Зошто повеќе луѓе стануваат атеисти?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.962
Во 6-от ден, Бог створи човек (Адам) а од него ја одвои човечицата (Ева).
Ка‘ ш‘о гле‘аш, Он створи(л) само еден човечки пар, од кој (пар) потекнува целиот човеков род.

Сите имаме некаква маана, некој повеќе, некој помалку. Се‘ зависи со каква ментална слика се гледаме и себе си и другите околу нас.[DOUBLEPOST=1467035818][/DOUBLEPOST]
Тоа де Мики, значи по твоја логика имаме 6 и кусуро милијарди народ со ментални проблеми поради инцестот на предците и по најголема вина на госпо шо создаде само еден пар и мораше да се котиме од него.
Епа брачед Мики арно рекле пријателите можи да ги бираме, ама роднините не, жал и срам ми е што јас и ти паѓаме далечни братучеди, али јбг корени се корени :D
Извини, нели рисјанството го забранува инцестот, а самото го практикувало?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако тврдиш дека другите не се меродавни да кажуваат што треба да бидат твоите дела, тогаш и ти подеднакво не си меродавен да кажуваш како треба да изгледаат делата на другите.
Потстети ме, кај напишав вакво нешто, или само тапиш колку да напишеш било што, а да е контра мене?...[DOUBLEPOST=1467037351][/DOUBLEPOST]
Тоа де Мики, значи по твоја логика имаме 6 и кусуро милијарди народ со ментални проблеми поради инцестот на предците и по најголема вина на госпо шо создаде само еден пар и мораше да се котиме од него.
Епа брачед Мики арно рекле пријателите можи да ги бираме, ама роднините не, жал и срам ми е што јас и ти паѓаме далечни братучеди, али јбг корени се корени :D
Извини, нели рисјанството го забранува инцестот, а самото го практикувало?
Извини на прашање, а колку е старо рисјанството?...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
Да де, како да не!

Се‘ што треба да стори човекот за да стане (како) бог, е да кс‘не од забранетото.

Ти звучи познато, нели?....:sneaky:
Не постои нешто забрането денес... ако не е против човештвото.

Ако се повикуваш на хебрејскиот закон - тоа е твоја заблуда, не сечија и не може да ја толкуваш како апсолутно правило на универзумот. :)

Не мора никој ништо да каснува, едноставно Е Бог, не како Бог туку Е бог. Секој е Бог, не знам зошто те плаши таа констатација. Не сакаш да си Бог? Ок, остави ги другите да бидат она што им е волја.
Атеистот ако реши да не биде верник и да верува во богови, може да се однесува боговски и да биде самиот бог. Па ти верувај во него ако си немаш работа :)

П.С. И треба Жена за да може Мажот да касне од „забранетото“. Жената не ја заборавај никогаш бидејќи без жена - крвта на мажот и неговото семе - исчезнува.
Жената е новото време :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.962
Потстети ме, кај напишав вакво нешто, или само тапиш колку да напишеш било што, а да е контра мене?...[DOUBLEPOST=1467037351][/DOUBLEPOST]

Извини на прашање, а колку е старо рисјанството?...
2000 години де, ама нели тргнало да се развива од синот божји, тој го проповедал патот на татко му, аутоматски оправдувал се што стариот грешел.
 

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Велиш, лесоно е да се верува?

Како ќе го објасниш ова мноштво атеисти низ Светов? Можеби православието е дежурен кривец за подемот од атеизмот во минативе 200г.?...[DOUBLEPOST=1467028548][/DOUBLEPOST]

Атеистот не прифаќа и не позвана духовни нешта и вредности па како може да биде богат по дух?...[DOUBLEPOST=1467028604][/DOUBLEPOST]

Ме повикува: Црквата, поточно свештенството.

Запрашај се: кој тебе те повикува да проповедаш Телемски лаги?[DOUBLEPOST=1467028648][/DOUBLEPOST]

Атеизмот е тазе религија и нема ништо со традиционалните религии.[DOUBLEPOST=1467028768][/DOUBLEPOST]

Секоја вера има и дела.
Верата без дела е мртва (вера), а делата се потврда за верата.

Затоа, сам Бог вели дека „...по плодовите ќе ги препознаете...„:

Каква е верата „по теорија„, такви и‘ се делата „во пракса.„
Како што е очигледно, има разлика и тоа очигледна.
Како може атеизам да биде религија и ова по десети пат го постираш
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И што е спорното?..[DOUBLEPOST=1467053884][/DOUBLEPOST]
Како може атеизам да биде религија и ова по десети пат го постираш
Што е тоа „атеизам„? Одговори си и ќе ти стане јасно.[DOUBLEPOST=1467053926][/DOUBLEPOST]
2000 години де, ама нели тргнало да се развива од синот божји, тој го проповедал патот на татко му, аутоматски оправдувал се што стариот грешел.
‘воа баба ти ти го кажа или комшиката?...[DOUBLEPOST=1467053971][/DOUBLEPOST]
Не постои нешто забрането денес... ако не е против човештвото.
Со вакво (само)оправдување, кој и што ќе те спречи да сториш било што?
Кој одредува дали нешто „е„ или „не е„ против човештвото? Ти, Телемата?...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
Никој и ништо не може да ме спречи на мојот пат.

Ти како човек (далеку од религии и верувања) - дали можеш да одредиш што е, а што не е против човештвото?
Што ќе прават боговите без луѓе? :)
Дури и хебрејскиот бог, кој што го позајмивте лакомо во своите книги, мораше да го спаси човештвото бидејќи ако не тече крв кон старо-еонските богови - бесцелно е се.

Туку, дали на литургиите сеуште се жалат дека се нема луѓе, како сите преминуваат во нешто ново или станале атеисти, не доаѓаат во црква освен ако не ги напнат од дома, квазиверници...?
Сеуште зборувате за луѓето дека се вероодстапници бидејќи не се православни христијани во Р.М?


П.С. Можеби и да има во Телема нешто во врска со тоа што е зло а што не за човештвото , ќе треба да разгледаш сам - не мислам да прераскажувам.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
И што е спорното?..
Тоа што употребуваш зборови како "Богоборци" и тоа што за другите тврдиш дека имале "НеДела". Тоа е очигледен пример за твоите двојни стандарди, од една страна упорно повторуваш дека никој освен вас не го познава христијанството за да кажува што се а што не се смета за дело, од друга страна дрско и безобразно прогласуваш нечиј живот за "НеДело" а него за "богоборец", без да го познаваш ниту правецот на кој му припаѓа тој човек, ниту човекот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа што употребуваш зборови како "Богоборци" и тоа што за другите тврдиш дека имале "НеДела". Тоа е очигледен пример за твоите двојни стандарди, од една страна упорно повторуваш дека никој освен вас не го познава христијанството за да кажува што се а што не се смета за дело, од друга страна дрско и безобразно прогласуваш нечиј живот за "НеДело" а него за "богоборец", без да го познаваш ниту правецот на кој му припаѓа тој човек, ниту човекот.
Тоа не е очигледен пример за моите двојни или тројни стандарди, туку е очигледен пример за твоето неразбирање дури и на видливите нешта, како што се делата од одредена вера. Не е ме ни чуди, со оглед на онаа изврена Телемска ментална оптика, со која ги гледаш работите, каде, на пример, последицата предничи пред причината.

И сега, што треба, да седнам, да арчам време и да ти ги објаснувам нештата кои се очигледни?[DOUBLEPOST=1467056040][/DOUBLEPOST]
Никој и ништо не може да ме спречи на мојот пат.
.
Ма секако бе Хепта, ако си фанал „road to hell„, кој е луд да става трн у здрава нога, вадејќи те од бељата која си ја одбрал?

Ај, сос среќа нека ти е, нек‘ се угоде...[DOUBLEPOST=1467056233][/DOUBLEPOST]

Туку, дали на литургиите сеуште се жалат дека се нема луѓе, како сите преминуваат во нешто ново или станале атеисти, не доаѓаат во црква освен ако не ги напнат од дома, квазиверници...?
.
Литургијата е служба на која е пожелно да се биде присутен. Верните и упорните тоа го чинат, оти знаат дека надвор од Црквата и без Црквата, немаат спасение за своите души.

Тоа што бројот от присутни е мал, тоа е „знак на времето„ во кое живееме. Христос ионака им вели на своите дека се „...мало стадо...„ а не „...огромна гомила...„.
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.304
Поени од реакции
4.703
Малце насловов на темава ги преценува луѓето...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Тоа не е очигледен пример за моите двојни или тројни стандарди, туку е очигледен пример за твоето неразбирање дури и на видливите нешта, како што се делата од одредена вера. Не е ме ни чуди, со оглед на онаа изврена Телемска ментална оптика, со која ги гледаш работите, каде, на пример, последицата предничи пред причината.

И сега, што треба, да седнам, да арчам време и да ти ги објаснувам нештата кои се очигледни?
Ти може да ги извртуваш работите колку сакаш, џабе ти е. Едноставна е работата - Ако тврдиш дека другите немаат право да ти кажуваат што значи одреден стих од библијата бидејќи не се христијани, тогаш ни ти немаш право да кажуваш што било извртено а што не, за област за која немаш апсолутно никакво познавање и самиот си го признал тоа на неколку наврати.
Што се однесува до последицата и причината, ти самиот си даде пример со чевлите и во тој пример совршено јасно се гледа дека особината (обликот на стапалото) е тоа што влијае на одлуката(слободната волја) кој чевел ќе го облечеш на левото стапало. Ти со тој пример, само го потврди тоа што јас цело време го потенцирав - Дека слободната волја е само можност да се одбере нешто, што ќе биде изборот, зависи од особината што ја поседува оној што бира.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
Бидејќи злобно глаголаш, постојано навредувајќи го сечиј пат кој што не е православие, како што те учат свештениците твои, толкувајќи ти ги светите писанија нели, постојано зборувајќи како твојот пат е најдобриот со тоа што сечиј друг пат е „road to hell“ или вероодпадништво од толку милата ти црква, затоа има се поеќе атеисти.

Се надевам дека со луѓе не разговараш вака tete-a-tete...

П.С. Твоите рисјански нозе не се воопшто здрави... криви ти се нозете кои те носат по пат по кој што среќаваш луѓе и постојано покажуваш со прст кон нив и се дрзнуваш да ги осудуваш, полн со презир и „укор“ нели...
Бедно...
 

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
И што е спорното?..[DOUBLEPOST=1467053884][/DOUBLEPOST]

Што е тоа „атеизам„? Одговори си и ќе ти стане јасно.[DOUBLEPOST=1467053926][/DOUBLEPOST]

‘воа баба ти ти го кажа или комшиката?...[DOUBLEPOST=1467053971][/DOUBLEPOST]

Со вакво (само)оправдување, кој и што ќе те спречи да сториш било што?
Кој одредува дали нешто „е„ или „не е„ против човештвото? Ти, Телемата?...
Човек што не верува дека постои Бог или Богови.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Литургијата е служба на која е пожелно да се биде присутен. Верните и упорните тоа го чинат, оти знаат дека надвор од Црквата и без Црквата, немаат спасение за своите души.
Од шо ја спасвате?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom