Космос, Хаос, Слобода...

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Mnogu pobitno e kade se naogaat tie jataci,mozda vo sudstvoto?:cautious:
Конкретно за Топлификација на секаде, во медијумите, факултетите, министерствата, локалната власт - секаде
Ако погледаш реално каква е моќта на Груевски или на било кој друг премиер?
Тој е е председател на влада раководи со на пример 15 министри . Да претпоставиме дека 10 од тие министри се од неговата партија а 5 се од неговите коалициони партии
Значи работава се сведе на 10 души
Меѓутоа не се ни 10
Да претпоставиме дека половина се негови верни следбеници, а другата се верни следбеници на други моќници од неговата партија.
Значи тој раководи објективно со 5 души
И тука се можни секакви влијанија
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
...
Значи имаме два Космоса, еден кој ние мислиме дека е власт, и друг кој од позадина влијае на власта а во интерес на криминалот и кој всушност е доминантен.
Ама не....грешка си тоталка, ова ти е по втор или трет пат :)
Власта е уствари криминалот, и она ги влече конците од позиција, и тоа е секогаш правило. За да дојдеш на власт мора да си член или да водиш некоја организирана група, да имаш пари, моќ(рекети и слични срања) и што е најважно да си идиот.
Луѓе за пример што се учат по учебниците по етика никогаш нема да дојдат на власт, затоа што имаш тука контрадикција на интереси. Ова е причината заради која хиерархијата никогаш нема да ги задоволи потребите на едно општество. Секогаш ќе имаш идиоти што ќе бидат на чело...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Деновиве бевме преплавени со вести дека политичариве се договориле и демек сега ќе настане ред односно Космос
Кога се во прашење нашиве политиканти сигурно е дека нема ништо да се смени
Но се поставува едно прашање - Дали може да се воспостави Космос само над дел од Хаосот?
Значи имаме Хаос, дали може само на дел од ова да се постави Космос
Јас веднаш ќе го кажам моето мислење - НЕ
Пак ќе појаснам со политичариве - Тие привидно ( лажно ) се смирија и утредента продолжија да се караат.
Но да го погледаме воопштено проблемот
Дали постојат еден или повеќе Космоси односно Хаоси?
Хаосот е непредвидив, неопределен
Ако така, сепак и тоа е правило А правилата се карактеристика на Космосот
Какво е Вашето мислење околу ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последниве месеци кога некој ќе ме праша што правиш? - Одговарам јас сум во воена состојба. При тоа мислам на „ војната “ која ја водиме со Топлификација и Регулаторна
Тие кои биле во војска се сеќаваат дека ако Вашата единица ја посети некој повисок офицер се рапортира - состојбата е редовна
А во случај на војна се рапортира - состојбата е воена
Во што се разликува Космосот во воена состојба од оној Космос кога нема војна? Тоа е прашањето кое денес Ви го поставувам.

Цицерон рекол -Silent enim leges inter arma. - Законите молчат меѓу оружјето
https://en.wikipedia.org/wiki/Inter_arma_enim_silent_leges

Ова сентенца има длабока порака. Војните се насилни, во нив се губат животи и се одзимаат имоти. А насилството не подразбира правила. Затоа во војните нема закони. Низ историјата имало обиди да се воспостават некакви правила на војување, но тие правила редовно се кршеле во наредната војна. Едвај неколку правила на војувањето се почитуват ( постапување со заробеници, болни и ранети ) Но и таквите правила често се кршат.
Но војна не се води смо со оружје.
Нашиве политичари се во меѓусебна постојана војна. Дали во таа војна има правила? Или нема правила, удри дури можеш
Какво е Вашето мислење околу ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во последно време политичариве се активни и повторно слушаме како наводно ти би направиле се за Македонија
Односно цел на Космосот кој тие би го воспоставиле е државата а не Слободата
Ова ми асоцира на времето на Хитлер
Хитлер владеел само 13 години, од 1933 до 1945 година
Основна цел на идеите на Хитлер е Германија, Германската нација и слично
Секој поединец треба да даде жртва дури да го жртвува и животот за Германија
Оправдано е да се убијат милиони Евреи и други за да Германија биде чиста, појака...
Тоа се идеите на Хитлер
Хитлер имал огромна подршка од народот. Кога дошол на власт, на изборите 1933 година не добил мнозинство гласови и формирал коалициона влада. Но во април 1938 освоил 99% од гласовите
1945 - паднал ов власт, но уште долго имало Германци кои верувале во идеите на Хитлер
По Војната светска војна мнозинството Германци велеле: Идејата на националсоцијализмот е добра идеја но лошо применувана
https://en.wikipedia.org/wiki/Denazification
 

Kajgana Shop

На врв Bottom