Теистичкиот концепт за Бог не е единствен, така да кога ме прашуваш дали го признавам постоењето на Бог, а одговорот го гледаш единствено од твој - теистички аспект, недоразбирањето е неизбежно.
Јас Бог го разбирам како апсолутно битие од чија перспектива концептите како ,,добро" и ,,зло" се надминати и излишни. Мојот концепт за Бог не е деспотски настроен судија што казнува и наградува, одвоен од својата креација на суштинско ниво. Според мене ,,доброто" и ,,злото" се човечка перцепција на искуствата што ги доживува и што оставаат поволен или неповолен отисок врз неговото битисување од човечки аспект. Но не беше тема на дијалог моето разбирање за тоа што е бог, дискутиравме за нешто друго - зошто Бог од кого потекнува се и кој е совршен, сезнаен и семоќен би перцепирал нешто како зло?! Кога истото тоа би било создадено или допуштено од негова страна? Дали се обидуваш да избегаш од оваа контрадикторност преку обид да ја префлиш ,,топката" на моја страна?