Космос, Хаос, Слобода...

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За одпочнување на оваа тема бев инспириран од најновите случувања околу наплатата за паркирање во центарот на Скопје.
Пред неколку дена, општинските зонаши, излегоа со навидум изненадувачки предлог – паркирањето ќе биде бесплатно за жителите на Центар, но ќе мора да се јавуваме по телефон за да ни одобрат
Тие најавија дека имаат „ концепција “. Таа концепција тргнува од тврдење дека: Претходно паркирањето во Општина Центар претставувало сериозен децениски проблем. Дека во поглед на паркирањето не се знаело ред и дека владеел хаос.
Нивната концепција е следна: Пред секоја зграда ќе биде формирано паркиралиште када што ќе можат бесплатно да паркираат само станарите на зградата кои тие ги нарекуваат „ резиденти “. Ако резидентот има потреба да прими посета, да му дојде гостин, ќе биде потребно да се јави на тој и тој број и на неговиот гостин ќе му биде одобрено да одредено време бесплатно паркирање. Ако пак резидентот одлучи да отиде во друг дел на Општината исто е доволно да се јави на тој и тој број и ќе му одобрено еден саат бесплатно паркирање на тоа друго место.
Според оваа концепција, наводно ќе се знаел ред и ќе се одстранел хаосот.
Во оваа тема не планирам да се занимаваме со зонското паркирање и концепциите на зонашите, веќе нагласив дека нивните концепции само ме инспирираа за ова тема. Покрај тоа за ова постои огромна и многу посетена тема во Автомобилизам и мотоциклизам – Зонско револтирани граѓани. Таа концепција на зонашите можеме да ја користиме како еден пример од реалниот живот. Овде се спомнуваат два чисто филозовски термини – ред и хаос и планирам за нив да пишуваме и дискутираме.
Поимот ред е врзан за поимот космос. Денес под поимот Космос ( Κόσμος ) се подразбира и вселената, но неговото првично значење е ред, убавина, хармонија. Зборуваме за човечкиот микрокосмос, што го има секој човек и макрокосмос – надворешниот свет.
Поимот Хаос ( Χάος ), означува празнина, бездна, неред, неопределеност, безвременост.
Обично зборуваме дека редот ( Космосот ) е нешто добро, кон што треба да стремиме, а нередот ( Хаосот ) нешто лошо кое треба да го избегнуваме. Но забораваме дека Космосот е настанат од Хаосот. И воопшто немаше да постои Космос, ако не постоеше Хаос.
Во Грчката митологија Земјата Геја излегла од Хаосот и го родила небото - Уран.
Библијата започнува со следниве зборови:„ Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.....“ и така натаму.
И современите теории на настанокот на Вселената, за сингуларност пред Големиот прасок, практично значат исто тоа, дека постоењето на Космосот и Хаосот нераздвоиви, односно за да постои Космос мора да постои и Хаос.
Дали е вистина дека редот ( Космосот ) е добар, а нередот ( Хаосот ) лош?
Погледнете како поединечниот Микрокосмос се однесува во Макрокосмосот или Хаосот во примерот од коцепцијата на зонашите. Претерано правење ред односно одстранување на Хаосот го загрозува нашиот Микрокосмос, односно нашата слобода. Бидејќи претерано ограничување на слободата е да, кај да одиш и кој да ти дојде да се јавуваш на тој и тој број за да ти одобрат бесплатно паркирање. Во примеров надворешниот Хаос или Космос го загрозува личниот Микрокосмос односно Слободата. Затоа во насловот го спомнав и терминот Слобода
Јас не сум посебно школован за ова, а тоа не очекувам да се и моите Соговорници и предлагам да користиме примери во објаснувањата. Има многу други примери, освен концепцијата на зонашите: Слободниот пазар е неред – Хаос, а планското стопанство е ред - Космос. Безвизниот режим е Хаос, а визниот Космос. Веројатно ќе најдеме и други примери каде ќе можеме да споредуваме.
Ете, за почеток на дискусијата, толку би навел.
Еве на Википедија што има за Космос и Хаос, па ако најдам Соговорници може да започнеме со дискусија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Хаос_(митологија)
http://en.wikipedia.org/wiki/Cosmos
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Глупави се овие жими се.. Ако ова е се што смислиле, алал вера..
 
D

Daedalus

Гостин
Глупави се овие жими се.. Ако ова е се што смислиле, алал вера..
Оваа тема е посветена на хаосот и редот во космосот кој воедно е ред во хаосот, слободата и детерминизмот во секого од нас. Паркиралиштата, владата и другите поими наведени во текстот се метафори преку кои авторот сака да го поттикне слободниот дух на запрашување за природата на нештата во универзумот или мултиверзумот по ново, во секој од нас. Ти одма за политика се фати :unsure:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Mислам дека ве „ уплаши “ оваа тема од областа на филозофијата. Затоа еве неколку дополнителни информации.
Зборот Филозофија или подобро, Философија ( φιλοσόφια ) значи љубов кон мудроста. Ние сме припадници на Човечкиот род и на Планетава единствено ние сме обдарени со разум и свест. Како такви размислуваме за нашите постапки. Темава која ја предложив за дискусија се однесува на нашиот избор да одлучиме помеѓу редот – Космосот и нередот – Хаосот.
Обично тежнееме кон редот, а го избегнуваме нередот.
Но дали е тоа секогаш исправно?
Ќе дадам два примери од кој е видливо дека нередот – Хаосот има одредени предности.
Првиот пример е со снабдувањето со млеко на Скопје.
До пред две - три децени, Граѓаните на Скопје, со кравјо млеко се снабдуваа од Скопската млекара која се наоѓа во населба Маџари. Во Скопско поле и во Синѓелиќ постоеа фарми на крави, кои испорачуваа млеко. Млекарницата ова млеко го преработуваше и го продаваше во Скопје. Mлекарницата и фармите беа планирани да ги задоволат потребите на Скопјани за млеко. Кога Градот нарасна, пораснаа и потребите за млеко, овие фарми немаа доволен капацитет, а бидејќи во Скопје немаше ниту доволно сточна храна, плански е отворена фарма со крави во Јагодина, од која секој ден се носеа, ако добро се сеќавам, десетина тони млеко. Што значи тогаш е вршено планско снабдување со млеко и млечни производи на Скопје. Но во тоа време млеко немаше доволно во Скопје. Млеко или јогурт можеше да се купи само многу рано наутро.
Пред околу две децении, Млекарницата и фармите пропаднаа и настана Хаос. Се јавија десетици мали млекари, на кој никој не им го планира производството, ниту се обврзани да произведуваат толку и толку млеко. И сега дуќаните се преполни со свежо млеко не само наутро туку и цел ден. Погледнете, макар и во најмалиот маркет во секое време има млеко и тоа од повеќе производители.
Вториот пример се однесува околу нашата одлука да стапиме во брак и да станеме родители.
Обично кога ќе наполниме 26-27 години, одлучуваме да стапиме во брак, велиме ... така е ред... сите стапуваат во брак...и слично значи го одбираме редот . И во наредните 10 години години мнозинството од нас, ќе го „ исполни “ редот и ќе стапи во брак.
Е сега има поединци кој помлади ќе стапат во брак. Има такви кои на 18 години ќе станат родители. За нив велиме: ... Избрзале... Не се пазеле.... Се плашеле да не останат без брачен партнер..... и слично.
Што значи тие што ќе што стануваат родители од 25 до 35 години сметаме дека се во ред, а тие што млади ќе станат родители сметаме дека не се во ред. А зошто тоа го правиме?
Уште полошо постапуваме со тие кои никогаш не стапуваат во брак. За нив велиме: Зошто не се омажила или оженил?.... Тоа му е грешка.... и слично. Дури се обидуваме да ги советуваме да ја променат својата одлука да живеат сами.
Ете ова се два примери во кој се спротивставуваат редот - Космосот и нередот – Хаост, кој сакам да Ве инспирираат да најдете слични примери. Бидејќи Космосот и Хаосот постојат постојано и постојано бираме меѓу нив.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
концепции и резиденти...:tapp:

свака им част
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Деновиве во темата лубов и секс, Martyr, започна дискусија на што даваме предност – на надворешниот или внатрешен „ изглед “. Се разбира, мнозинството се одлучи за надворешниот изглед. Всушност тие се одлучија за Космосот. Космосот е симбол за убавината, хармонијата и редот.
Во постот # 4, со примерот за млекото, покажав дека Хаосот може да има предности. Но ние повеќе го претпочитаме Космосот – односно убавината.
А што е тоа убавина? Зошто убавината не привлекува?
Во МК Википедија пронајдов: Убавина е карактеристика на една личност, место, објект или идеја што овозможува перцепционално искуство на задовоство, значење или сатисфакција.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За Хаосот е карактеристично дека системот се однесува на начин кој однапред не може да се предвиди.
Ако една мајка влезе во собата на своето дете и му рече: „Играчките ти се хаос - суредија си ја собата. “
Тоа воопшто не е Хаос - бидејќи ништо непредвидиво нема да се случи, ако детето не ја суреди својата соба.
Истото важи и ако престане наплатата на паркирање. Што непердвидиво ќе се случи ако директорите престанат да наплатуваат?
Непредвидивоста на Хаосот е спротивна на Детерминизмот.
Детерминизмот претпоставува одреденост и еднозначност.
Ви предлагам да нешто напишете за Детерминизмот.
Ова е тема Филозофија и нема да биде штета да се обидете.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На оваа тема сега за сега само јас пишувам и тоа го правам бидејќи има учесници кои ја читаат.
Општо е познато дека Космосот, Хаосот се најтешки теми за филосовски дискусии дури и за професионалци, но сепак Ве повикувам да се вклучите во дискусијата со свое мислење. А како порано напишав, темава е инспирирана од изјавите на директорите на зонашите и на општинските лешинари дека со зонското паркирање се „ правело ред и се одстранувал хаосот“, а директорите и општинските лешинари сигурно не читаат за Хаосот инаку не би давале вака глупи изјави
Вчера застанав кој детерминизмот.
Според детерминизмот, однесувањето на системот во текот на времето е наполно одредено со почетните услови. Но и приврзаниците на детерминизмот се согласуваат дека постојат осетливи системи, кај кои и мали промени на почетните услови можат да предизвикаат големи , експоненцијални, промени, така да овие системи личат на хаос. Тие ова го нарекуваат детерминистички хаос или псеудо хаос.
Тука е она славно прашање:
Дали мавтањето со крилата на една пеперутка во Пекинг, може да предизвика ураган во Калифонија?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Низ историјата на Човештвото, луѓето се обидуваа да ја контролираат околината и животот . Контрола им е неопходна за луѓето за да бидат во можност да ги задоволат сите свои потреби. Астрологијата е стара речиси колку и Човечкиот род, а тоа е само еден начин да се одреди што во иднина ќе се случи. Во последните два века серија на успеси во науката и техниката, доведоа луѓето да размислуваат на детерминистички начин, а детерминизмот стана водечки правец
Ако светот е детерминистички тогаш секој настан може да се предвиди врз основ на почетните услови и однапред познатите закони. Во таква ситуација може да се развие систем за контрола и одбрана од несаканите последици.
Во почетокот на 2009 година се појавија реклами за зонското паркирање. - „ повеќе место за сите “. Дали некој можеше тогаш да замисли дека со зонското ќе се случува ова што се случува денес.
Денес во Скопје секој ден пајаците подигаат од 100 до 150, возила а зонашите поставуваат околу 100 блокатори - лисици.
Секако дека одговорот е не...
Во следниот пост за слабостите на детерминизмот....
 
P

propoise

Гостин
Но ние незнаеме со апсолутна сигурност дали сингуларитетот бил хаос и ако бил зошто тогаш резултатот(ако е еден) е ред(дали хаосот тежнее кон ред, кон хармонија и ако е така зошто?)??
Но што ако мултијуниверз е точна и што ако за разлика од нашиов универзум каде имаме ред, постојат милиони во кои важат сосема различни закони??

Во следниот пост за слабостите на детерминизмот....
Слабостите на Бог:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Детерминизмот имал многу приврзаници. На пример, Лаплас и Шопенхауер, но имало и сомнежи, бидејќи често резултатите од настанот многу се разликувале од очекувањата.
Тие разлики се припишувале на мали разлики во почетите услови или на неможноста целосно да ги согледаме почетните услови и законитостите по кој се одвиваат настаните
Еве на пример какво хаотично движење има едно двојно нишало, какво може секој сам да направи, кое го најдов на YouTube ( прилогот трае 15 секунди)
http://www.youtube.com/watch?v=8VmTiyTut6A
Но на крајот од ХХ век на значај добива, Теоријата на хаосот. Самата Теорија е втемелена, порано, уште од Поенкаре, но во втората половина од ХХ век, посебно со развојот на сметачките машини добива на значај. Постојат динамички системи кои можат да еволуираат до хаотично однесување
За вакви системи, кои се нарекуваат атрактори. се поставени, математички модели, обично диференцијални равенки, кои даваат хаотични резултати.
Теоријата на хаосот, всушност не е теорија туку концепција, а тоа е значајно за моево излагање, дека постои можност да се појави Хаос, од нешто што претходно било Космос.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Можеме да дадеме примери како Касмосот преминува во Хаос. Еден очигледен пример за тоа е зонското паркирање кое ни се случува во Скопје. Но да го оставиме зонското паркирање за темата Автомобилизам и мотоциклизам – Зонско револтирани граѓани. Има примери од Библијата – Каин и Авељ. И историјата има многу примери. Но овде ќе дадеме еден пример од литературата.
Во 1858 Роберт Мичел Балантајн го објавил својот роман Коралниот остров. Ова е многу познат роман за деца и млади, кој е предвиден и како школска лектира. Содржината на романот е инспирирана од романот за Робинзон Крусо, но ликови во овој роман се деца.
Верувам дека повеќето сте го читале, но еве кратко подсетување на содржината: Ралф, Џек и Питер, момчиња на возвраст од 14 – 18 години, се единствени преживеани во бродоломот кој се случува во Јужните мориња. Се спасуваат на еден корален остров и таму почнуваат да го организираат својот живот, градат живеалиште и сами обезбедуваат храна, меѓу другото ловат свињи. Нивни противници се пирати и домородци. После многу перипетии, тие успеваат капетанот на пиратите, пред смрта, да се покае за своите злодела, а домородците, да престанат со канибализам и да станат христијани, односно да станат цивилизирани. На крајот се враќаат во цивилизацијата како „ постари и помудри “.
Во 1954, Вилијам Голдинг го објави романот Господарот на мувите. Главните ликови се викаат Ралф, Џек и Пиги. Се зборува за поголема група деца кои по авионска несреќа, сами се наоѓаат на пуст остров. Во прво време ти се однесуваат цивилизирано, држат состаноци во кој се договораат. Имаат една школка која е симбол на демократијата. Кој ја држи школката во рака, зборува на состаноците, а другите слушаат. Но набргу тие преминуваат во дивјаштво, прават тотем од една глава на убиена свиња на која се лепат муви, лицата и телата ги мачкаат со бои и друго.., но и почнуваат меѓусебно да се убиваат. Нив ги спасува една група воиници предводени од офицер, кои се запрепастени од изгледот на децата. Во моментот на спасување децата горко плачат што се во таква ситуација.
Почетните услови во двата романи се исти – сами деца на пуст остов, но крајниот исход е сосема различен.
Да Ве подсетам Вилијам Голдинг е добитник на Нобеловата награда.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Третиот термин кој е ставен во насловот на темава е – Слобода, па да кажеме, нешто за Слободата.
Што е Слобода? Најлесно е да се каже дека: Слобода е кога човекот живее без присила и забрани во согласност со својата волја.
За правниците дефинирањето на слободата е едноставно:
Според Римското право: Слобода е од природата дадено право да се прави се што сака освен она во што е, со сила или право, забрането -Libertas est naturalis facultas eius quod cuique facere licet, nisi si quid vi aut iure prohibetur.
Во Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789, во член 4 се вели: Слободата се состои во можноста да се прави се што на други не им пречи, така вршењето на природните права секој човек нема граници освен оние кои им обезбедуваат на другите членови на опшстеството уживање на истите права. Овие граници можат да се утврдат само со закон. Article 4 - La liberté consiste à pouvoir faire tout ce qui ne nuit pas à autrui : ainsi, l'exercice des droits naturels de chaque homme n'a de bornes que celles qui assurent aux autres membres de la société la jouissance de ces mêmes droits. Ces bornes ne peuvent être déterminées que par la loi.
И во Уставот на Република Македонија има слична одредба, во членот 8 се вели: Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.
Меѓутоа дали е тоа така едноставно како што е во правото?
Да појаснам со пример:
Замислете некој постар маж, кој има стара и болна сопруга и реши да ја напушти, повикувајќи се на слободата која ја има, слично на вицот: Менувам една жена од 50 години за две од 25 години.
Секако дека има поединци што тоа го прават, но најголемиот број луѓе тоа не го прават. Што значи дека постојат и други ограничувања, освен законите.
А според мое мислење, тие ограничувања се Микрокосмосот што секој човек го има.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Слободата, е основно природно човеково право и еве да ги споменем, многу кратко човековите права.
Постојат четири природни човекови права, тоа се Слободата, имотот, сигурноста и спротивставуањето кон угнетувањето.
Во модерните правни држави, каква што е Република Македонија, запазувањето на човековите права е основна цел и смисол на постоењето на државата. Во нашиот Устав, членовите од член 9, до член 59 се гаранции на човековите права. И не само тоа, се друго што е предвидено со Уставот – постоење на Закони, Собрание, Влада, Судови и т., постои само за да се обезбедат човековите права.
Некои политичари се однесуваат како да државата постои за нив, па ги газат човековите права. Има такви кои сметаат дека правата на нацијата се посилни од човековите права. Нај драстичен пример е Хитлер, за чие владеење човековите права се жртвувани во име на наводниот интерес на нацијата. И денес постојат различни мислења околу ова, но според западната концепција човековите права се пред се.
Човековите права се интересна тема за дискусија, но предлагам на нив да не се задржуваме за да не ја разводниме дискусијата. Ако сакате можеме да отвориме нова тема посветена на човековите права.
 
A

AnFem

Гостин
Третиот термин кој е ставен во насловот на темава е – Слобода, па да кажеме, нешто за Слободата.
Што е Слобода? Најлесно е да се каже дека: Слобода е кога човекот живее без присила и забрани во согласност со својата волја.
За правниците дефинирањето на слободата е едноставно:
Според Римското право: Слобода е од природата дадено право да се прави се што сака освен она во што е, со сила или право, забрането -Libertas est naturalis facultas eius quod cuique facere licet, nisi si quid vi aut iure prohibetur.
Во Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789, во член 4 се вели: Слободата се состои во можноста да се прави се што на други не им пречи, така вршењето на природните права секој човек нема граници освен оние кои им обезбедуваат на другите членови на опшстеството уживање на истите права. Овие граници можат да се утврдат само со закон. Article 4 - La liberté consiste à pouvoir faire tout ce qui ne nuit pas à autrui : ainsi, l'exercice des droits naturels de chaque homme n'a de bornes que celles qui assurent aux autres membres de la société la jouissance de ces mêmes droits. Ces bornes ne peuvent être déterminées que par la loi.
И во Уставот на Република Македонија има слична одредба, во членот 8 се вели: Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.
Меѓутоа дали е тоа така едноставно како што е во правото?
Да појаснам со пример:
Замислете некој постар маж, кој има стара и болна сопруга и реши да ја напушти, повикувајќи се на слободата која ја има, слично на вицот: Менувам една жена од 50 години за две од 25 години.
Секако дека има поединци што тоа го прават, но најголемиот број луѓе тоа не го прават. Што значи дека постојат и други ограничувања, освен законите.
А според мое мислење, тие ограничувања се Микрокосмосот што секој човек го има.
Едноставно е, „Не го прави она што не сакаш да ти биде направено тебе“... И нека биде Слобода! :
 

Kajgana Shop

На врв Bottom