Зошто повеќе луѓе стануваат атеисти?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Тотално е небитно дали според мене или според тебе е нешто совршено или не е!
Ова е извртување.
Кој тврди дека од мене или од тебе зависи Божјата природа. Се осврнувам на твоите гледишта исто како и ти на моите не затоа што зависи универзумот од нас, туку заради испитување, разглобување на погрешноста/исправноста на ставовите.

Поентата на дискусијава е дали било што има смисла да биде перцепирано како несовршено, погрешно или зло од перспектива на Господ! Ако тој е апсолутно битие, ако се потекнува или е допуштено од него, ако тој е совршен, сезнаен и семоќен, тогаш е бесмислено и апсурдно од негова гледна точка да постојат грешни, непотребни или зли нешта! Бидејќи што и да согледа тој како такво, истото ќе биде создадено или допуштено од него! На тој начин, ставајќи се себе си во улога на судија, самиот себе си ќе се демантира дека е апсолутно битие! Ќе се услови со дуална природа и ќе си пресуди да биде демијург.
Ова ти влегло како фикс идеја и само ја повторуваш. Ти одговорив погоре. Ако некој субјект одлучи да му се спори на Бог, тоа е веќе грешно. А Бог оставајќи таква можност остаил можност за богоборни, односно грешни дела. Во материјална смисла разни постапки се оспорување на Бог и се ГРЕВ. Дали Бог ја прикрил својата апсолутност, за да може да има можност за сомнеж или самите суштества не целосно до крај можат да ја доживеат Божјата апсолутност, барем не самостојно, без да им биде од Негова страна отворена. Од таа причина имајќи простор за сомнеж и покрај Божјата апсолутност, Бог оставил можност за грешно однесување. Така постојат исправни и погрешни дела.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ова е извртување.
Кој тврди дека од мене или од тебе зависи Божјата природа. Се осврнувам на твоите гледишта исто како и ти на моите не затоа што зависи универзумот од нас, туку заради испитување, разглобување на погрешноста/исправноста на ставовите.

Ова ти влегло како фикс идеја и само ја повторуваш. Ти одговорив погоре. Ако некој субјект одлучи да му се спори на Бог, тоа е веќе грешно. А Бог оставајќи таква можност остаил можност за богоборни, односно грешни дела. Во материјална смисла разни постапки се оспорување на Бог и се ГРЕВ. Дали Бог ја прикрил својата апсолутност, за да може да има можност за сомнеж или самите суштества не целосно до крај можат да ја доживеат Божјата апсолутност, барем не самостојно, без да им биде од Негова страна отворена. Од таа причина имајќи простор за сомнеж и покрај Божјата апсолутност, Бог оставил можност за грешно однесување. Така постојат исправни и погрешни дела.
Никаде не реков дека од тебе или од мене зависела божјата природа! Нити поентата беше дали Бог оставил или не оставил некаква можност! Поентата беше дали од гледна точка на Бог нешто е погрешно, зло или непотребно! Доколку ти веруваш во таков концепт, тогаш ветуваш во демијург. Бог што се става себеси во улога на судија, самиот се осудува да биде битие условено од дуалноста. Што и да пресуди дека нешто е погрешно или непотребно, истото ќе биде допуштено или создадено од него! Бидејќи нели нема друг. Со тоа самиот би се демантирал дека е совршен, дека е безгрешен.
 
Да речиме Бог ја прикрил со релативизација својата апсолутност пред суштествата и тие можат да се сомневаат во неговата совршеност. Дали не е моќен за такво нешто? Со што тогаш би се оспорила Неговата семоќност и божественост?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Да речиме Бог ја прикрил со релативизација својата апсолутност пред суштествата и тие можат да се сомневаат во неговата совршеност. Дали не е моќен за такво нешто? Со што тогаш би се оспорила Неговата семоќност и божественост?
Пак ја префрлаш перцепцијата од човечки аспект! Не е битно дали за било кој друг нешто е прикриено или не во однос на Бог! Поентата е дали тој - од негов аспект перцепира било што како грешно, непотребно или зло, доколку ги гледа нештата на тој начин тогаш тој не е совршен, не е безгрешен, не е Господ туку ограничено битие - демијург.
Значи ти повторувам - не е поентата дали тој ќе прикрие или релативизира нешто во однос на луѓето, туку дали тој ќе смета дека постои нешто грешно, зло или непотребно.
 
Ако нешто го оспорува Него - сеопфатниот Бог, дали тоа за Бог не би било грев?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако нешто го оспорува Него - сеопфатниот Бог, дали тоа за Бог не би било грев?
Ако е, тогаш тоа значи дека неговата промисла не е совршена, дека постои нешто што тој го перцепира како грешка - грев! А со оглед на тоа што се работи за концепт каде тој е единствен креатор, тоа би значело дека тој гледа пропуст во сопствената креација, во сопствениот дизајн, во сопствената промисла.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ако е, тогаш тоа значи дека неговата промисла не е совршена, дека постои нешто што тој го перцепира како грешка - грев! А со оглед на тоа што се работи за концепт каде тој е единствен креатор, тоа би значело дека тој гледа пропуст во сопствената креација, во сопствениот дизајн, во сопствената промисла.
Токму затоа што нема пропуст во сопствената креација, во сопствената промисла, сите чинови кои претставуваат Негово негирање, спротивставување на Неговата промисла се она кое го нарекуваме грев.
Штом зборуваш за Божја промисла, зборуваш за одреденост, одредена волја, карактер. Штом е одредена Божјата волја иако во суштина е недофатлива; во светот на формите, постапките и чиновите, она кое е надвор од неа, е грев.
Ако немаше грев, немаше да има зло, смрт, страдање. Зарем ти веруваш дека не постои грев и грешност на светов, покрај сета околна трагична стварност или си создаде самоугодувачка илузорна теорија за слобода во распуштеноста, безчувствителноста и неодговорноста?
 
Абре по незнам кој пат ти кажувам дека не е поентата дали според мене или според тебе нешто е ,,грев" или не! Работата е дали тој ќе гледа на тие чинови на негирање како на нешто кое не треба да се случува! Муабетов е дали од перспектива на Бог нешто е грешно или не! Доколку има од негова перспектива било што грешно, тогаш неговата промисла не е совршена, неговиот дизајн има пропусти! Бидејќи што и да прогласи за зло, за грешно, за непотребно, истото ќе биде создадено или допуштено од него самиот! Со тоа би си пресудил дека не е апсолутно битие, дека е ограничен, дека е заглавен во дуалноста! Дека е демијург!
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
За мода,за да бидат ин или од банални причини се молела на Господ ама не и помогнал или некој ученик,ученичка се молел/а за 5 да има на тестот ама добила 4
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
Затоа што свеста полека бавно но сигурно се раѓа кај луѓето ... Идиотски е во 21 век да расправаме за Исус Алах Буда или незнам што приказни за мали деца ... Религијата е создадена само за луѓето да назадуваат да им се искривува реалноста и да бидат во стадото :) А највеќе ја користат Политичарите и Бизнисмените многу волна има за нив а и во иднина сигурно ке има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom