, секогаш е предвидена казна
На пример - ако украдеш - ќе те казниме со толку и толку години затвор
За Божјите закони исто постојат Божји казни
Додека Мојиј бил на Синајската гора, Господ да му ги даде Десете заповести, Евреите направиле Златно теле. Затоа биле казнети па морале 40 години да лутаат низ пустината
Или Каин го убил Авел - па го истерале источно од рајот
Има казна и за Божјите закони
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Исклучените од Топлификација, Јавната власт на Република Македонија ги присилува да им плаќаат на арамиите од Топлификација
Ниту еден сегашен закон, кој е на сила во Република Македонија, не предвидува такво нешто. Тоа е спротивно не само на правото, туку и на елементарната логика - како можеш да плаќаш за ништо или како можеш да определиш цена на тоа ништо. Но сепак Јавната власт, која е наводно „ популистичка “, со целиот свој државен апарат, со сите средства, што се вели per fas et nefas, запнала сиромашните исклучени да им плаќаат на пребогатите арамии од Топлификација за тоа ништо. Тие тоа го правдаат со некакво „ општо добро “. А какво е тоа „ општо добро “ добро е познато: Мажот на една регулаторка и таткото не еден министер се вработија во Топлификација.
Сиромашните исклучени бараа спас и заштита во Уставот и Законите, кои се на нивна страна. Но таа заштита им е ускратена поради „ општото добро “.
И сега што да прават?
Ова го раскажав за да покажам колкава е предноста на божјите закони, над световните.
Сведоци сме дека во земјите си Исламска традиција јакнеат барањата за повторно враќање на шеријатското право. Зошто? Од едноставна причина што шеријатското право е божјо право, кое е наводно дадено од Бога. И тука нема „ играње “. Куранот, покрај моралните норми, содржи и правни норми врз кој може да се суди. А предвидените казни се и на овој свет, но и на оној Не може секој властотржец во името на некакво „ општо добро “, да ги крши правата на човекот, кога се тие дадено од Бога. А кај нас може, на властодршциве тоа им е најлесно. Се натпреваруваат кој повеќе права на граѓаните ќе погази. Но за нашиве нема казна, ниту на земјата, ниту на небото
1990 во Каиро е одржана конференција, на која е усвоена Каирска Декларација за правата на човекот во Исламот
Еве прочитајте за оваа Деларација:
http://en.wikipedia.org/wiki/Cairo_Declaration_on_Human_Rights_in_Islam
 
Член од
14 април 2014
Мислења
38
Поени од реакции
30
Смрт те читам вака,свака ти част.Паметен човек.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт те читам вака,свака ти част.Паметен човек.
Претеруваш.... верувај ми...

Што мислиш за оваа поговорка:
Deus iudicat, cum nemo accusat - Господ суди, кога никој не тужи

Оваа поговорка потекнува од Стариот Рим. Очигледно дека и во тие времиња исто како и денес постоеле проблеми кои луѓето не можеле да ги решат на „ овој свет “
Ние денес се соочуваме со зонско. Се работи за голема неправда. Точно се знаат тие кој го наметнаа зонско. Но ништо не им можеме. Голема неправда е невработеноста, сиромаштијата, топлификација и да не набројувам... и тука ништо не можеме. Постојат болести кои се неизлечиви. Постои смрта - често сосема мали деца умираат. Се е тоа неправда, а ние сме немоќни

Можеби Господ постои, а можеби не постои. Но, очигледно, ние имаме потреба од Господ, да им суди на оние кои ни нанесуваат неправда и зло
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82

Брате Смрт, само со усул! Вака ти наброја зонско, невработеност, сиромаштии, болести, смртои, умирачки како напреавди. Ако госпот реши се ова да исправи, може да го искључи универзумот, и отиде се у пм. А уште ни во еу не сме влезени.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Исклучените од Топлификација, Јавната власт на Република Македонија ги присилува да им плаќаат на арамиите од Топлификација
Ниту еден сегашен закон, кој е на сила во Република Македонија, не предвидува такво нешто. Тоа е спротивно не само на правото, туку и на елементарната логика - како можеш да плаќаш за ништо или како можеш да определиш цена на тоа ништо. Но сепак Јавната власт, која е наводно „ популистичка “, со целиот свој државен апарат, со сите средства, што се вели per fas et nefas, запнала сиромашните исклучени да им плаќаат на пребогатите арамии од Топлификација за тоа ништо. Тие тоа го правдаат со некакво „ општо добро “. А какво е тоа „ општо добро “ добро е познато: Мажот на една регулаторка и таткото не еден министер се вработија во Топлификација.
Сиромашните исклучени бараа спас и заштита во Уставот и Законите, кои се на нивна страна. Но таа заштита им е ускратена поради „ општото добро “.
И сега што да прават?
Ова го раскажав за да покажам колкава е предноста на божјите закони, над световните.
Сведоци сме дека во земјите си Исламска традиција јакнеат барањата за повторно враќање на шеријатското право. Зошто? Од едноставна причина што шеријатското право е божјо право, кое е наводно дадено од Бога. И тука нема „ играње “. Куранот, покрај моралните норми, содржи и правни норми врз кој може да се суди. А предвидените казни се и на овој свет, но и на оној Не може секој властотржец во името на некакво „ општо добро “, да ги крши правата на човекот, кога се тие дадено од Бога. А кај нас може, на властодршциве тоа им е најлесно. Се натпреваруваат кој повеќе права на граѓаните ќе погази. Но за нашиве нема казна, ниту на земјата, ниту на небото
1990 во Каиро е одржана конференција, на која е усвоена Каирска Декларација за правата на човекот во Исламот
Еве прочитајте за оваа Деларација:
http://en.wikipedia.org/wiki/Cairo_Declaration_on_Human_Rights_in_Islam
Не постојат божји закони. Ниту некој закон е свет, или посебен. Закони се желбите на оној кој има моќ да ги воспоставува.
Божјата власт има моќ пошто масата е толпа морони што се неспособни да мислат за себе.
Општо добро, јавен интерес. Све тоа се поими шо се определуваат и регулираат со закон, кој патем ни го наметнал Ел Команданте Грујо.
Се негува само добробитта на бирократите. Се друго е мачкање очи за гласови пошто народот е
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На ова тема, гледам има членови, кои се „резевирани “ кон религијата. Има и други теми, каде што има слични мислења. Деновиве се отвори тема за (не)штетноста на религиозните постови. И во таа тема преовладуваат мислења во кои е искажана резервираност кон религиите.
Меѓутоа, религиите постојат, тоа е стварност. Милијарди луѓе се религиозни.
Низ историјата имало обиди да се промени ставот на луѓето кон религиите. Најчесто, властодршците сакале да го променат и прилагодат религиозното мислење кон свои интереси, а имало обиди наполно да се искорени религиозноста. Властодршците речиси секогаш се обидувале својата власт да ја оправдаат со религијата, затоа им било потребно да ја прилагодат религијата кон своите потреби
Еден од таквите примери е Фараонот Ехнатон, кој е припадник на 18 династија
http://en.wikipedia.org/wiki/Akhenaten
Пред Ехнатон религиозните Египјани, ја поврзувале власта на фараонот со Амон и преку него со Ра богот на сонцето.
Ова довело да свештениците кои го славеле Амон станат моќни
За да го намали нивното влијание Ехнатон вовел култ дирекно кон сонцето - Атон,. Атон го наметнал како врховен бог. Ги затварал храмовите на Амон и градел нови посветени на Атон како врховен бог. Практично тогаш започнала идејата на монотеизмет подоцна прифатена од Јудизмот, Христијанството и Исламот.
Но обидот на Ехнатон прпаднал, по неговата смрт се вратиле на Амон,.неговото име свештениците на Амон го бришеле а неговите храмови ги рушеле.
Вакви и слични обиди имало и подоцна низ историјата
Религиите и ден денес постојат и имаат силно влијание,
зошто...? Можеби религиозноста ни дава можност да бидеме слободи? Какво е Вашето мислење?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Религијата дава све освен можност да бидеме слободни.
Во Пакистан и слични исламски земји секоја година се убиваат стотици жени за наводно прељубодејствување.
Жени умираат затоа што им е забранет абортусот.
Еден куп геј, бисексуалци се постојано под чизмата на радикални христијани и нивните GOD HATES FAGS натписи.
Во Нигерија, свештеници проповедаат дека силување на мали девојчиња е природно и нормално и дека треба да се прави почесто.
Исламистите во Иран прогласуваат калифат, држава од која сакаат да го прошират исламот низ целиот свет воедно малтретирајќи, убивајќи и мачејќи го локалното цивилно население во државата.
А да не збориме за фанатици кои живеат аскетски, се самоповредуваат и самоубиваат во име на религијата. Пример се луѓето кои секоја година одат на Филипините за да бидат распнувани на крстови.
Очигледно е дека религијата го прави спротивното. Религијата го инхибира критичкото размислување, им дава моќ на моќните за да можат да го угнетуваат обичниот човек и во исто време го девалвираат како суштество.
Смрт за религиите!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Велиме
- јас сум припадник на таа и таа партија ( „ политичка опција “)
- јас сум припадник на таа и таа религија
- јас сум припадник на тој и тој народ
- јас сум припадник на таа и таа раса ( белец, црнец....)
- јас сум припадник на таа и таа компанија ( претпријатие ).
Бидејќи наводно сме такви и такви, ние се поистуветуваме и својата судбина ја врзуваме за одредена група. Кон таа група ние сме се приклучиле или според наш избор или без наш избор, но им припаѓаме
Ние мислиме: Мојата партија, или мојата религија или мојот народ или мојата раса и тн, се подобри од другата партија, религија, народ, претпријатие...
Припадноста на таква и таква група ни обезбедува одредени поволности. Ако партија на кој припаѓам ги добие изборите, јас ќе се вработам. Или бидејќи сум белец, полесно ќе се вработам како келнер на брод. Или ако претпријатието во кое работам е успешно и јас ќе имам поголема плата.
Затоа ни се бориме за групата но која припаѓаме.
Ние всушност се бориме за својот личен материјален интерес.
Припадноста на таква и таква група ни обезбедува одредени поволности но и ја ограничува нашата слобода.
Што мислите, дали постоењето на групи е знак на Космос или Хаос?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Уште не најдов одовор на прашањето дали постоењето на политичките партии е знак на Космос или Хаос.
Во МК-Википедија пронајдов дефиниција што е тоа политичка партија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Политичка_партија
„ Политичка партија или политичка странка е здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат тие цели. “
Самите политички партии се насатнати во XVII, во Англија. Во тоа време се појавиле две странки: Ториевци - кој се залагале за поголема власт на кралот и Виговци кој биле за поголема власт на парламентот.
Во Франција се појавуваат по Француската буржуаска револуција и тоа биле жиродинци и јакобинци. Во Франција и двете партии се залагале за република, јакобинците биле порадикални а жиродинците се сметаат за умерени
Во Германија, во времето на Бизмарк се јавиле две партии кои и денес се менуваат на власт - демохристијани и социјалдемократи. Инаку Бизмарк го мразел и двете партии и бил против нив.
Но ова не дава одговор на моето прашање - дали политичките партии се знак на Космос или Хаос.
Мислам дека ќе се сложите дека постоењето на политичките партии доведува до ограничувањето на Слободата - Некој типови се организираат да ја освојат власта.
Мене како поединец власта не ме интересира, но ме интересира мојата слобода.
Какво е Вашето мислење?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Може ќе ти биде тешко за верување, ама зборот закон и слобода се две страни на иста паричка. Истото ти е и со космос и хаос. Космос е сегде онаму каде што ја имаме материјата, и за неа постојат закони. Хаосот е она спротивното во случајов, и е свеста.....за неа не важат закони, од таму и слободата е поврзана со неа.
Во основа истата поделба со други зборови е хиерархија vs холархија како што имам кажано на темава предходно. Од тука било каква хиерахиска поставеност е рестрикција на слободата. Во таков случај практично ја снемува свеста....уствари битието :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во речиси сите земји постојат две партии кои се менуваат на власт. Во САД - тоа се демократи и републиканци; Во Германија - социјалдемократи и демохристијани; Во Италија - социјалисти и демохристијани. Кај нас ВМРО и СДСМ.
Секаде е дозволено да се формираат повеќе партии. И се формираат и други партии. Но практично тие нови други партии немаат општествено влијание. Таквите или се во коалиција со двете главни партии, или се составени од ченови на една од истите две партии кои поради некои причини привремено се одвоиле од матичната партија или представуваат маргинални групи кои воопшто не се борат за власт.
Слично било и во минатото. Иако современите партии датираат од 18 и 19. век и порано имало „општествено групирање “
Во Римската Република, постоеле две групи: оптимати и популари.
Оптиматите се залагале за аристократијата, а попуарите за правата на плебсот.
Дури и во времињата на империјата постоело општествено групирање. Во услови на империја - нема борба за централната власт - власта на императорот е неограничена, апсолутна, но сепак постоеле пониски нивоа на власт за кој се бореле две партии. Во Рим се бореле на избор на градски магистрати и други функции
Во Константинополис, во времето на Јустинијан, партиите на зелените и сините дигнале бунт
Но зошто само две партии?
Има и други примери кога се „ судруваат “ два поима
Ден и ноќ
Добро - лошо
....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се уште размислувам за партиите.
Во самата партија постои хиерархија. Има еден председатрел, па под него неколку подпредседатели, па под нив .... и така натака... најдоле има обични членови.
Постои и партиска дисциплина. Самите членови меѓусебно можеби дискутираат за одедени прашања, но кога се среќаваат со конкурентите тогаш се сите сложни и дисциплинирано имаат ист став.
Сето ова укажува дека организацијата на партијата представува Космос - се знае редот.
Но има и нешто друго.
Председателот на партијата А го мрази конкурентскиот председател на партијата Б.
И потпредседателите од партијата А, го мразат конкурентскиот председател Б, но го мразат и својот председател многу посилно
Ќе прашате зошто?
Подпредседателите од А никогаш нема да станат председатели во партијата Б. Но можат да станат председатели во својата партија. Затоа тие многу посилно го мразат својот председател и гледаат по секоја цена да му наштетат, за да тие станат председтели.
Оваа работа е им е добро позната на сите претседатели. Односно секој претседател на партија знае дека за него најголема опасност му се конкурентите за неговото претседателско место од неговата партија.
Како председателите се спасуваат од оваа очигледна опасност?
На разни начини, но тешко:
Еве пример како Сталин го правел тоа
По смрта на Ленин, тој едноставно ги ликвидирал останатите членови на политбирото, што значи физички ја елиминирал конкуренцијата
Низ историјата имало председатели кои се опкружувале со свои блиски роднини. Жената ќе си ја стави за подпредседател, братот за секретар и тн
Имало примери кога се заштитувале со полициски методи - партиската тајна служба ги штити од конкурентите.
Има и други методи
Но битно е дека сите овие методи често пати се покажуваат како не доволни и доаѓа до смена на председателот
Се ова укажува на Хаос.
И што можеме да заклучиме? Дали во партиите владее Космос или Хаос?
Какво е Вашето мислење?
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80

Сложни попови и во петок мрсат. Може и да се воспостави ситуација каде што секој потпредседател си ја копа бавчта своја, никој не се кара меѓу себе, а прецедникот го избираат колку за телевизија. Истото важи и за партии можад да се договорат се исто да прават, само за телевизија малку да се кошкаат а да се сложни како браќа. Најверојатно мојава ситуација е космос а твојата е хаос. А хаос треба за еден ден да има космос.
Или што би рекле бабите секое зло за едно добро. Работата е што доброто не е секогаш за сите добро ами за некои. Па одново од тие причини се раѓа нов хаос, па нов космос, па нов хаос итн...
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
70
Поени од реакции
29
Најпрво јас ќе почнам со православен поглед кон овие работи, ама нема да заборавам и на философијата. Во прва книга Мојсеева (Битие) се вели : „ Во почетокот Бог (од ништо) ги создаде небото и земјата“. Тоа значи дека се било празно освен Бог Кој што е апсолутен Дух, а немало ниту време, ни простор. Потоа се вели: „Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната“. Од ова заклучуваме дека најпрво бил хаосот, а не треба да заборавиме дека и денес има хаос кој што доаѓа од нас. За ова мислам дека зборува еден философ (дали беше Аристотел не сум сигурен ), па така не треба да се мисли дека ова е лажно. Потоа продолжува: „Духот Божји лебдеше над водата“ . Со ова се кажува дека најпосле Бог (третото лице од Бог-Сесвета Троица) ја оживотворувал материјата за да создаде ред (космос) кој е задржан до сега. Последен е создаден човекот кој треба да го задржи тој космос да е правилен, а за човекот е добро да се спомене цитатот на свети Григориј Богослов кој вели: „ Човекот е макрокосмос во микрокосмосот и микрокосмос во макрокосмосот“, односно во човекот е сместено се' што има во светот како и во Бог, но не се' што е во Бог (кај човекот има слобода и кај Бог има слобода, кај човекот има љубов и во Бог има љубов, кај човекот нема знаење за се' кај Бог има...). За слободата треба да се знае дека е единствено нешто по што човекот се разликува од другите битија на земјата, но не треба човекот да прави се' што него треба да му текне бидејќи така се нарушува човечкото постоење овде на земјата. Свети апостол Павле во едно од посланијата вели: „Се' ми е дозволено (бидејќи сум слободен), но не ми е се' од полза (дека околу нас има и други кои ќе трпат некое дело кое можеме да го направиме)“ . Освен ова можеме да кажеме дека во овој свет ништо не е случајно се' си има некоја намера и затоа не можеме да речеме дека е хаос се' што не опкружува, освен она што ние не го правиме правилно. Па затоа е убаво речено тоа погоре дека се што ние го гледаме како хаос не може да се нарече хаос, туку еден ред (космос) кој за нас изгледа многу хаотично.
Celsius тоа го кажа со човекот кога одел на пат
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom