Калиопи

Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
http://vest.com.mk/?ItemID=1582E62A8058674F832A8E864A8222E4Белград падна на Калиопи и Карамазов

Калиопи и Един Карамазов го претставија нивниот заеднички албум "Обливион" за викендов во Белград, пред преполната сала на на Театарот на Теразије.
Македонската поп-дива и реномираниот лаутист на белградската публика им приредиле интимно и емотивно музичко уживање. Заедно со нив, на сцената настапиле и Ема Штајн на гитара (Хрватска) и Бранка Ивановиќ на контрабас (Србија).
"Вечерва Един и јас ќе го изведеме сето она што проистече од нашето пријателство, кое трае веќе 15 години, ќе ја покажеме сета наша љубов и болка, сета наша среќа и радост... Сето тоа го споивме во 'Обливион', и се надевам дека ќе уживате", рече Калиопи на почетокот на концертот.
Кулминација на концертот била изведбата на Калиопи на Коеновата "Алелуја" и на легендарната македонска песна "Со маки сум се родила".
Многу колеги музичари и познати личности од јавниот живот присуствувале на концертот, како Јелена Томашевиќ, Рамбо Амадеус, Биља Крстиќ, Биљана Ристиќ, Бисера Велетанлиќ, Мики Периќ, Маја Марковиќ, Мари Мари, Зафир и Сенка Хаџиманови.
____________________________________________________

Концерт "Oblivion" во барокен дворец


Синоќа, со екслузивен концерт "Oblivion", Калиопи и Един Карамазов настапија во барокниот дворец "Лужница", Запрешиќ во близина на Загреб.


На концертот Калиопи и Един ги изведоа темите од албумот "Oblivion", во придружба на гитаристката Ема Штајн и контрабасистот Марио Ивеља од Хрватска.

Покрај многубројната публика, на овој ексклузивен концерт присутвуваа и голем број претставници на политичкиот и дипломатскиот кор на Хрватска. Покрај македонскиот амбасадор г-динот Данчо Марковски, присутни беа и амбасадорите на Босна и Херцеговина, Јапонија, Италија, Бразил, Германија и Франција.

Дворецот "Лужница" - еден од најубавите барокни дворци во хрватското Загорје, е изграден во втората половина на 18-иот век. Дворецот е прогласен за споменик на културата од прва категорија и во него досега настапиле врвни музички уметници од Европа и светот.
___________________________________________________

Мојот живот е во моите песни
Ексклузивно интервју на Калиопи за српскиот весник "Press"
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Калиопи ви подарува ремиксот на Црне руже

На барање на фановите на МММ, Калиопи го подарува ремиксот на нејзиниот голем хит Црне руже, со кој го најави својот за сега последно објавен соло-албум Желим ти реќи. Ремиксот е авторско дело на познатиот македонски диџеј Горан Кан и за прв пат беше промовиран на ланскиот концерт на Калиопи во Метрополис Арената.

Бидејќи досега не е објавен на ниеден носач на звук, по барање на фановите на Калиопи ексклузивно на МММ го има слободен download – напоменуваат од Калиопи Мјузик Продакшн.
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Незаборавен концерт "Oblivion" во Нови Сад

Со синоќешниот концерт во Синагогата во Нови Сад, Калиопи и Един Карамазов ја воодушевија публиката, претставувајќи го нивниот заеднички албум "Oblivion" .



На концертот Калиопи и Един ги изведоа темите од албумот, во придружба на гитаристката Ема Штајн од Хрватска и контрабасистката Бранка Ивановиќ од Србија.

Кулминација на концертот беа маестралните изведби на Калиопи на Коеновата "Hallelujah" и легендарната македонска песна "Со маки сум се родила".

На бис уште еднаш беше изведена насловната тема на албумот, а двајцата врвни уметници беа испратени со силни аплаузи и овации.
___________________________________________________________

Калиопи и Карамазов со награда "Гроф Чикулин"

Калиопи и Един Карамазов ја добија наградата "Гроф Чикулин" за одржаниот концерт во замокот Лужница кај Запрешиќ, на кој го претставија албумот "Oblivion".



"Гроф Чикулин" е награда од публиката која им се доделува на уметниците чија изведба по оценка на публиката најдобро се вклопила во уникатниот амбиент на замокот Лужница.

Калиопи и Карамазов настапија во рамките на циклусот концерти во замокот Лужница наречен „Pramaljece nedjeljom u Luznici".

___________________________________________________________

Нов албум на КАЛИОПИ

Новиот поп албум на Калиопи е речиси во завршна фаза, а според најавите на поп-дивата материјалот на пазарот треба да биде пуштен во текот на септември.



"Едвај чекам да се случи тој септември. Ова ќе биде најскапиот проект во мојата кариера", откри Калиопи на вчерашната дружба со медиумите. Материјалот, рече, првично размислувала да го нарече "Порака", но затоа што многу и се допаѓал насловот на истоимената песна "Јас не сум како ти" не е исклучена можност токму така да се вика. "Да го завршам комплетно албумот, па потоа ќе ја донесам одлуката за името", додава Калиопи, која наесен планира да ја направи и најмасовната промоција која се случила на домашен терен и тоа под ведро небо. "Планирам да направам голем, бесплатен промотивен концерт кој се надевам дека ќе се случи на градскиот плоштад. Освен во Скопје предвидено е на домашен терен да има уште два големи концерти", вели Калиопи, додавајќи дека материјалот, што ќе биде издаден на македонски и хрватски, на истиот начин ќе биде промовиран и низ соседството. Албумот се подготвува во четири врвни студија, а мастерингот ќе се работи во Шведска. За Македонија истиот ќе излезе под капата на Калиопи мјузик продакшн, за Србија, Црна Гора и БиХ ќе го издаде Сити рекордс, Хит рекордс за Хрватска, а ќе го има и во Словенија. Интересено е што токму со словенечката ѕвезда Марко Возељ ќе има и дует, кој освен на словенечки ќе биде препеан и на македонски и хрватски. На албумот Калиопи соработува со комплетно нов тим - познатиот хрватски продуцент Дарко Јурановиќ (продуцент на ЕТ), Тихомир Прерадовиќ, Мирослав Рус, Един Карамазов, Рамбо Амадеус... Од она што ќе следува од неа е и спотот за "Јас не сум како ти", што ќе го работи со Принц.

--- надополнето ---

Рамбо Амадеус напиша фанк песна за Калиопи


Калиопи ни откри дека Рамбо за неа напишал една интересна фанк песна, со оригинален текст, во негов стил. Песната се вика "Дојди" со оригинален наслов "Сврати".
- Рамбо го напиша текстот и го направи аранжманот, а музиката е на Дарко Јурановиќ. Се дружиме од пред извесно време, тој беше во публиката на концертот со Един Карамазов, кој го одржавме во театарот "Теразије". Познато е колку Рамбо е квалитетен музичар, а неговата духовитост ми помогна да добијам една многу добра песна", ексклузивно ни откри Калиопи.
Рамбо Амадеус ќе биде специјален гостин на "Стрит фестивалот" на плоштадот во Куманово, во недела. Вистинското име на музичарот и поет е Антоније Пушиќ, а познат е по своите текстови без цензура во кои ја раскажува вистинската приказна на еден просечен Балканец. Од 1988 година има издадено 10 студиски албуми, од кои еден со музика за деца, три компилации и три албуми во живо. Пушиќ пишува и поезија, како и музика за филм. Често изјавува дека му е најдрага музиката која ја пишува за цртани филмови.
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Вистинско музичко доживување за Загрепчани

Синоќа, со концертот на загребската сцена Градец, во рамките на "Загребските летни вечери", Калиопи и Един Карамазов приредија извонреден уметнички спектакл со кој на публиката и пренесоа позитивна енергија и непресушна уметничка убавина.



На концертот, двајцата уметници им ги подарија на Загребчани темите од нивниот заеднички албум "Oblivion", во придружба на хрватските инструменталисти Ема Штајн на гитара и Марио Ивеља на контарбас.

Помеѓу изведбите, Калиопи и Един се шегуваа со досетки од нивниот заеднички "братски живот", но во моментот кога низ Градец ќе одекнеа звуците од Единовата гитара, Калиопи суверено владееше со својот величенствен глас, што публиката навистина ја оставaше без здив.



Кулминација на вечерта беше изведбата на Калиопи на Коеновата "Hallelujah", како зарaди нејзината величенствена интерпретација, така и заради емоциите која таа и ги пренесе на публиката.

Крајот на концертот публиката го отпрати со громогласен повеќеминутен аплауз, што беше повод Калиопи и Един повторно да се вратат на сцената и уште еднаш да ја изведат насловната тема од албумот.
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Музичка приказна на љубовта и пријателството

Концертот на Калиопи и Един Кaрамазов кој синоќа се одржа во прекрасниот амбиент на Цреквина во рамките на Каставското културно лето, беше вистинска музичка магија која на многумина ќе им остане во убаво сеќавање - објавија хрватските медиуми.





Уште од првата отсвирена нота, публиката почувствува дека оваа вечер ќе биде исполнета со величенствениот глас на Калиопи и прекрасните гитаристички бравури на Един Карамазов.

Пред многубројната публика, двајцата реномирани уметници го претставија заедничкиот албум "Oblivion", настанат како плод на нивното долгогодишно пријателство.

"Ова е нашето пријателство, нашите доживувања, успеси и падови, нашата среќа и несреќа, нашите пријатели и непријатели" - рече Калиопи на почетокот на концертот.

Овој интересен проект со 11 теми од автори од различни континенти, во живата изведба на Калиопи и Карамазов се покажа како полн погодок.

Вистинскиот виртуоз одлично се надополнуваше со една од најдобрите вокалистки во регионот, а на нивните извонредни интерпретации публиката реагираше со големо воодушевување и громогласни аплаузи.



Овациите на крајот на концертот не можеа да изостанат, па двоецот на барање на публиката повторно се врати на сцената и наместо еден изведе два биса - "Cinema paradiso" и "Oblivion".
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Калиопи го промовираше спотот за песната „Ја нисам како ти“

Снимањето на спотот се одвиваше на неколку интересни локации во македноското ексклузивно планинско одморалиште Радика во Маврово. Популарната пејачка се појавува во урбан ретро стил потполно различен од претходно, а може да забележиме дека изгледа подобро од било кога

Македонската ѕвезда Калиопи, чиј што глас никого не остава рамнодушен, сними спот за актуелниот сингл „Ja nisam kao ti“ кој воедно е и најава за новиот албум „Poruka“, а кој би требало на голема радост на обожавателите да се најде во продажба веќе во септември.

Албумот уште од сега предизвикува голем интерес во јавноста не само затоа што на него работеа големи музички имиња како Мирослав Рус, Дарко Рујановиќ, Рамбо Амадеус и Един Карамазов, кои на музичката сцена се прославија со незаборавни хитови, а синглот „Ja nisam kao ti“, иако кратко во радискиот етер уште сега привлекува голем број слушатели.

Снимањето на спотот се одвиваше на неколку интересни локации во македноското ексклузивно планинско одморалиште Радика во Маврово.

Популарната пејачка се појавува во урбан ретро стил потполно различен од претходно, а може да забележиме дека изгледа подобро од било кога.

Спотот за песната „Ja nisam kao ti“ е страствена љубовна приказна каде Калиопи покрај пејачкиот талент покажа дека има и талент и за глума.

Режисер на спотот е Александар Ристовски – Принц, а за гардеробата се погрижи дизајнерот Александар Ношпал, додека за шминката и косата е заслужен Сергеј Варошлија.

 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Калиопи на цедето "Индекси и пријателите"

Калиопи се најде на двојното ЦД со вкупно 22 песни од концертите на “Индекси и пријателите” во Загреб (2007-ма) и во Сараево (2008-ма), во издание на дискографската куќа "Кроација Рекордс".



Меѓу изведувачите, чии снимки се најдоа на албумот, освен Калиопи, се и Жељко Бебек, Борис Новковиќ, Бисера Велетанлиќ, Арсен Дедиќ, Тифа, Хари Мата Хари, Масимо, Дадо Топиќ, Тони Цетински...

ЦД-то ќе биде промовирано ден пред големиот концерт во чест на “Индекси” во Загреб закажан за 28-ми септември, на кој што настапи и Калиопи.

__________________________________________________________

Kалиопи со голем концерт во Канада

На 5-ти ноември, македонската поп-дива Калиопи ќе одржи голем солистички концерт во престижниот Rose Theatre Brampton во Торонто, Канада.

Ова е прв голем концерт на македонската музичка ѕвезда во дијаспората, на барање на големиот број нејзини фанови кои живеат и работат во Канада, а кои по потекло се од Македонија и од поранешните југословенски републики.






Со задоволство ја прифатив поканата за концерт во Канада, затоа што за прв пат се појави продукција која ги прифати моите стандарди за концертни настапи во дијаспората, кои важат подеднакво како за публиката дома, така и за публиката во странство - изјави Калиопи.


Поп-дивата ќе настапи во придружба на нејзиниот бенд на големата сцена на престижниот театар, во кој досега со свои концерти настапиле голем број светски музички ѕвезди. На концертот ќе бидат застапени темите од сите нејзини досегашни студиски албуми, како и нејзините најголеми и најпознати хитови.




Линкот ве носи до театарот, и до веб-страната каде е најавен концертот.

--- надополнето ---
__________________________________________________

вториот сингл, "TИ" од албумот "ПОРАКА"



--- надополнето ---

КАЛИОПИ со промоција на најновиот албум ПОРАКА, закажана за 30 октомври со голем концерт на плоштадот Македонија во Скопје
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Калиопи одржа најмасовна промоција во Македонија
(31.10.10)
Со двочасовен концерт за паметење, пред неколку илјадната публика на плоштадот "Македонија" во Скопје, Калиопи синоќа го промовираше новиот албум “Порака”.

Студеното време не ги спречи нејзините фанови од цела Македонија и од сите генерации да дојдат во огромен број и да го исполнат плоштадот во Скопје. За македонски и балкански стандарди, промоцијата на десетото дискографско издание на Калиопи претставуваше вистински куриозитет.
__________________________________________________




"Вечерва нема званични покани и ВИП третмани, вечерва сите вие сте мои ВИП гости" - порача Калиопи на почетокот на концертот. Придружувана од својот “Breathless” бенд, Калиопи ги изведе сите теми од новиот албум. Единствен гостин на вечерта беше словенечкиот пејач Марко Возељ со кој Калиопи го изведе дуетот "Денот се буди". Вториот дел од концертот беше резервиран за нејзините големи и добро познати хитови.



"Досега не сум пропуштила ниту еден концерт на Калиопи, па немав намера да отсуствувам и вечерва, иако е премногу студено. Прв пат ги слушам новите песни и сите ми се допаѓаат, а најмногу "Ти". Би сакала и другите музичари да го следат примерот на Калиопи и да организираат бесплатни концерти на отворено за своите фанови" - изјави скопјанката Александра, една од многуте фанови на Калиопи кои на цел глас пееја од првите редови, држејќи транспаренти во рацете на кои беше испишано името Опи, онака како што и ја нарекуваат нејзините фанови.

Калиопи целосно се даде во студената вечер, а публиката и возврати со многу аплаузи и овации. Со својот моќен глас и извонредна интерпретација, на начин својствен само за неа, Калиопи ги разгали и ги стопли срцата на повеќеилјадната публика. На крајот и покрај студеното време и цели два часа играње и пеење, никој не сакаше да си оди и сите бара уште. Скандирајќи го нејзиното име, концертот се заврши со бис, кога Калиопи се збогуваше од својата публиката, исто како и што почна, со насловната тема од албумот "Порака".






_______________________________________

--- надополнето ---

Калиопи во Канада дочекана како големите светски ѕвезди
(08.11.10)

Со величенствениот концерт за паметење кој се одржа во Петокот (5 Ноември) во престижниот "Rose Theatre Brampton" во Торонто, Калиопи го означи своето прво големо претставување пред македонската дијаспора во Канада.

На големиот концерт во преполната сала на театарот во кој досега настапувале голем број светски музички ѕвезди, покрај многуте Македонци кои живеат и работат во Канада, присуствува и голем број фанови на Калиопи од другите поранешни југословенски републики. На извонредната сцена на величенствениот театар со најсовремена сценска технологија и преку 50 луѓе кои го опслужуваа настанот, ова беше еден од најдобрите и најубавите солистички концерти во музичката кариера на Калиопи.

Придружувана од нејзиниот бенд во полн состав, Калиопи го започна концертот со песните од најновиот албум "Порака" на кои публиката фантаситчно реагираше. Баладите минаа во тивка и неверојатно емотивна атмосфера, додека пак побрзите теми беа пропратени со аплаузи и спонтано станување од столици. На "Земи ме" публиката реагираше со бурни аплузи во средината на песната. Маестралната изведба на Коеновата "Hallelujah" со која Калиопи ги поздрави присутните Канаѓани во публиката, беше поздравена со френетични аплузи и овации, по што следуваше "Ако још икад падне снијег" на балканскиот Леонард Коен - Мирослав Рус. Посебен и најинтимен момент на концертот беше кога бендот ја напушти сцената, а Калиопи сама, на концертен клавир ја отпеа антологиската "Не плачи".

Во вториот дел на концертот се редеа постарите големи и добро познати хитови на Калиопи кои публиката на нозе ги пееше заедно со неа во еден глас, како и преработките на "Македонско девојче" и "Јовано Јованке". Концертот траеше цели 2 часа, но судејќи по аплузите на публиката можеше да трае и цела ноќ. Еуфорично, емотивно и на највисоко ниво. Калиопи го заврши концертот со "На пат до Македонија", по што организаторите на концертот Власто и Каролина Петковски од Sunstage Company од Брамптон, на сцена и доделија плакета за успешниот концерт. По концертот во фоајето на театарот следуваше дружење на Калиопи со публиката, потпишување ЦД-а и делење автограми. Во рамките на престојот, Калиопи и нејзиниот тим ги посетија и водопадите на Нијагара, а во нејзина чест беше организиран и прием кај поранешниот југословенски конзул во Канада и македоснки бизнисмен Михајло Дика. Со еден збор Калиопи беше дочекана по теркот на големите светски ѕвезди, со сите почести, но со многу љубов и почит.




_____________________________________

Калиопи - Поп пејачка на Балканот за 2010
(12.11.10)
Престижната награда на Калиопи и беше доделена на манифестацијата "БХ музички оскар на популарноста" која синоќа се одржа во салата "Скендерија" во Сараево.

На манифестацијата на која традиционално им се доделуваат награди на најуспешните на Балканот, присуствуваа повеќе од 10 илјади гледачи во публиката.

Калиопи настапи со мега-хитот "Невиност" од компилацијата "Милиграм" и беше поздравена со бурни аплaузи и овации, а заедно со публиката во еден глас ја отпеа и легендарната "Бато".

Покрај Калиопи, наградени беа и Халид Бешлиќ, Драгана Мирковиќ, Ханка Палдум, Тифа и други. Концертот го снимаше Федералната Телевизија на Босна и Херцеговина, а ќе биде емитуван во рамките на новогодишната програма.

__________________________________________________ _

--- надополнето ---

Калиопи со престижната МПХ награда (20.11.10)

На 5-тиот Босанско-Херцеговачки Радио Телевизиски Фестивал кој синоќа се одржа во култниот "Дом на млади" во Сараево, Калиопи беше наградена со специјалната МПХ награда за посебни заслуги во развојот на музиката во регионот.

Оваа престижна награда која традиционално ја доделува организаторот на фестивалот, досега им е доделена и на Здравко Чолиќ, Дино Мерлин, Џибони и групата "Дивље Јагоде".

Во ревијалниот дел на фестивалот Калиопи настапи и како специјален музички гостин со темите "Ти" и "Порука" од најновиот албум.
__________________________________________________ ________________________

--- надополнето ---

Награда за Калиопи на МАРС

(26.11.10)
На 3-иот Македонски Радиски Фестивал кој синоќа се одржа во "Универзална сала" во Скопје, Калиопи доби награда за посебни заслуги во развојот и афирмацијата на македонската музиката во Македонија и надвор од нејзините граници.

Калиопи изјави дека одамна нема добиено награда во Македонија и дека и значи повеќе од еден куп други кои периодов ги има освојувано по Балканот.

Калиопи настапи и во ревијалниот дел на фестивалот со песната "Ти" од најновиот албум "Порака".

--- надополнето ---

__________________________________


КАЛИОПИ промовираше CD во Сараево...
(23.12.2010)

Во сараевскиот клуб Колосеум изминатава недела првата дама на Македонската поп-музика - Калиопи го промовираше актуелниот албум Порака, кој за босанско-херцеговскиот пазар го објави продукцијата Hayat.





--- надополнето ---

АЛБУМОТ ПОРАКА 2010










 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дај бе кажете колку ве плаќа естрадава наша да спамирате по форуми?:icon_lol: Нејќат оние од фан клуб Гочева да кажат, кажи ти :icon_lol:
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Дај бе кажете колку ве плаќа естрадава наша да спамирате по форуми?:icon_lol: Нејќат оние од фан клуб Гочева да кажат, кажи ти :icon_lol:

oд љубов е ова :D од каролина повеќе на број се и пожестоки, ова чисто информативно, да не се запостави темтата :D
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
-спотот за песната `порака`-

-последниот сингл-

-преработка на хитот `дивно је бити некоме нешто`-
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Калопи македонската Кралица или подобро кажано македонска поп - дива. Калиопи навистина ме импресионираше, не очекував таков добар настап иако беше малку загреана од алхолхолот но нели нова година, опростено и е. Одличен настап пак ќе повторно тоа бидејќи толку енергија вложи да ја направи вечерта одлична посебно една огромна 5ка за нејзиниот бенд кој навистина одлично си ја заврши својата работа. Хит до хит се редеа од убаво до поубаво, никогаш така не звучеле нејзините песни. Ако на јутјуб сум ги слушал ретко да ги има повторно истите песни но од синојќа кои ги пееше на новогодишната вечер ќе ги гледам и по 20 пати. Се на се едно огромно браво бидејќи навистина одвои и добри 5 мин. за мене и за мојата другарка каде што за 5 мин ни ја честиташе новата година и направиме по некоја фотка. Мислам дека рамото ќе ми паднеше кога ме гушна :X3:

Еве некои 2-3 слики кои успеав да ги направам :D Photo0654.jpg Photo0655.jpg Photo0656.jpg
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

Samo da mi dodjes ti da te srce zagrli
dodji bilo cime pozlaticu sine
samo tada dodji mi...
Новава песна навистина одлично звучи, спотот 4/5 :rolleyes: Кај Калиопи ми се допаѓа што повеќе од песните што ги прави обврнува внимание да не бидат песните само туку така објавени туку гледа да има креативност во текстот, музиката, спотот тоа е навистина нешто што мене лично ми се допаѓа. Пејачки во мкд нема многу талентирани и креативни Калиопи е за мене прва од мкд што навистина знае да го работи тоа што го почнала.



Калиопи: И после се, се свртев кон изворот од кој црпев целиот живот!

Радоста на мојот син Пако, кој е горд на мојата кариера и кој е среќен заради тоа што со неговиот татко направивме еден ваков албум, не можам да ја споредам со ништо на овој свет – вели Калиопи, првата дама на македонската поп-музика, во ексклузивното интервју за МММ, откривајќи ги деталите за новиот албум Мелем, кој, заедно со спотот за песната Мрвица, во Македонија официјално ќе биде промовиран на 28-ми февруари, по што започнува голема офанзива во целиот регион...

Ова е прв албум на Калиопи, по повеќе од една деценија, на кој (освен текст за една песна!), не се потпишуваш како автор, туку таа улога повторно ја има Ромео Грил, твојот некогашен животен и музички сопатник. Што овој пат Ромео и понуди на Калиопи, а таа не можеше да одбие?

Јас да се прашував, ниту тој текст за песната Ако немаше да го напишам, туку тоа беше на инсистирање на Ромео. Мене овој пат најголемата провокација ми беше самата понуда за освежување и регенерирање на моите клетки, пред се во однос на мојата презаситеност кон сопственото авторство. Едноставно, ми се случи изворот од кој црпев да не ме заситува, туку напротив, бев уште повеќе жедна. И пред самата Евровизија знаев, како што знаев и сега, дека тоа е тоа! Ромео беше единствен за кој бев сигурна дека е подготвен одговорноста да ја сподели со мене, па и да отиде чекор подалеку – целиот товар да го понесе на својот грб. А албумот Мелем беше само последица на сето она што го разговаравме сите овие години. И без оглед на временската и просторната дистанца, испаѓа дека ние постојано бевме конектирани. Јас израснав со неговите песни, а тој го следеше моето авторство. На крај се соочив со фактите – тој добро пее, ама е подобар како автор, додека јас сум добар автор, ама подобро пеам. Затоа ќе кажам дека ова е најразумен чекор во целата моја кариера! И од емотивен и од деловен аспект. Освен тоа, Ромео е мојот најблизок род. Ние заедно толку многу поминавме...

Во која мера е доведено во прашање твоето идно авторство? Дали во меѓувреме пишуваше нови песни?

Воопшто не е доведено во прашање, бидејќи јас во меѓувреме работев на нови песни. Ромео ме испровоцира и јас на поинаков начин почнав да креирам. Повторно е отворен вентилот, веќе немам стеги кои самата на себе ги наметнав... Слепо му верувам и повторно живнав како автор. Со овој момент со Ромео направив многу за себе.

Албумот Мелем е новото поглавје во твојата кариера...

Можеби овој албум најмногу ме потсетува на оние прекрасни и убави денови во поранешна Југославија, кога како бенд тргнавме да го освојуваме цел тој регион. Имавме големи успеси и бевме една од најпопуларни млади групи во 80-тите. Овој албум го сублимира и она што до сега е изречено, и она што не е изречено, а и она што публиката сака да го слушне. Секако, не губејќи го при тоа сопствениот идентитет. Многу се забавувавме додека го работевме албумот, што се слуша и во песните...

Во кои се пронајде, нели?

Многу, навистина многу... Ромео знае да ги раскаже и најдолгите приказни во неколку збора. Тоа се клучни зборови, чиста есенција...

Негова беше идејата секоја песна да биде насловена со по еден збор?

Тоа спонтано ни се наметна, снимајќи ги песните. Поентата помалку е повеќе која ја практикувавме во песните, кулминираше во насловите. Во текстовите, кои се животни, секој ќе се пронајде. Јас, ти..., секој. На крај имаме еден позитивен албум, кој мене ме отргна од личните драми запишани низ текстови и музики, кои во меѓувреме на некој начин ме дистанцирале од мојата публика.

Насловната тема Мелем како да бараше да биде отпеана со балканската кралица на севдахот – Ханка Палдум...

Тоа е балканска песна, а кога ја снимивме, Ханка, која ми е добра пријателка, беше присутна во Скопје. И вистински беше воодушевена од тоа што слушна.

Со која песна од албумот најмногу се идентификуваш?

Со Вучица, која до некаде е и мојата автобиографија. И понатаму сум вучица... И песната е последица на тоа што Ромео добро ме познава мене каква што сум. И не само мене, туку целиот женски род, бидејќи тоа е песна за сите жени, кои се вучици со самото тоа што се избориле да бидат жени. Јас неа ја пеам во чест на сите жени. И сите мажи кои ќе ја препознаат нивната вучица. Ја замислувам песната како да е доцна есен, како да се подготвува зимата да дојде... Знам дека оваа песна секогаш ќе ја пеам.

Твојот топ 3 од новиот албум е...

Освен Вучица тука е и песната Опрости, во која кај мене се буди радоста. Се буди девојчето во мене... Веќе ја изведував во ТВ-шоу VIP Room во Белград и публиката беше воодушевена. Тука е и песната Аман, за која сум емотивно крајно врзана. Кога за прв пат ја чув, силно ме допре текстот на Ромео, за кој сум сигурна дека е напишан тенденциозно. Тука се стихови од моето минато, но, иако во Бато пеев Крила ми ломили, нису ме пустили..., овдека дополнувам Крила ми ломили, а сада зар и ти?. Е затоа сум се уште Вучица!

А, кога ќе го резимираш период на кариерата кога самата си била автор, со што најмногу се гордееш?

Најголемото признание го добив од Ромео, уште кога го работевме албумот Обои ме во 1999 година. Таму бев застапена како автор на 65 проценти од материјалот, а остатокот беше на Ромео. И тоа беше негова селекција, бидејќи тој беше продуцент. Тоа ми беше силен ветер в грб, посебна мотивација и стимул за да како автор понатаму продолжам сама. А, ако зборуваме за песните, најмногу ги сакам: Обои ме, Азија, Не плачи, Дај да пијам, Ако денот ми е ноќ, Дали ме сакаш, На пат до Македонија, Не ми го земај времето, Кога проклето ти требам, Даридаридам, Најмила... Боже, колку многу песни...

Кога би го составувала сопствениот best of, тоа би требало да биде двојно или тројно CD…

А притоа, ако се вметнат тука и песните кои ги пишував за други пејачи – за Мартин Вучиќ, Каролина, Елена Ристеска, Ламбе, Масимо, Верица Пандиловска, Олгица Христовска, за која имам подготвено цел албум, кај ќе ми биде крајот!? Секако, тука се и моите ангажмани на филмот, во театарот, потоа музика за балетските претстави... И, нормално е, после се, да се свртам кон изворот од кој црпев целиот живот. Ромео всушност ми го даде најголемиот комплимент во животот, кога ми кажа дека следи се што работам и дека е еден од моите најголеми фанови. Работејќи ги песните од Мелем се шегувавме дека понатаму тој ќе ги работи албумите за мене, а јас креативно ќе и бидам посветена на мојата уметност. Од оваа перспектива, многу е убаво после се низ што сум поминала во животот – и како мајка, и како жена, и како пејач, автор, уметник... – да можам рамноправно да разговарам со човекот кој целиот живот за мене беше авторитет. А тој одлично ја знае и музиката и шоу-бизнисот.

После се што ти се има случено во музиката, што остана во оваа Калиопи денес, од онаа девојка која со многу енергија и шарм пееше за еден Лео, Џулијан, Кофер љубави, Мојот прв рандеву...? Ја препознаваш ли денес во себе таа Калиопи, или се загубила попат?

Секако, тука е! Да се загубеше, ќе го немаше овој друг дел од мене. Само, за разлика од тогаш, кога е човек млад, не сум можела правилно да ги согледувам работиве. Сум била и многу ранлива, а и многу јака во исто време. Но, девојчето е тука, присутно. И, сега го разбирам Ромео зошто тогаш ми морал да биде по малку и строг. Тој едноставно имал задача да ме заштити...

Да ја видиш денес таа 18-годишна девојка, што би и дала како совет?

Не би и дала совет, туку признание дека многу добро се држала и дека била доволно луда за да го сака она што го работела и што го издржала. Штом ги мина сите искушенија...

Те нервираат ли денес медиумите, кога повеќе се занимаваат со твојот приватен живот, отколку со твојата музика?

По Евровизија ништо и никој не ме нервира. Ги апсолвирав, иако покасно, тие работи. И сега ми е јасно дека не мора баш сите да ме сакаат.

Последнава година многу се смени...

Станав посмирена и пореална. Се сметам себе си за уметник, бидејќи ја живеам и гинам за уметноста до последен атом сила. Немам време да се занимавам со банални луѓе и случувања. Секојдневно се случуваат човечките трагедии, па решив да не се занимавам со некоја своја лична драма која, најпосле, и не заслужува внимание. Фала им на моите фанови кои никогаш не ме напуштиле, дури и во моментов кога по мене се фрлаа дрвја и камења...

Со два брака зад себе, во една од новите песни велиш дека се уште веруваш во љубовта...

Тоа многумина ми го кажуваат – ...твоите два брака... – Не, им велам – јас имам живот зад себе! Приказни кои самата сум ги запишала, бидејќи секој си е виновен за својата среќа, подеми и падови. А се што ми се случувало, како мој избор, е легитимно. Тоа не се брише, и не треба да се брише. И стојам зад нештата кои сум ги направила, се едно колку тоа некому му се допаѓа, или не му се допаѓа. И, најпосле, колку и мене ми се допаѓало или не!

Имаш ли коментар за состојбата на домашната музичка сцена, ако се уште постои нешто што така можеме да го наречеме?

По тоа прашање сум многу изолирана. Креативно сум свртена кон себе и кон своите сегашни ангажмани. Но, да се случеше нешто експлозивно, оригинално, автентично..., ќе ми привлечеше внимание. Оваа земја изобилува со врвни таленти, се едно дали се пејачи или се автори. Но, секој млад човек треба да сфати дека оваа работа бара нешто што е многу повеќе од талент, од желба... Бара да се биде свој и да се истрае на патот. Е, сега, некој е спремен да оди до крај, некој не е... Некој, пак, ја има поддршката од втора страна... Најпосле, се е до околностите...

Најпосле, колегите никогаш не си ги доживувала како конкуренција...

Никогаш! Доколку тоа така го чувствував, јас не сум доволно своја и не сум сигурна во себе. Но, јас се радувам на секое ново парче изнедрено под ова небо, бидејќи небото е доволно за сите нас.

Последниот период имаше обиди на твоја сметка да се залепат некои политички конотации, а ти единствено си ја отпеала нашата химна на промоција на еден кандидат за градоначалник...

Тоа е еден професионален ангажман и јас како професионалец сум подготвена да одговорам секаде каде ќе бидам повикана. Особено ако треба да испеам македонска химна. Ако треба, со задоволство, и на Грците ќе им ја испеам.

Ако би требало да издвоиш еден детаљ од својата долга кариера, тоа би било...?

За се што досега го направив, фидбекот од фановите ми е многу важен. Но, радоста на мојот син Пако, кој е горд на мојата кариера и кој е среќен заради тоа што со неговиот татко направивме еден ваков албум, не можам да ја споредам со ништо на овој свет!

Имаше период кога од песнава бев зависен а зошто? незнам сеуште но сепак е одлична според мене 5/5.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom