Проблемов кој го имам се појави од пред неколку дена, во континуитет. Се јавувал и порано, меѓутоа привремено, некој саат и ќе го снема. чувствувам болка во левиот дел под градата. Во последните 3,4 дена се будам со болка во тој дел, тешко ми е да мрдам, бидејќи ме боли и чувствувам ко да не можам да вдишам целосно. Студирам програмирање и пред компјутер сум 12 часа (може и повеќе) дневно. Не спортувам ништо, а на стол често стојам во искривена положба.Не сум сигурна дали ме боли заради неправилно седење или би можело да е нешто друго....кога ме боли, се случува да ме боли и на задната страна, кај грбот и увото да реагира истовремево (се ов а од лева страна)..молам за мислење и совет. фала однапред, поздрав