Калиопи

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Супер е жената се внесува целосно во текстовите а тоа ми се допага посебно , кога некој пее со емоции, а не само колку да се каже дека има песна и да го видат другите
 
M

**MEMORY**

Гостин
Почит за Калиопи, и да, моментално се вбројува во една од најдобрите во Македонија.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
NA ZAGREB MU SE SLUCI KALIOPI

Медиумите во Хрватска пренесоа дека загребската промоција на новото цеде на Калиопи ќе биде запаметена по неколку работи: Најпрвин, меѓу присутните се најдоа еден куп врвни познати имиња, кои на едно место не се собираат многу често. Второ: Со концерт во живо, Калиопи и нејзиниот бенд им одржаа лекција на сите кои на живите настапи калкулираат со емоциите и со искреноста. И трето, а најважно – Патот до успехот ти е загарантиран само ако имаш добри песни, кои нашата поп-дива и на последното цеде Желим ти реќи ги има во изобилство... Во спротивно – ништо од бизнисот!

Минатата недела на Калиопи и се случи Загреб. Или обратно – на Загреб му се случи Калиопи!? Првата дама на македонската поп-музика – Калиопи Букле во клубот Аквариус го помовираше своето најново дискографско чедо – албумот Желим ти реќи. Ова беше одлична можност, како што пренесоа хрватските медиуми – на едно место да се собере кремот на хрватската шлагеристика, актерство, рок и поп-музичари и фаци кои со своите песни го одбележаа голем дел од нашето колективно минато...

Во Загреб поп-дивата пристигна еден ден пред закажаната промоција, заради закажаните промотивни обврски...

Фасцинирана сум од експедитивноста на ХТВ, каде гостував во утринската програма. Ме пречека организаторот, по што имав на располагање фризер, шминкер, гардеробер... Иако дојдов подготвена за програмата во живо, имав на располагање се што треба за да снимката што оди во етер биде беспрекорна – вели Калиопи.

Ден на промоцијата Калиопи главно го мина во хотелот, со исклучок на тонската проба, заедно со бендот Breathless, составен од врвни музичари – Влатко Георгиев (клавијатури), Дино Милосављевиќ (тапани), Танче Гроздановски (гитара), Никола Бочваров (бас), и Наде Талеска (придружни вокали), која прв пат настапи со Калиопи, а, според зборовите на поп-дивата, успешно ја мина огнената крштевка.

За живо претставување на песните од албумот Желим ти реќи придружниот бенд имаше секојдневни подготовки цел еден месец. По она што го слушна префинетата загребска публика – дефинитивно вредеше толкава посветеност.

Иако звучи неверојатно, прв во клубот Аквариус од угледните гости пристигна амбасадорот на Република Македонија во Хрватска – неговата екселенција Данчо Марковски. Всушност, амбасадорот Марковски и ја отвори промоцијата, со зборовите дека Калиопи е една од најголемите македонски ѕвезди на сите времиња.

Чекајќи ја главната ѕвезда на вечерта, не можевме а да не забележиме дека менаџерот на Калиопи Томислав Шкулиќ имаше поголема трема од неа самата.

Тоа е затоа што Томислав многу навива за нашиот проект, ни се довери Калиопи...

Запрашан за амбициитеи плановите со најдоброто од Македонија – Калиопи, Шкулиќ ни се довери...

Акваријус рекордс веќе темелно работи на претставување на Калиопи како на голема и комерцијална ѕвезда, оти е невозможно некој кој е број еден во Македонија да не биде забележан и во Хрватска – дециден е Шкулиќ.

Според планот на менаџментот, работите врзани за Калиопи во Хрватска одат според она што е замислено уште пред две години...

За да фановите се потсетат на Калиопи, лани ја објавивме нејзината колекција составена од најголемите хитови на македонски јазик, а за да покажеме колку таа е авторски силна личност, беше неопходно објавување на актуелното цеде Желим ти реќи. Според планот, нејзиниот следен албум ќе биде вистински бум во Хрватска, иако не се исклучува можноста експлозија во Србија да се случи уште со овој проект, бидејќи станува збор за народи со сличен сензибилитет - вели Томислав, потенцирајќи дека главниот адут на поп-дивата е нејзиниот ненадминлив глас, со кој е далеку пред сите во регионот...

За разлика од промоцијата во Скопје, која имаше силна артистичка концепција, режисерот на промоцијата во Загреб, сопругот на Калиопи Васил Зафирчев овој пат понуди поотворен концепт. Сценографијата горе-долу остана иста – разбиени огледала, кои претставуваа потрага по сопствениот уметнички сензибилитет, црна роза во рамка за слика.... Сепак, овој пат главниот збор го имаа песните, живиот бенд на сцена и моќен и толку посебен вокал на Калиопи. Вистински мал концертен спектакл... Како и на сите други настапи, и во Загреб Калиопи носеше креација од Розе Трајческа – Ристовска, додека за нејзината шминка се погрижи Александар Каприш, кој допатува од Белград.

Репертоарот избран за настап во живо главно се базираше на песните од цедето Желим ти реќи, но дел од времето им беше отстапен и на старите хитови – Обои ме, Бато, За само еден дел, Дали ме сакаш, на чиј заразен ритам не остана рамнодушна ниту Алка Вуица, која на Калиопи и се придружи на сцената, пеејќи ја хрватската верзија – Да ли ме волиш, или ме прижељкујеш...

Она што посебно емотивно ја допре публиката беа песните кои Калиопи им ги посвети на драги лица. Така насловната тема од промовираното цеде и хитовската Црне руже му беа посветени на Тоше Проески, а песната Посљедња на нејзиниот син Пако. Таа вечер Бато ја пееше во чест на нејзината почината пријателка Искра Таноди, која напиша дел од темите за албумот Роѓени...

За смртта на Искра дознав од нејзиниот сопруг Златко, на самата промоција. Иако Златко беше продуцент на Роѓени, цели 20 години ги загубивме врските, кои беа обновени благодарение на Искра, која пред неколку години ме најде преку мејл. Но, напрасно Искра престана да одговара на моите мејлови. Вечерва ја дознав причината. Мојата Искра засекогаш не напушти – им се довери Калиопи на присутните со солзи во очите...

Емоциите беа силни и на крајот од промоцијата, кога претседателката на Тоше Проески – фан-клуб форум, Стела Прислан – Фујс, и подари раритетен постер со ликот на Тоше, составен од сликички на 500 членови на здружението.

Дружба со пријателите и фановите, фотографирања и автограми, продолжи длабоко по полноќ, кога тимот на Калиопи, придружуван од Алка Вуица, замина накај хотелот...

Никогаш нема да ја заборавам промоцијата во Загреб, оти ова беше една од најубавите вечери во мојот живот. Одамна во мене не се случи толкава мешавина на чувства како тој вторник во Загреб, кога прекрасни луѓе и одадоа почит на мојата песна. Тоа мора да се доживее – толку драги лица – Јурица Паѓен кој беше дел од Аеродром и Азра, легендарниот Сеад Липовача од Дивље јагоде, избран за најдобар гитарист на Балканот, па Ивица Пропадало од Тешка индустрија, Миро Унгар, Јасна Злокиќ, Тарик Филиповиќ, Данијела Мартиновиќ, Марко Тоља, кој важи за голема надеж на хрватската сцена, Маја Татиќ, која допатува специјално од Бања Лука, Мирослав Рус, чии Игри без граници, како ниту една друга песна ја одбележаа кариерата на нашиот Тоше Проески ... Секако, и Един Карамазов, мојот брат по песна – вели Калиопи. Сепак...

Многу ме израдува присуството на Арсен и Матија Дедиќ. Арсен, кој е балканскиот Леонард Коен, остана да го изгледа целиот настап, иако на почетокот ми кажа: Немој да ми забележиш ако морам да заминам по третата песна. Тоа што остана до крај значи дека не му беше здодевно во моето друштво – вели нашата поп-дива.

Утредента ги средувавме впечатоците, натопени во преубавите вина тиквешки кои се пиеа таа вечер. Она што остана на дното од чашата беа емоциите, кои силно беа присатни на промоцијата. Меѓу редови, составени од угледни гости, букети цвеќе, почести и комплименти, солзи на фановите, развеаните македонски и хрватски знамиња, испливаа зборовите на Калиопи од секоја песна. И секако, неколку ливчиња со пораки од типот: Фала за прекрасната вечер!, оставени на брисачите на нејзината шкода, паркирана пред клубот.

Чекајќи ја следната средба со загребските фанови, закажана за 20 јануари 2009-та, за кога е закажан голем самостоен концерт во престижниот Ватрослав Лисински, Калиопи веќе на 15-ти декември ќе биде со своите белградски фанови.

Останува да видиме дали и Белград ќе падне на емоциите, гласот и хитовите на македонската поп-дива, како што тоа му се случи на Загреб минатата недела.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Мајка која го напуштила своето дете поради кариера не заслужува никаков коментар. Срамота, а овде глуми лудило...:vozbud:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Мајка која го напуштила своето дете поради кариера не заслужува никаков коментар. Срамота, а овде глуми лудило...:vozbud:
Прв пат слушам...:toe: Ќе дообјасниш?
Инаку одвратна ми е женава не знам. Не можам да ја слушам како вришти. Можеби има добар глас, ама изгледа не знае како да испее:nesum:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Да,да веќе 10 години како нашата драга чесна и поштена сестра Калиопи како го има напуштено своето дете кое живее со нејзиниот бивши во Швајцарија и колку што знам веќе долг период го нема ниту видено, а овде глуми лудило па му посветува разно разни песни и како што таа вели кога ќе порасне ќе сфател зошто го напуштила срамота. Секоја чест за нејзините музички вредности и квалитети, но како човек е дно, мисли само на пари и на самата себе, а во јавост глуми лудило, а за пари е спремна се да направи или како што вели таа самата во една нејзина песна солзи и бакнежи,ти се нудиш а тој ти плаќа.
 

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Калиопи е најдобрата пејачка на цел Балкан. Таков глас како што има она, ретко. И овие Каролина, Елена Ристеска итн можат само вода да и носат.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
И според мене Калиопи е моментално најдобра пејачка, друга незнам ако има некој предлог нека каже. Новиот албум и е супер, интересни песни има, Грев ми е омилена и сакам што побрзо да прави концерт.
А Елена ми е обична девојка која прави добри песни што скоро секој може да ги испее, немам ништо против неа супер си се снаоѓа девојката ама ве молам немојте да ја споредувате со Калиопи!
А ако збориме за вештачки пејачки Каролина(има убав глас) ама колку вештачки се однесува дури за момент помислувам дека треба глумица да станe.


Да,да веќе 10 години како нашата драга чесна и поштена сестра Калиопи како го има напуштено своето дете кое живее со нејзиниот бивши во Швајцарија и колку што знам веќе долг период го нема ниту видено, а овде глуми лудило па му посветува разно разни песни и како што таа вели кога ќе порасне ќе сфател зошто го напуштила срамота. Секоја чест за нејзините музички вредности и квалитети, но како човек е дно, мисли само на пари и на самата себе, а во јавост глуми лудило, а за пари е спремна се да направи или како што вели таа самата во една нејзина песна солзи и бакнежи,ти се нудиш а тој ти плаќа.
Лелееееее што не ќе слушнам, абе луѓе вие си зборите како вас ви одговара!
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Лелееееее што не ќе слушнам, абе луѓе вие си зборите како вас ви одговара!
Се што кажав е вистина апсолутно се и знам дека вистината најмногу боли али тоа е тоа.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Калиопи е најдобриот женски вокал во Македонија. Се лигавела или не, дали некого го нервира или не тоа е факт!
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Сепак македонската верзија Грев е поубава. Сите песни и се преубави неможам да издвојам некоја, последниот албум одушевува. И Пробуди ме, Грев, Љуби ме, сиите се хитови или ќе бидат. Сепак Пробуди ме моментално си ја издвојувам :pipi:
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Za vokalot, nema sto da se komentira, ima jak vokal, toa e sigurno. Omilena pesna mi e "Rodjeni"(Bato). A za karakter... hmmmm... i mene mi e premnogu ona "izrazuvanje na emocii", ok ako se sozivuva so pesnata, ali premn vestacki mi deluva toa nejzino sozivuvanje. Ima mnogu pejaci, po ocite, im se poznava,ednostavno im se poznava deka peat so emocii, ali ne go eksponiraat tolku toa. Sega pak mi doaga da go spomnam Tose :(, eden i edinstven, toj peese od srce i so emocii, ali ne pravese teatar. Muzikata bara iskrenost, a ne gluma. Izgleda zatoa se slozuvaat tolku so Vasil.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Па добро, секој на свој начин си ги искажува емоциите.:)
Калиопи е можеби малку поексентрична од другите.
Ако немаше емоции немаше да пишува баш во едно време кога ни требаше најголема поддршка ваква песна. Единствена е!
Еве што изјавила за оваа песна:
Посакувам секој Македонец, без оглед на која националност е, а живее во Македонија и се смета како дел од оваа држава да ги почувствува зборовите и музиката како што јас ги имам почувствувано.
Сакам да порачам љубов. Сакајте се, сакајте го тоа што го имате зашто предоцна е кога нештата ќе се изгубат тогаш да почнат да се сакаат. Се е кажано за бранителите, секој еден е бранител кој доволно ја сака земјата и знае да го каже вистинскиот збор на вистинско место. Никогаш нема да ја заборавам чесноста и искреноста што ја видов во очите на нашите бранители. Ја имав приликата да ги видам одблиску. Единствено да знаат дека не се сами дека сме со нив. Тие се тие, наши синови, наши браќа, наши деца, наши бранители. Не се сами и ова е најмалку што можам да го направам за нив. Зашто сепак, тие не се бранители само на Македонците во Македонија, тие се бранители и на Албанците во Македонија кои сакаат мирен живот, на секој човек од било која националност кој е жител на Македонија. Бранители на сите луќе кои го сакаат мирот во Македонија.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
можеби има убав глас ама очигледно не знае да го користи а за кралица тешко
kako mislis, ne znae da go koristi?Kaliopi e operska pejacka.

Калиопи секакo е една од попопуларните пејачки во Македонија, иако јас не би се осмелил да кажам најквалитетната.

Некако ме иритира фактот што се врати во време кога Македонската музичка сцена беше во подем, но не беше една од тие што ја граде (без разлика каква е). Има глас, нема стас-и искрено воопшто не ме допираат нејзините настапи, ги гледам оние гестикулации што навидум од срце ги прави...едноставно публиката познава кога некој глуми а кога некој со срце го прави тоа. Калиопи за пари го прави тоа.
Тоа не е ништо лошо, нормално е-само не сакам да кажува лаги дека она од љубов се занимава со музика и дека од љубов пее за Македонија.

Кралица??? дај не претерувајте, мпжеби како дворски шут да, ама далеку е од кралица.
Ако воопшто македонија има број 1 певаЉка тоа е Елена Ристевска, значи зборуваме за целиот пакет...барем нема брчки на чело ;)
Kaliopi ako ne pee od ljubov,jas ne znam togas koj pee?Kaliopi zivee za muzikata i so muzikata.i koja pejacka ne go pravi toa za pari?a inaku edno e PEJACKA DIVA,a sosema e drugo pejacka zvezda,zatoa ne gi mesaj rabotite.ne mozes da gi sporeduvas Kaliopi i Elena Ristevska,Kaliopi e PEJACKA DIVA,a Elena e POP ZVEZDA.taka da...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom