Зошто повеќе луѓе стануваат атеисти?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако изборот зависи од особината која ја поседуваме тогаш би значело дека ние сме машини и живееме во филм со однапред предвидени постапки и однапред утврдена завршница? Така безбожништвото паѓа во судбинска заробеност, она за кое лажно ја напаѓа и осудува побожноста.
Не е точно. Дали тоа што ти не силуваш деца значи дека си машина или робот и немаш слободна волја? Дали тоа што јас не крадам значи дека сум машина или робот и немам слободна волја? Како што може да се види, слободната волја не е причината за педофилијата, крадењето, пироманијата и сличните појави што ги дефинираме како зло, бидејќи доколку беше, според твојава логика ќе значеше дека секој што не е пироман, педофил, убиец, крадец и слично е машина и робот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Не е точно. Дали тоа што ти не силуваш деца значи дека си машина или робот и немаш слободна волја? Дали тоа што јас не крадам значи дека сум машина или робот и немам слободна волја? Како што може да се види, слободната волја не е причината за педофилијата, крадењето, пироманијата и сличните појави што ги дефинираме како зло, бидејќи доколку беше, според твојава логика ќе значеше дека секој што не е пироман, педофил, убиец, крадец и слично е машина и робот.
Не е никако причина. Сите тие идиоти неќеле тие грозоморни ствари да ги напраат, против сопствена воља они тоа го праеле. Така на суд обично викаат. А на суд не се лаже.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Не е никако причина. Сите тие идиоти неќеле тие грозоморни ствари да ги напраат, против сопствена воља они тоа го праеле. Така на суд обично викаат. А на суд не се лаже.
Да бе, како не ми текна порано. Тоа го направиле за да докажат дека сардукар и мики1 се во право.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не е точно. Дали тоа што ти не силуваш деца значи дека си машина или робот и немаш слободна волја? Дали тоа што јас не крадам значи дека сум машина или робот и немам слободна волја? Како што може да се види, слободната волја не е причината за педофилијата, крадењето, пироманијата и сличните појави што ги дефинираме како зло, бидејќи доколку беше, според твојава логика ќе значеше дека секој што не е пироман, педофил, убиец, крадец и слично е машина и робот.
Постави онтолошко прашање, кога доби одговор, се сврти на улично ниво.
Ако нашите постапки се условени, тогаш ние сме машини, а нашите животи се однапред утврдени филмови. Ти тврдиш дека нашите постапки се условени, ставот кој го изнесов е дека со присуството Божјо овозможена е чиста слобода на избор.
Веронауката е теологија, теологијата е филозофија. Поставувате филозофски теми, а штом се најдите во тесно се вадите со портарска потсмешливост.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Постави онтолошко прашање, кога доби одговор, се сврти на улично ниво.
Ако нашите постапки се условени, тогаш ние сме машини, а нашите животи се однапред утврдени филмови. Ти тврдиш дека нашите постапки се условени, ставот кој го изнесов е дека со присуството Божјо овозможена е чиста слобода на избор.
Веронауката е теологија, теологијата е филозофија. Поставувате филозофски теми, а штом се најдите во тесно се вадите со портарска потсмешливост.
Единствен овде што е во тесно си ти. Никакво улично ниво никакви слични глупости нема, напротив - конкретни примери што имаат конкретна поента. Слободната волја е само можност да се избере од опциите што се на располагање, можеш да имаш три опции, можеш да имаш и милион, и во двата случаи слободната волја може да си постои. Постапките и мотивите на луѓето зависат од нивните особини, ти имаш слободна волја да запалиш нечија куќа, но не го правиш тоа, не затоа што си машина или робот, туку затоа што немаш особина која би била пресудна за тоа кога слободната волја ќе дојде до израз. Од друга страна, пироманот има подеднакво слободна волја колку и јас и ти, но тој е далеку поверојатно да ја искористи за да запали нешто, бидејќи има особина што го прави пироман. Толку е едноставно. Но вие се обидувате да се извадите од небрано расфрлајќи се со интелектуални и научни терминологии мислејќи дека со тоа ќе ја сокриете својата празнотија.
 
Добро ова барем има некоја смисла за да можам да возвратам.
Зошто пироманот ја има таа особина или луѓето од каде им се особините со кои нешто избираат или не избираат?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Добро ова барем има некоја смисла за да можам да возвратам.
Зошто пироманот ја има таа особина или луѓето од каде им се особините со кои нешто избираат или не избираат?
Ако пироманот и воопшто луѓето се креација, тогаш неговите/нивните особини се допуштени или создадени од неговиот/нивниот креатор.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ако пироманот и воопшто луѓето се креација, тогаш неговите/нивните особини се допуштени или создадени од неговиот/нивниот креатор.
Но ти го признаваш постоењето на Бог или не го признаваш? Ако не го признаваш, треба да одговориш од каде му се особините на луѓето зависно од кои ги прават нивните избори.
А ако сметаш дека Бог ги обликува луѓето, тогаш на друго ниво да го префрлиме разговоров.

Теистичкото гледиште е јасно. Човекот е во физички неминовен причинско-последичен свет, но со Божјото вмешување се случуваат, провејуваат измени во помала или поголема мера и тоа секојдневно. Од ситници до крупни промени на она кое неизбежно морало да се случи. Така ние сме и во законит свет но имаме и слобода да избериме нешто друго од нашата природа и да влијаеме на иднината. Така можиме и самите да се менуваме и себе си и надворешноста. Но само тогаш кога ќе добиеме вмешување од Оној кој е надвор и над сите причински зависности.
 
Теистичкиот концепт за Бог не е единствен, така да кога ме прашуваш дали го признавам постоењето на Бог, а одговорот го гледаш единствено од твој - теистички аспект, недоразбирањето е неизбежно.
Јас Бог го разбирам како апсолутно битие од чија перспектива концептите како ,,добро" и ,,зло" се надминати и излишни. Мојот концепт за Бог не е деспотски настроен судија што казнува и наградува, одвоен од својата креација на суштинско ниво. Според мене ,,доброто" и ,,злото" се човечка перцепција на искуствата што ги доживува и што оставаат поволен или неповолен отисок врз неговото битисување од човечки аспект. Но не беше тема на дијалог моето разбирање за тоа што е бог, дискутиравме за нешто друго - зошто Бог од кого потекнува се и кој е совршен, сезнаен и семоќен би перцепирал нешто како зло?! Кога истото тоа би било создадено или допуштено од негова страна? Дали се обидуваш да избегаш од оваа контрадикторност преку обид да ја префлиш ,,топката" на моја страна?
 
Зошто тогаш се држиш за ставот дека за слабостите на луѓето Бог е виновен.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Зошто тогаш се држиш за ставот дека за слабостите на луѓето Бог е виновен.
Ти изнесе тврдење дека за злото во светот се виновни луѓето и дека бог е добар и уредува се да им биде добро на луѓето. Дискутираме за оваа теза, за тоа кој концепт на бог би имал најмногу смисла за истата.
Ако се е според промислата на бог, ако тој е сезнаен и семоќен и ако тој е креатор на се што постои, тогаш е апсурдно тој да биде судија и од негов аспект да има било што кое е погрешно, непотребно или зло. Таквиот бог би си пресудил сам на себе дека не е совршен, сезнаен и семоќен.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Зошто повеќе луѓе стануваат атеисти?

Оти накуата и самото општество напредна а концептот за смртта веќе не е концепт туку луѓето воочија дека тоа е само природен процес.

Тие коишто се помирија - биднаа атеисти, тие коишто не се помирија - продолжија по старите начини.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ти изнесе тврдење дека за злото во светот се виновни луѓето и дека бог е добар и уредува се да им биде добро на луѓето. Дискутираме за оваа теза, за тоа кој концепт на бог би имал најмногу смисла за истата.
Ако се е според промислата на бог, ако тој е сезнаен и семоќен и ако тој е креатор на се што постои, тогаш е апсурдно тој да биде судија и од негов аспект да има било што кое е погрешно, непотребно или зло. Таквиот бог би си пресудил сам на себе дека не е совршен, сезнаен и семоќен.
Според твојот став совршен Бог створил совршени створенија кои не можат да згрешат, тогаш сѐ требаше да е совршено. Но еве овоземското постоење е далеку од совршено. Самото тоа што се спориме со различни ставови докажува неединство, несовршеност. Ако нештата биле според твоето гледање тогаш совршените, совршено ќе се поклопуваа и усогласуваа во сѐ. Така ако веруваш во Бог, а светов е несовршен, тогаш нешто е погрешно во твојата замисла.
Суштествата не можат да бидат совршени сами по себе, туку само преку постојано постоење низ Бог, Оној кој е сеопфатно совршен. Во моментот кога ја прекинат врската, поточно ја потиснуваат животворната сила од неизбежното Божјо присуство, започнуваат самостојно постоење во кое ја трошат од Бог претходно добиената енергија. На крај создаденото има вечно постоење, ама без живот. Како камен. Дури и спротивно од тоа. Бидејќи не можат да го ограничат Бог од себе, се случува Неговата енергија нив ги измачува.
Бог оставил можност луѓето (како и ангелите претходно) ако сакаат да го затворат „прозорецот“ кон животот во Неговите енергии. Им дал потенцијално обожување, што ги прави самостојни во моментот на одлука. Никакви надворешни услови немаат влијание, но малиот бог може непотребно да се исплаши ако бил маловерник. Но кога створението отпаѓа од Бог почесто не е до заблудената маловерност туку просто сака да биде свој бог без Бог.
 
Тотално е небитно дали според мене или според тебе е нешто совршено или не е! Поентата на дискусијава е дали било што има смисла да биде перцепирано како несовршено, погрешно или зло од перспектива на Господ! Ако тој е апсолутно битие, ако се потекнува или е допуштено од него, ако тој е совршен, сезнаен и семоќен, тогаш е бесмислено и апсурдно од негова гледна точка да постојат грешни, непотребни или зли нешта! Бидејќи што и да согледа тој како такво, истото ќе биде создадено или допуштено од него! На тој начин, ставајќи се себе си во улога на судија, самиот себе си ќе се демантира дека е апсолутно битие! Ќе се услови со дуална природа и ќе си пресуди да биде демијург.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom